Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
ТЕЛАТА СЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА РАБОТАТА НА МАЈА РАДОСАВЉЕВИЌ, ВИЗУЕЛНАТА УМЕТНИЦА И ФОТОГРАФКА КОЈА ЖИВЕЕ ВО ВИЕНА. ПРЕКУ ИЛУСТРИРАЊЕ НА ГРАДИ СО РАЗЛИЧНИ ОБЛИЦИ И НИЗ РАЗНИ ПЕРСПЕКТИВИ, ФОТОГРАФКАТА УКАЖУВА НА “НАЈВАЖНИТЕ ЖЕНСКИ” ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО НИЗ ФЕМИНИСТИЧКА, КВИР ПЕРСПЕКТИВА. СТУДИСКАТА И МОДНАТА ФОТОГРАФИЈА, КАКО И ОПШТЕСТВОТО, ГИ ОПИШУВА И ДЕФИНИРА ЖЕНИТЕ* ПРЕКУ ПРИКАЗ НА НИВНИТЕ ТЕЛА ВО ТАКА НАРЕЧЕНИ ПРИФАТЛИВИ ФОРМИ, КОИ НЕ СЕ НИШТО ДРУГО ОСВЕН “ФОТОШОП ФАНТАЗИИ“. ПА ТАКА, B-PROJECT НЕ Е САМО ПОВИК ЗА (СЕБЕ) ПРИФАЌАЊЕ, РОДОВА РАЗЛИЧНОСТ ИЛИ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД ЖЕНСКО* ТЕЛО: СЕ РАБОТИ ЗА КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО.
РАЗГОВОРОТ ГО ВОДЕШЕ ЕЛЕНА ПЕТРОВСКА.

 

Фотографија: Јана Тодоровска
Ја запознав Маја за време на Европската лезбејска* конференција во Виена во октомври 2017 година, каде што ја модерираше културната програма на конференцијата. Кога ја видов нејзината изложба таму, почнав да копам повеќе за неа и она што го сфатив е дека ова мора да го видат што е можно повеќе луѓе! И оттогаш размислував: Зошто b-project?

 

Сè е поврзано со лична приказна. Бидејќи сум фотографка и работев во студио на комерцијална фотографија во Виена, бев навикната да ги портретирам особено жените и нивните тела на многу специфичен начин и во тоа мислам дека создадов, односно тие сакаа да создадам имагинарна слика за нив, иако нивното тело не беше како оние тела кои сите ние сме навикнати да ги гледаме на видеа, билборди и филмови. Значи, со години го обработував тоа. B-project, хмм…Па овој проект како свои алатки ги користи градите, цицките на луѓе кои се прилично дискриминирани. Кога гледате одредено тело вие го поврзувате тоа тело со различни работи, како во општеството на пример, телото на жената доаѓа со атрибутите дека е слабо, кревко, пасивно и слично.

Но јас никогаш не се чувствував така, не се чувствував слабо, кршливо, никогаш не се „предадов“ на сите оние работи кои луѓето ми ги припишуваа како карактеристики само гледајќи ме во телото. Но, секако стои фактот дека едноставно ме перцепираа како женско тело и ме третираа така, без разлика јас како се однесував. Сум била често дискриминирана заради моите цицки. Цицките ми пораснаа рано, многу брзо и големи. Тие беа центарот. Во фокус не беше мојот ум, мојата личност, туку секогаш само цицките. Прилично многу се срамев. Постојано се чувствував засрамено поради тоа што луѓето тоа ми го наметнаа.

 

Можеш ли да ни објасниш со што си се соочила, како си се чувствувала?

 

Па, интимна приказна е, ама сакам да споделам. Бевме на шопинг со мајка ми, се сеќавам дека носев најобична маичка. Имав околу 14-15 години, и во тие години нели растеш, сè расти и не знаеш што да правиш со тоа. Стоев со мајка ми гледајќи по излозите кога наеднаш ми се приближи некое непознато момче, и не само што ми се приближи туку и целосно ми зјапаше во цицките, застана онака преблиску до мене и почна да вика на цел глас: woooooowwww!! Тоа е толку сексистички начин на третирање на некоја личност, и сведување на една личност само на едно нешто…Имам доживувано навистина сексистички коментари. Особено во рамките на ЛГБТИК заедницата, посебно со геј мажите кога едноставно слободно ми ги фаќаат градите без моја дозвола нити желба. Ќе си помислиш па во геј заедницата, или лезбејската, или квир или би заедницата луѓето имаат нешто заедничко, се држат заедно или имаат прекрасни заеднички искуства. Но во реалноста и не е баш така. Третиран си сексистички, телото ти е сексуализирано без никаква причина. Сметам дека никој не би сакал да биде сведен само на своето тело. Сакам да излегувам, да зборувам со луѓето, да споделам мислења и да бидам нешто повеќе од обично тело. Така што, тоа е ми е првата перспектива на проектот.

Потоа, мојата втора перспектива доаѓа од моето фотографско искуство тука во Виена со жени кои копнеат да изгледаат како замислена слика што ја гледаат насекаде, но всушност никој не изгледа така. Луѓето не изгледаат така. Сум видела гради во различни форми и големини и многу други работи, и тие едноставно не изгледаат така. Јас правам да изгледаат така. Ставете ја светлината врз нив како да изгледаат омилени за нив, или ако многу работите со фотошоп, ја измазнувате кожата, па дури и ако една градичка е поголема од другата, се обидувате да ја израмните и големината, и сето тоа е смешно. Бидејќи не изгледаме како замислените слики, сите имаме убави тела и толку се срамиме, мислам, дури и девојки според мое мислење со совршени гради> тие се како: ох, моите гради се премногу мали.. Јас едвај слушам луѓе кои зборуваат како нивните гради се премногу големи … Јас пораснав како девојка со големи цицки и се додека да можам да го кажам гласно – тоа беше процес за мене, затоа што секогаш си ги криев градите.

 

Фотографија: Јана Тодоровска
Зошто проектот е важен, во што е различен?

 

Обично не ги гледате цицките онакви какви што се, онакви на дневна основа би рекла: кога луѓето готват, си лежат во дневна, тропаат на тапани или што и да прават, а што е поврзано со личноста. Секоја моја фотографија носи различна активност во себе. Секојдневие, рутина.

 

Мислиш на некоја природна состојба, некоја интимна состојба на постоењето?

 

Не сакам да го употребувам зборот нормално. Сè е конструкт. Женското тело, односно женското тело дефинирано од општеството, како и машкото тело под дефиниција на општеството е конструкт. Јас сакам да направам деконструкција токму на мислењето на луѓето што го имаат како тоа треба да изгледаат цицките. Немам видено друг проект кој вака ги третира градите. Секако дека има други проекти, но поразлични кои покажуваат слики од жени со лица на пример. Ова го сфатив кога го почнав проектот. Овој проект не вклучува покажување на лице на сликите затоа што кога луѓето ќе видат такво нешто веднаш прават асоцијации и претпоставуваат: ох, оваа личност е убава, или не е убава, грда е, или оваа особа има неправилни црти, со што само ставаат карактеристики на личноста која ја гледаат, си креираат слика во главата а всушност таа слика може и воопшто да не се совпаѓа со она што е личноста всушност. Затоа, сакав едноставно да го тргнам тој момент, и решив да сликам само гради, само торзото. Ова го прави проектот уникатен и посебен.

 

 Која е целта на проектот, која порака ја пренесува?

 

Овој проект нема цел. Целта е процесот! Мислам дека ова најдобро го опишува проектот. Зошто е тоа процес? Активно го започнав проектот на почетокот на 2017 година. Но, проектот започна во мојата глава уште кога ми пораснаа цицките и кога почнав да ги имам сите искуства, така што почна да претставува механизам за да се соочам со сите мои доживувања. Со проектот сфатив дека многу луѓе имаат сличен пристап кон своите тела. Тогаш сфатив ОК, не сум сум сама! Има луѓе кои се чувствуваат исто, и не е тоа дека си ги мразиме телата или слично, туку како сме перцепирани од општеството и останатите луѓе. Не е само осудувањето кое се добива, туку дека едноставно ги поставуваат нивните мислења на тебе. Ти ставаат карактеристики на тебе> ти си ова и ова…ти мора да бидеш ваква и ваква, мора да бидеш онаков каков што тие замислиле. Ако имаш големи цицки, тогаш ти си некаква, не знам, многу е тажно. Така што ова е она што би сакала да го променам со овој проект. Значи, прво, тоа е процес. Тоа е процес за мене како индивидуа и тоа е процес помеѓу лицето на таа слика и мене. Бидејќи во фотографијата имате фотограф и модел, и обично не се случува многу меѓу нив. Фотографот ви кажува: изгледај вака, стој вака, особено жени со насмевка, и нема многу однос меѓу нив. Во овој проект го имаме односот.  Се трудам да ја вклучам личноста онолку колку што можам, односно онолку колку што ми дозволува фотографијата, разговарам со нив, им кажувам што е идејата на проектот и се трудам да ги вклучам нивните приказни до одреден степен. Јас лично не се обидувам да ја раскажам нивната приказна затоа што тоа не е дозволиво, или едноставно јас не сум способна да ја раскажам нивната приказна, така што јас ја раскажувам мојата и моите мисли и чувства за различни работи, сè што процесирам во мојот личен живот. Ваков процес помеѓу фотограф и модел во комерцијалната фотографија нема, и тоа е всушност нешто кое се трудам да го сменам. Во b-project крајниот „корисник“, публиката, не е дел од процесот кој постои меѓу мене и другата личност. Така што овој процес се трудам да биде дел од насловот на фотографијата. Како што спомнав и на изложбата во Скопје, ова е исклучително важниот, оснажнувачки дел на проектот. Јас не сум човек кој користи многу зборови. Јас сум личност која употребува слики за да се изрази. Така што, само со еден наслов можам да и покажам на публиката со што се поврзува/справува личноста на фотографијата која што ја гледаат. Насловите на моите фотографии не се избрани од мене, туку од нив. Личноста ви кажува толку многу само со еден збор. Овој проект треба да ги оснажни луѓето да бидат комфорни во своите тела, да бидат среќни со своите тела и тоа ако би значело и физичка трансформација од маж во жена или од жена во маж, или ако сака некој да го надгради своето тело вежбајќи спортови, или да ги сече своите цицки, секако дека треба, треба да се биде она што самите ние сакаме, а не она што луѓето мислат дека треба да бидеме.

На почетокот на проектот постојано се трудев да објаснам и да ги поканам луѓето да се вклучат заради тоа што биле сигурно некако дискриминирани заради градите. На пример ако сте жена и ако ја тргнете маицата во лето дали луѓето чудно ќе ве гледаат или не? Ако маж ја тргне маицата во автобус никој нема да се зачуди. Никој нема да му каже извинете, ставете си ја маицата назад ме вознемирувате. Никој не се грижи. Во Австрија имате во лето мажи на велосипеди кои се возат со голо торзо. Епа и јас сакам некогаш да шетам без маичка, без градник, и мене ми е жешко и некомотно како и на останатите, така да луѓето ќе ме осудат и ќе го третираат моето тело различно од на мажите, нели? Така што ова е еден важен сегмент а другиот е прашањето: што е всушност женско тело?

Јас сакам да вклучам реалности кои не ги гледаме во меинстрим медиумите, транс, интерсекс луѓе …никој не се грижи да ги вклучи ваквите реалности. Исто така овде стои и прашањето кон себе како индивидуи, што ни стои во потсвеста, како се справуваме со овие работи како цицките, што правиме со нив? Заради сето ова, најнапред разговарам со лицата што треба да ги фотографирам за да видам дали ќе можат да се вклопат.

Фотографија: Јана Тодоровска
Со оглед на тоа што Балканот е место каде дискриминацијата е сеприсутна, родовоите улоги сé уште цврсто стојат согласно стереотипите, па секојдневниот притисок кон оние што не сакаат да живеат во тој комформизам е голем, а често има и насилство. Така што, твојот проект отвора нови видици на знаење и прифаќање на други реалности. Дали имаш искуство со изложување во други балкански градови и дали приказната можеби ќе се развива и во други правци?

 

 

Ова беше прв меѓународен B-project надвор од Австрија. Така што Скопје е прв балкански град во кој се претстави мојот проект, а со ова се роди и B-project international 🙂 Следна дестинација за B-project e Мастрихт, Холандија. Проектот е отворен, уште многу луѓе не се вклучени. На пример би сакала да вклучам луѓе кои преживеале рак на дојка и ја изгубиле едната града…луѓе со различна боја на кожата кои немаат платформа каде да се претстават како индивидуи, но многу е тешко да ги вклучиш. Замислете личност која преживеала рак и се справува со психички проблеми, последното нешто кое би и паднало на ум е да учествува во ваков проект, да се покаже на фотографија ! Сé уште смислувам начини како да ги вклучам луѓето што треба да ги видите на сликите. Некои од нив не се заинтересирани, некои не сакаат да учествуваат, на некои не им е дозволено, некои се исплашени, некои не знаат како да се претстават како иднивидуи… Сакам да ја зголемам  видливоста на овие луѓе, но смислувам како тоа да го правам. Сакам да креирам одредено место за нив. Некој простор. Проектот не постои само за одредени форми на цицки, проектот стои за да вклучи што е можно повеќе реалности. Се трудам да допрам до повеќе платформи, не само ЛГБТИК. Сакам да допрам до луѓе кои кога ќе ги видат сликите ќе речат: Штоо е ова?!! Сакам да провоцирам платформи и нивни реакции кои би биле: wooooow колку цицки! Да допрам до женските* платформи…Бев супер изненадена кога некој во Скопје рече: wooow немам видено толку цицки во цел живот! Така што, како што себеси се перцепирам како квир, не сакам да си ставам „етикети“ и тоа само по себе е личен процес, така што така го третирам и проектот. Ќе го оставам колку што е можно отворен и без цел, туку само како процес.

Уметнички кажано, проектот нагласува уште еден проблем. Кога ќе видите слики од голи гради на социјални медиуми или списанија, сите тие се цензурирани, брадавиците се цензурирани, а тоа не се случува со машките тела. Моите фотографии не се цензурирани (освен на некои платформи каде што би ме избркале ако малку не е цензурирано). Јас сакам да играм со фотографијата. Постојано мислам на нови начини како да направам фотографија, нови идеи како да го предизвикам фотографирањето. Во Скопје дојдов со 4 различни апарати, но немам најнови брендови или последни серии на најнови модели на техника. Тоа е квир моментот во мојата фотографија, сакам да ги правам фотографиите на различен начин. Насекаде во светот фотографите се трудат да имаат најнови брендови, најдобри леќи, сé што е ново. Јас не размислувам така, јас си велам: ок, па фото апаратот не ја прави фотографијата, јас ја правам! Цврсто стојам зад овој мој став и сметам дека може да се направи одлична фотографија и со мобилен телефон. Во мојата изложба во Скопје 2 од фотографиите беа сликани токму со мојот мобилен телефон. Кога одите во галерија, сè е совршено, сé е чисто и убаво, а јас сакам да претставам нешто толку обично и во соодветна атмосфера кое што ќе зборува дека и тоа е уметност, и тоа мора да се прифати. Моите фотографии не се едитирани, фотошоп не постои. Ги снимам сликите со секој проток на емоции, со сé она што моментот налага во зададените услови. Тоа е мојата квир критика на фотографијата.

Проектот само што започна и ќе биде отворен за сите можни опции, но некако крајната цел можеби која би сакала да се случи е да напишам книга за него.

Фотографија: Јана Тодоровска
Претходно ни кажа нешто за насловите на фотографиите, кажи ни што стои зад тоа?

 

Зборувајќи со луѓе, ме прашуваа зашто не ставам опис од две три реченици кои ќе ја опишат фотографијата. Размислував многу за ова, но сфатив дека овој дел оди заедно со мојата уметничка експресија. Ако одите во галерија, пренатрупани сте со информации, со флаери, имате и луѓе кои ќе ви ја објаснуваат изложбата. Во таквите места ретко можете да видите луѓе кои одат на изложба и се само едноставно инспирирани од фотографиите. Ова го кажувам затоа што во суштина се случува следното, а што во денешно време е реткост: со изложбата провоцирате процес кај гледачот. Секој од нас има одреден начин на размислување, имаме искуства кои ни го оформуваат тој начин на размислување и нé тераат да мислиме на одреден начин. Ова е уште еден сегмент кој што сакам да го вклучам со b-project. Не сакам да им кажувам на луѓето што гледаат и што мислат, или што треба да мислат. Сакам да ги натерам да размислуваат, да отворам нови процеси кај нив исто така. Секоја фотографија дава некоја специфична конекција. Сакам публиката да доживува различни искуства. Мислам дека насловите се себе-оснажнувачки за личноста која е на сликите, но и за лицето кое ги гледа тие слики. Секогаш е процес, започнува со мене, а завршува не знам каде….Како што реков, јас не ја раскажувам приказната на другите. Јас не сум таа која ќе ја раскаже приказната на некој со различна боја на кожа или родово некомформирана личност. Не ми е место јас тоа да го правам. Јас овозможувам видливост. Видливоста и оснажнувањето се исклучително важни теми. Затоа што со обезбедување на видливоста, започнува процес на промена на свеста кај луѓето, почнуваат да се премислуваат. Сé започнува со промена кај луѓето на поимот што всушност е телото или како може да изгледа. Затоа мојата изложба морам да нагласам дека не е хомогена, тоа значи дека една слика не може да стои сама. Фотографиите се комплементарни, ви покажуваат дека сите цицки се различни. И тоа суштински може да се сфати само ако се гледаат сите фотографии како целина. Ако видите поголем вариетет на различни пупки, форми, големини, должини, ќе сфатите еден нов свет, каде сите тие си имаат своја убавина. Сите се убави. Затоа што се работи за човечко тело, затоа што се работи за човечко битие позади тоа тело. Не е само физикусот. Така што, сите слики одат заедно, проектот неможе да функционира со оттргање на некоја од фотографиите, ако тргнете една фотографија – тргате цела приказна.

 

Од сè погоре кажано, јасно се препознава социо-политичкиот ангажман на твоите фотографии. Некој во Скопје те праша дали може да купи твоја фотографија. Но ти не ја продаваш твојата уметност.

 

Да, фотографиите се мојот начин на протестирање, мојот активизам , мојата испрченост према хетеронормативниот живот и патријархалниот начин на однесување и комуникација. Јас комуницирам преку фотографиите, но не можам да ставам цена на нешто толку бесценето. Како можеш да ставиш етикета со цена на нешто толку емотивно, интимно и лично?! И како што споменав и претходно, оваа моја изложба не може да постои доколку сите фотографии и приказни не се вклучени. Тоа е поентата, суштината. Јас едноставно го „продавам“ само искуството од проектот. Парите се реално важен дел, но јас не сакам да ја продавам мојата уметност на таков начин. Би сакала да живеам само од уметноста, па можеби еден ден ќе смислам начин како би можела и од тоа да живеам, засега е вака. Убаво е да живееме од воздух, доживувања кои не можеме да ги купиме со пари, љубов. Но да бидеме реални, тоа не можеме.

 

За секоја промена потребно е време, но како што моја драга пријателка секогаш ми кажува: драга, не можемо све одједном! 🙂

 

 

 

Интервјуто е оргинално објавено во квир феминистичкиот фанзин Усни.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петровска
  • March 25, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ
Локални поборници за работнички права: Интервју со Кристина Ампева
Најголем предизвик во моментов е немањето доволно капацитети да се одговори на сите прекршувања на работничките права.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram