Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.

Skopje Pride Weekend (Викендот на гордоста) се случува по седми пат, оваа година протегајќи се на два викенди, имено од 7 до 9 и од 14 до 15 јуни, со носечката идеја Glittering Wounds („Светкави рани“). Со цел да ве подготвиме за феноменалната содржина која ја нуди фестивалот, како и да ја разбереме суштината на Викендот на гордоста и овогодинешната тема, поразговаравме во Славчо Димитров, куратор на фестивалот.

 

Фотографија: Жарко Чулиќ
За оние читател/к/и на Медуза кои се уште не се запознаени со фестивалот и оваа година за прв пат ќе ја проследат програмата, како накратко би го претставил Викендот на гордоста?

 

Како фестивал кој претставува платформа за промоција на висококвалитетни и светски релевантни уметнички и културни практики кои во центарот на својот интерес (и на ниво на стил, форма и содржина) ја поставуваат радикалната и недвосмислена критика на испреплетувањата на хетеронормативноста, мизогинијата, национализмот, неолибералниот капитализам, расизмот и биополитиката. Практики кои во полето на видливото и изречивото како вулкан ги изнесуваат и создаваат формите на живот, сензибилитетите, релациите, афектите, задоволствата, родовите и телата кои се именуваат од погоренаведените режими на опресија како настрани, чудни, изопачени, неусешни, и получовечки. И притоа, тоа го прават преку ставањето на телото во центарот на својата пракса, како субјект, како материјал за изразување и предмет на интерес, бидејќи во телото гледаат една од главните оски преку кои се прекршуваат и врз чијашто површина и материјалност се впишуваат различните режими на моќта, вклучително и хетеропатријархатот.

 

Оној дел од публиката кој пак ревносно го следи фестивалот, знае дека секоја година станува збор за експлозивна прогама, која де факто станува побогата и поквалитетна со секое следно издание. Сепак, според мене, има еден постојан драж на фестивалот кој се чувствува секоја година и на некој начин ги обединува сите фестивалски изданија. Како куратор на фестивалот, што би кажал дека е сржта, односно носечката порака на Skopje Pride Weekend?

 

 

Во силата на вашата анксиозност, параноја и омраза наоѓаме само поттик повеќе да експлодираме од смеа, бесрамно, во лицето на нормалноста за која сте спремни да убивате. А во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор, заедници од кои зазираат кревките темели на вашите идентитети!

 

 

Постер: Игор Делов
Велиш дека целта на серијата настани во рамките на Викендот на гордоста е да создадат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење...
Сепак, создавањето на такви простори е тежок, долг и измачувачки процес, кој веројатно нема крај. Колку сметаш дека преку континуитетот на фестивалот се прават одредени продори кои влијаат на хетеронормативното, традиционално, мачо секојдневие? Дали според тебе Фестивалот на гордоста креаира ехо надвор од безбедните простори кои ги креира, кон институциите, домовите, релациите кои се обидуваме да ги менуваме?

 

 

Бавно, но сигурно, мислам дека да, креира еха кои одекнуваат од телата на оние кои доаѓаат на фестивалот, и заминуваат од таму, помалку или повеќе, трансформирани, но и спремни за отпор, надвор, во домовите, во институциите, и во баналните, но насилни релации во кои секојдневно голем број на луѓе живеат.

 

 

Глитерот и светкавоста се дел од тематскиот фокус на фестивалот оваа година и неразделив дел од квир историјата, а се диреткно поврзани со историјата на срам, исклучување, хомофобија, трасфобија, оплакувања, страдање, болка, депресија, меланхолија, страв и загуба. Како беше избрана фестивалската тема за оваа година, имено Glittering wounds? Дали е темата на некој начин поврзана со некои конкретни случувања и состојби поврзани во ЛГБТИ заедницата од изминатата година?

 

 

Темата е избрана бидејќи истата, мислам дека, ги претставува многу пластично конститутивните искуства на настраните, на ЛГБТИ луѓето, на жените, и на сите маргинализирани групи. Посебно историјата на квир (настраните) искуствата и социјални и културни и политички практики. Таа историја покажува дека најсрамните, најпогрдните, најнавредливите, најмачните и трауматични места стануваат локации на отпор, на храбро присвојување и превреднување, без притоа да се вложува во патетичната желба да се биде “нормален” или “вклучен” во истите оние општествени, културни и политички текови кои се првичен извор на опресија. Доволно е само да фрлите поглед на камп културните практики, дрег културата, геј фасцинацијата и идентификација со диви, и со трагични и хистерични, но застрашувачки храбри, женски ликови, квир кинематографијата на 80тите и раните 90ти, уметничките, перформанс и боди арт практиките на квир уметниците како Џарман, Торес-Гонзалез, Ејти, Волкано, Реза Абду, Војнаровиц, Жерновски итн. Доволно е само да го согледата фигуративниот статус и културна функција на глитерот во квир културата, како индекс на гламурозниот отпор кој избликнува од пределите на абјектното, бесрамно, гордо, и облеано со задоволства.

 

 

Во тој контекст, како дел од промотивните материјали за фестивалот, ги преземате негативните коментари и говорот на омраза насочен кон ЛГБТИ заедницата од социјалните мрежи и ги„посветкувате“. Која е целта на ваквото преземање на говорот на омраза?

 

 

Да му ја одземете моќта да повредува и ранува, и тогаш, да му се изнасмеете “во фаца”, но и да му дадете друго значење, друга афективна димензија.

Конечно, и за да покажете дека борбата за еднаквост и правда не е борба за вклучување во веќе понудените рамки кои структурираат едно поле на хиерархизирани односи, а во кое оние кои го продуцираат и шират говорот на омраза означувајќи ве како “изопачени”, “настрани”, “болни”, “ненормални”, “гадови”, “изроди”, “грешници”, “неприродни”, “неуспеси на семејството и општеството” итн., токму на тој начин илузорно и перформативно (преку таквото именување на другите) сакаат да ја одржат рамката која ја создале и во која сакаат да ве стават. Бидејќи единствено на тој начин се одржува перформативната фикција за нивната нормалност, природност, исправност, универзалност, правосходност, благословеност итн. Со ваквото стратешко превредување на негативните атрибути и искуства им го враќаме абјектот од кој зазираат, и паралелно ги поместуваме границите на разбирливото, нормативното, хиерархизираното, односно на веќе воспоставениот бинарен поредок.

Говорот на омраза нема да исчезне туку така, како што нема да исчезне наивно и утописки насилството, па и антагонизмот, и непремостливите разлики во општесвото. Несомнено, истиот треба, МОРА, да се санкционира. Но, доколку повикот за санкција кон Државата и полицијата останат нашите единствени алатки, доколку легалистичкиот модел ни стане замена за суштествено политичко справување со нееднаквоста, дотолку секој збор на омраза ќе продолжи да не раскинува, повредува неповратно, инхибира, ранува, и ќе ги конситуира нашите идентитети како “расипани идентитети” (Гофман), а мразачите ќе се насладуваат на својата победа, моќ и привилегии, одржувајќи ја илузијата за вечна, од бога предодредена, во (непостоечката според нити еден сериозен научен труд) фиксираната природна дадена привилегија и нормалност. А притоа, ќе предолжиме да ја еректираме патерналистичката фигура на државата, кастрирачкиот татко на Законот.

За крај една епизода од Дневникот на крадецот од Жан Жене. Нараторот, криминалец во поредокот, самопрогласен настран и педер, е фатен од полицајци кои му се смеат и го девалвираат поради вазелинот што му го наоѓаат (подмачкувач за анален секс). На оваа ситуација Жене возвраќа со: “Бев сигурен дека овој ситен и скромен предмет, со сé она што му припаѓа, ќе им се спротистави; со самото негово присуство ќе може да ги иритира сите цајкани на светот; а врз себе ќе го понесе сиот презир, омраза, и бели и глупи гневови…Попрво би пролеал крв отколку да се откажам од тој мал смешен предмет”.

 

 

 

Годинешниот фестивал се отвора со перформансот на Рон Ејти – „Акефално чудовиште“, во 21 часот во Музејот на современата уметност. Авторот се повикува на Акефал, обезглавениот маж, кој послужи како инспирација за истоименото тајно општество на Жорж Батај во борбата против нихилизмот и фашизмот пред Втората светска војна во Франција. Што значи доаѓањето на ваков култен уметник за нашата локална културна сцена и за ЛГБТИ заедницата, и тоа токму со ова дело? Како го сместуваш „Акефалното чудовиште“ во нашиот социо-културен и политички контекст?

 

 

Значи можност публиката да види еден од најзначајните изведувачки уметници на 20 век, кој последните 40 години ја тресеше сцената, и кој беше “ноќна мора” за американските конзервативци, и пред сé исклучително интелигентен уметник чиишто ланци на референци бараат сериозно внимание, ум и тело од секој што ги гледа и сака да ги “чита” неговите дела.

Акефалното чудовиште денес ни е потребно повеќе од кога и да и било, ако ги земеме глобалните надвиснувања на нео-фашизмот, авторитарните популизми, ултра -десничарските движења, и враќањето на голема врата на религиозните теоцентрични авторитети и обиди за теологизација на политичкото. Акефалното чудовиште е обезглавено Дионизиско суштество кое постои во својата чудовишност бидејќи ги обединува и изместува границите помеѓу човечкото и абјектното/животинското, божественото и материјалното, сонцето и анусот/чмарот, разумот и телото/страстите. Чудовиштето во имагинацијата на просветителскиот човек на разумот е суштеството кое ги растетерува темелите и параноично чуваните граници на “чистиот” поредок и нормативната телесна морфологија. Но, уште поважно, обезглавен, Акефал ја предизвикува најцврстата тврдина на западната метафизичка и теолошко-политичка имагинација, во која политичкото тело на мноштвото е секогаш контролирано, доминирано и командувано од Монархот, суверенот, центарот на моќ, Бог, Партијата, Егократот, Капиталот, субјектот претприемач, автономната индивидуа, достоинствената личност – симболизирани токму преку главата и разумот чијшто роб и слуга е телото кое е претставено како безвредно, минливо, променливо, неконтролирано, животински остаток, зависно од другите, подложно на страсти и изложеност. Акефал е Минотаурот кој мора да биде убиен и жртвуван во името на цивилизацијата и разумот, во името на човекот (читај Мажот) кој покорува, контролира, кој е независен од другите. Па зарем има нешто што ни е попотребно денес во времето на истоштените субјекти на успехот, компетитивни претприемачи субјекти чијшто целокупен живот е болен напор да се успее на скалилата на капиталот, изолирани анксиозни субјекти, без никакво чувство за грижа за другите и релациите преку кои, и само преку кои, постоиме?

 

 

 

Ако според Ејти една од улогите на уметникот е да смислува нови форми на ритуал и славење, да го повика светото како противотров за празниот индивидуализам на современиот живот, која е според тебе можноста на уметноста во борбата со смртта (апокалипстата, разбеснетиот капитализам, омразата)?

 

 

Уметноста не се бори со смртта. Тоа е една класична романтична фикција за ументоста, уметникот и уметничкото дело. Таа постои на границата на непознатото и неприсвоивото, на границата на смртта, непродуктивниот трошо оттаде економијата на посесивниот субјект и познати координати. Затоа и е еротична, секогаш возбудлива и вознемирувачка 🙂

А како одговор на прашњето во заграда, би дал еден цитат на Рансиер: „Она што ја поврзува уметничката пракса со прашањата за заедничкото/заедништвото е основоположувањето, симболичко и материјално, на специфичен простор-време, суспензија на секојдневните форми на сензорно искуство. Уметноста не е политичка поради пораките и сентиментите кои ги изразува во однос на актуелните состојби во светот. Нити, пак, е политичка поради начинот на кој избира да ги претстави општествените структури, социјални групи, нивните конфликти и идентитети. Таа е политичката токму поради дистанцата во однос на овие функции, поради времето и просторот кои ги институира, и манирот во кој го врамува времето и ги населува просторите“. (“Неугодното во Естетиката“, Жак Рансиер)

 

Во склоп на фестивалот ќе се случи и промоцијата на постхумно издадениот превод на Огнен Чемерски на книгата “Како да се биде геј” на еден од основоположниците на квир теоријата – Дејвид Халперин ( издание на Темплум). Кажи ни нешто повеќе за оваа публикација, која се чека да излезе од печат веќе подолго време.

 

 

Прво нешто е дека имаме историски превод, генијален превод со кој Огнен не остави должници на уметноста и политиката на преводот, на добриот превод!!! Историски бидејќи за првпат имаме превод на една концептуална, естетска и политичка терминологија и мисла на македонското поднебје, а која извира од квир културата и се бави со истата. Историска бидејќи има интелигентни и храбри преведувачки решенија кои повикуваат на идни дебати (барем ако имаме трошка професионалност и страст во ова општество за значењето на преводите).

Од друга страна, ова е масивно дело, КНИГИШТЕ би рекол, не само затоа што е скоро 600 страници, туку и поради тоа што претставува длабинска и опсежна анализа на квир културата и геј субјективитетот оттаде его-психолошките и психоаналитички мама-тато плачки, градејќи ја притоа таквата анализа на сериозен и обемен историски материјал, преку сериозни теориски и методолошки апарати. Книга која на геј/квир заедницата кај нас ќе и даде дополнителни алатки на отпор, отварајќи ја мислата за хомосексуалноста како културна и општествена практика наместо како индивидуална, идентитетска и тесно сексуализирана, и поттик за вреднување токму на најпрезираните аспекти во настраноста.

Конечно, ова е книга за сите кои ги интересира хуманистиката, културните и родовите студии, квир теоријата, и социолошката и хуманистичка анализа на субјективитетот и културните практики на сите опресирани групи.

 

Неодминлив дел (барем за мене ☺) од Викендот на гордоста се секако и легендарните квир забави, каде некои од подиумите во Скопје се претвараат во простор на слобода, експериментирање, сплотување и екстаза. На таа нота, за оваа година е најавено спектакуларно дрег шоу на 12 кралици од Берлин, Белград и Скопје. Скопје може конечно да се пофали со своја локална дрег сцена, која навистина почна да се развива оваа година. Дали сметаш дека Скопје има потенцијал да ја развие моментално малата квир сцена и да им парира на градови каде секој викенд може да се проследи дрег шоу? Дали, според тебе, расте публиката која е жедна за ваков тип на културни, уметнички, забавни содржини, во и надвор од ЛГБТИ заедницата?

 

 

ДА, ДА!

 

 

Што останато би потенцирал како must-see од програмата, што не беше опфатено во овој разговор?

 

 

Не смеете да ги пропуштите BOYCHILD, Rachael Young и Marikiscrycrycry, како и разговорот помеѓу Ron Athey и Del LaGrace Volcano. И СРАМОТА со ПичПрич. Со еден збор – Сè! 🙂

 

 

За крај, малку наивно, но според мене важно прашање, е како успеваш да донесеш толку познати и етаблирани уметници на фестивал во град за кој никој од нив веројатно не слушнал? (или можеби слушнал?:) Која е тајната на Викендот на гордоста?

 

 

Да знаете што и зашто правите кога каните луѓе. Болна и луда страст за ова што го правиме, до истоштување. И добар тим.

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • June 6, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ
Сексуалната работа е работа: Интервју со Лила Милиќ од STAR-STAR
Утре ќе бидеме на Марш на Црвениот чадор, по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички и работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Џоан Дидион: За самопочитта
„Карактерот - подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот - е местото од каде што извира самопочитта.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Јасна Жмак: Од театарот треба да очекуваме повеќе
Авторскиот перформанс на пистелката и драматург Јасна Жмак “this is my truth tell me yours” ќе игра на Академска сцена на ФДУ, на 26 септември од 20:00ч. како дел од фестивалот Прво па женско. Запознај ја Јасна со разговорот во прилог.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram