Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.

Кога одлични книги за млади ќе се преведат на македонски јазик, тоа заслужува мал момент на прослава. Како овој текст, чија цел е токму тоа.

Следните наслови, кои се издадени од различни издавачки куќи, се израз на знаење и одговорност кон одржување високи критериуми за младите, на кои домашните автори, со малку исклучоци, сè уште не се осмелиле.

 

„Невидлив“ – Елој Морено

Возраст: 13-17 год.

Издавачка куќа: Антолог

Превод: Виолета Јагев

“Книгава е unfuckingbelievably добра, а јас сум неспана и потресена”, му напишав во порака на Жарко Кујунџиски од Антолог, откако во една ноќ ја прочитав Невидлив од Елој Морено.

Главниот протагонист, жртва на исклучително суров булинг, неможејќи повеќе да издржи во средината во која е малтретиран, сака да биде потполно незабележлив и создава ескапистичка приказна дека развива способност да биде невидлив.

Елој Морено прави исклучително психолошкото профилирање на емотивната состојба на тинејџер кај кого насилството и малтретирањето на врсниците, а особено премолчувањето на неинволвираните соученици, прави да влезе во некаков ескапистички облак кој делумно го штити од реалноста,  постепено кулминирајќи веројатно до граница на психоза. Тој сепак не е луд и истовремено чувствува дека таа приказна нема шанси пред суровоста на реалноста, дека е само краткорочно бегство од ситуацијата во миг кога болката е исклучително акутна, а тој заглавен во своето молчење не наоѓа решение.

И сето тоа кулминира во ужасни последици.

Приказната започнува на намерно нејасен, фрагментиран начин. Романот е поделен на кратки поглавја (некои долги не повеќе од неколку реченици), кои ја раскажуваат приказната низ перспектива на различни ликови: девојка која тетовира змеј над лузните од изгореници на грбот; младо момче со повремени напади на анксиозност во болнички кревет; девојка која носи стотина белезици на рацете; момче со лузна на десната веѓа и момче на кое му фали половина прст…

Приказната почнува од крајот, фрагментирана и искршена, но без претенциозноста на постмодернистичките постапки, па не ве одбива со својата нејасност и повеќегласие. Не станува збор за рашомонијада, туку напротив, се составува едноставно. Бруталната отвореност при описите на трансформацијата на жртвата, која од весело момче се трансформира во некој кој живее во заблуда и ескалира на пругите пред еден воз е тешка за поднесување.

Осаменоста во болката, игнорирањето на средината и стравот постепено создаваат психолошка бариера од реалноста до чија кулминација Морено нè води исклучително, без притоа да западне во патетика или да претера па да помислиме дека се работи за метафора која тука би била лошо решение.

Дополнително, за вештината на писателот сугерира и почетокот на книгата каде фокусот (се чини дека) не е врз приказната на романот, туку врз млада девојка која си тетовира змеј на грбот за да ги покрие лузните кои одбегнува да ги гледа.

Ги соблекува маицата и панталоните, го вади и градникот, и така, практично гола, легнува на стомак на креветот, оставајќи откриен грб што е болно да се погледне. Грб полн со лузни создадени од изгореници – што зараснале заедно со кожата на жена која пред многу години, кога била мало девојче, го посетила пеколот.

(…)

Змеј што се раѓа на местото каде што се спојуваат грбот и задникот, што за неколку дена, кога ќе биде готов ќе досега до тилот (…) Тоа што не го знаеше е дека ќе има моменти кога змејот ќе се буди и нема да може да го контролира секогаш.  Тоа што не го знае се уште е дека таа не си прави тетоважа на змеј на грбот, туку змејот е тој што нашол тело во кое ќе може да живее.

Описот очигледно реферира на Лизбер Саландер од „Девојката со тетоважа змеј“, еден од пославните современи книжевни ликови изграден како резултат на брутално насилство и злоупотреба во детството, но и сопствениот отпор кон тоа да остане жртва.

Морено не бега пред веројатноста дека ќе вознемири, не го плакне текстот за да го приспoсоби на „невиноста“ на младите. Оние на кои им се обраќа се на возраст кога невиноста, ако воопшто постои во оваа смисла, е надрасната.

Неговата експлицитност во описите на насилството (едно уплашено момче чија глава му е набиена во веце шоља нема избор освен да замисли дека е оса која има капацитет да задржи воздух под вода). Морено ја користи експлицитноста и вознемиреноста како апел. Тоа го прави овој роман, колку роман за млади, толку и за просветни работници, наставници, училишни психолози и педагози и родители кои често се прв ѕид каде обидот за отпор се крши и жртвите се соочени со релативизација.

Невидлив ги добива наградите „Јолео“ и „Аче“ за 2019 година, бил финалист и за наградата „Менхалибрес“. Преведен е на повеќе од 20 јазици.

 

 

„Магла“ – Марта Палацези

Возраст: 6+

Издавачка куќа: Сказнувалка

Превод: Ирина Талевска

Лондон, 1880 г. Тринаесетгодишниот Клеј е блатар: едно од многуте момчиња што копаат во калливите брегови на Темза во потрага по предмети што ќе може да ги продадат за да преживеат. Еден ден Клеј тргнува да ѝ продаде тарот карти на претскажувачката од Чудесниот циркус Смит и Спероу и го преминува прагот на циркусот. А таму, во еден од кафезите, затворен е „последниот жив волк во Обединетото Кралство“.

Застанат пред тоа суштество со сребрено крзно и килибарен поглед, не може да им поверува на своите очи. За него, навикнат да ги минува деновите на отворено, без какви било ограничувања, ваквата глетка на тоа величествено животно во малиот кафез, жртва на ѕверските насилија на дресерот Парсон, е неподнослива. Клеј нема да се смири додека Магла не биде повторно на слобода.

Парсонс застана пред кафезот на волкот.„ Е, па ѓаволу, како сме расположени денес“, праша и со нагло движење го тргна црниот плашт.
Тогаш за прв пат го видов Магла. „Убав е, нели?“ ми прошепоти Оли? Не, тој волк не беше убав. Тој волк беше песочиште одвеано од ветрот, и трк низ шумите и ноќи минати во душкање на планот, и виежи на месечината и… И сега се наоѓаше пред мене. Затворен во кафез. „Што ти е?“ Оли ме допре под рамото. „Се разочара?“ Разочаран од тоа суштество со сребрено крзно и големи килибарни очи? Беше најизвонредното нешто што сум го видел. И веднаш сфатив. Беше најизвонредносто нешто што ќе го видам во целиот свој живот.

Она што прави серија писатели за млади исклучителни е тоа што создаваат приказна која иако е примарно наменета за деца, сепак е доволно интриганта и за возрасен и прилично искусен читател. Поедноставувањата, недореченоста, бегањето од суштинската емотивна комплексност во претставувањето на болната страна на животот, прави добар дел од книгите за деца да делуваат патронизирачки и да личат на советодавни четива кои немаат доверба кон капацитетот и емотивната зрелост на читателот кому се обраќаат (книги во кои писателот вели „слушни ме сега, јас сум постар/а“). Палацези, како и Морено погоре, е свесна дека нема право на тоа. Поради тоа, независно од возраста, приказната не ве дистанцира со својата наивност и предвидливост, туку ве понесува со себе.

Интересна тема, вредна за забележување и анализа, која се обраќа до младите читатели (но низ потполно различен начин од тој во Невидлив) е темата на насилството и различните причини кои некогаш го оправдуваат. (П.С. здодевниот писател ќе ви каже да се обратите до училишниот педагог или наставникот. Морено предупредува дека може да сте во уплав, на раб на психоза, а психологот да не ве чуе. Палацези, пак, знае дека мора да се охрабрите и да делувате, често низ единствениот јазик кој му е познат на насилникот).

Teпачките во животот на Клеј (за место за копање во реката, за место на продажба на предмети…) не завршуваат со брутален исход, тешки повреди и длабоки психолошки и емотивни последици, нема репетитивно изживување и понижување со далеку надсилената жртва, туку се некаква форма на деликатен јазик на кој двете спротивставени страни се разбираат.

Затоа Клеј, растен и воспитуван во суровите услови на брегот на Темза е длабоко вознемирен кога ќе посведочи брутално насилство врз волк заробен во циркуз. Логиката на насилството каде едната страна е потполно оневозможена да се брани и чија цел е длабоко да ја промени природата на животното, односно од импозантниот  „последен жив волк“ со килибарни очи, од симбол на нескротлива слобода, да направи покорно циркуско животно за Клеј се чини неприродна. Самиот растен дури и претерано слободен, тој го разбира стравот од кафезот и затворањето и одлучува да дејствува дури и кога тоа го доведува во опасност неговиот живот. Романот има елементи на дикенсовска атмосфера и ликови, напишан на јазик кој истовремено е богат, но и концизен и јасен, и адаптиран на читателите кои ги има предвид. Романот е добитник на италијанската награда „Стрега“ во 2020 година за литература за деца од 6 до 10 години.[1]

 

 

“Дрвото што слуша“ – Анет Шап

Илустрации: Филип Хопман

Возраст: 4+

Издавачка куќа: Чудна шума

Превод: Билјана Црвенковска

Среде градот, во паркот, има дрво што со леснотија се извишува над сите други. Она што не го знаат луѓето, но го знаат животните, е дека на стеблото на ова дрво, некаде на половина, има уво.
Уво што навистина слуша.

Во светот каде „градот брза ли брза, автомобилите итаат по улиците (…) врескање, тропање, треба да се помине побрзо“, каде нешто постојано зуи, брмчи, вреска, едно момче нема кому да соопшти нешто важно.

Во светот кој константно емитува “важни” звуци, нешто останува несоопштено. Во мигот кога Другиот е неопходен за елементарна размена, во светот кој е преполн какафонија на гужвата, за едно дете, во текот на неколку часа нема никого. Ако Светиавгустиновото „Постојам само додека другиот ме сонува!” ја отсликува суштината на човековата потреба да постои во Другиот, ситуацијата на ова момче се чини прилично безнадежна.

И тој влез во приказната, во комбинација со илустрациите кои одлично ја засилуваат, успева исклучително вешто да ја долови атмосферата на осаменост во мноштвото, судирот на тишината и неартикулираната бука која не остава простор за размена.

Таа слика е дополнително засилена со еден детал, низ кој оваа сликовница се обраќа до малите читатели/слушатели. Додека другите деца по часовите во училишниот двор скокаат во прегратките на своите родители, ова момче никој не го чека. Носи клуч обесен околу вратот.

„Клуче“, му шепоти. „Нешто се случи денеска…“. Но зборовите се одбиваат од металот. Момчето воздивнува.

Таа сцена Шап и Хопман ја одржуваат доволно тензична за да предизвика емотивна реакција (во прво и второ одделение учениците се често многу чувствителни на тоа дали оној кој треба да ги земе ќе задоцни и ќе останат последни во училиште, веројатно ќе сочувствуваат со непријатноста на ситуацијата далеку подобро од било кој повозрасен) но не и да се лизне во патетика и пренагласена сентименталност. И од тука Шап и Хопман ја создаваат приказната за споделувањето и за потребата од Другиот. Другиот не во смисла на групата на која се претпоставува дека ѝ припаѓаме, често сведена на семејството, соучениците и слично, туку оној Друг, кој на основа на општествено воспоставени критериуми би требало да е различен, но кој знае правилно да чуе и да ве препознае.

***********************************************************************

Она што е заедничко за овие три приказни е тоа што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња. Овој текст кој се фокусира на три машки приказни, поаѓа од ставот на бел хукс дека „визионерскиот феминизам е мудра и љубезна политика, вкоренета во љубовта на машкото и женското битие, одбивајќи да го привилегира едното над другото. Душата на феминистичката политика е посветена на спречување на патријархалната доминација над жените, девојките и момчињата“ и за свој простор ја наоѓа Медуза.

Овие романи раскажуваат приказни за три момчиња кои се на другата страна од токсичната машкост: едно со длабоко ранлив сензибилитет кое сака да „не постои“ повеќе (Невидлив), друго решено и по ризик на својот живот физички да се судри со концептот за машкост манифестиран низ бруталното насилство врз послаба жртва, во случајов и врз идејата за слободата (Магла), и трето кое едноставно постои како тивок и осамен интроверт во потрага по пријател кој знае како да го слушне (Дрвото што слуша).

Медуза е простор каде артикулираме јазик на отпор кон темната страна на традицијата и патријархалните притисоци кои стануваат оформувачка машинерија во текот на растењето. Преку изборот на овие три приказни се спротивставуваме на гласовите од средината, односно интернализираниот внатрешен глас кој на илјадници момчиња им шепоти „момчињата не плачат“.

 

 

 

[1] Победникот го бираат над две илјади млади читатели од повеќе од 140 училишта, групи за читање и библиотеки во Италија и странство (Мадрид, Минхен, Париз, Виена и Сен Жермен-ан-Леј) за нивната одредена возрасна група што говори само по себе за допадливоста на книгата.

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • October 27, 2022
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Љубовта како себеспознавање и неизбежна загуба: Кон графичкиот роман „Сината е најтоплата боја“
Прашањето каде оди љубовта кога нас нè снемува е како темно-сино облаче кое ги следи двете протагонистки и конечноста на нивната материјална врска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој навистина се бори за слобода на говор во нашето општество?
Спојлер алерт: не, тоа не се конзервативците
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram