Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан

Проблемот беше закопан, премолчен, долги години во главите на американските жени. Се работеше за чуден поттик, чувство на незадоволство, жед која жените ја чувствуваа во средината на дваесеттиот век во САД. Секоја сопруга од преградието сама се бореше со таа жед. Додека ги местеше креветите, купуваше намирници, материјалите на прекривките и беа во тон, јадеше сендвичи со путер од кикирики заедно со нејзините деца, ги носеше на извидници, легнуваше покрај нејзиниот сопруг секоја ноќ – таа се плашеше самата да си го постави нечујното прашање – дали ова е тоа?

Повеќе од петнаесет години, за ова страдање не беше напишан ниту еден збор меѓу милиони зборови напишани во врска со жените, за жените, во сите колумни, книги и статии од експерти кои им кажуваа на жените дека нивната улога е да трагаат по сопствената исполнетост како сопруги и мајки. Одново и одново, жените го слушаа гласот на традицијата, во духот на Фројдовската софистикација, укажувајќи им дека не можат да посакуваат повеличествена судбина од онаа која им налага да се самоглорифицираат во сопствената женственост. Експертите им кажуваа како да фатат маж и како да го задржат, како да ги дојат децата и да се соочат со обуката за одење во тоалет, како да се справат со сестринското или братското ривалство и адолесцентното бунтовништво; како да купат машина за миење садови, да печат леб, да приготвуваат полжави на гурмански начин и да изградат базен со свои раце; како да се облекуваат, изгледаат, да се однесуваат поженствено и да го направат бракот повозбудлив; како да ја спречат предвремената смрт на своите сопрузи и израснувањето на нивните синови во деликвенти. Беа научени да ги жалат невротичните, неженствените, несреќни жени кои сонуваа да станат поети, физичари или претседатели. Научија дека вистински женствените жени не сакаат кариера, високо образование, политички права- независноста и можностите за кои се бореа старомодните феминистки. Некои жени, во четириесеттите и педесеттите години сè уште болно се сеќаваа како се откажале од тие соништа, но повеќето помлади жени веќе не ни размислуваа за нив. Илјадници експертски гласови ги аплаудираа нивната женственост, нивното приспособување, нивната нова зрелост. Сè што жените требаше да направат е да ги посветат своите животи од најрано задевојчување (girlhood) на потрага по сопруг и раѓање деца.

При крајот на педесеттите години на минатиот век просечната брачна возраст на жените во Америка се спуштила на 20 години и континуирано се намалувала – до тинејџерските години. Четиринаесет милиони девојки веќе беа верени до 17 годишна возраст. Процентот на жени кои одеа на факултет во споредба со мажите се намали од 47% во 1920 на 35% во 1958 година. Еден век порано, жените се бореа за високо образование; сега девојките се запишуваа на факултет за да најдат сопруг. До средината на педесеттите, 60% го напуштија факултетот за да се омажат, или поради стравот дека премногу образование би било пречка за брак. Универзитетите изградија домови за “студенти во брак”, но студентите кои престојуваа таму речиси секогаш беа сопрузите…

 

illustration: The Reconstructionists

…Во доцните 50-ти, наеднаш бил забележан еден социолошки феномен: една третина од Американкитебиле во работен однос, но повеќето не биле млади и мал број од нив ја граделе сопствената кариера. Тие биле мажени жени кои имале работа со скратено работно време, во сектор за продажба или административна работа, а работеле за да можат да ги школуваат своите сопрузи, да ги пратат нивните синови на факултет или да помогнат во исплатата на хипотеката. Или пак, биле вдовици кои финансиски ги поддржувале своите семејства. Сѐ помалку и помалку жени работеле на професионално поле. Недостатокот на вработени во негувателните, социјални работи и наставни професии предизвикале криза во скоро сите градови ширум Америка. Загрижени за водството на Советскиот Сојуз во вселенската трка, научниците констатирале дека најголемиот извор на неискористена интелектуална моќ на Америка е жените. Но, девојчињата не сакаа да студираат физика: тоа било “неженствено”. Една девојка одбила стипендија за природни науки на Универзитетот Џонс Хопкинс за да се вработи во канцеларија за недвижнини. Сѐ што сакаше, рекла таа, беше она што секоја американска девојка го посакува – да се омажи, да има 4 деца и да живее во убава куќа во убаво предградие.

Приградска домаќинка – сликата од соништата на младите Американки и предмет на завист, како што беше кажано, на жените ширум светот. Американската домаќинка- ослободена од науката и уредите за заштита на работна сила, опасностите при породување и болестите на нејзината баба. Таа беше здрава, убава, образована, загрижена само за нејзиниот сопруг, нејзините деца, нејзиниот дом. Нашла вистинска, женска исполнетост. Како домаќинка и мајка, беше почитувана како целосен и рамноправен партнер на мажот во неговиот свет. Ја имаше слободата да избере автомобили, облека, апарати, супермаркети; таа имаше сè за кое жените сонуваа.

Петнаесеттина години по Втората светска војна, мистичноста на женската исполнетост се претвори во негувано и самоодржливо јадро на современата американска култура. Милиони жени ги живееја своите животи во улогата на оние убави слики на американската приградска домаќинка, бакнувајќи ги своите сопрузи за “збогум” пред прозорецот, депонирајќи го својот караван со деца на училиште и насмевнувајќи се додека го испробуваа новиот електричен восок на гланц-чистиот под од кујната. Тие сами печеа леб,ја шиеја сопствената облека и облеката на своите деца, ги пуштаа своите нови машини за перење и сушење алишта по цел ден. Ја менуваа постелнината на креветите двапати неделно наместо еднаш, слушаа предавања по вештини за правење ќилимчиња за возрасни и ги сожалуваа нивните кутри, исфрустрирани мајки кои некогаш сонувале да имаат кариера. Единствениот сон кој тие го имаа беше да бидат совршени сопруги и мајки; нивната најсериозна животна амбиција- да имаат 5 деца и убава куќа, нивната единствена борба- да си најдат, а потоа да ги задржат своите сопрузи. Не размислуваа многу за нефеминистичките проблеми надвор од нивниот свет дома; тие сакаа мажите да ги носат големите одлуки. Беа гордина нивните женски улоги, и со гордост на пописите потпишуваа- “Професија: домаќинка”.

Ако една жена имала проблем во 1950-тите и 1960-тите години, таа знаела дека сигурно нешто било погрешно или со нејзиниот брак или со неа. Другите жени беа задоволни со своите животи, помисли таа. Што жена ќе беше ако не чувствуваше мистериозна исполнетост додека го полираше кујнскиот под? Толку и беше срам да го признае сопственото незадоволство што никогаш немаше можност да дознае колку други жени се чувствувале исто како неа. Кога се обидуваше да му каже на сопругот, тој не разбираше за што му зборува. Дури ни самата таа не разбираше. Повеќе од 15 години, на жените од Америка им беше потешко да зборуваат за овој проблем отколку да зборуваат за секс. Дури и психоаналитичарите немаа име за овој проблем. Кога една жена ќе посетеше психијатар за да добие помош, нешто што го правеа голем број на жени, таа ќе кажеше- “Колку сум засрамена” или “Мора да сум безнадежно невротична”. “Не знам што не е во ред со жените денес”, неспокојно рече еден психијатар од предградието. “Знам само дека нешто не е во ред затоа што поголемиот број на моите пациенти се жени. И, нивниот проблем не е сексуален.” Сепак, поголемиот број на жени со овој проблем не одеа да поразговараат со психоаналитичар. “Не се случува ништо погрешно, навистина”, си кажуваа одново. “Нема никаков проблем.”
…Наидов на многу индиции зборувајќи со приградски лекари, гинеколози, акушерки, клиники за советување за деца, педијатри, педагози во средни училишта, универзитетски професори, брачни советници, психијатри и министри – прашувајќи ги за нивното лично искуство стекнато при третирање на Американките, а не прашувајќи ги за нивните теории. Станав свесна дека постои сè поголем број на докази, од кои многу не беа објавени јавно, бидејќи не соодвествуваа со сегашниот модел на мислење за жените- докази кои ги поставуваат прашањата за стандардите на женската нормалност, женското прилагодување, женската исполнетост и женската зрелост со кои повеќето жени сѐ уште пробуваа да живеат.

Во ново, чудно светло почнав да го гледам враќањето на Американката/Американецот кон раниот брак и големите семејства кои предизвикуваат експлозија на населението; неодамнешното движење кон природно породување и доење; приградскиот конформитет, како и нови неврози, карактерни патологии и сексуални проблеми пријавени од страна на лекарите. Почнав да согледувам нови димензии на старите проблеми кои веќе долго време беа земени здраво за готово кај жените: менструални потешкотии, сексуална фригидност, промискуитет, страв од бременост, постпартум депресија, голема појава на емотивен слом и самоубиство кај жените во нивните дваесетти и триесетти години, криза поради менопауза, т.н. пасивност и незрелост на американските мажи, дискрепанцата помеѓу тестираните интелектуални способности во детството на жените и нивното достигнување во повозрасно доба, променливата појава на сексуалниот оргазам кај возрасните американски жени и постојаните проблеми во психотерапијата и образованието на жените.

Ако сум во право, проблемот што нема име кој што врие во главите на толку многу американски жени денес не е прашање на губење на женственоста или превисок степен на образование, ниту пак на барањата на семејството. Тој е далеку поважен отколку што некој може да препознае. Тој е клучот за други нови и стари проблеми што ги мачат жените, нивните сопрузи и деца, и со години ги збунуваат нивните лекари и воспитувачи. Можеби е и клучот за нашата иднина како нација и култура. Ние повеќе не можеме да го игнорираме тој внатрешен глас кај жените кој вели: “Сакам нешто повеќе од мојот сопруг, моите деца и мојот дом”.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • December 7, 2018
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram