Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.

Кога светот навидум се сруши во март 2020, многу аспекти, емоции и практики на нашето живеење добија нови размери.

Кога гледаме дека еден вирус може во едно деноноќие да го промени светот каков што го знаеме, дека е и повеќе од возможно сѐ уште да се водат војни, кога не знаеме дали е поисплатливо неделава да купиме јајца или да пуштиме греење, дека сѐ уште не постои конкретен план за справување со климатската криза која станува само поекстремна, дека помина времето кога оптимизмот и позитивниот поглед кон светот правеа смисла, мораме да најдеме механизми за справување, не само со непредвидливоста на секојдневието, туку и со генералното чувство дека сме отидени во правец од кој нема враќање. Секому му е потребен одговор на сѐ почесто поставуваните егзистенцијални прашања. Секому му е потребна барем малку предвидливост во непредвидливо време. Секому му е потребна смисла на постоење, во свет кој навидум не може да биде пострашен отколку што веќе е.

Традиционален одговор на несигурноста е, се разбира, Бог. Според истражување за промените во интензитетот на религиското практикување за време на COVID-19 пандемијата во Полска[1], најголем дел (42.6%) од луѓето што практикувале само неколку пати неделно, за време на пандемијата значително ја зголемиле религиозната посветеност. Сепак, таков е случајот во: а) земји чие мнозинско население активно практикува религија; б) кај повозрасното население. Имено, кај помладите, особено кај генерацијата З, се забележува појава на сѐ поголема поврзаност со некоја надземна сила, која многу ретко директно се поврзува со Бог, а уште поретко се поистоветува со религија или религиозни институции во традиционална форма. „Не сум религиозен/а, спиритуален/а сум“ е можеби досаден одговор на уште подосадно прашање, но е горе-долу прецизен приказ на односот што го негува (пред сѐ) младината кон тие теми. За разлика од своите родители, баби и дедовци, таа за одговори и помош не се врти кон религијата, туку кон спиритуалноста, која е индивидуална практика, личен однос кон некоја повисока сила која не е толку лесно дефинирана како кај организираната колективна практика на религија.

Она што е особено интересно е фактот дека голема улога во начинот на кој генерацијата З се „продуховува“ има социјалната мрежа „Тик-ток“. На оваа апликација, која доживеа бум токму за време на пандемијата, веќе некое време се шират видеа на кои се промовира еден тренд на нови форми на спиритуални практики како манифестирање, афирмации, астрологија, тарот-карти, кристали и вештерство. Ова се само дел од термините што ги добија своите пет минути благодарение на „Тик-ток“, со тоа што навидум нудат одговор, решение и/или надеж. Така, спиритуалноста стана збор кој речиси и не може да се избегне во дискурсот на социјалните медиуми, но кој останува контроверзна тема која дава простор за вечна дискусија поради различните интерпретации на значењето на терминот, но и бескрајните можности на негово практикување.

Оваа недефинираност на спиритуалноста како збор и практика ме поттикна да го разгледам различното сфаќање и пристап кон спиритуалноста кај три различни генерации на жени, и тоа токму од моето семејство: баба ми (80 г.), мајка ми (51 г.), сестра ми (17 г.) и јас (20 г.). Па така, прашањето што е тоа спиритуалност и како се доживува таа го разгледувам низ призмата на едно женско семејно стебло, затоа што во моето, но статистички гледано[2] и во најголем дел од семејствата, женските гранки се оние кои во поголема мера тежнеат кон продуховеност и мистика. Во продолжение следуваат нивните одговори.

Баба ми Вера: Од каде би знаела јас што било за спиритуалноста?! Кога ние растевме, немаше речиси ништо. Родена сум во Битола и таму ги поминав првите 15 години од животот во поствоеното време. Едвај имавме книги, а не пак телевизија или нешто слично. Не се зборуваше ниту за религија, а за спиритуалност во никој случај. Во тоа време се зборуваше само за работи директно поврзани со секојдневниот живот, работи од практична природа. Порано, спиритуалноста беше тема за која зборуваа интелектуалците. Обичниот човек немаше време да размислува или да разговара за хранење на душата затоа што нему телото му беше едвај нахрането. Во моето детство, сите беа обични луѓе. Можеби најблиску што знам за она за кое ме прашуваш беа некои приказни кои ни ги раскажуваше баба ми како деца, за вештерки, вампири и сеанси, но секогаш ми беше премногу страв за да дослушам.

Мајка ми Татјана: Духовност или спиритуалност е, како што пред некое време рече еден мој пријател, само избегнување на зборот религиозност или верба во Бог. Растена сум во Југославија, што значи детските години ми поминале во времиња кога религијата беше „опиум за народот“ и можеби не беше забрането да се практикува, но се сметаше за нешто назадно и непрогресивно. Не можам да речам дека тогаш ми недостигало нешто такво, сепак сум била млада и приземна и научните објаснувања за нештата ми биле доволни за да ме задоволат. Иако, морам да признам дека секогаш се прашував и ми беше необјасниво како тоа светот постои отсекогаш, бесконечно… Како дозревав и станував помудра, почнав да чувствувам потреба од фатализам, од верба дека сепак има нешто, дека ништо не е случајно и дека универзумот или Бог знае многу повеќе од нас што сме овде на Земјава. Така што, да, почнав да практикувам некој мој начин на верба. Можам да го наречам верба во Христа, во Бог, но со некои мои правила, без стеги и окови.

Сестра ми Илина: Како 17-годишна девојка која е дел од генерацијата З (за жал), голем дел од своето време го поминувам на „Тик-ток“. Пред речиси две години забележав дека поими како спиритуалност, манифестирање и афирмации почнаа да стануваат особено популарни и распространети. Ова е една од оние работи по кои луѓето вечно плукаат, а плукаат зашто како и сѐ што мразат, така и ова е, пред сѐ, распространето и популарно кај тинејџерките. Сепак, сметам дека ова е една од подобрите и побезболни теми на интерес затоа што не штети никому. И пред спиритуалноста да стане „тренд“, сакав да си направам некоја душевна промена. Тоа почнав да го правам со испраќање позитивни афирмации некаде во универзумот. Ова го правев без точно да знам што правам, но едноставно знаев дека на некој начин ми помага и прави да се чувствувам попозитивно и задоволно. Понатаму почнав да практикувам и манифестирање. Иако можеби многумина ова го сметаат за глупава работа, јас знам дека се чувствувам убаво и поврзано со својата спиритуална страна правејќи ги овие нешта.

И јас, Калина: Пред само неколку дена, на изложба во Краков го видов ремек-делото на полскиот уметник Владислав Подковински, „Лудило на возбудата“, слика од црвенокоса девојка која јава и цврсто се држи за див коњ и наглас кажав: „Доживувам спиритуално искуство!“ И навистина доживеав. Размислувам на сите други пати кога сум почувствувала нешто такво: кога ноќта пред селење се поздравував со мојата најдобра другарка; кога одлучив дека сакам да имам ќерка и сакам да го носи името на баба ми; кога научив да чистам калинки; кога сфатив дека сум заљубена во дечко ми; кога ја гледав првата епизода од Twin Peaks; кога повторно почнав да пишувам; кога ја слушнав „Премин“ од „Анастасија“; кога на Плаошник во Охрид мајка ми ни кажа мене и на сестра ми што е тоа реинкарнација, додека дробевме зелени камчиња; кога сфатив дека поезијата не мора да биде претенциозна; кога првпат отидов на диво капење; кога научив дека на концерт се стои до ограда и кога конечно сфатив дека најмалку сум била спиритуална кога сум манифестирала или сум се молела, а најмногу кога сум била присутна во моментот и сум живеела.

Доколку мојот и одговорите на моето семејство беа слични, веројатно немаше да има никаква потреба да се пишува текст налик на овој. Поточно, доколку спиритуалноста беше еднострана и лесна за дефинирање, тогаш зошто воопшто би дискутирале за неа?

Кога баба ми била на моја возраст, таа едвај имала шанса да слушне, а не пак да зборува за истото прашање за кое јас сега имам можност да пишувам јавно. Таа долго време немала можност да развие став или однос кон спиритуалноста. Мајка ми, како и повеќето од нас, чувствува потреба да верува во нешто, но таа не си дозволува да ја редуцира својата верба на збор како Бог, универзум или духовност. Сестра ми и јас припаѓаме на истата генерација, а сепак, на некој начин имаме спротивен пристап кон истата појава. Додека таа ја прифаќа и негува модерната форма на спиритуалноста, јас истата речиси цинично ја одбивам. Но, зарем суштината на спиритуалноста не лежи токму во овие разлики? Станува збор за флуиден термин кој го менува своето значење кога се менува контекстот, но и практика која ја менува својата форма зависно од времето и местото. Не постои „правилен“ или „погрешен“ начин на бидување спиритуален. Не треба ни да постои.

Во време кога владее непредвидливоста, владее и потребата за верба. А, сепак, убавината е можноста да не влегуваме во една рамка, да не припаѓаме на еден систем на верување, да не мораме да се ограничуваме себеси во потрагата по длабокото, суштинското. Па така, секој од нас треба да има право својата потреба за справување со непознатото и стравот да ја смири на сопствен начин, без разлика дали ќе го наречеме спиритуалност, религија, манифестација, афирмација, цинизам, хедонизам… Важно е да си помогнеме, а не како ќе си помогнеме.

[1] Boguszewski R, Makowska M, Podkowińska M. „Changes in intensification of religious involvement during the COVID-19 pandemic in Poland“, PLoS One. (2022).

[2] „The Gender Gap in Religion Around the World “, Pew Research Center (2016).

НАПИШАНО ОД:
  • Калина Качоровска
  • December 20, 2022
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram