Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.

Сексистичките напади и системската родова нееднаквост претставуваат средство за подигнување бариера помеѓу жените и политиката. Оваа бариера, иако навидум мала, може да предизвика повлекување на жените од политичкиот простор во кој сексистичките напади најчесто си наоѓаат свое засолниште. Тоа е така бидејќи во борбата за власт и моќ, политичарите не избираат средства, па нападите најлесно може да се протнат, а неретко и да се оправдаат поради политичката атмосфера.

Две третини од неписмените луѓе во светот се жени, постои родов јаз во платите и достапноста на занимања и образование, исклученост на жените од одредени работни места, особено оние од раководството, во сите професионални полиња, вклучувајќи ја и политиката. Сето ова се само дел од последиците предизвикани од сексизмот во општеството.

Покрај тоа, широката распространетост на сексизмот придонесува кон нормализирање на насилството врз жените. Родово базираното насилство, без разлика дали е сексуално, психичко или физичко е глобален проблем. Се проценува дека една од три жени доживува некаква форма на насилство во одреден момент од својот живот.

Спот во кој се користат ликови изрежани од картон и се предмет на тргување од типот „дај ми го – на ти го“, џирло девојка како опис за министерка, став на политичар кон негова колешка дека „треба да биде домаќинка наместо да се занимава со политика“, сексистички и шовинистички коментари врз политичарка што се појавува во изборна реклама, се само мал дел од меѓупартиските напади за кои сведочевме изминатиот период во нашата држава и кои во голема мера ја покажаа суровата корелација помеѓу политичарките субјекти, кога на едната страна се наоѓа жена.

Бидејќи сексистичките напади врз жените политичари се најмногу експонирани во јавноста, тежината е поголема, вели политичарката Тамара Михајловска, која се има соочено со овој вид напади.

„Приватниот живот е дополнително изложен на јавни критики. Тоа може да влијае на политичката кариера во насока на намалување на професионалните политички успеси или повлекување од политиката, а воедно и негативно да се рефлектира на приватниот живот“, вели Михајловска.

Михајловска е млада политичарка што се појавува во рекламен спот на политичка партија, а веднаш по објавувањето, во јавноста следуваше цунами од невкусни коментари, омаловажувања и сексистички напади од страна на политички субјекти. Таа ова искуство го опиша како навреда врз својата личност, но и навреда кон женскиот род. „Поради константното соочување на жените од политиката со сексистички напади и дискриминација изминатите години, јас кога станав кандидат за пратеник делумно и го очекував тоа. На некој начин тоа и се прифаќа како новото „нормално” и тоа е она што треба да се смени; секако, тие напади кон мене лично негативно се рефлектираа и се почувствував навредена како личност, а посебно како претставник од женскиот род,“ вели Михајловска.

Навредите кон жената бидејќи е жена ја ставаат многу скали под мажот и влијаат на начинот на кој таа се доживува, се рефлектира на тоа колку смета дека е способна или неспособна, успешна или неуспешна поради својот род, велат психолозите.„Сексизмот е штетен. Жената се чувствува помалку вредно, може да почне да се повлекува, да избегнува и да се разболува. Таа е исплашена, несигурна“, појаснува Розалија Секулоскa, современ психотерапевт по когнитивно-бихевиористичка психотерапија.

Љупка Трајановска од Платформата за родова еднаквост вели дека кај луѓето постои одбивност кога ќе видат жена политичар затоа што се навикнати да гледаат возрасни мажи во костуми.

„Луѓето кај нас секогаш имаат одбивност кон она што излегува надвор од нивното ‚нормално‘ стандардно кога ќе видат жена политичар или, пак, млад човек; автоматски имаат одбивност и го напаѓаат“, вели таа.

Дека тоа е така, според Трајановска, покажуваат бројките од пракса. Како што вели таа, од вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени. Воедно, во периодот од 2005 до 2021 се кандидирале 104 жени за градоначалници, а од нив само 15 биле избрани.

„Ваквите резултати не ги мотивираат жените да се вклучуваат во политиките на локално ниво“, поентира Трајановска.

 

 

Сексистичкиот напад, како и црната кампања, има за цел да дискредитира.

 

 

Повлекувањето на политичарките од политичкиот простор предизвикано од претрпеното понижување е само една од последиците во низа, а тие последователни напади добиваат интензитет, особено во предизборниот период.

Политичкиот аналитичар и професор Денко Малески смета дека сексистичките напади и црната кампања имаат иста намера, а тоа е да се дискредитира противникот.

Вели дека предизборната атмосфера дополнително придонесува за кулминација на, како што вели, постојната политичка култура.
„Ништо ново не се случува. Само се зајакнува интензитетот. Ако нема пристојност во комуникацијата, сешто излегува од устите на политичарите. Инаку, да си непристоен е најлесната работа на светот, за пристојност треба напор“, заклучува Малески.
Според Секулоска, живееме во земја што сѐ уште ја негува традицијата на патријахалното општество. Смета дека иако оставаме впечаток на европска земја, сепак сексизмот постои во домот, на работа, на улица и тоа во разни форми, како навреди, силување, физичко и психолошко малтретирање.

И Љупка Трајановска се согласува дека сѐ уште се наоѓаме во патријархално општество. Таа вели дека кога станува збор за жените политичари, секогаш се доведува во прашање нивната способност да бидат член на семејството и да работат истовремено.

„Не си доволно добра мајка бидејќи си одлучила да градиш кариера; истовремено не можеш да бидеш успешна во кариерата бидејќи си мајка и не можеш доволно да се посветиш на кариерата. Повторувањето на овие коментари од јавноста, соработниците, блиските, создаваат психолошки притисок и секако се вид на вербално насилство со психолошки последици, кое создава притисок кај жените да се повлечат од јавниот свет и да не го остварат целосно својот потенцијал“, потенцира Трајановска.

Додава дека кај нас вербалното насилство е нормализирано до степен на непрепознавање. Сексистичките напади насочени кон жените политичари најчесто се однесуваат на нивниот изглед, нивниот избор на интимни или брачни партнери, нивното семејство, начинот на кој стигнале до позицијата на која се наоѓаат е речиси секогаш сомнителен за јавноста, иако се темели на години образование, работно искуство и професионализам.

Имено, онлајн анкета направена за целите на овој текст во октомври оваа година врз две целни групи, возрасни жени и студенти, покажува дека барем кај овие испитаници младите имаат поголема свест во однос на сексистичките напади.

Па така, на прашањето дали политичарките треба да бидат подготвени да истрпат сексистички или вербални напади бидејќи се одлучиле да бидат дел од политиката, од вкупно 198 млади, тројца одговорија со да, додека останатите одговорија дека насилството е насилство без разлика на функцијата. Кај возрасните жени, пак, ситуацијата е поинаква. Од 211 испитанички, дури 24 одговориле дека политичарките треба да се свесни во што се впуштаат, а со тоа да истрпат и вербално насилство.

Некои од испитаничките во своето објаснување, сексистичките, односно вербалните напади, ги поистоветуваа со критиката.

„Апсолутно да зашто тие во моментот иритираат и немаат позитивен атрибут“, вели една од испитаничките.
„Нормално дека ќе бидат критикувани доколку не си ја извршуваат обврската за која се поставени“, се надоврзува друга испитаничка.
За Михајловска, овие податоци не се изненадувачки и појаснува дека во потрага по правда за жените се соочила со тоа да биде напаѓана и од жени.

Трајановска, од друга страна, пак, истакнува дека постојат повеќе фактори што влијаат врз оваа состојба. „Непостоењето женска солидарност, недоволната поддршка од страна на мажите политичари и партиската послушност се главни внатрешни фактори за неучеството на жените во политиката. Со години наназад можеме да забележиме дека нападите врз жените политичари во печатените медиуми, но и на социјалните мрежи, се многу поголеми, почести и посурови бидејќи во голем дел се темелат на приватниот живот и избори, а не на професионалниот. Критика базирана на релевантни факти речиси и не постои“, вели таа.

 

 

 

Илустрација: Андреа Ирис

 

Образованието како клучен фактор за спречување насилство врз жените во секоја сфера

 

 

И оние што лично ги почувствувале овие напади, но и од родовата платформа, сметаат дека за решавање на овој проблем постојат две решенија – првото е да се подигне свеста кај возрасното население, а второто е да се научат децата на ненасилно однесување и ненасилна комуникација. На тој начин би се спречило насилство врз жените во секоја сфера од општеството, вклучувајќи го и насилството врз жените во политика.

„Кога ќе се реши проблемот со стереотипите и сексистичките напади, ќе се реши и проблемот со родовата еднаквост“, потенцира Трајковска, ставајќи акцент на потребата од воведување сеопфатно сексуално образование во основните училишта. „Станува збор за мерка што години наназад покажува резултати помеѓу младите и подобрување во однесувањето, како и градење позитивни ставови во однос на учеството на жените во јавниот и приватниот живот. Стереотипите и сексизмот се дел од традиционалното хетеронормативно општество и се присутни со години и векови наназад. Сѐ додека не ги воведеме и имплементираме на соодветен начин образовните реформи, нема да можеме да ја зајакнеме родовата еднаквост во нашето општество“, порачува таа.

Сексистичките напади или вербалното насилство врз жените во политиката во голема мера се тесно поврзани со родовата нееднаквост. Оној момент кога ќе се реши проблемот со ваквите напади, ќе се подобри и ситуацијата со родовата нееднаквост. Жените ќе бидат похрабри и со поцврсти чекори ќе можат да учествуваат во секоја сфера во општеството и да носат одлуки, без притоа да стравуваат дека ќе бидат омаловажувани и навредени само затоа што се жени.

Потребата од подобрување на положбата на жената во државава е очигледна доколку се погледне бројот на кандидати и бројот на избрани жени за градоначалници на последните локални избори.

Од вкупно 299 кандидати, 25 беа жени, што значи многу повеќе мажи од жени ќе седат во градоначалничките фотелји откако на 31 октомври, по вториот круг на локалните избори, се дефинираше конечниот изглед на новата локална власт.
Данела Арсовска во Град Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане се единствените жени градоначалници во следните четири години.

 

 

 

 

Авторка: Симона Србиновска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е изработен со поддршка на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото министерство за надворешни работи, во рамки на програмата за истражувачки есеи. 

 

Мислењата изразени во оваа публикација не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Симона Србиновска
  • November 23, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram