Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.

Трејси Емин катапултираше во јавната сфера во 1990-тите. Со неа надојде бран на контроверзност, индивидуалност и апсолутно кој-ве-ебе став, а подоцна, таа остана движечка фигура на британската уметничка сцена. Од шатори декорирани со имињата на сите со кои некогаш спиела, до злогласната инсталација на нејзиниот кревет после раскинување –прикажан каков што бил по неколку недели пиење, пушење, јадење, спиење, секс и состојба на колапс. Нејзината работа отелотвори осцилација на интензивни и бескруполозни емоции. По три децении во очите на јавноста, l’enfant terrible на Младите британски уметници (YBAs) оттогаш ги остави зад себе пијаните телевизиски настапи, а од 2011 година е назначена за академик на Кралската академија на уметностите.

 

 

 

A IS FOR ABORTIONS

 

Она што може да се чини како појдовна точка со која може да започне оваа ода за Емин, е фактот дека уметницата е всушност доста отворена кога зборува за своите абортуси. Еден од нив ја остави во лоша состојба, а таа помина и низ уште еден кога беше бремена со близнаци, иако и таа и нејзините доктори не беа свесни за тој детал. Трагично, помалиот фетус не бил отстранет во постапката и неколку дена подоцна, се истркалал на улица долж нејзината нога. Монографијата на Емин со наслов Ужасно погрешно беше создадена за време на – како што би рекла уметницата – „неделата од пеколот“, во 1994-та година. Во тоа време, таа помина низ поголема стоматолошка интервенција (воопшто немаше предни заби, поради дефицит на калциум), раскина со својот партнер и помина низ абортусот. Исто така, во една од нејзините колумни за “Гардијан”, пишуваше за изопачениот пакт кој ја тера да се чувствува како да и бил даден успех за цената на душите на нејзините деца.

 

“Terribly Wrong” (1997) Courtesy of Tate
B IS FOR BODY IMAGE

 

 

“Отсекогаш имам некое чувство во врска со моето тело, никогаш не се чувствувам добро во врска со него. Најсреќна сум кога сум најслаба што можам”, призна Емин во интервју со Лиз Џонс за The Daily Mail. Нејзиното голо тело е предмет на голем дел од нејзината работа, делувајќи како средство за разгледување на ефектите од времето и процесот на стареење на човекот. Бројките што таа ги привлекува може да бидат сладострасни и искривени, додека во други времиња носат мистериозна слабост – тоа е нејзиниот начин на разработка зошто нејзиното тело се менувало толку брзо со текот на времето. „Од многу слаба девојка – дури и кога имав 40 години, бев витка – станав тешка и женствена. Пробувам да се соочам со физичките промени.“

 

 

C IS FOR CHARLES SAATCHI

 

Во јули 2014 година, Чарлс Сaачи ја продаде инсталацијата на Емин која беше номинирана за наградата Тарнер, позната како “Мојот кревет” (1998), за неверојатни 2,5 милиони фунти, при што стана дел од листата на десетте најскапи дела на живи уметници-жени. Со оглед на проценката на препродажба од 800.000 фунти до 1.200.000 фунти и фактот дека тој ја купил на Christie’s во 2000 година за само 150.000 фунти, спогодбите на Саачи не биле толку трагични. Тој одлучи да го инсталира креветот – со сите додатни предмети – во својот дом пред да биде прикажан на првата изложба во галеријата Саачи за време на неговиот престој во County Hall.

 

“My Bed” (1998) Photography Mark Chilvers / Rex

 

 

D IS FOR DEATH

 

 

Емин образложи во една од нејзините колумни за „The Independent“ дека како уметник, едноставно мораш да си направиш план околу смртта и што ќе се случува после неа – потврдувајќи дека своето заминување од овој свет го има испланирано во детали, со цел да го заштити своето наследство. Се разбира, уметникот не може да има контрола врз својата репутација и изложеност откако ќе замине на оној свет; сепак, кога има интерес за некој уметник по неговата смрт, како што и често се случува, природно помага ако работите се средени за да можат потоа да се движат во точниот правец.

 

“Its Not me Thats Crying its my Soul” (2011) Copyright Tracey Emin

 

E IS FOR EGON SCHIELE

 

 

Во Музејот Леополд во Виена, Емин ги прикажа своите скулптури до делата на австрискиот сликар Егон Шиле. Со тоа, таа го спореди нејзиниот феминистички ethos (карактер, идеал) со наклонетоста кон порно и малолетни девојчиња на австрискиот експресионист, што ги натера гледачите да ги преиспитаат политичките призми на голотијата. “Многу други дела на кои бев изложена досега беа за уметници кои гледаа други работи и други луѓе. Изгледа како Егон Шиле да гледал интензивно само кон себе“, пишуваше во каталогот за изложбата, потврдувајќи дека опсесијата на Шиле со самиот себе ја создал алката меѓу нив.

 

F IS FOR FESTIVE SPIRIT

 

 

Секогаш спремна да се вдаде во духот на прославите, Емин ќе им се јавеше на оние кои мислеше дека би останале сами за време на божиќната сезона и ќе ги поканеше на една од нејзините славни божиќни журки. Емин се потсети на Полноќната Миса од пред некоја година, на која што таа присуствуваше, пијана, заедно со пријателките Бјанка Џегер и Вивиен Вествуд. „Последниот пат, Бјанка и Вивиен му довикуваа на попот затоа што не се согласуваа со тоа што го зборуваше. А, јас бев толку пијана што почнав да мјаукам за време на молитвата.

 

 

G IS FOR GROWING UP

 

 

Во нејзината книга Мојот фото-албум, Емин објасни дека има огромни празнини во документацијата на нејзиното детство. Нејзините родители не фотографирале често, и поради тоа нејзините сеќавања и врска со самата себе се баш она што и помага да го разбере и интерпретира своето детство. Тоа би објаснило зошто толку многу од нејзината работа е во релација со спомените од нејзините рани години, објаснувајќи го тоа како „потреба да се разјаснат и потврдат некои настани. Не е сѐ толку добредојдено“, додавајќи, „Не пораснав со некакви сеќавања на моето семејство кои би го маркирал времето, туку со слика за себе.“.

 

Pages from “My Photo Album” (2013) Copyright Tracey Emin
H IS FOR HEROES

 

 

Дејвид Боуви и неговата музика отсекогаш биле од огромно значење за Емин, која беше негов фан уште од најрана возраст. Првата средба помеѓу нив двајца се случила во еден ресторан, каде Боуви се наведнал преку масата и шарматно прокламирал – „Се извинувам што ве прекинувам, моето име е Дејвид и само сакав да кажам дека навистина ми се допаѓаат вашите дела“, на коешто Емин возратила со „Чувството е заемно“. Во 2001, Гардијан објави транскрипт од интригантно и-мејл интервју помеѓу нив двајца, во кое тие разговараа за сѐ – од вистината како тактика за преживување, до тоа како вашите дела никогаш нема да бидат исти после конзумирање дрога, до играта на бидување славен и желбата да се биде инфлуенсер, наместо да се биде познат само за да се биде познат.

 

Tracey Emin and David Bowie
I IS FOR IDENTITY

 

 

Како една од најпрепознатливите британски уметници, не е изненадувачки тоа што Емин е горда на нејзиното наследство. Додека зборуваше за BBC пред референдумот на ЕУ, прилично гласно го изнесе своето мислење дека би било „апсолутно лудило“ да се гласа за Излез. Има и потенцирано дека го истакнува своето британско потекло кога патува надвор од земјата, ја има прокламирано нејзината љубов кон тоа што се дел од ЕУ, а и ја има потенцирано значајноста на Европската Унија во контекст на креативните индустрии.

 

 

J IS FOR JEWELLERY

 

Пениси кои висат на бразлетни во форма на 18-каратни златни привезоци, додека фразите употребени за неонските знаци на Емин се испишани на плочки за ланчиња. Во соработка со дизајнерот на накит, Стивен Вебстер, Емин креираше колекција од 35 парчина, која се викаше „Ти ветувам дека ќе те сакам“. „Сето тоа е само антитеза на она што луѓето би го сметале како успешен накит во денешно време“, кажа таа за парчињата накит. „Традиционално е, одмерено, слатко, деликатно – така што, навистина сум задоволна од исходот.“.

 

 

K IS FOR KATE MOSS

 

 

Ако поминувате од Spitalfields во скоро време, можеби би вредело да истражите наоколу, бидејќи еднаш, една личност пронајде оригинално дело на Емин. Неонскиот знак кој гласеше „ Moss Kin“ имаше проценета вредност од 100.000 фунти. Планиран како подарок за Кејт Мос која не можеше да го земе на време, Емин го исфрли надвор кога виде дека делото не беше подигнато.

 

portraits of Kate Moss taken by Tracey Emin Copyright Tracey Emin

 

L IS FOR LOUISE BOURGEOIS

 

 

Во заеднички проект со Луиз Бужуа именуван „Не ме напуштај“, Емин ги истражуваше физичките сласти и чувства преку концепти како идентитет, сексуалност и стравот од загуба и напуштање. Буржуа ја заврши половина од колекцијата на гваш канваси со акварел детали од сѐ – од машки пениси до женски торза. Тие беа пратени, недовршени, до Емин која ги доврши со текст, минијатурни женски тела и фетуси меѓу другите фигури. Откако ги доби завршените канваси од Емин само три месеци пред нејзината смрт на 98 години, Буржуа била воодушевена со резултатот.

 

 

 

 

Извор: Dazed Digital 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Гала Насева
  • June 17, 2019
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram