Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата

Во очи празникот на независноста, 8 Септември, во наш фокус е поранешната пратеничка и министерка за надворешни работи Илинка Митрева, како едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата, која со својата посветена работа и исклучителен карактер, помогна во  градењето и афирмацијата на македонската државност. Илинка Митрева почина на 31 јули годинава во Скопје, на 72-годишна возраст.

Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлада асистентка, доцентка и шефица на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е авторка на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеничка во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година, а од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министерка за надворешни работи во Владата на широката коалиција и повторно назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува до 2006 година.

Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.

На комеморацијата која се одржа во нејзина чест во Министерството за надворешни работи, поранешната шефица на нејзиниот кабинет Санта Аргирова изјави:

Ни требаат луѓе како Илинка Митрева – почитувана и на Запад и на Исток, почитувана и од Колин Пауел и од Сергеј Лавров и сите нејзини колеги, како и претседатели на држави и премиери. Ни требаат луѓе за кои во странски весници ќе напишат „ако ја немаше Илинка Митрева ќе требаше да ја измислиме“ или ја нарекуваат тигрица од Балканот не затоа што е сурова или свирепа, туку затоа што е жестока и со страст за својата држава. Или Митрева поради својата убедливост, остар јазик и непосредност стана миленичка на западната дипломатија, подеднакво ја сакаа во своето друштво и Пауел и Патен иако сешто им кажува. Точно е дека таа беше светски играч од мала земја, нејзините успеси ниту можеа, ниту, пак, можат да бидат минимализирани. Покрај неа имав чувство дека сме од голема и моќна држава. Таа жена со убеденост после долга елаборација со стисната тупаница пред европскиот комесар за надворешни работи Кристофер Патен му рече – Македонија направи сè и ние ќе аплицираме за членство, а вие размислете како ќе ни одговорите и со тоа го заклучи разговорот.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 7, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram