Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?

На Жана Врангалова (Zhana Vrangalova) ѝ искрсна проблем. Еден ветровит ден, рано напролет, седејќи во малото кафуле во близина на кампусот на Њујоршкиот универзитет каде што таа е вонреден професор по психологија, Жана не успеваше да го вчита сајтот за кој се сретнавме да разговараме. Не се работеше за техничка неисправност од нејзина страна; напротив, сајтот беше блокиран.

Врангалова, која има 34 години и динамично лице врамено во наочари со тенка рамка, ја поминала последната деценија истражувајќи ја човечката сексуалност, поконкретно, оние сексуални средби кои се случуваат надвор од нормите на сериозните релации. Веб-сајтот кој го отворила во 2014, casualsexproject.com, започнал како тивок напор и опит на база на лични препораки, за оттогаш да прерасне во сајт со приближно 5,000 посетители на ден, од кои најголем дел го откриваат сајтот преку органско пребарување на Интернет или стигнале преку некоја статија или социјална мрежа.

Досега, има околку 2,200 доставки, речиси еднакво родово поделени, кои содржат подробности за разни видови навики кои штом внесени, повремено ги алармираат безбедносните Интернет филтри. Веб-сајтот бил дизајниран за да се отвори дискусија за едновечерните средби и останатите помалку традиционални сексуални однесувања. Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?

Досега, има околку 2,200 доставки, речиси еднакво родово поделени, кои содржат подробности за разни видови навики кои штом внесени, повремено ги алармираат безбедносните Интернет филтри. Веб-сајтот бил дизајниран за да се отвори дискусија за едновечерните средби и останатите помалку традиционални сексуални однесувања. Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?

80% од студентите изјавиле дека имале секс кој не спаѓа во категоријата сериозни релации—бројка која најчесто се препишува на сè поразлабавените општествени норми, забавите со алкохол кои ги има во изобилие и потенцијалот за насилството во културата на братствата (frat culture). Критичарите гледаат на високите бројки на секс без обврски како на еден вид „епидемија“ која го запоседнува општеството. Културата на мување (hookup culture), велат, делува понижувачки врз жените и ја уништува нашата способност да воспоставиме стабилни, исполнителни релации.

Ова не е првпат да се крене тревога. Пишувајќи во 1957, писателката Нора Џонсон (Nora Johnson) со кренати веѓи го посочи промискуитетот на универзитетските кампуси, забележувајќи дека „легнувањето со кој ќе стигнеш е ризична работа, емотивно, физички и морално“. Оттогаш, критиките на лежерното сексуално однесување се имаат размножено, и покрај тоа што наводно општеството станало полиберално. Минатата година, антропологот Питер Вуд (Peter Wood) отиде до таа крајност и го нарече порастот на сексот без обврски „напад врз човековата природа“, со образложение за конзервативниот весник Weekly Standard дека дури и навидум најбезначајниот секс со себе носи проблематичен дисбаланс на моќта.

Други, пак, гледаат на зачестеноста на сексот без обврски како на знак за напредок на општеството. Во доста читаната статија објавена во Atlantic во 2012, „Момци на страна“ (Boys on the Side), Хана Розин (Hanna Rosin) побара од жените да избегнуваат сериозни додворувачи за да можат да се фокусираат на сопствените потреби и кариери. Сепак, и покрај нејзиното мислење дека сексот без обврски е важна алатка за истражување и феминистичко размислување, Розин, исто така, заклучува дека тој во крајна линија е безначаен. „Желбата за подлабоко човечко поврзување секогаш победува на крајот, и кај мажите и кај жените“, пишува таа.

Идејата за проектот „Секс без обврски“ се родила од фрустрацијата на Врангалова со доминантните наративи кои го поврзуваат. „Една работа која многу ми пречеше беше недостатокот на динамика во дискусиите за сексот без обврски“, сподели Врангалова во кафулето. „Секогаш се прикажува како нешто што го прават само студентите и речиси секогаш на тоа се гледа негативно, како нешто што ги повредува жените“.

Ова не е прв обид на Врангалова да ја прошири ограничената дискусија. Како студентка во Северна Македонија, каде студирала психологија на сексуалноста, била наклонета кон тоа да ги предизвикува културните табуа, со дипломски труд на тема „Развој на лезбејски и геј сексуални однесувања“. Во доцните 2000-ти, Врангалова започнала со своето истражување за сексот без обврски како дел од програмата за развојна психологија во Корнел. Во една студија следела група од 666 студенти од прва година во текот на една година, со цел да открие дали впуштањето во лежерни сексуални активности влијае врз нивното ментално здравје (на нивото на депресија, анксиозноста, животното задоволство и самопочит). Во друга, следела 800 додипломци за да види дали оние поединци кои се впуштаат во секс без обврски се чувствуваат поподложни на виктимизација од останатите и дали биле поизолирани. (Резулататите: да за првата студија, не за втората). Студиите биле толку примамливи што на Врангалова ѝ бил понуден ангажман во Њујорк, каде што продолжува да ги истражува ефектите од нетрадиционалните сексуални однесувања врз поединците кои се впуштаат во нив.

Со текот на времето, Врангалова сфаќа дека има дупка во нејзиното знаење, и, воопшто, во областа во целост. За сексот без обврски се пишувало многу во психолошката литература, но најголемиот дел од податоците собрани од нејзиниот истражувачки тим—како и најголемиот дел од експерименталните истражувања со кои се сретнала дотогаш—биле земени од студенти. (Ова е чест проблем во психолошките истражувања: студентите се најлесната популација на дофат за истражувачите). Тука е и периодичната национална анкета, но ретко се наоѓаат прецизни податоци од другите слоеви на населението. Дури и најголемата национална студија за сексуални однесувања во САД, која испитала примерок од речиси 6,000 мажи и жени на возраст помеѓу 14 и 94 години, одбила да ги праша испитаниците колку од сексуалните средби кои ги имале би ги нарекле „без обврски“.

Од самиот почеток, истражувањето на сексот било ограничено од општествената стигма. Пионерот во областа, Алфред Кинси (Alfred Kinsey), потрошил децении интервјуирајќи луѓе за нивните сексуални практики. Книгите му се продавале, но бил широко критикуван поради немањето на објективна перспектива: како Фројд пред него, тој верувал дека во потиснатата сексуалност лежи коренот на голем дел од општественото однесување и честопати доаѓал до проценки кои го подржувале овој став—дури и кога неговите заклучоци биле базирани на не-толку-репрезентативни анкети. Тој, исто така, се служел со групи на испитаници кои му биле на дофат, како на пример затворениците, или волонтерите, на кои не им било проблем да зборуваат за нивните сексуални практики.

Во 50-тите, Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон (William Masters and Virginia Johnson) отишле чекор понатаму, со тоа што отворено се распрашувале за сексуалните навики и дури ги набљудувале луѓето за време на сексуалниот чин. И нивниот корпус е ставен под прашалник: дали поединец кој волонтира да има секс во лабораторија би можел да ни каже нешто за просечниот Американец? Она што е уште попроблематично е тоа што Мастерс и Џонсон се обидувале да ја „излечат“ хомосексуалноста, предрасуда која многу лесно можела да влијае врз нивните пронајдоци.

Навистина, една од работите кои веднаш ги забележувате кога гледате податоци за сексот без обврски е дека за бројки кои не се однесуваат на студенти, морате да барате студии спроведени вон академијата. Кога OkCupid направи испитување на нивната база на корисници, откри дека помеѓу 10.3% и 15.5% од корисниците биле во потрага по секс без обврски, наместо сериозна врска. Во истражувањето British Sex Survey од 2014, спроведено од The Guardian, речиси половина од испитаниците изјавиле дека се имаат впуштено во едновечерна средба (55% од мажите, 45% од жените), каде процентот на хомосексуалците (66%) е повисок од оној на хетеросексуалците (48%). Една петина од луѓето одговориле дека имаат спиено со човек чие име не го знаеле.

Со проектот „Секс без обврски“, Врангалова се обидува да креира корисничка дата база од приказни за кои се надева дека еден ден ќе понудат сирова дата за академска студија. Засега, таа слуша: ги остава луѓето да дојдат на нејзиниот сајт, да одговорат на прашањата, да вратат на коментари. Рич Сејвин-Вилијамс (Ritch Savin-Williams), кој ѝ предавал на Врангалова во Корнел, ми кажа дека бил исклучително импресиониран од желбата на Врангалова „да ги предизвика традиционалните концепти и истражувачки дизајни со објективни пристапи кои им овозможуваат на поединците да дадат искрени и промислени одговори“.

Како резултат, добиен е можеби најголемиот репозиториум на информации за навиките на сексот без обврски во светот—не дека има голема конкуренција. Луѓето кои споделуваат приказни варираат од тинејџери до пензионери (најстарите учесници на Врангалова се во седумдесеттите години), од урбани ликови до луѓе од внатрешноста, дипломирани професионалци (една четвртина од примерокот) и луѓе кои не стигнале да завршат средно училиште (уште една четвртина). Најголемиот дел од учесниците не се особено религиозни, иако нешто помалку од една третина се декларираат како „делумно“ религиозни. Најголем број се бели, иако има и црни, Латино и припадници на други расни и етнички групи. На почетокот, 60% од дописниците биле жени, но сега дури 75% се мажи. (Ова е во склад со нормите; од мажите „се очекува“ да се фалат за нивните сексуални походи повеќе од жените.) Секој може да испрати приказна, заедно со демографски податоци и податоци кои ги рефлектираат емоциите, личните карактеристики, општествениот пристап и шемите на однесување (пр. внес на алкохол). Внесувањето на податоците е стандардизирано, со паѓачко мени и скала на оценување.

Сепак, сајтот е далеку од клинички. Почетната страница е шарен мозаик од коцки, кодирани според боја во зависност од категоријата во која спаѓа сексуалното искуство (сина: „едновечерна средба“; виолетова: „групен секс“; сива: мистериозното „прв од многу“; итн). Кратки цитати се подвлечени во секоја категорија („Девојки, ако досега не сте биле со згоден, млад латино маж, морате да пробате!“). Многу од одговорите се фалат, провоцираат или претеруваат од реторички причини. Додека ги читав, се почувствував помалку како дел од истражувачки проект, а повеќе како член на општество посветено на сексуално возбудување.

Врангалова прва ќе признае дека проектот „Секс без обврски“ не е она што би го нарекле објективен, научен пристап кон собирањето податоци. Нема случајна распределба, нема контроли, нема услови на експериментот; податоците на се репрезентативни за општата популација. Учесниците се бираат самите, а тоа несомнено влијае врз резултатите: ако одвоиш време да пишуваш, поголеми се шансите дека ќе пишуваш за некое позитивно искуство. Исто така, најверојатно си личност склона кон споделување детали за сопствените флертови со јавноста. Уште еден проблем со овој проект кој е ендемичен кај голем дел од истражувањата од општествените науки: отсуство на надворешно потврдување на однесувањето, како да знаеме дека дописниците ја кажуваат вистината, а не она што сакаат да го чуеме или она што мислат дека сакаме да го кажат?

И покрај сите овие маани, проектот на Врангалова е неверојатен прозорец во сексуалните навики на еден дел од популацијата. Можеби не е доволен за од него да се изведат нови заклучоци, но може да им даде нови нијанси на претпоставките, проширувајќи ги, на пример, идеите за тоа кој се впушта во секс без обврски и како тоа прави да се чувствуваат. Додека ги разгледував записите по средбата со Врангалова, застанав на зборовите на еден маж кој научил нешто ново за сопствената сексуалност преку спонтана средба во неговите 70ти: „досега не верував дека некој може да направи да свршам од едно пушење, но никогаш не вели никогаш“, пишува тој. Проектот „Секс без обврски“ го поткопува популарниот наратив дека сексот без обврски е производ на нормите кои се менуваат меѓу младата популација. Да беше ова навистина точно, постарите генерации, кои израснале во ерата пред „културата на мување“ би се колебале пред да се впуштат во секс без обврски. Но проектот го покажува токму спротивното.

Потсетувањето дека луѓе од сите возрасти се впуштаат во секс без обврски може да нè наведе да замислиме три можни наративи. Прво, дека можеби она што ни се чини како пораст на некаква култура на мување, не е никаков новитет. По поместувањето на нормите кои важеа за состанувањето и слободната љубов во шеесетите, тие никогаш во целост не се вратија назад. Седумдесет-годишните се впуштаат во врски без обврски бидејќи тој пристап е исто така дел и од нивната култура.

Постои и едно друго, речиси спротивно објаснување: сексот без обврски не e ниту сегашнo ниту минатo правило. Едноставно, секогаш ќе постојат поединци, од која било генерација, кои бараат сексуално задоволство вон традиционалните граници.

А тука е и третата опција, онаа која е најконзистентна со наративот дека нашата култура на секс без обврски започнува со мувањата од студентските денови: дека луѓето се впуштаат во вакви средби без обврски од различни причини. Некои млади луѓе имаат секс без обврски бидејќи се чувствуваат како да не можат да си дозволат да кажат не или се опкружени од култура која им вели дека тоа треба да им се допаѓа. (Првичната анализа на Врангалова врз податоците од нејзиниот сајт покажува дека алкохолот е многу поприсутен во искуствата со секс без обврски кај младите отколку кај постарите лица.) Постарите, пак, повеќе не се грижат што мисли општеството. Кај некои од нив, ова чувство на леснотија може да се појави во триесетите; кај други, во четириесетите или педесетите; кај трети, никогаш, или не во целост.

Последнава теорија се надоврзува на уште едно откритие на Врангалова, кое навистина ја изненадило. Имено, не сите искуства на секс без обврски запишани на сајтот биле позитивни. Жените и помладите учесници почесто пријавувале чувство на срам. („Во еден момент бев врз него и нема шанси тој да ме натерал, па мора да сум се согласила… Не сум сигурна“, пишува една 18-годишна девојка, во нејзиниот запис од една незадоволителна средба, опишувајќи дека страдала од „стрес, анксиозност, вина и згрозеност“ наредниот ден.) Има цела една нишка под тагот „не свршив“, каде може повремено да се најдат вознемирувачки и емотивни приказни. „Со текот на времето мојот став стана поизбалансиран“, вели Врангелова. „Доаѓам од една многу сексуално-позитивна перспектива, бидувајќи опкружена со луѓе кои имале огромна корист од сексуалното истражување и искуства, барем најголемиот дел од нив. Преку проучувањето на проектот, научив да ги гледам двете страни на паричката“.

Секако дека дел од негативноста потекнува од легитимни прични: сексот без обврски го зголемува ризикот од бременост и болести, и, многу почесто од сериозните врски—физичкото принудување. Но, од друга страна, многу негативни искуства со сексот без обврски потекнуваат од социјалните конвенции. „Гледаме дека и двата пола се чувствуваат дискриминирани поради сексот“, ми соопшти Врангалова. Мажите често се осудувани од другите мажи ако немаат секс без обврски, па општествените очекувања можат да ја намалат вредноста на искуствата кои ги имаат, додека пак жените се осудувани поради тоа што се впуштаат во средби без обврски, и таа мисла им го намалува задоволството во текот на чинот.

Можеби ова не треба толку да нè изненади: самиот факт што Врангалова и останатите бараат објаснување за однесувањата поврзани со сексот без обврски покажува дека нашето општество го гледа како нешто вредно да биде забележано—нешто изопачено и чудно кое отскокнува од она што е вообичаено. Никој не пишува за потребата на луѓето да пијат вода или да одат во тоалет, за тоа зошто да се вечера со пријатели е „ин“ или зошто групите за учење се „во пораст“.

Токму тоа чувство на срам е она на кое Врангалова се надева дека нејзиниот проект ќе може да му обрне внимание. Како што вели еден од учесниците во проектот, „Ова ми помогна да се почувствувам океј поради тоа што сакам да имам секс без обврски, наместо да се срамам или да мислам дека она што го правам е погрешно“. По неколку децении работа, психологот Џејмс Пенебејкер (James Pennebaker) открил дека пишувањето за емотивните искуства може да биде ефикасна форма на терапија, на начин на кој зборувањето за истите искуства не би помогнало. (Не сум толку убедена дека ова ќе им донесе добивка на оние кои го користат сајтот за да се фалат за сопствените искуства.) „Честопати, немате каде да го истурите тоа освен ако не отворите ваш блог“, истакнува Врангалова. „Сакав да понудам простор каде луѓето ќе можат слободно да споделуваат“.

Можеби во тоа лежи вистинскиот придонес на проектот „Секс без обврски“: не во тоа да ни каже нешто што можеби веќе го знаевме, или во кое барем се сомневавме, туку да овозможи да се водат вакви неосудувачки, интимни разговори. Валканата мала тајна на денешниот секс без обврски не лежи во тоа дека сите го имаме, туку дека не ги споделуваме нашите искуства на најдобриот начин.

Извор: The New Yorker

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 13, 2021
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој навистина се бори за слобода на говор во нашето општество?
Спојлер алерт: не, тоа не се конзервативците
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Малата сирена како квир алегоријa
Фрустрацијата и афектот во коренот на бајката на Ханс Кристијан Андерсен.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Феминистички мир значи безбедност за сите
Борбата за родовата рамноправност е константна и долготрајна
  • Од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram