Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“

фотографија: Сашо Алушевски

 

Потврдувајќи дека ПРВО ПА ЖЕНСКО е (сè уште) тука само зашто отсекогаш било заедничко – споделено место на среќавање и ненапуштање, на запознавање и спознавање, на споделување без хиерархии, на нежност и грижа еден за друг, изведувачката програма на јубилејното десето издание на Фестивалот се остварува благодарение и во чест на другарКите кои од самиот почеток ја сакаа(т), поддржуваа(т), овозможуваа(т) и создаваа(т).

Здружени со ЛОКОМОТИВА на 47-от МОТ со публиката, на 16.11. во Салата 25 Мај на МКЦ ќе ја споделиме премиерата на новиот танцов перформанс „Ми треба ново тело“ на долгогодишната сакана другарка на ПРВО ПА ЖЕНСКО – кореографката и изведувачка Викторија Илиоска.

Викторија е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија. Поигрувајќи се со различни форми на провокација, нејзината работа често се осврнува на поимите околу работничкиот труд, идентитетот и женската застапеност во јавната сфера. Занимавајќи се со експлоатацијата и екстракцијата на кои се потпира светот во кој живееме и пропрашувајќи ја лажната слика на бескрајни ресурси кои тој ни ја нуди додека ги исцедува до крај нашите капацитети, перформансот што Викторија ќе го изведе заедно со Настја Ѕубан, ќе се одвива помеѓу телото како изложување и телото како ресурс, барајќи го местото каде што овие две се вкрстуваат.

Своите впечатоците за перформансот пошироката публика ќе може да ги сподели веќе следниот ден на пладне, во Галеријата 2 на МКЦ, на отворениот разговор со уметниците со кој со Локомотива ја иницираме заедничката дискурзивна програма за современите изведувачки уметности ДИЈАЛОГ КОЈ НЕДОСТАСУВА.

Во пресрет на премиерата, уредничката на изведувачката програма на ППЖ Кристина Леловац разговараше со Викторија за „Ми треба ново тело“, но и за радоста и предизвиците во создавањето во полето на современите изведувачки уметности, за важноста на другарството во креативниот процес, за заминувањето, враќањето дома и останувањето помеѓу.

 

По сите овие години дружење и соработка на Фестивалот – од првото издание како дел од претставувањето на независниот театар „Театра“, па во 2015та како соработничка и една од изведувачките на танцовиот перформанс „Жени на раб на нервен слом“ на Ивана Коцевска и лани како една од соработничките на платформата на изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ,  се чини дека на изведувачката програма на јубилејното ППЖ не можеше да ѝ се случи ништо подобро од премиера на твој перформанс, Вики. Пресреќни сме и едвај чекаме! Како се чувствуваш ти непосредно пред премиерата во Скопје?

Оваа година како пост-ковид година, беше прилично интензивена и со многу патувања, па точниот одговор на ова прашање би бил дека навистина не знам што точно чувствувам затоа што сум прилично изморена и реално, нема многу време за чувства! (се смее) Но се разбира, возбудена сум и нервозна, и мислам дека намерно ми го поставуваш ова прашање затоа што ме познаваш и знаеш дека имам најголема трема кога настапувам во Скопје, односно воопшто во Македонија. Затоа што многу често работам надвор од државата, се навикнав на непознати лица во публика… овде е обратно. Знаете, секогаш се чувствувате и изведувате поинаку кога гледате познати лица, а овој пат сакам да го искористам тоа и максимално да го уживам! Со нетрпение очекувам да настапам за луѓето што ги познавам и за оние кои по подолго време не ме виделе на сцена. И секако, среќна сум и ми претставува чест што се претставувам на МОТ и ППЖ10 со ново дело.

Повеќето од моите претходни дела, никогаш немале завршна сцена една недела пред премиера. А сега, сè уште размислувам и за почетната и за завршната, што значи, ако сè уште немаме јасен почеток и крај, можете да замислите како се чувствувам! (се смее)

Истражувачки и продукциски престој Матка за возрасен од Викторија Илиоска 

 

Повеќе од 10 години активно работиш на програми за поддршка и развој на современиот танц, учествуваш во одржувањето и зајакнувањето на независната сцена и соработуваш со институциите. Магистрираше на оделот Кореографија и Перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг во Гисен, Германија. Каков период од твојата уметничка работа обележува/заокружува „Ми треба ново тело“?

Дефинитивно, ова дело го означува периодот на завршување со студиите и на преминување во режимот „работа-работа-работа“, што е единственото нешто што отсега натаму ме очекува. Тематски би рекла, ова дело е мешавина, сакам да донесам можеби некои теми кои не се толку присутни овде, а во исто време да останам специфична со влијанијата што ги имам од овде. Па ќе се обидам да останам во таа состојба, да бидам мешавина. Мојот идентитет е сигурен иако е флуиден, доаѓам од Македонија и сакам да придонесам за идеите овде, да предложам нешто на теренот. Мислам дека ова дело поинаку ќе се перцепира и прими во Македонија и Германија, и тоа ми се допаѓа.  Во однос на фазата како автор, дефинитивно сум во фаза на потрага. Не верувам дека уметниците секогаш треба да создаваат некаков препознатлив бренд од себе, отпечаток од прст со кој ќе бидат идентифирани и препознаени. Видов такви примери, каде секое следно дело е речиси исто како и претходното. Оваа стратегија не ми е толку привлечна како креатор. Сакам да создавам не само низ различни теми и методи, туку понекогаш и низ различни естетики. Секако, знам дека држам одредена линија низ мојата работа, но сум во постојана потрага како да го артикулирам истото. Така, оваа фаза можам да ја наречам потрага и се надевам дека ќе останам доволно долго во неа.

 

Што најмногу те предизвикува, возбудува, радува во таа потрага?

Секогаш сум возбудена кога во креативниот процес се материјализираат нови сцени и идеи. Мислам дека моментот кога идејата се изразува на било каков начин, во разговор, или додека слушам некого или читам нешто, се најубавите моменти. Она што е најважно за мене додека работам на сцена или во студио е да останам во контакт со овие имагинации, да ги одржувам во живот и да избегнувам да ги репродуцирам идеите „напамет“. Сметам дека состојбата на изразување и живиот интерес за она што се случува во сегашниот момент треба да се постојано присутни. Во спротивно, колку и да е технички виртуозно движењето или изведбата, нема да ми биде привлечно ако одвнатре нема одредена состојба, некоја посебна одлучна перформативност.

Самит Номад. Фото: Зорица Зафировска

Пред да заминеш на студии во Гисен, редовно те гледавме на домашната независна сцена, секако онолку редовно колку што е тоа можно во условите во кои таа опстојува кај нас – во ограничените ресурси, во просторите кои едвај се содаваат и е невозможно да се одржат, во непрепознавањето од недоволно или несоодветно критичната професионална и поширока јавност. Сега се обидуваш да работиш таму, но и да не го изгубиш континуитетот со/на домашната сцена. Што добиваш, а што губиш работејќи помеѓу Македонија и Германија?

Дефинитивно губам континуитет, вкоренетост и завземување. Во исто време, добивам флуидност, информации(и), култура(и), инпути. Понекогаш ги губам врските со луѓето, но во исто време добивам и градам нови. Ми недостигаат моите пријатели, колеги…ми недостига независната сцена во Македонија. Се обидувам што е можно повеќе да следам што се случува преку социјалните мрежи, но не е исто. Исто така ми недостига одредена слобода која барем се сеќавам дека постои кога создаваш тука, иако сега доживувам недоволно простор, а многу продукции и потреба за нивно претставување. Ова секаде представува проблем особено после скоро три години од Ковид пандемијата. Можам да забележам некои промени кај нас, но сепак мислам дека институциите треба да обезбедат повеќе простори на независната сцена. На тоа поле треба уште да се води борба и да се наоѓаат начини за соработка.

Од друга страна, во Германија работите функционираат поинаку кога имате продукциска куќа, која е специјално замислена, направена и програмирана да биде за независни уметници. Не знам колку сцената овде треба да се промени во таа насока, но дефинитивно мислам дека во Македонија недостига уште една институција која би била посветена на изведувачките уметности. Кога работите на продукција овде, исто така треба да изградите сцена и контекст за тоа, додека таму не мораат затоа што веќе е создадена, а многу од театрите работат како продукциски куќи преку обезбедување на сервис. Понекогаш чувствувам дека нашата заедница овде е многу посилна од она што го доживувам таму точно поради потребата за самоорганизација и самоконтекстуализација. И токму тоа е она што ми недостига… локалитет, затоа реков вкоренетост и заземјување, градење нешто во континуитет. На крајот, она што се обидувам да го направам е да го премостам празнината помеѓу губењето и добивката. Да се ​​создаде размена, да се обезбеди поголема комуникација меѓу Македонија и Германија, да се носат уметници од таму, да се носат уметници од овде таму, што е малку потешко.

 

Хана Арент пишуваше дека некои пријателства се она што животот го прави вреден за живеење. ПРВО ПА ЖЕНСКО потврдува дека женското другарство е единствената причина што ги преживеавме десетте години зад нас и заговара дека тоа е единствениот начин да ги преживееме десетиците години пред нас, па и крајот на светот. Колку ти се тебе важни разговорите, соработките, пријателството во креативниот процес?

Би рекла, разговорите, соработките, пријателствата во креативниот процес се најважни! Преку размена на идеи, обработка, предизвикување, заедничко размислување, и на крајот поминување време во создавање на нешто заедничко и нематеријално – е есенцијалното во секој креативен процес. Мислам дека ние, како уметници и творци, растеме преку разговори и соработки, а со тоа исто така понудуваме различни форми на работа и преобликуваме начини на тоа како (можеме да) живееме заедно.

Од друга страна, поконкретно во мојата работа, создавањето движење и слики бара одреден вид на артикулации, а тие ми се најинтересни кога сум во релација со некој друг. Мислам дека генерално е интересна појава тоа да се обидеш да му објасниш на друг нешто што е многу јасно во твојата глава, а уште покомплексно постанува кога треба да објасниш движење и состојба. Многу е лесно да се има наплив на идеи, мисли и слики, но штом ќе треба да го пренесете сето тоа на друго тело – тогаш работата започнува и занаетот треба да се вклучи. Тоа е предизвикот. Не само што е потребно да креирате различни методи на работа, во исто време треба и да пренесете композиција, драматургија, идеја. Генерално, сметам дека кореографијата е медиум кој постои само во однос и сооднос со некоја/нешто. На крајот и не е важно дали е во релација со човечко или нечовечко тело, предмет, растение, звук…

Јас и Настја почнавме да соработуваме во 2018, за прв пат на моето соло “Figure it out!” каде што Настја се појави во улога на драматуршка подршка, а после тоа работевме и на многу различни дела во различни позиции. Не знам дали „Ми треба ново тело“ некогаш требаше да биде соло, таквата одлука беше донесена воглавно од околностите, малиот буџет и краткото време.. Но еве, благодарение на повеќе фактори и агенти како Локомотива, ППЖ и МОТ стигнавме до дует. Всушност, јас му посакувам на ова дело да расте и би сакала еден ден да биде поголемо од дует. Мојот план е да продолжам со работа и следната година – да има најмалку четири жени на сцената.

Текстот е преземен од Tiiiit! Inc.

 

 

Танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ е реализиран во копродукција помеѓу ЛОКОМОТИВА – Центар за нова иницијатива во уметноста и културата Скопје/програм Кореографирани тела, Life Long Burning (LLB)/Програм Performance Situation Room, Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска, а премиерата е дел од програмата „Кореографирани тела“ на ЛОКОМОТИВА. Иведувачката програма на ППЖ10 се реализира во соработка со ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Меѓународниот театарски фестивал МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР (МОТ). Десетото издание на Фестивалот е поддржано од Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура на РС Македонија.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • November 15, 2022
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Матеј Тројачанец
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram