Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС и ПМДР
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.

Долго време размислувам за споделување и отворање на темата за ПМС[1] ПМС/ПMДР[2] Premenstrual dysphoric disorder (PMDD) (предменструален синдром) во јавност. Сметам недостасува. Најчесто разговорите за ПМС се составен дел од женските разговори и пријателства. Така, ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното. Во моето окружување ова е тема што отворено ја зборувам, низ годините пробувам подобро да ги комуницирам доживувањата и со тоа да обезбедам подобро разбирање и поддршка за себе во деновите кога ми е потребна. Бидејќи живеењето со ПМС не е само личен предизвик, туку се прелева и може да ги преплави релациите со другите. Искуството ми покажа дека колку појасно ги комуницирам доживувањата толку повеќе има разбирање за страдањето низ кое поминувам. Креирањето на безбедни места, рутини и релации во кои може да се зборува за овие искуства го олеснува живеењето со ПМС. Личните искуства кои следуваат се обидов да ги прикажам преку генерален осврт за поединечни доживувања кои најчесто се повторуваат во мојот случај и се дополнети со извадоци од дневничките записи кои ми помагаат за саморефлексија во деновите на ПМС и еве сега, во обидот да ги раскажам и споделам. Во најголем дел сите редови се пишувани во ПМС и се надевам дека тоа нема да го истакне недостатокот на вештина во мојот израз, но ќе придонесе за живо исчитување на искуството. Целта на пишувањето за ПМС низ личното живеано искуство, освен да ја отворам оваа значајна тема во јавноста, е да ги повикам жените кои го делат ова искуство во посегање по сите можности што им стојат на располагање да се поддржат себе во справување со ПМС во секојдневието. Во својот личен развој и преку работата како психотерапевт, можев да ги почувствувам придобивките на споделувањето и поддршката што жените си ја даваат и како тоа ги охрабрува да се грижат за себе и полесно да се справуваат со предизвиците што ги носи ова искуство. Се надевам дека преку споделување на личната приказна, а потоа и низ други форми ќе придонесам за јакнење на жените и кон поддршка за менталното здравје на жени кои страдаат од ПМС/ПMДР.

 

 

За искуството на живеење со/во ПМС

 

 

 

Страдам од ПМС. Тоа значи дека моето здравје секој месец е нарушено со разни телесни болки, нагласени, интензивни, непредвидливи емоции.  Секој месец моите капацитети активно да живеам се ослабени и ограничени. Најчесто се чувствувам исцрпена, уморна. Како телото да ми се зачаурува во еден грчевит кожурец и таму е исполнет со тензија и болка. Генералното чувство ми е дека сум набрекната и во некаков вакум во кој со тешкотија правам било какво движење. Како да сум населила туѓо тело. Често и наизменично имам главоболки, болки во рацете и нозете, укочување во половината. Не се тоа неподносливи болки, туку подмукли развлечени низ целото тело и неумоливо присутни. Доволно да се чувствувам тешко, постојано исцрпена и уморна.

Мускулите ми се згрчени, колку и да вежбам за еластичност тогаш ги чувствувам укрутени. Тешко дишам. Често ми се активира алергијата во нос, очи, кожа. Без исклучок во тие денови ја чувствувам сувоста на кожата. Доживувањето ми е како да ми се распукуваат усните, дланките, кожата околу очите, на нозете.

Немам сила. Немам ниту воља.

Едвај се будам, едвај станувам, не сакам и не можам да ги изведувам наједноставните секојдневни обврски, се влечкам, одложувам, се трткам и тетеравам. Тешко ми е. Не ми е добро. Ми се повраќа. Ми се повраќа, но имам незаситна глад и порив за јадење до прејадување.

Мислењето и вниманието ми се отежнати заради мислите кои ме информираат за нелагодата што во моментот ја чувствувам или страв, вознемиреност кои се јавуваат од нигде никаде, а јас често ги врзувам за тековните случувања. Таа мисловна буица лесно ги активира сите други стравови, несигурности,  самообвинувања и фрустрации. Конечната фрустрација е – зошто ова морам да го преживувам секој ебен месец?!

 

 

 

Низ годините се издвоија уште друга низа на потешкотии. Почнав да станувам сензитивна на сите дразби. Ненадеен звук, одредени звуци, комбинација на звуци, светлина, допир со одредени текстури. Тоа ме прави дополнително иритирана и лимитирана. Навечер кога сум веќе уморна од денот станувам дополнително сензитизирана и иритабилна. Најмногу сакам да се осамам и лишам од што е можно повеќе дразби, да бидам во тивко и темно.

Бидејќи искуствата се повторуваат на секои 2-3 недели, често чувството што го имам е нешто помеѓу агонична лутина или цинично самообвинување.

Досадна сум си сама на себе. И сите мисли и сите повторувања, од прејадување-до мрзеливост која се граничи со ступор.

Знам дека е гадно кога веќе не можам да се радувам на ништо. Кога сѐ поминува покрај мене или низ мене без да го осетам. Гадно е дека се повторува, се повторува многу често. Гадно е кога сум таму долго време.

Се откажувам од упорност и од сè што може да донесе промена. Само чекам да помине. Овој пат. Тоа не значи дека не сум свесна дека брзо наскоро пак ќе дојде.

И досадно е да се објаснува нешто што се повторува. На сите им е веќе досадно да чујат што и да имам да кажам за состојбите кои ме оневозможуваат.

Секој месец заради овие состојби и искуство јас сум лута. Лута сум дека сум оневозможена да правам што сакам, лута дека нема ниту интерес ниту признание, ниту уважување, ниту лек за моето и страдањето на уште многу други жени. Бесна сум на лекарите и научниците што не се трудат доволно за да најдат начин како да ја објаснат и ако е можно спречат оваа состојба. Бесна сум затоа што сум оневозможена а самата и сите други очекуваат дека треба и можам нормално да функционирам. А јас сум депресивна, вознемирена и луда.

…Ми доаѓа да вриштам затоа што сум онеспособена. Затоа што не можам да излезам и да се дружам, да танцувам, да уживам. Не можам да уживам. Болна сум. Во болка сум. Ме ужаснува помислата дека ова се повторува на секои две недели.

 

Многу често друго доминантно чувство е тагата. Тагата ми е длабока и преплавувачка. Често мојата состојба во ПМС ја опишувам како потонување во длабокото. И така секоја втора недела јас потонувам до некое дно. Таму сум далеку од сите, немам желба ниту сила да бидам во контакт со другите. Длабоката тага ми ја одзема можноста да уживам во ситни нешта и да се радувам. Ми доаѓа да се затворам и останам сама со денови. Некогаш тоа се случува. Ги сведувам сите контакти на минимум.

Понекогаш си велам ок, ќе помине. Си велам ќе помине, а знам дека пак ќе дојде. Тоа е поразително. Во еден разговор со пријателки на оваа тема, превртувајќи ги сите можни, слушнати, испробани препораки и лекови, стасав до увид дека отпорот кон повторливоста, кон постоењето на болката и оваа болест, обидот да ја снема, да се излекува е дополнителен товар. Едноставното прифаќање на фактот дека тоа ќе дојде, дека ќе живеам со таа болка и страдање секој месец без исклучок една до две недели би било можеби олеснување. Но не е. Едноставно нема олеснување. Само нема дополнително напрегање да се обидам да го спречам тоа што е дојдено. Јадам тоа што ќе јадам, пијам лекови за болка, не излегувам, не се дружам, работам колку морам, спијам повеќе и станувам бавно. Не вежбам. Пробувам да прифатам дека е тука и дека е така и нема да се смени.

Ми требаше долго време да ја издвојам оваа состојба и да не дозволувам во овие две недели да се отвораат процеси кои дополнително ме разнишуваат. Односите со блиските, со неблиските, со сама себе. Сега гледам да не ја врзувам секоја вознемиреност со „вечните теми“ и да не им давам залет на чувството на бесмисла, на неуспех, на слабост, на неспособност да ме дефинираат во целост. Тие се тука за да ги преживувам повторно и повторно.

 

 

 

 

 

 

 

[1] Предменструалниот синдром се однесува на физичките и емоционалните симптоми кои се појавуваат во лутеалната фаза од месечниот циклус на жената отприлика околу една до две недели пред менструацијата.  

[2] Предменструално дисфорично растројство – ПМДР е дијагностичка категорија која се однесува на посериозно нарушување во предменструалниот период што може да трае и во првите денови на менструацијата.

НАПИШАНО ОД:
  • Ана Блажева
  • March 21, 2023
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Што ако сум „single“?
Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас.
  • Од Сара Симоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram