Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 

Само што ја потпишав твојата смртна пресуда беше изјавата на судијката Аквилина додека во 2018 му ја соопштуваше пресудата на спортскиот лекар Лери Насар кој беше осуден на казна од 40 до 175 години затвор за сексуална злоупотреба на десетици, најголем дел малолетни, девојки. Овој случај, кој на крајот изброи 265 жртви злоупотребувани во временски период од дваесет години, нанесе сериозен удар врз Американската гимнастичка асоцијација, но беше само последната капка во запушената канализација која ги прели фекалиите во кои со години се давеше американската гимнастика, односно нејзините женски членки. Случајот ги обелодени сите пропусти на раководството и тренерите до кои со години наназад допирале информации за постоењето на злоупотреба од различни актери во организацијата, кои во неколку наврати биле и пријавувани. Но тие едноставно решиле да молчат.

Во меѓувреме, во Грција започна судското рочиште против тренер од едричичарскиот олимписки тим, обвинет за силување на малолетна спортистка. И повторно, ова не е изолиран случај на сексуално насилство во кој се споменува Едриличарската федерација. Пред само една година олимписката шампионка во едрење Софија Бекатору започна судски процес против раководно лице во федерацијата. Нејзиното јавно проговорување беше преседан во општество како Грција, кое што, и покрај напредокот во однос на родовата еднаквост, сè уште во пракса е исклучително патријархално и конзервативно и каска во справувањето со сексуалното насилство на ниво на Европската унија. Високиот државен врв на Грција јавно ја поддржи Бекатору, вклучително и претседателката на Грција – Катерина Сакеларопулу која молкот за насилството го нарече заговор на тишината.

 

 

 

Каде е коренот на проблемот?

 

 

Сè уште постои сериозен недостаток на податоци за распространетоста на родово базираното насилство во спортот на глобално ниво. Причините за овој јаз се лоцираат во степенот на потценување на самиот проблем, недостатокот на истражувања во оваа област и сензитивноста на темата. Меѓутоа родово базираното насилство во спортот постои, што беше потврдено и од страна на спортските организации, кои после многу објави и притисоци од страна на медиумите, започнаа да го менуваат својот ригиден став во однос на овој проблем. Според податоците на Европскиот институт за родова еднаквост, застапеноста на родово базирано насилство во спортот варира помеѓу 14% и 73% во неколку европски земји кои имаат спроведено истражувања во оваа област. Според Институтот, родовото и сексуалното вознемирување се присутни во сите спортови и сексуалното вознемирување се зголемува со преминување од рекреативно во елитно спортување. Вербалното сексуално вознемирување е најчеста форма на вознемирување во спортот.

Спортот е активност која се темели на високо ниво на дисциплина, особено кога станува збор за професионално занимавање со спорт. Дисциплината ни помага да ги поместиме границите на сопствените можности и да постигигнеме одреден успех. Спортистите/ките, без разлика дали се бават со спорт професионално или аматерски, отсекогаш биле поим за посветеност, дисциплина и жртва за достигнување на одредена цел. На нашите простори многумина ја карактеризираат балканската дисциплина во спортот, во некои кругови нарекувана и како југословенска школа, како посебен феномен. Еден од главните темели на оваа школа е употребата на пцовки и навреди како еден од главните техники за подобрување на перформансот на спортистите/ките. Варијациите на навреди покриваат релативно широк дијапазон и имаат за цел да ги обликуваат спортистите/ките во издржливи, борбени и успешни личности, веројатно со одредени посттрауматски нарушувања, секако, доколку истото тоа не ги одврати од бавењето со спорт засекогаш. Овој вид на дисциплина многу повеќе соодветствува на дефиницијата за булинг и придобивките од неговата примена, особено во работата со деца, претставуваат само еден застарен мит. Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти.

Доколку зборувајќи за семејното насилство можеме да кажеме дека најнебезбедно место за жените е домот, кога станува збор за насилството во спортот, најнебебедното место повторно е најтесната средина, односно теренот, соблекувалната, канцеларијата на тренерот, спортскиот лекар, селекторот и слично. Односот помеѓу спортистите/ките и нивните тренери и останати лица во нивната спортска средина се заснова на авторитет. Авторитетот по дефиниција е поседување на моќ, моќ која произлегува од поседување на одредено знаење, почит, моќ на донесување одлуки, на наметнување послушност. Тренерот ја има моќта да направи од вас добра спортистка, селекторот ја има моќта да ве стави во репрезентација, докторот ја има моќта да ви помогне побрзо да ви заздрави повредата. Оттука, многу е важно да ги слушате поставените авторитети доколку сакате да постигнете успех. Имајќи предвид дека најголем дел од професионалните спортистки своите почетоци ги имаат уште од најрана возраст, одговорноста за градење на овој однос е во рацете на авторитетот, кој одредува дали истиот ќе го злоупотеби. Преку спријателување и градење на однос на доверба и емотивна поврзаност (познато како grooming), авторитетот отвора простор за развивање на сексуален однос со спортистката која едноставно верува дека односот таков треба да биде и покрај тоа што не се чувствува добро. Повозрасните спортистки пак, се подложни и на многу подиректни форми на насилство, особено во случаи кога за својот напредок во спортската кариера биваат злоупотребени или нивниот молк подмитен со уцена.

 

Илустрација: Андреа Ирис

 

 

Колку спортистките се заштитени во Македонија?

 

 

Кога станува збор за Македонија, родово базираното насилство и дискриминација во спортот, свеста за нивното постоење, но и за заштита, се на незавидно ниво. Една од причините за тоа, е што насилството е сè уште длабоко вкоренето во нашата култура на живеење. Насилството, во сите негови форми, е феномен кој е прилично распространет во нашето општество, како и перцепцијата за неговата нормалност односно ситуации каде има оправдана потреба од негова примена. Потребата од насилство е подложна на мерење. Причините за примена на одредени форми на насилство може да имаат различен степен на оправданост во зависност од ситуацијата, областа, професијата, внатрешните констелации и слично. Слични принципи важат и за примената на дискриминирачки практики. Па така, во дејности како спортот, која претставува сфера на исклучителна машка доминација стотици години наназад, сосема е вообичаено жените да не уживаат ист пристап до ресурсите кои им се потребни за да се бават со спорт и да напредуваат, а уште помалку да бидат подеднакво наградувани за успесите.

Во текот на 2021, Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОК), спроведе анкета на претставнички на спортски федерации односно спортистки, судијки, тренери и други членки на федерациите. Прашалникот беше одговорен од страна на 137 претставнички кои придонесоа за добивање на една појдовна слика за степенот на родова рамноправност во спортот кај нас. Според податоците добиени од прашалникот, повеќе од половина од испитаничките сметаат дека не постои родова еднаквост во спортот во Северна Македонија. Најголем дел од нив нееднаквоста ја гледаат во доминацијата на на мажи на раководните позиции (75,6%), додека останатите во нееднаквата финансиска поддршка (50%), помалата платеност на жените од мажите (41%), помалку ресурси на располагање за жените во спортот (37,2%) и немање пристап до спортски терени (28,2%). 40% од испитаничките сметаат дека во рамки на нивната матична федерација не постои свест и разбирање за родова еднаквост. Повеќе од половина испитанички сметаат дека жените не се доволно вклучени во спортот, особено во раководствата на федерациите (81,7%) и на челните позиции во спортските клубови (70,4%). Од испитаничките, 38% изјавиле дека се соочиле со дискриминација, во кои се видливи разликите во третманот на жените наспроти мажите во спортот, започнувајќи од достапноста на ресурси за тренинг, па сè до нееднакви наградни фондови. Само 21,1% од оние кои се соочиле со дискриминација го пријавиле случајот, а уште помал дел (само во 4 случаи) биле задоволни од постапувањето на механизмот каде го пријавиле случајот. Само половина од испитаничките се запознаени со постоечките механизми и институции, односно знаат каде можат да пријават дискриминација и/или насилство, а 58,4% сметаат дека овие механизми не се ефикасни во справување со случаите. Непријавувањето на случаите на дискриминација според податоците е најчесто резултат на недовербата во институциите, односно лицата одговорни во клубовите или федерациите, како и неверувањето дека нешто навистина може да се промени. Истото се однесува и на пријавувањето на родово базирано насилство. Она што жените го ставаат под ризик кога пријавуваат е сопствената репутација и кариера, кои многу лесно може да бидат загрозени. Затоа решаваат да молчат.

Според Советот на Европа еден од клучните начини за борба против родово базираното насилство во спортот е самото знаење дека општата правна рамка е применлива во случаите на насилство во спортот, па така Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство ги заштитува спортистките од сите форми на насилство на кои се жртви. Истото се однесува и на дискриминацијата. Дискриминацијата во спортот во Северна Македонија е правно уредена со Законот за спречување и заштита од дискриминација, Закон за спортот и Статут на Олимписки комитет на Република Северна Македонија. Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) е генерален закон, кој се однесува на сите области и сфери од општественото живеење и ги опфаќа сите можни субјекти кои може да се јават како жртви или сторители на дискриминација. Законот се применува и во областа на образованието, науката и спортот и предвидува и обврска за преземање мерки или дејства за промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација. И покрај тоа што најчесто, законите што уредуваат конкретна област содржат одредба за заштита од дискриминација, Законот за спорт не содржи никаква антидискриминациска клаузула, па оттука, потребно е негово согласување со ЗСЗД. Од друга страна, Статутот на Олимпискиот комитет на РСМ има ваква одредба односно една од целите и задачите на ОК предвидени со Стаутот е: преземање мерки против секакви форми на дискриминација и насилство во спортот.

Ова значи дека секој случај на дискриминацијата во спортот може да биде поведен според овој генерален закон, што беше и случајот поведен против Федерацијата за боречки спортови. Во овој случај, кој претставува своевиден преседан во спортот кај нас, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација издаде општа препорака дека Федерацијата не ги усогласила своите акти на работење со Законот за спречување и заштита од дискриминација, по што беа иницирани две постапки за дискриминација на женските борачки пред Граѓанскиот суд во Скопје. Родовата дискриминација во случаите се однесуваше на рангирањето на резултатите од првенствата, составувањето на ранг-листите, давање предност на машки борачи за стипендии, како и тоа што женските борачки наместо медали добиваат дипломи. Со препораката на Комисијата се потврди постоењето на дискриминаторските дејствија извршени од страна на Федерацијата, но и се повикаа сите федерации и спортски сојузи во земјава да ги усогласат статутите и другите општи акти и одлуки со ЗСЗД на начин што нема да се прави разлика помеѓу родот. Нашето судство нема значајно искуство со ваков вид на случаи, што го отвора прашањето дали исходот од оваа постапка ќе биде во корист на жртвите на дискриминација, но уште повеќе, дали институциите ќе успеат да ја вратат довербата во системот кој треба да ги заштити. Еден од начините да се охрабрат жртвите на насилство и дискриминација да прозборат и да ја побараат правдата пред институциите, е да увидат дека институциите функционираат и работат за нивна за нивна заштита.

Можеби е престрого да тврдиме дека ситуацијата е статус кво, но исто така мора да имаме предвид дека во изминатите години се соочуваме и со трендови кои се обидуваат да ја уназадат родовата еднаквост. Позитивните напори за подобрување на состојбата со заштитата од родово базираното насилство и дискриминација во земјава се многу често сведени на донесување на законски решенија и она што назадува е нивната примена. А ниту еден закон не е исклесан во камен. Потребно е унапредување на законската рамка и воспоставување на внатрешни процедури и механизми за превенција и заштита, како и подигнување на свеста и капацитетите на сите чинители, почнувајќи од највисоките раководни структури, до секоја спортистка и спортист. Потребни се нови програми, потребни се квоти, потребна е вклученост и најважно, потребна е волја. Кога сме кај волјата, еден позитивен пример преставува неодамнешното формирање на работната Комисија за родова еднаквост во спортот при Олимпискиот комитет која има за цел да го намали родовиот јаз во спортот. Еден од приоритетите на ова тело, кој е вклучен во нивната годишна програма за работа, е токму обезбедување на заштита во спортот односно создавање на безбедна спортска средина за сите спортистки во секој аспект на спортувањето.

Сите се учесници во заговорот на тишината, со секое премолчување, игнорирање, разводнување и оправдување на нечие несоодветно однесување, без разлика дали станува збор за нееднаков третман, непристојно однесување, вознемирување или насилство. Со цел да не се наруши хармонијата која е од особена важност за мотивација на членовите секој тим или клуб, тренери и раководни лица го жртвуваат туѓото достоинство за одржување на мирот во куќата. Цената која многу често ја плаќаат спортистките за да се бават со она што најмногу го сакаат, цената за нивниот успех, е тишината.

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • March 2, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
The M word: или зошто цензурирањето на менструацијата претставува микро сексизам?
Ако воопшто не сакаме да зборуваме за менструацијата од медицински аспект, тогаш како би очекувале овој проблем да се сфати сериозно и како би формирале политики и протоколи за земање боледување за менструални болки ако нашите шефови сметаат дека медицинските факти за нашата болка се премногу „приватни“ за споделување?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram