Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.

Деновиве, љубопитноста и вревата за новиот под-вид на Covid-19, официјално деклариран како Omicron ме натера да се изначитам безброј публикации и статии за вирусот. Читајќи за вирусна пандемија, особено овој период од годината, неизбежно е да се прочита и за една друга, далеку постара, сè уште горлива, а последниве две години релативно занемарена вирусна пандемија: ХИВ.

За прв пат е откриен кај човечки пациент во 1981 година, тогаш познат како GRID (Gay-Related Immune Deficiency), затоа што се сметало дека ги таргетира исклучиво геј мажите, и мажите кои имаат секс со мажи, манифестирајки се како исклучително ретки форми на пневмонија, и/или канцер. Во 1982 болеста е преименувана во AIDS (Acquired Immune Deficiency Syndrom), или на македонски СИДА. Веќе во 1983 е утврдено дека и жените можат да бидат инфицирани од ХИВ преку хетеросексуален секс, што ја иницира првата интернационална конференција за ХИВ/СИДА во 1985 во Џорџија, Соединетите Американски Држави. Во 1986 година се дијагностицира прва трансмисија на ХИВ од мајка на новороденче. Конечно, во 1987 година, цели 6 години подоцна од првиот официјален дијагностициран случај на ХИВ, се појавува и првата одобрена терапија на пазарот, односно антиретровиралниот лек AZT (azidothymidine). За прв пат, на 1ви Декември 1988 година, се обележува светскиот ден на ХИВ/СИДА, за во 1991 година црвената лента стане официјален интернационален симбол на болеста. До овој момент се проценува дека помеѓу 8 и 10 милиони луѓе глобално живеат со вирусот.

Во периодот на 90-тите години веќе се постигнуваат значајни напредоци во развој на нови терапии за ХИВ затоа што веќе е повеке од јасно дека се работи за глобална вирална пандемија, која, логично, не дискриминира само одредена популација. Така во 1996 година се појавува нова терапија на пазарот 3TC која носи, речиси преку ноќ, намалување помеѓу 60% и 80% на хоспитализациите и морталитетот поврзани со ХИВ. И покрај развојот на новите терапии, во 1999 година, Светската Здравствена Организација веќе има нови проценки кои велат дека речиси 33 милиони луѓе глобално живеат со вирусот, и се проценува дека дотогаш вирусот однел 14 милиони животи. Во 2000 година, Обединетите Нации ги усвојуваат Милениумските Цели, каде се обврзуваат да го стагнираат ширењето на ХИВ вирусот, маларијата и туберколозата. Во исто време, преговараат со најголемите светски фармацевтски компании да ја намалат цената на лековите за ХИВ особено во земјите во развој. Во текот на првите две декади на новиот милениум се прават уште позначајни напредоци за справување со ХИВ пандемијата, па така во 2005 се појавува брзиот и веродостоен тест за антитела кој дава резултати за 2 минути; во 2011 таканаречениот Берлински пациент е целосно излекуван од вирусот после трансплантација на коскена срж; во 2012 е одобрен првиот профилактички третман. Истата година, и покрај сите значајни научни напредоци, и сознанието дека недетектабилно ниво на ХИВ вирусот во телото е еднакво на неможност за пренос на вирусот на други лица, Врховниот Суд во Канада пресудува дека ХИВ + личност има законска обврска да го обзнани својот ХИВ статус на партнер/и пред да стапи во сексуален однос со нив. Врховниот Суд во Канада не е единствен што ја уважува оваа пресуда. Истата останува правосилна во огромен дел од земјите во светот. Сепак, дури и со неколку чекори назад, се прават чекори напред, па така, во 2014 година, Обединетите Нации го усвојуваат целите 90-90-. Односно, земјите се обврзуваат до 2020 г. да ја постигнат целта 90% од луѓето што живеат со ХИВ да си го знаат сопствениот статус, 90% од луѓето што си го знаат статусот да имаат пристап до антиретровирусна терапија, и 90% од луѓето што примаат антиретровирусна терапија да постигнат недетектабилно ниво на вирусот; постигнувајќи го ова, ќе биде возможно до 2030 година ХИВ да престане да биде глобална епидемија, односно закана за јавното здравје. Во Македонија, од 1987 до сега се дијагностицирани околу 500 луѓе со ХИВ.

Првиот случај на COVID-19 е регистриран во декември 2019 година, за во почетокот на 2020 година Светската Здравствена Организација прогласи глобална здравствена опасност од вирусот. До март истата година веќе се дијагностицирани 100 илјади луѓе, вирусот е прогласен за глобална пандемија и се издаваат насоки за превенција. Истиот месец, 2020 година веќе се работи на тестирање на првата mRNA вакцина. Се појавува Lambda варијантата, а подоцна и Alpha варијантата. До септември 2020, од првиот дијагностициран пациент, веќе има 1 милион смртни случаи. Во ноември 2020 се појавуваат првите вакцини за COVID-19 со ефективност до 90% против тешка клиничка слика од вирусот. Декември 2020 Delta варијантата стапува на сцена. Официјално, до април 2021 веќе се администрирани 1 милијарда вакцини на глобално ниво. Во Македонија, до сега се дијагностицирани вкупно 215 125 луѓе со вирусот и 7569 смртни случаи. Овој месец, односно ноември 2021 година, веќе имаме и нова варијанта на вирусот со официјално име Omicron.

Додека COVID-19 затвара граници, инсистира на носење заштитни маски, визири, или скафандери за медицинските работници кои работат со COVID-19 позитивни пациенти, ХИВ не носи такви глобални последици. Да се разбереме, далеку е од безопасен вирус, но во денешно време е речиси еквивалент на хронична болест која се менаџира со едноставна и делотворна терапија. Ако проблемот со COVID-19 е степенот на заразност, проблемот со ХИВ е сосема друг. Се работи за стигма. Се работи за дискриминација. Се работи за отпор на разбирање на вирусот, и стереотипот дека таргетира исклучиво одредена,„ непосакувана“ популација.

Ноември беше месец на машкото здравје. ХИВ тестирањето во Македонија е бесплатно и анонимно кај сите невладини организации кои тоа го нудат како услуга. Зошто? Затоа што невладините организации одамна препознаа дека постои неопходност од такви услуги, особено во атмосфера кога државата не ја препознава, или не сака да ја препознае опасноста од не делување. Последниве неколку години, работите се менуваат, и се препознава потребата од далеку поажурно следење и проактивна акција на ситуацијата. Во Македонија, терапијата за ХИВ е 100% бесплатна. Советувањето за превенција, или справување со ХИВ + статус е професионално, секогаш достапно и загарантирано анонимно. Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето. Недетектибилен ХИВ статус значи дека вирусот не може да се пренесе на друг. ХИВ + статус генерално не значи дека треба да се носи заштитна маска, визир, скафандер околу луѓето што живеат со овој вирус. Има исклучително лимитиран и дефиниран начин на трансмисија – преку телесни течности, односно крв, семена, предсемена течност.
Со COVID-19 се справуваме сè уште.

Со ХИВ се живее, без намалување на квалитетот на живот. Добро, без намалување на квалитетот на живот од медицински аспект, социјалниот е сосема друга тема. Тестирајте се, побарајте совет, информирајте се. Брзо е, достапно е, анонимно е.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Заедно посилни
  • December 1, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Предраг
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram