Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.

Минатата година, ултрамаратонката Викториа Макаи на еден од своите вообичаени тренинзи беше нападната и силувана од страна на непознато лице. Дваесетгодишната Моли Тибетс ја немаше истата “среќа”. Таа никогаш не се врати дома од трчање. Телото и е пронајдено месец дена подоцна откако е притворен нејзиниот убиец, идентификуван на камерите низ соседството како со автомобил ја следи додека трча.

Стравот од насилство не е само параноја, туку реален страв, кој произлегува од начинот на кој многу често се третирани женските тела и насилството кое го искусуваат истите. Стравот од било каков вид на насилство е парализирачки, го ограничува слободното движење, но и ги намалува можностите за напредок, без разлика дали станува збор за спорт, образование, кариера или во домот. Колку и да мислиме дека се мали шансите од убиство или физички напад, стравот е многу често присутен. И самото зјапање, свиркање и довикување, особено од страна на непознати лица, се небарано внимание кое вознемирува.

И покрај тоа што сите имаме право на слободно движење во јавен простор, свесноста за телото во тој простор е различна, во зависност од општествениот контекст, од однесувањето и очекувањата на другите во однос на нашето тело. Оттука, колку повеќе се жените свесни за своето тело во рамки на општествените стереотипи за женственост, толку повеќе самите се поранливи. Најчесто мажите се толку добро акомодирани во спортот што не се ни свесни за психолошкиот товар со кој се соочуваат голем дел од жените. Обично при спортување во друштво на машки партнер, жените стануваат невидливи. Спортувањето сама во јавен простор го отфрла плаштот за невидливост и женското тело станува забележливо, а со тоа и предмет на сексуална објектификација. Така, влегувате во простор во кој мажите можат да ја демонстрираат својата мажественост, со што ви даваат до знаење дека тие ја имаат моќта со која можат да го контролираат вашето движење дури и кога тоа не е нивната намера. Она што е загрижувачко е нормализирањето на вознемирувачкото однесување, што го прават дури и самите жртви. Не е никаков шок дека одреден степен на вознемирување е општествено прифатено и покрај тоа што за многу голем дел од припадниците/чките на тоа општество има негативни последици. Оправдувања од типот boys will be boys се секогаш по цена на нечие туѓо чувство на неудобност и несигурност.

Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома. Целиот емотивен товар што го носи стравот е доволен некогаш да ја дефокусира целата спортска активност и да ве измори многу повеќе од тоа што треба или што сте очекувале. И нормално секогаш се наоѓа некој што шеговито ќе рече: “па нели брзо трчаш” или “е добро де, така ќе станеш побрза”.

Kathrine Switzer challenging the all-male tradition of the Boston Marathon in 1967

Замислете си вака: излегувате да трчате на кеј после работа, сонцето веќе заоѓа, нема многу луѓе. Имате веќе одреден тренинг план за денот затоа што се подготвувате за некоја трка. Додека трчате добивате чувство дека некој почнува да ве следи. Да речеме дека самото тоа е доволно да почувствувате забрзано срцебиење. Забрзаното срцебиење може да ве измори повеќе без никаков дополнителен напор. Во главата почнуваат да ви се вртат најразлични сценарија, а воедно и стратегии како да реагирате при остварување на истите. Додека тоа го правите се дефокусирате од самото трчање. Доколку забрзате тоа ќе ве измори уште побрзо, а не знаете дали ќе бидете доволно брзи за да се одалечите доволно, воедно ќе ви падне во вода планираниот тренинг за тој ден. Ако го смените правецот на движење можете директно да му дојдете во раце на потенцијалниот следач, но и ќе треба да размислувате за алтернативна патека каде би го продолжиле тренингот. И уште мал милион сценарија кои можеби никогаш нема да се остварат, но она што сакам да го нагласам е дека некогаш доволен е само стравот.

Според едно американско истражување од 2017 година 42% од жените најмалку еднаш во животот биле вознемирувани, наспроти 4% од мажите.[1] Во Македонија единствено истражување поврзано со оваа проблематика беше направено во 2012 година од страна на РЕАКТОР за родово базираното насилство врз жените во јавните простори во градот Скопје.[2] Најризични активности според испитаничките биле наведени шетањето во парк, во природа или по кејот на реката (каде во принцип се одвиваат и најголем дел од спортските активности во градот), при што 57% сметале дека е веројатно на овие места да бидат нападнати или вознемирувани, а 38,1% дека тоа е многу веројатно да се случи.

Со само малку гуглање ќе наидете на еден куп статии кои споделуваат совети како жените да си го направат побезбедно спортувањето. Така, ќе сретнете совети како: не спортувајте навечер или одбегнувајте неосветлени места, спортувајте со партнер/ка или со куче, не слушајте музика, задолжително носете телефон, одбегнувајте директни погледи, не излегувајте многу разголени. И многу голем дел од жените ги бараат и ги применуваат овие совети, а неретко се случува со себе да носат и некакво оружје, солзавец или барем клучеви меѓу прсти (колку и банално ова да звучи). Многу пати кога ќе сум почувствувала страв додека трчам на кеј се “тешам” со помислата дека секогаш можам да влезам во Вардар. За потоа да дознаам дека не сум единствената што го помислила истото.

Но и овде се јавуваат многу дилеми. На пример, дали да слушам музика додека спортувам за да ги одбегнам туѓите коментари упатени кон моето тело и трчање или да спортувам без музика за да можам полесно да забележам доколку некој ме следи или претставува некаква закана? Дали да носам шорцеви затоа што надвор е пеколно топло или да облечам хеланки за да не бидам многу разголена? Ама хеланките можеби само повеќе ќе ми ги нагласат облините? И сето тоа додека половина од мажите, особено летно време, спортуваат и без маица!

Switzer became an advocate for women’s long-distance running [Jeff Johnson]

Да се разбереме, не е важно дали носиш шорц или си од глава до петици завиткана и личиш на ларва. Не е важно дали си висока или ниска, дебела или слаба. Не е до облеката, до изгледот, до просторот, ниту до периодот од денот. Твоето женско тело само по себе е причина за непосакувани коментари, без разлика дали со нив се воспева твоето атлетско тело или се навредува твојата недоволна сексуалност. Со делење совети на жените за тоа како да го приспособат своето однесување со цел да ја намалат веројатноста за несакано внимание, само имплицитно ја префрлуваме одговорноста на самата жена, односно жртва.

Не бројам колку пати имам чуено теории кои го претставуваат овој чин на следење како примитивен одговор на некои заостанати еволутивни и животински инстинкти. И покрај тоа што не живееме во примитивно општество (колку и понекогаш да ни изгледа такво) и не сме животни, гледано од тој аспект машките примитивни единки може да бркаат други единки само од две причини: храна или парење. Во првиот случај би требало да ја убие својата жртва, во вториот да ја силува. Оваа теорија не звучи баш привлечно нели? Треба  да престанеме да ги романтизираме овие однесувања, бидејќи тука воопшто не станува збор за флерт и не верувам дека со ваквиот начин на однесување некој ја запознал љубовта на својот живот или во најмала рака добил телефонски број (освен евентуално погрешен).

Харуки Мураками во својата (инаку инспиративна) автобиографска новела за трчањето[3], трчајќи се разминува со неколку девојки (кои исто така трчаат) за кои вели дека веројатно не ја познаваат болката (во случајов физичка) онака како што ја познава тој самиот. Ова само укажува на тоа колку е едноставно за мажите да се фокусираат единствено на физичката болка која ја предизвикува трчањето, несвесни за психичкиот товар кој најголем дел од жените го носат со себе на скоро секој чекор од истата таа патека.

[1]https://www.runnersworld.com/training/a18848270/running-while-female/

[2]Реактор- Истражување во акција. (2012) Истражување на опсегот на родово-базираното насилство врз жените и девојките на јавните места во Скопје.

[3] Murakami, H. (2009) What I Talk When I Talk About Running. London: Vintage Publishing.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • February 18, 2019
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram