Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.

Нигериската писателка Чимаманда Н. Адичи ќе напише “што повисоко одиш, толку помалку жени ќе сретнеш”. На листата на 100 највисоко платени спортисти во светот која ја објавува списанието Форбс, во 2017 година единствената жена која се најде на листата беше Серена Вилијамс на 51 место (пред нејзе се петмина тенисери рангирани помеѓу 4 и 40 место), додека во 2018 година немаше ниту една жена.

Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата. Многу често кога жена се занимава со спорт тоа првично го поистоветуваме со хоби, желба за подобар изглед, исполнување на слободно време, а поретко со професија. Пред само нешто повеќе од 100 години жената за прв пат успеа да влезе во спортот кој важи за една изразено доминантно машка сфера, во структура во која таа мораше да се приспособи и да ги почитува правилата кои веќе беа поставени од страна на мажи. Структурата не е флексибилна, правилата се наметнати и единствениот избор што таа го има е да се натпреварува во “машки” спортови под “машки” правила. Сѐ што отстапува од машкиот начин на спортување се казнува на најразлични начини. Оттука, и самата женственост е забранета во спортот бидејќи спортот не смее да биде женствен. Женственоста е закана за веќе воспоставената структура на моќ и секогаш ќе се бара начин истата да биде отстранета или казнета. Еден од начините да биде казнета е токму наградата која ќе ја добие (или нема да ја добие) за своето достигнување.

 

Top female tennis players hold up the $1 bills which made them eligible to play for

Жените работат и/или тренираат исто толку напорно и ги прават истите (понекогаш и поголеми) жртви како мажите. Родовиот јаз во платите, според кој жените на глобално се платени само 63% од она што како плата го добиваат мажите, е само рефлексија на еден многу поголем јаз кој се потхранува стотици години наназад. Во спортувањето, дел од причините за опстојување на родовиот јаз може да се пронајде уште во самите зачетоци. Ако се вратиме на почетоците на Олимписките игри (ОИ), уште во антички времиња на жените им било забрането да учествуваат како публика, а уште помалку да се натпреваруваат во некои од спортовите. И покрај огромните заслуги на Пјер де Кубертен за воскреснувањето на модерните Олимписки игри во 1890 година, тој отворено изјавил дека женското спортување е неестетско и дека местото на жените е да ги крунисуваат победниците. Според него “славата на жената е во бројот и квалитетот на децата кои ги произвела”. Веројатно најголемата иронија е што, и покрај ваквата историја, токму ОИ се една од ретките спортски манифестации каде најмногу се почитува родовата еднаквост.

Само 19 жени за прв пат земале учество на ОИ во Париз во 1900 година во 3 спортски дисциплини, меѓу кои и тенис. И покрај тоа што веќе во 1928 година, на ОИ во Амстердам околу 300 жени се натпреварувале во атлетика, по завршувањето на трката на 800 метри некои од натпреварувачките седнале на земја да земат здив. Секако овој чин (сосема нормална појава и кај мажите) сексистите го посочиле како доказ дека жените се премногу нежни и ранливи и дека е опасно да трчаат такви дистанци. За жал, Меѓународниот олимписки комитет, врз основа на овие аргументи донесува одлука за исклучување на жените од трката на 800 метри, која ќе биде активна сѐ до 1960 година.

Кога зборуваме за Македонија пак, за истото работно место и со исти квалификации, жените се за 12% помалку платени од мажите, а разликата се зголемува и до 18% кога се земаат предвид образованието, возраста, секторот и занимањето. Во спортот разликата е веројатно уште поголема. Никогаш нема да ја заборавам изјавата на Силвија Митевска (една од ретките професионални параглајдеристки во Македонија) во едно нејзино интервју, дека на првиот натпревар добила цвеќе наместо медал, а еднаш дури и фустан. Секоја година имаме сѐ повеќе спортистки кои се натпреваруваат и тоа со сѐ поголеми достигнувања. Така на пример, за помалку од една година дури два пати беше срушен националниот рекорд во маратон од страна на инспиративната Адријана Поп Арсова. Меѓутоа признанијата и наградите како да каскаат во следење на достигнувањата.

Во Македонија нема многу големи спортски настани, иако секоја година ги има сѐ повеќе и стануваат сѐ попосетени. Само неколку дена пред почетокот на овогодинешниот Скопскиот маратон, кој е една од најпопуларните и најдобро организирани спортски манифестации во Македонија, беше објавен наградниот фонд за маратонската трка кој веќе со години наназад е родово дискриминирачки. Имено, додека во машка категорија се наградуваат првите 10 натпреварувачи, во женска категорија се наградуваат само првите 7. Станува збор за разлика од вкупно 300 евра (100 евра по натпреварувачка). Откако беа повикани, организаторите брзо реагираа и ги изедначија наградите, притоа давајќи едно неформално објаснување дека ваквата дискриминаторска политика се должи на слабото учество на жени на маратонот во текот на годините, како и дека било нефер спрема мажите за истрчан маратон за време од повеќе од 4 часа да се доделуваат награди. Оваа година маратонот успешно го заврши 41 натпреварувачка, бројка што е навистина многу мала, особено во споредба со маратони во други земји или пак со бројот на машки натпреварувачи (215 годинава). Меѓутоа, временски гледано секоја година имаме пораст на бројот на маратонки и ако сакаме да мотивираме секоја година сѐ повеќе жени да се охрабрат да трчаат, ова може да биде еден од начините тоа да се оствари. Дополнително, оваа година десетата маратонка истрча за помалку од 3:30 часа. Да се разбереме, Скопскиот маратон е мал настан од различни аспекти (број на учесници, организациска структура, публика, медиумска покриеност, итн.), меѓутоа исто така е најпопуларен настан од ваков карактер во земјава и оттука, ако ништо друго, не верувам дека недостасуваат спонзори кои ќе ги покријат тие симболични 300 евра разлика. Нешто слично се случуваше во 2017 година кога се крена прашина за една од најстарите спортски манифестации во Македонија – Охридскиот атлетски маратон кој се одржува на сурова патека од 30 километри. Имено за истата дистанца и иста цена за регистрирање на учесниците, наградниот фонд бележеше значителен родов јаз. Разликата за прво место во машка и женска категорија беше 300 евра (800 наспроти 500), за второ 150 евра и за трето 100 евра. Откако беа повикани за ваквиот чин на дискриминација, организаторите се извинија (иако во своето извинување постојано го употребуваа терминот “понежниот пол”) и го изедначија наградниот фонд, со објаснување според кое оваа политика им се “провлекува” поради ниското учество на жени на трката во изминатите години.

Една од битките за затворање на родовиот јазот ја започна тенисерката Били Џин Кинг која во 70-тите години повика на изедначување на наградните фондови во тениските натпревари. Како резултат на нивните барањата, таа заедно со уште неколку тенисерки ја основа Женската тениска асоцијација (WTA). Круна на битката за еднаквост беше и популарната Battle of the Sexes (Битката на половите) во 1973 година, кога Били Џин Кинг во три сетови го растури очајниот сексистички провокатор Боби Ригс.

 

Billie Jean King vs Bobby Riggs

 

Токму тенисот е еден од спортовите во кој постои видлива разлика и кој често се употребува како пример за “оправдување” на дискриминаторската политика, иако истовремено токму во тенисот се и највидливи промените за изедначување на наградниот фонд. Бројот на сетови кои се играат на Гренд слемовите (во останатите натпревари се изедначени) сѐ уште не е изедначен во машка и женска категорија (5 наспроти 3). Почнувајќи од 2007, на четирите Гренд слемови беа изедначени паричните награди за двете категории, меѓутоа кај останатите тениски натпревари сѐ уште останаа родовите разлики во однос на ова прашање. Се јави и прашањето, ако жените се подеднакво издржливи зошто тогаш сѐ уште се натпреваруваат во 3 сетови? Веќе подолго време не можам да најдам друго објаснување освен чист сексизам. Претпоставката дека жените се помалку издржливи од мажите и дека затоа не се способни да се натпреваруваат во ист број на сетови е единствената причина која и сѐ уште се провлекува. Меѓутоа, оваа првобитна причина денес е забетонирана со исплатливоста.

Во денешно време она што го прави спортот исплатлив е само популарноста на истиот. Заработката од спортот не доаѓа само од наградите, туку и од популарноста која привлекува медиумска експонираност, а со тоа и спонзори, каде повторно се соочуваме со нееднаков третман. И онака драматично малата медиумска покриеност на женските спортови, која во текот на годината изнесува околу 7%, често истата е фокусирана на нивна сексуализација, со нагласување на физичкиот изглед наспроти перформансот. Од една страна медиумите и спонзорите сакаат поголема гледаност и публика и ја правдаат помалата покриеност со недоволниот интерес за женските спортови, но од друга страна, како да очекуваме поголем интерес и мотивираност, ако жените не се ни приближно доволно застапени во медиумите?

 

Billie Jean King vs Bobby Riggs

 

Но, и 50 години по Battle of the Sexes, еден Новак Ѓоковиќ (кој според мене е олицетворение на патријархалниот балкански менталитет) ќе даде многу непопуларна изјава дека машките тенисери треба да заработуваат повеќе од нивните женски колешки, бидејќи имаат поголема публика односно дека спортистите/ките кои привлекуваат повеќе внимание, публика и кои продаваат повеќе билети треба да добиваат и поголеми награди. Веќе утредента Ѓоковиќ се извини, но ништо од извинувањето нема да покаже дека навистина ја сфатил сопствената грешка. Доколку спортисти чиј глас се слуша и почитува, личности кои служат како role models за многу генерации на момчиња и девојчиња, си дозволуваат во 21 век да даваат непромислени сексистички изјави, никогаш нема да затвориме ниту еден родов јаз. Но, и доколку се обидеме да ја примениме логиката на Ѓоковиќ, се поставува прашањето зошто во спортови како уметничко лизгање и гимнастика, каде жените генерално привлекуваат многу повеќе публика, постои подеднаков награден фонд и во двете категории?

Една од најпознатите фотографии која ја илустрира борбата за учество на жените во спортот е онаа на која Кетрин Звицер во 1967 година е нападната од страна на еден од организаторите во обид да биде отстранета од Бостонскиот маратон на кој трчаше пријавена како маж. На организаторите им требаа “само“ 5 години настанот да ја променат дискриминаторската политика, за денес, по повеќе од 120 години постоење, скоро половина од учесниците на најпознатиот Бостонски маратон се жени. Да, денес сѐ повеќе жени и девојчиња сѐ почесто ја преминуваат целта. Можеби понекогаш доцнат неколку минути, понекогаш и часови, но можноста за нив воопшто да спортуваат доцнеше “само” неколку стотици години.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • June 3, 2019
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram