Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.

Учеството на жената во различни сфери на општествениот живот, низ историјата најчесто било предодредено од нејзиното тело. Имајќи предвид дека низ историјата најважната улога на жената била онаа на мајка – да раѓа и одгледува деца, нејзиното постоење и денес многу често се сведува на таа биолошка функција. Ништо помалку и во спортот, учеството на жените е историски одредувано низ призмата на репродукција.

Уште од Викторијанското време, лекарите (мажи секако) биле едногласни во тврдењата дека матката е најранливиот дел од женското тело кој, под влијание на физичка активност, многу лесно може да се помести и… да падне. Преку прикажување на личните предрасуди, во однос на жените и нивното место и улога во општеството, како објективни знаења непоткрепени со никакви докази и истражувања, лекарите континуирано ја злоупотребувале својата положба и авторитет за ограничување на движењето на женското тело.

Кога за прв пат се сретнав со делата на Ајрис М. Јанг, можеби првото нешто што ме заинтригира беше збирката есеи со наслов За искуството на женското тело: “Фрлаш како девојче“ и други есеи[1] , и токму употребата на фразата фрлаш како девојче ми го задржа вниманието.

Што значи да фрлаш како девојче? Што значи да спортуваш како девојче?

Group portrait of the Maryborough Girls Grammar School Tennis Club, 1913.

 

Фраза која, понекогаш со мала модификација во однос на видот на спортската активност (мене лично омилена ми е трчаш како девојче), во многу јазици има негативен контекст и неретко се употребува за навреда односно за личност која спортува, но го прави тоа недоволно добро. Јанг зборува за општествено конструирани навики на однесување на женското тело во општество во кое доминираат мажите, особено за свесноста за нашето тело во јавниот простор, што неминовно го опфаќа бавењето со спорт. Движењето во спортот се одвива во општествено конструиран простор кој ги ограничува движењата на женското тело, кој ни кажува како треба или не треба да се движиме. Оттука, многу често се претпоставува или очекува дека женските движења се поспори, со помало вложување на енергија, некогаш некоординирани, летаргични и ред други работи, токму заради ограничувачките општествени норми.

Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.

И покрај тоа што девојчињата во принцип се дури и посилни од момчињата до периодот на пубертет , тие многу подоцна започнуваат да се вклучуваат во спортски активности и многу почесто се откажуваат токму поради неконтинуираното користење на сопственото тело и недоверба во истото да ги доведе до посакуваната цел. Оваа таканаречена женска кревкост или кршливост обесхрабрува многу девојчињата и жени да ги осознаат своите вистински способности и граници на спортско достигнување.

 

Stella Walsh, training in Cleveland, April 1, 1932 for the Olympic games. (AP Photo)

Сé уште многу тешко се прифаќа фактот дека жените можат да имаат различни форми на телото. На пример, луѓето сé уште се шокираат штом видат женско тело со обликувани мускули. Имајќи предвид дека сé уште се широко распространети мачо стереотипите кои го поврзуваат мускулестото тело исклучиво со мажественоста, секоја форма на женското тело која се приближува до мажествената отскокнува од таа прифатена слика и предизвикува реакции на шок, потсмев, понекогаш и гадење.

Жените треба да бидат женствени (што и да значи тоа), а мускулестото тело и физичката сила се ексклузивно резервирани за мажите. Маскулинизирањето на женското тело според тоа претставува уништување на женственоста, што всушност може да доведе до губење на женските природни чувства за мајчинство, а со затегнување на мускулите може и сериозно да се искомплицира породувањето. И секако, мускулестите женски тела имаат афинитет да станат хомосексуални, што ќе го загрози воспоставениот општествен поредок во кој служат, повеќе или помалку, како инкубатори. Еден од најпознатите спортски колумнисти во САД – Пол Галико уште пред неполн век изјавил дека жените изгледаат најгрдо кога спортуваат , воедно сметајќи дека спортистките се само грди патчиња кои преку спортот надоместуваат за нешто што им недостасува, како сексипилност, убавина, шарм и сл. Галико и ден денес е воспеван за неговиот придонес во спортот и покрај неговиот сексизам, расизам и антисемитизам кои ги ширел во спортската заедница и публика.

Со започнување на трендот на практикување на раширени нозе (овде мислам на јавањето коњи и возењето велосипед), се јавува и стравот од еманципација на жените. Раширените нозе околу седлото на коњот (наспроти дотогашното јавање со двете нозе на едната страна од седлото) или околу велосипедското седиште ги прави жените посигурни во управувањето и со тоа им дава поголема брзина на движење. Меѓутоа веројатно најголемиот страв доаѓа од опасноста за сексуално ослободување на жените, преку експонирање на голите глуждови и постојаното триење во пределот на меѓуножјето. Оваа пракса би довела до сексуално будење на жените со тоа што би можеле да доживуваат повеќекратен оргазам во секое време (како тоа да е лоша работа), а веројатно уште пострашно, непредизвикан од машки фактор!

И покрај бројните предупредувања (повторно) од лекарите за потенцијалните ризици од возењето велосипед, како на пример стерилитет, депресија, појавата на таканареченото bicycle face (напнато, бледо, непривлечно лице, кое е неприфатливо за една жена), жените, а особено суфражетките, велосипедот го прифаќаат како лост во борбата за женските права, кој ќе го има своето влијание почнувајќи од промената на облеката за возење точак, па се до поголема независност и еманципација.

Two women stopped during a bicycle ride around 1900 in Schenectady. / photo: Larry Hart Collection, Schenectady County Historical Society, Grems-Doolittle Library

 

И покрај прогресот во однос на степенот на учество на жените во спортот тие се уште чекорат на маргините. Се уште има недоволен број на истражувања кои ги вклучуваат и спортистките, а уште помал број кои се фокусираат само на жените во одредени спортови. Сè уште нема ниту доволно податоци за женската физиологија кои би можеле многу да помогнат во објаснување на одредени состојби (на пример, поврзаноста на спортската активност со разлики во излачувањето на хормони, закрепнување од разни видови на повреди, менструација, бременост, итн.) кои пак ќе можат да придонесат за зголемување на перформансот кај жените.

Никогаш нема да се согласам со тврдењето дека жените генерално немаат или имаат помал интерес за спортување. Како да очекуваме да го покажат својот интерес, кога едвај еден век се вклучени во спортски настани како Олимписките игри, многу помалку во трчање маратони и други поединечни дисциплини, а неретко имаат и помал награден фонд за истата дисциплина во која се натпреваруваат и мажите?! Како да очекуваме да се охрабрат да спортуваат кога постојано во фокусот ги ставаме нивните тела и тоа како тие изгледаат, а не што можат да постигнат? А можат, и тоа многу.

 

 

 

 

 

 

 

[1] Young, I. M. (2005) On Female Body Experience: “Throwing Like a Girl” and Other Essays. Oxford University Press.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • December 18, 2018
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram