Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уништуваме прекрасни машки пријателства: Лукас Донт за „Блиску“
Не сме навикнати да сведочиме на нежни моменти меѓу момчиња а тие да не бидат сексуализирани.

Начинот на кој ќе го изговорите вториот филм на Лукас Донт, „Блиску“, номиниран за Оскар во категоријата Најдобар странски филм, може да се смени откако ќе го изгледате расплакани еднаш-двапати. За самиот Донт, насловот носи значење на близина (како, на пример, колку блиску беше „Блиску“ до освојувањето на Златната палма), но, кога ќе стигнете до крајот на филмот, играта со зборови станува очигледна.

Чудно, „Блиску“ за малку ќе го носел името „Ние две момчиња се држиме заедно“, упатувајќи на истоимената песна на Волт Витман и сликата на Дејвид Хокни. „Тоа се првите 15 минути од филмот“, вели Донт, 31-годишен белгиски режисер кој зборува тивко и замислено. „Го следиме ова младо пријателство додека трча низ цвеќиња во трка со измислените непријатели. Тоа е рајската градина од детството каде љубовта сè уште не мора да добие име“.

Во Белгија, две 13-годишни момчиња, Лео (Eden Dambrine) и Реми (Gustav De Waele), се неразделни пријатели. Капејќи се во сончева светлина и топли бои, тие везден играат игри, возат велосипед до и од училиште, а потоа спијат во ист кревет, со едната рака околу другиот. 

„Да беа возрасни“, му велам на Донт, „веднаш ќе изведевме заклучок дека се работи за друг тип на врска. Кај деца, тоа е чиста невиност“. 

„Но, дури и кога станува збор за деца, луѓето читаат различни работи“, одговара Донт. „Не сме навикнати да сведочиме на нежни моменти меѓу момчиња а тие да не бидат сексуализирани. Сакав да покажам една интимност која постои во младиот, машки универзум“.

По раните сцени во кои се прикажува едно блаженство, дуото вози кон училиште кадешто, на игралиштето, камерата се повлекува со некое наговестување, како крајната сцена на Caché на Михаел Ханеке. „Тие беа во нивниот меур, нивниот безбеден простор, нивниот универзум“, објаснува Донт. „Сакав да се оддалечам со камерата во тој момент бидејќи тие ја напуштаат својата интима. Игралиштето претставува микрокосмос за општеството кое е поделено на групи со свои кодови, норми и очекувања“.

Во ниту еден момент не се кажува експлицитно дали Лео или Реми се геј, стрејт, бисексуалци или, пак, несигурни за својата сексуалност. Сепак, Лео, кој игра хокеј на мраз и може да се приклучи на момчешките „Роналдо против Мбапе“ дебати, е видно вознемирен кога соученичките го прашуваат дали тој и Реми се „заедно“ или „повеќе од пријатели“. Лео инсистира дека се „браќа“; Реми, во аголот на кадарот, набљудува со пригушена болка. 

Донт и неговиот коавтор, Анџело Тисенс, никогаш не ја навеле нивната сексуална ориентација во сценариото. „Не сакав филмот да биде за нивната сексуалност“, вели Донт. „Навистина не ми беше грижа за тоа. Филмот повеќе се фокусира на тоа како интимноста веднаш се сексуализира. Како општество, уништуваме прекрасни машки пријателства поради сликите што ги создаваме во глава“.

Во еден момент, врската се крши, со што „Блиску“ се трансформира во еден сосема поинаков филм, иако сè уште ги испитува општествените притисоци врз младите момчиња. Во Кан, разорната драма брзо се здоби со репутација дека може да ги расплаче дури и најзакоравените критичари. На лондонската проекција на која присуствував, луѓето околу мене плачеа во текот на целата втора поливина од филмот – што, мора да се признае, беше доста напорно, но и доказ за моќта на раскажувањето на Донт.

За некои, „Блиску“ има доза на емотивна експлоатација. Според Џорџија Оукли, режисерката на Blue Jean, геј киното има многу што да прикаже покрај квир радост. „Сакам да гледам квир радост“, вели Донт. „Таа е апсолутно неопходна и веројатно не сме ја гледале доволно на екраните. Но не верувам дека треба да цензурираме одредени елементи. Дискусиите за квир радоста или траумата треба да постојат една до друга. Потребно е да се зборува за двете“.

Донт работи на нови филмски идеи со Тијсенс, од кои барем еден филм ќе биде сместен во Франција. Не сакајќи да открие премногу, тој вели дека се подготвени да започнат со нови сили по кампањата за Оскарите. Дури и ако „Блиску“ не го освои Оскарот на најдобар странски филм, велам, сепак ќе биде вреден квир coming-of-age филм што ќе се прегледува во годините што доаѓаат.

„Тоа е толку, толку интересно“, вели Донт. „Сите ние, вклучително и јас, се обидуваме да ги разбереме и категоризираме работите. Но, мојот одговор е: да, се работи за квир филм. Отвара квир рани, но оди подалеку од тоа. Знам дека квир публиката силно се поврзува со филмот, бидејќи прикажува динамика што ја почувствувале на своја кожа. Знам дека поради страв и срам се имаме лишено од многу љубов. Но, мислам дека она што го сфатив додека растев е дека ова не е само квир искуство; ова е искуство што многумина од нас го имале, особено мажите“.

Се чини дека токму Aftersun и „Блиску“ се двата пост-пандемиски филма кои ја расплакаа публиката. Дали филмовите за деца ги отклучуваат нашите очни поточиња? „Го гледав Aftersun двапати“, вели Донт. „Филмот зборува за депресијата кај машки лик на кој не знам дали некогаш претходно му бил понуден тој простор. Нурнува во еден сензибилитет со кој многу се поврзувам, а кој е близок до оној на „Блиску“. Кога сме млади, чувствуваме толку многу работи за првпат. Животот ни кажува да продолжиме напред без да застанеме. Дури како возрасни се навраќаме и сфаќаме што е тоа што се случило“.

Извор: Dazed Digital

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 11, 2023
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За Ендру Тејт и загрoзените машки видови
Феноменот Ендру Тејт не треба да ни претставува никакво изненадување, зашто тлото за подемот на една толку токсична, но привлечна, медиумска персона беше веќе убаво оплодено од квази интелектуални Јутуб ликови исплашени од таканаречената woke култура и женското омоќување, на чело со Џордан Питерсон. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме.
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram