Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.

Влошките, тампоните и останатите производи за менструална хигиена може и треба да чинат помалку. Оданочувањето на овие производи е актуелна тема во глобални рамки.

Кај нас, намалувањето или отстранувањето на ваквиот данок е и те како потребен чекор, земајќи предвид дека дури 15% од жените и девојките немаат пристап до средства за менструална хигиена. Во одредени земји влошките и тампоните немаат ДДВ (данок на додадена вредност) или се достапни сосема бесплатно. Каде стоиме ние по ова прашање? Каков данок плаќаме на производите за менструална хигиена во Македонија?

Во нашата држава постојат три даночни стапки – ДДВ од 0%, 5% и 18%. ДДВ-то е 0% за јавни услуги кои државата им ги должи на граѓаните, како образование, здравство, култура. ДДВ од 5% се наплаќа за производи и услуги кои се неопходни за секој човек – исхрана, лекови, медицински средства, училиштен прибор, производи за бебиња. Иако производите за менструална хигиена се неопходни за секоја личност која има менструација да може да води здрав живот и да функционира нормално во тие денови, влошките и тампоните не спаѓаат во оваа даночна стапка. Односно, се даночат со 18%. Тоа значи дека ако купувате пелени за бебе данокот е 5%, бидејќи пелените се неопходни, и тоа е сосема во ред. Но, ако купувате влошки данокот е 18%. ДДВ од 18% меѓудругото се наплатува за многу неесенцијални производи – како патики, слушалки, мебел итн. Значи, влошките и тампоните без кои не може да се помине менструација на хигиенски и достоинствен начин и се купуваат редовно, на месечна база, се во истата категорија како производи од многу помала неопходност во секојдневниот живот.

Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.

Прво, поради повисоката цена на овие производи не секоја личност која има менструација може да си ги дозволи овие неопходни производи, концепт познат како „менструална сиромаштија“. За замена се користат крпи, весници и импровизирани средства коишто не го задоволуваат истиот хигиенски стандард, а уште помалку дозволуваат удобно движење, физичка активност и чувство на безбедност за време на менструацијата. Ваквиот проблем е присутен во нашето општество и со него се соочуваат 15% од девојките и жените. Ова со себе повлекува најразлични последици – од ризици поврзани со репродуктивното здравје, до отсуствување од училиште или работа што на овие жени им ја ограничува можноста за квалитетен и исполнет живот. Намалување на данокот, со што влошките и тампоните би се третирале како неопходни производи е едноставен чекор кој институциите се должни да го направат.

Но табуата и стигмата околу менструацијата не дозволуваат за овие проблеми да се зборува отворено и искрено, со што се потценува сериозноста на проблемот и се игнорира улогата на институциите. Кога менстурацијата се третира како нешто непријатно или тајно, се смета дека и решенијата на проблемите кои ги креира менструалната сиромаштија треба да бидат лични и скришни. Стигматизацијата води до тоа менструалната сиромаштија да не стане тема на разговор во нашите институции. А јасни решенија постојат, како и бројни позитивни примери од други држави.

На пример, во Британија и Индија данокот на производите за менструална хигиена е сосема отстранет. Во Европската Унија некои земји го имаат намалено данокот на 5%, што е минималната даночна стапка во тие држави. Одредени земји, како Боцвана и Шкотска, обезбедуваат бесплатни производи за менструална хигиена, особено во училиштата, со цел да се намали менструалната сиромаштија кај девојчињата и девојките.

Ваквата мерка кај нас би била од особена важност. Истражувањата покажуваат дека дури 90% од девојчињата во руралните средини во Македонија отсуствуваат од училиште за време на менструацијата. Причините се несоодветните хигиенски услови во училишните тоалети, недостапоноста на соодветни хигиенски производи или болна менструација. Овие поразителни статистики покажуваат дека менструалната сиромаштија директно го повредува правото на образование на девојчињата кај нас. Па така, на истиот начин на којшто е невозможно едно дете да оди на училиште без училиштен прибор (па затоа тој има ДДВ од 5%), невозможно е едно девојче да оди на училиште без соодветни хигиенски производи (кои во моментов имаат ДДВ од 18%). Со ова проблемот на менструалната сиромаштија е проблем на дискриминација, родова нееднаквост и нееднаков пристап до јавните услуги кои ги нуди државата.

Дел од решението се наоѓа токму во намалувањето или отстранувањето на ДДВ-то, и можноста за добивање бесплатни хигиенски производи преку јавни установи како училиштата. Институциите мора да одиграат клучна улога во намалувањето на менструалната сиромаштија на конкретен начин со овие мерки. Од примерите можеме да забележиме дека меѓу земјите кои спроведуваат мерки за да се справат со проболемот има и побогати и посиромашни земји. Тоа ни укажува дека решението не зависи од економските можности на земјата, туку од политичката и институционална волја овој проблем да се реши.

Намалување на данокот е прв чекор и само еден дел од справувањето со менструалната сиромаштија. За целосно искоренување на овој проблем важно е да се надминат табуата и да се корегираат дезинформациите поврзани до менструацијата и репродуктивното здравје. За повеќе на оваа тема, следете ги Period. The Menstrual Movement Skopje, иницијатива на група девојки кои се борат против стигмата и табуата за менструацијата во нашето општество и преку социјалните мрежи нудат точни и достапни информации на македонски јазик.

Оданочувањето на влошките и тампоните како неесенцијални производи е особено важно прашање во време на пандемија и криза, кога државата е во можност да им ускрати одредени услуги и слободи на граѓаните – на пример движење по 22 часот, физичко присуство во училиште, седење во кафуле. Во овие ситуации станува особено важно кои производи и услуги се ценат како неопходни, а кои не. Пред само неколку дена во повеќе градови во Италија на неколку девојки не им било дозволено да купат влошки и тампони по 18 часот, затоа што според рестриктивните мерки во Италија, по 18 часот не е дозволено да се купуваат неесенцијални производи. Дали производот е есенцијален или не во овој случај не е прашање на здрав разум (имам менструација – неопходни ми се влошки), туку финансиската дефиниција на овие производи според која производите за кои се плаќа ДДВ од 22% во Италија, или 18% во Македонија, се сметаат за неесенцијални. Проблемите кои во обични услови не се третираат, во кризни ситуации можат да добијат апсурдни димензии, што е уште еден показател за важноста на овој проблем.

Менструацијата е природна, репетитивна состојба и е клучен дел од репродуктивното здравје. Кога немаме пристап до хигиенски производи за време на менструацијата, го ризикуваме нашето здравје, а значително се влошува и нашиот квалитет на живот. А проблемот е решлив. Бизнисите и компаниите секојдневно креираат нови изуми, па денес можат да се купат и менструални чашки, долен веш со вградена влошка, органски тампони без токсични состојки и многу друго. Но, развојот на нови технологии е недоволен доколку цените на овие производи остануваат недостапни. На страна од цените, многу од овие производи воопшто и не се достапни на пазарот во Македонија. Иновацијата не може да надомести за незанимавањето на институциите со овој проблем, кои се должни да се сензибилизираат за важноста на менструалното здравје и менструалната сиромаштија. За нивна среќа, бројните феминистички движења во повеќе земји се имаат изборено за конкретни решенија на овој проблем и постојат позитивни примери од други држави. Сѐ што треба да се направи е овие решенија да се спроведат. А тоа треба да претставува приоритет кога станува збор за квалитетот на живот на половина популација.

НАПИШАНО ОД:
  • Ангелина Цветковска
  • April 21, 2021
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марија Бошковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram