Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]

Женското тело (треба да) е слабо. Женското тело е историски дефектно и затоа треба да се стреми кон коригирање на својата несовршеност, за што сведочи и суровоста на традиционалните потфати за убавина, како подврзување на стапала, корсети, па сè до естетска хирургија, високи потпетици, перики, шминки, диети, итн. Слабото женско тело во модерната западна култура е проекција на женската послушност, што е еден од највисоко рангираните индикатори за женственост. Колку е послабо, толку е поблиску до идеалот за женственост. Колку е послабо, толку поголема е општествена валидација. Колку е послабо толку помалку простор зафаќа, толку поблиску е до исчезнување.

Наоми Волф во својот Мит за убавината[1] вели дека подложувањето на диети претставува најпотентниот политички седатив во женската историја. Идеалот на слабото женско тело не е поврзано со естетика туку е само инструмент на општествена контрола, недостижен идеал кој го контролира однесувањето на жените, како на јавен простор, така и во сопствената соба. Во текот на историјата жените имаат постигнато завидно ниво во самодисциплинирање на телото, но и во развивање на себеобвинувачки и себеказнувачки практики при неуспешно исполнување на општествените барања за сопствениот изглед. Срамот за сопствениот изглед, но и срамот за неуспехот за самодисциплина е инструмент на опресија кој жените ги става во позиција на понижени, тивки, разочарани, депресивни.

 

1925 / Фотографија: Galerie Bilderwelt

Кога се зборува за дисциплина на телото, веројатно неминовно е да се спомене Мишел Фуко, а особено преку реинтерпретациите на неговите концепти преку работата на Сандра Ли Бартки и Сузан Бордо. Така на пример, Бартки зборува за потчинетоста на женското тело на дисциплинарни практики како диети, вежбање и разни процедури за убавина кои понатаму ги репродуцираат стереотипите за женскиот идентитет и патријархалните конструкции за женското тело, правејќи ги всушност женските тела многу попокорни од машките.[2] Таа констатира дека и покрај тоа што со текот на времето идеалот за “посакувана” жена бил подложен на промени, наративот во однос на опсесијата со женското тело останува непроменет. За да биде посакувано, женското тело мора да биде дисциплинирано во согласност со машкиот поглед и перспектива.

Историски гледано машкото тело отсекогаш важело за стандард, додека женското е само негова инфериорна форма. Така на пример, во Античка Грција машкото голо тело се сметало за поим за убавина, додека женското било непријатно за погледите. Во Викторијанската ера силните мускулести жени биле ангажирани како циркуски изведувачки, кои и покрај успехот во предизвикување на очекувањата за местото на жените во домаќинството, биле сведени само на неприродна сензација.

Отсекогаш била дискутабилна коегзистенцијата на спортот и женственоста. Спортот “произведува” различни форми на тела, во зависност од самиот вид на спорт, како и индивидуалните предиспозиции на секоја личност. Од друга страна, бавењето со рекреативни спортови претставува и еден од најчестите и “поздрави” опции за одржување и/или намалување на телесната тежина. Меѓутоа опсесивноста за промена на физичкиот изглед со спортување лесно може да прерасне во зависност. Зависноста од храна и диети преминува во зависност од ендорфин, но уште повеќе во зависност од резултатите кои ги причинува спортот во однос на изгледот на нашето тело. Новата зависност станува изговор за можеби малку покомфорно јадење, но не и за намалена опседнатост со изгледот на телото.

 

“In 1921, early suffragettes often donned a bathing suit and ate pizza in large groups to annoy men…it was a custom at the time”

Вирџинија Вулф во Сопствената соба[3] вели дека доколку некој нема добро јадено, не може добро да мисли, да љуби, да спие. Сигурно сте го чуле некаде непишаното правило дека мажите треба да јадат за да станат силни, а жените да не јадат за да бидат убави. Гладот отсекогаш имал женско лице. На глобално ниво жените се во многу поголем ризик од глад и неухранетост. Во многу општества, мажите и момчињата сè уште имаат предност кога се служи храна, а во ситуации на недостиг на храна, жените и девојчињата се првите од чиј оброк започнува да се крати и покрај тоа што тие го вложуваат својот труд во одржување на домаќинствата.

Бордо ги применува концептите на Фуко низ анализа на нарушувањата во исхраната кај жените, како анорексија и булимија, разбирајќи ги како еден вид на технологии за дисциплинирање на телото. Моќта на дисциплината се состои во тоа што индивидуата самата доброволно се подложува себеси на себе-надзор и нормализирање на таквото однесување. Познавам спортистки кои и покрај активниот спортски распоред се уште недоволно му веруваат на сопственото тело и како тоа се однесува со внесената храна. Така, неретко ќе чујам како слаби, атлетски развиени девојки “се утешиле” со напорен тренинг откако изеле нешто што самите себе си сакаат да си го забранат. Психолошката борба се состои токму во тоа како да престанеме да го гледаме спортот само како алатка за трошење калории. Како да ја намалиме грижата на совест и како да не бидеме толку строги со сопствените тела.

И покрај тоа што е драстична разликата помеѓу жените и мажите во спортот кои се засегнати од нарушувања во исхраната (особено анорексија и булимија), кај мажите е дури и потешко да се препознае проблемот токму заради поистоветување на истиот со женската популација. Воопшто не постои никаква превенција ниту пак рана детекција и интервенција и целиот третман на проблемот се сведува на куративни програми кои не секаде постојат, а самата спортска медицина далеку заостанува во однос на овој проблем.

Во некои спортови, како трчањето, многу честа тема на дискусија е влијанието на мускулната маса и тежината на перформансот односно брзината. По некоја логика “полесното“ тело полесно се движи и има помал отпор, што би придонело за поголема брзина, особено кога станува збор за трчање на долги дистанци кои не бараат експлозивност. Оттука, многу трчачи/ки неретко се подложуваат на диети и рестрикции во исхраната во име на подобар перформанс. Кога се стремиме да направиме прогрес во трчањето, а и во секоја спортска дисциплина, при секој тренинг го притискаме телото до одредени екстреми. Првичните резултати на прогрес предизвикуваат чувство на зависност што може да не доведе до опсесивно однесување во однос на можностите да го константно да го одржиме прогресот и да станеме се подобри. Таквата опседнатост не мотивира да тренираме повеќе, но и во некои случаи да јадеме помалку, што придонесува за намалување на енергијата. Недостатокот на енергија се рефлектира на хормоналниот баланс, па оттука може да предизвика дисфункција на тироидата, забавување на метаболизмот, нарушување на менструалниот циклус, ризик од остеопороза, итн. Но уште позастрашувачки е што со возраста се забавува и метаболизмот и истиот напор нема да биде доволен за да ги постигнеме истите резултати, со што и ризикот од разочарување ќе станува сè поголем.

Сите ние добро ги познаваме погледите на другите на секое нечие посегње по храна и одмерување на големина на порцииите. Доколку сте машко, може и да поминете незабележани, меѓутоа доколку сте женско, неминовно сте подложни на процена и пресуда за соодносот помеѓу вашата порција и телесната тежина. Ако во минатото дебелината односно заобленото женско тело се поистоветувало со плодноста, за современите општествени текови е индикатор за мрза, нездрава изхрана и негрижа за себе. Сметам дека е заблуда да го поистоветуваме слабото тело со доброто здравје. Познавам многу девојки кои преживуваат на брза храна и никогаш во животот не испешачиле повеќе од каучот до вратата од автомобил, а целиот живот изгледаат како грисини и ниту еднаш никој не ги гледал со потсмев или гадење. Воедно, треба да престанеме да се преправаме дека нашите коментари за тежината на друга личност потекнуваат од нашата искрена загриженост за нивното здравјето, бидејќи тоа не е ништо друго туку само “културен” начин на исмејување на туѓото тело и самодоверба кое веројатно потекнува од нашиот интернализиран страв од дебелеење. Затоа мислам дека треба да расчистиме дека е неразумно да тврдиме постои нешто што се нарекува skinny-shaming, особено не во споредба со fat-shaming, не во општество во кое сè уште кога некој кажува “ослабен/а си“ се смета за комплимент.

 

Фотографија: Alfred Eisenstaedt

Актерката Џамила Џамил, гласна борка против феноменот на fat-shaming, инаку излечена анорексичарка која добар дел од животот го има поминато во страв од храната, носење костим за капење на јавно место или секс со запалено светло, во едно интервју за Вог, воедно препознавајќи ја иронијата дека истоимениот магазин не секогаш ги промовира најдобрите интереси на жените, вели дека е тешко да се создаде вистинска промена кога женскиот род е толку исцрпен, неухранет, пренавежбан, корсетиран, депресивен.

Просечното тело, телото на поголем дел од женската популација не е она кое го гледаме на реклами, модни писти, филмови итн. Просечното тело е забрането во медиумите. Општествено воспоставените стандарди за убавина настојуваат прецизно да го форматираат совршеното женско тело и животите на безброј жени да ги сведат на опсесивно броење калории, бројки на вага, истрчани километри, саати поминати во теретана, бројки од кои некогаш ви зависи целото расположение во денот, неделата, животот.

Веројатно треба да сфатиме дека никогаш нема да успееме да го надмудриме сопственото тело и дека тоа самото се штити себе си, а понекогаш дури и од нас самите. Мораме да престанеме да го казнуваме затоа што тоа нема да ни прости. Како што вели Ив Енслер[4], мораме да бидеме смели, да почнеме да си го сакаме сопственото тело, и престанеме да се обидуваме го поправиме затоа што никогаш не ни било расипано.

 

 

 

 

 

 

[1] Wolf, N. (2002). The Beauty Myth. New York: Harper Collins Publishers.

[2] Bartky, S.L. (1997). Foucault, Femininity and the Modernization of Patriarchal Power. In: Katie Conboy, Nadia Medina, and Sarah Stanbury (eds.), Writing on the body: Female embodiment and feminist theory, (pp. 129-154). New York: Columbia University Press.

[3] Wolf, V. A Room of One’s Own.

[4] Ensler, E. (2004). The Good Body. New York: Villard.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • September 10, 2019
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram