Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
САЊА ИВЕКОВИЌ

Политичката и идеолошката промена од социјализам во капитализам влијаела врз тоа како жените биле перципирани и претставувани. Поради распространетоста на таблоидите и пинап магазините, голото женско тело станало сеприсутно во југословенските медиуми. Жените добиле нова улога, онаа на секс симбол. Сања Ивековиќ вршела разни манипулации со културната естетика со цел да се осврне и да ги истражи опскурните прашања поврзани со општествената конструкција на жената како историски невидлива. Во Двоен живот (Dvostruki Život, 1975), Ивековиќ ги сопоставува сопствените фотографии со реклами пронајдени во увезените западни списанија за да нагласи како потрошувачката моќ играла улога во изградбата на женскиот идентитет. Во Црна папка (Crni fascikl, 1976) ја критикува сексуализацијата на тинејџерките во медиумите. Работела и со видео материјали, како во делото Make Up – Make Down (1978), каде во фокус ја става ритуалистичката фасцинација со шминката и естетската хирургија. И покрај тоа што била добро прифатена од Западот, потребни биле многу години за провокативната и пркосна работа на Ивековиќ да биде ценета од нејзината родна земја.

 

Сања Ивековиќ, Make Up – Make Down (1978)

 

ЛУЦ БЕКЕР, „ФИЛМСКИ БЕЛЕШКИ“ („КИНО БЕЛЕШКЕ“, 1975)

Луц Бекер го направил „Филмски белешки“ во Студентскиот културен центар во Белград заедно со група уметници, куратори и критичари. Една од членовите на оваа група е и младата Марина Абрамовиќ, чија изведба „Ритам 5“ се одржала во истиот центар една година претходно. Студентскиот културен центар (СКЦ) е основан на крајот на 1960-тите од страна на генерација која била поттикната од верувањето дека уметноста може да биде предводник на општествените промени и еманципацијата. Одново откриен во 2007 година, откако бил заборавен поради својата опскурност, филмот на Бекер претставува важен историски доказ за визијата на протагонистите од таа епоха. Со спојување на гласовите, перформативните гестови и останатите формални експерименти, секој поединец на свој начин одговорил на прашањето за улогата на уметноста во општеството. Заеднички теми биле важноста на ангажираната критика, институционализацијата на „алтернативната култура“ и тензиите на несогласувањата во една социјалистичка земја.

 

Сцена од „Филмски белешки“ (1975)

 

ТОЖИБАБЕ

Дел од растечката хардкор сцена во 1980-тите, феминистичкиот панк бенд Тожибабе го прикажува анархичниот дух на жените кои одбиле да молчат за нивното незадоволство од режимот. Панк музиката го вознемирила тогашното раководство, па многу музичари биле уапсени или следени од тајната полиција. Текстот на „Dezuje“ ја отелотворува оваа параноја и чувството на клаустрофобија: „Не можам да видам / не можам да чујам / не можам да почувствувам … Пробувам да бегам / пробувам да побегнам“. 

 

 

 

ГРУПАТА ОХО

Во филмовите снимени со супер-8 мм камера од групата ОХО често се среќава музиката на The Rolling Stones или C.R.E.A.M. како саундтрак за нивната политичка содржина. Слики на Битлси, исто така, се појавуваат на делото што тие го направиле на кутии за кибрит, користејќи евтини и достапни материјали како начин да го искористат консумеризмот и да ја споделат нивната работа со поширока публика. Експерименталните филмови направени со Нашко Крижнар, како што се Црвениот снег, Лего и Проект 6, покажуваат како увезената поп-култура од Западот имала длабок ефект врз визиите на уметниците за локалното општество и јавниот простор.

 

ОХО, Проект 6 (1969)

 

 

КАТАЛИН ЛАДИК

Набргу по формирањето на ФНР Југославија во 1945 година, Владата го прогласила женското прашање за решено. Била донесена законска регулатива која прокламирала еднакви права на образование, работа и плата, но ништо не било направено за да се оспорат генералните општествени ставови за улогата на жената. Колажите на Каталин Ладик од 1979 година, Марш за партизанката и Пауза во револуционерната работа, се осврнуваат на тешкотиите во преговарањето со државниот и семејниот патријархат. Ладик ги прикажала очекувањата жените да останат припитомени, и покрај нивната формативна и активна улога во обновата на земјата по Втората светска војна. Нејзините колажи создаваат визуелна поезија, евоцирајќи елементи на музика или говор и потпирајќи се на нејзините искуства како истакната перформативна уметница и експериментална поетеса.

 

Каталин Ладик, Марш за партизанката (1979)

 

 

МЛАДЕН СТИЛИНОВИЌ

„Како уметник учев и од Истокот (социјализмот) и од Западот (капитализмот)“. Младен Стилиновиќ е концептуален уметник чии дела се насочени кон социјалната и уметничката критика. До крајот на 1960-тите, економските нееднаквости меѓу владејачката елита и обичните граѓани почнале да се зголемуваат. Стилиновиќ почнал да се осврнува на улогата на уметникот и вреднувањето на трудот во југословенскиот социјалистички систем. Комунистичката партија не успеала да ја прифати културата како централен елемент во социјализмот што го создала, па многу политички ангажирани студенти на уметничките академии се чувствувале маргинализирани. Во неговото иронично дело-напис, Нападот врз мојата уметност е напад врз социјализмот и напредокот, тој парафразирал еден заеднички политички слоган и укажал на разликите помеѓу реториката на социјалистичката идеологија и одвишната илустративна вредност која уметноста ја имала во југословенското општество.

 

Младен Стилиновиќ, Нападот врз мојата уметност е напад врз социјализмот и напредокот (1977)

 

 

ЖЕЛИМИР ЖИЛНИК

Желимир Жилник бил една од главните фигури на југословенското филмско движење „Црн бран“, кое својот врв го доживеа во 1960-тите и раните 1970-ти. Роден во нацистички концентрационен логор во 1942 година и останат сираче од војната, Жилник започнал да снима кратки документарни филмови за сиромаштијата, благосостојбата на децата и зголемената невработеност. Жилниковиот Јунски превирања (1969) ги документира демонстрациите во Белград од 1968 година, покажувајќи солидарност со студентските демонстранти. Филмаџиите на Црниот бран биле нападнати поради нивните песимистички погледи и нивната перцепирана валоризација на анархијата. Државата забранила повеќе филмови, принудувајќи некои членови од движењето да ја напуштат земјата. Во Црн филм, Југославија (1971), Жилник го третира проблемот со бездомниците, земајќи група од шест бездомници од улиците на Нови Сад кои ги кани да останат во неговата куќа. Додека тие седат кај него, Жилник се снима како зборува со социјалните работници, полицајците и странците на улица за ова прашање, пред кои повеќето замижувале. Филмот го отелотворува чувството на лична одговорност на Црниот бран и инсистирањето да поставуваат тешки прашања во нивните филмови како начин да му постават барања на комунистичкиот режим.

 

Желимир Жилник, Јунски превирања (1969)

 

 

ТОМИСЛАВ ГОТОВАЦ

Томислав Готовац ја започнал својата кариера како фотограф, но набрзо почнал да создава колажи, експериментални филмови и изведбени дела. Неговите перформанси се случувале на улица, во паркови, на градскиот плоштад. Со соочувањето со дихотомијата помеѓу приватниот и јавниот простор, Готовац сакал да ја истражи политиката на секојдневната интеракција и ефектот на државата врз телото на поединецот. Во Загреб во 1980 година, кога претседателот Тито бил болен и нацијата чекала вест за неговата смрт, Готовац споил четири свои перформанси, „Читање весник“; „Слушање радио“; „Гледање телевизија“ и „Телефонирање“ во делото наречено Омаж на Јосип Броз Тито. Иако тој одбивал да се самоцензурира, работата на Готовац е пример за амбивалентиниот однос што луѓето го имале кон Тито. Многу уметници одбивале директно да го прикажат, а постоела и група неартикулирани правила кои ги диктирале прифатливите уметнички граници.

 

Томислав Готовац, Омаж на Јосип Броз Тито (1980)

 

 

ПОСТЕР ЗА ДЕНОТ НА МЛАДОСТА НА НОВИОТ КОЛЕКТИВИЗАМ, 1987 г

Новиот колективизам биле група дизајнери, дел од радикалниот колектив Neue Slowenische Kunst (Нова словенечка уметност). Употребата на германскиот јазик во името на НСК била одговор на комплицираниот однос на Словенците со Германците, особено на контроверзните сеќавања на нацистичката анексија на Словенија во Втората светска војна. Во 1987 година, Новиот колективизам бил предмет на цензура откако дизајнирале постер во чест на претседателот Тито и „Денот на младоста“, кој бил заснован на нацистичката слика од 1936 година на Ричард Клајн наречена „Третиот Рајх“. Тие ги превртеле нацистичките симболи во социјалистички симболи, заменувајќи ги свастиките со ѕвезди. Плакатот првично добил признание од федералното жири на Југословенската младинска организација сè додека не била посочена субверзијата. Откако биле разоткриени, владата се обидела да ја стави групата во затвор. Делувањето на Новиот колективизам се одвивало во време на зголемена политичка нестабилност, која кулминирала во 1992 година со насилното распаѓање на Републиката за време на југословенските војни.

 

Новиот Колектив, Постер за „Денот на младоста“ (1987)

 

 

Извор: Dazed Digital

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 23, 2023
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пркосот на лезбејската утопија
Кон култниот лезбејски филм “Go Fish” (1994)
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram