Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
По повод 8ми Април – Меѓународниот ден на Ромите разговаравме со Сибел Бајрам. Таа е активистка, наставничка, а од неодамна и претседателка на здружението на жени Ромки ,,Лачо Диве’’. Како борка за унапредување на женските права во ромската заедница таа сподели дел од нејзините искуства и ставови за предизвиците, проблемите со кои се соочува оваа заедница, но и промените кои ги гледа и од кои самата таа била дел. Интервјуто го водеше Елена Петрова.

 

 

Сибел, на 8ми април беше Меѓународниот ден на Ромите и покрај тоа што училишниот процес сега се одвива онлајн, ти успеа да најдеш креативен начин и да го одбележиш овој ден со своите ученици 🙂 Како наставничка и активна чинителка во образовниот процес, што сметаш дека е моментално најважно за твоите ученички и ученици да добијат квалитетно образование?

 

 

Нешто што можеме да направиме во ова време/невреме на ваква криза, којашто нè погоди и нè засега сите, е да останеме колку што можеме оптимисти, да се грижиме за луѓето околу нас, онолку колку што можеме да помогнеме, а од друга страна, да се трудиме да не одмагаме и да не ја отежнуваме целата ситуација.
Јас како наставничка по англиски јазик во ООУ „26 Јули“- Шуто Оризари, секојдневно сум во редовна комуникација со моите ученици онлајн. Освен моите регуларни часови по англиски јазик и давање на задолженија и домашни задачи, се трудам, особено со учениците од 9тите одделенија да имам еден поинаков пристап. Тие можат да разговараат со мене на теми кои ги избираат самите и дискутираме на нив, ги советувам, а потоа заедно извлекуваме соодветни решенија и начини за нивно решавање или пак реализирање. Сметам дека ваквиот начин и пристап кон учениците навистина ќе им помогне, барем тој ден да ги оттргнат мислите од потешкотиите со кои тие, нивните пријатели, семејства и околината се соочуваат, а воедно и ќе размислуваат позрело и ќе можат во иднина да носат подобри и поздрави одлуки.

 

Според извештаите од Заводот за статистика гледаме дека Ромките иако во помал број се запишуваат на факултет, тие дипломираат во повисок процент од студентите Роми. Зошто сметаш дека е ова вака и во која насока треба да се движат мерките кои би стимулирале поголема вклученост на Ромките во високото образование?

 

Во последниве 10тина година кај младите Роми постои тренд на запишување во високо образовните институции и бројките на запишани Роми секоја година се движат од 250 до 300 запишани студенти Роми. Секоја година дипломираат околу 40тина студенти и половина од нив се девојки што е позитивен пример и уривање на стереотипите и предрасудит дњка е ромите не се образуваат, авторо, дека девојките Ромки се мажат рано. Напротив, тие вложуваат во себе и своето образование, се осигуруваат дека ќе имаат добра иднина и дека ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Јас мислам дека веќе е време да почнеме да ги менуваме наративите, бројките се можеби мали, меѓутоа значајни, со оглед на фактот дека секоја година сè повеќе и повеќе млади Роми и Ромки се запишуваат на универзитетите, дипломираат и со самото тоа допринесуваат за македонското општество, за својот народ, меѓутоа и стануваат еднакви со другите дипломирани неРоми и се исто толку конкурентни и квалитетни на пазарот на трудот како и припадниците и припадничките од останатите етникуми.
Треба да се престане со онаа историска слика дека Ромите, особено Ромките, не се едуцирани, не се работливи, не се професионалци, напротив, тие се веќе доволно еманципирани, ситуирани и работоспособни за придонес во нашето општество. Потоа, да се отворат повеќе работни позиции за нас и да ни се укаже доверба, можност и простор за докажување на нашата експертиза. Трето, менување на негативните наративи преку консултирање на образовани Роми во процесите на носење политики и закони коишто ги засегаат Ромите.

 

Од неодамна си и претседателка на Здружението на жени ромки ,,Лачо Диве’’. Која е насоката во која би сакала ти и твојот тим на соработнички да се движите во иднина со активностите во рамките на здружението? Како би можеле и младите да се вклучат и да придонесат кон нивната заедница?

 

Здружението на жени Ромки „Лачо Диве“ што на ромски јазик значи “убав ден“, е нова, свежа и инклузивна организација којашто ќе ги вклучува младите жени и девојки Ромки, меѓутоа и девојки и жени од останатите етникуми во нашата држава, бидејќи јас верувам дека со мешање, запознавање одблизу на културата, традицијата и вредностите на сите што се поразлични од нас, можеме да постигнеме некојси еквилибриум и конечно уривање на бариерите, подобрување на односите и комуникацијата со другите етникуми и воспоставување на стабилни столбови за понатамошна соработка.
„Лачо Диве“ ќе работи на подобрување на добробитта и состојбата на жената и девојката Ромка, нивна економска стабилност и ќе организира група од жени и девојки коишто ќе бидат подготвени, мотивирани, информирани, едуцирани и решени за промени на нивната состојба и барање начини за нивно подобрување и нудење на соодветни решенија.

 

Годинава беше номинирана и за WOW награда, меѓудругото и за твојата работа со деца и млади во образованието како наставничка по англиски јазик, а беше дел и од проектот за описменување на жените Ромки. Со ваквиот темелен увид во просвета, како може образовниот процес да се адаптира кон потребите на оваа група на граѓанки, кои се помеѓу малцинствата со највисока стапка на невработеност?

 

Има простор и можности за подобрување на состојбата на Ромите во нашата држава, бидејќи има семејства коишто едвај обезбедуваат основни средства за егзистенција и се заборавени од нашата држава. Меѓутоа од друга страна, имаме сè повеќе образовани Роми коишто се професионалци во своите области, но, не им се нудат доволно можности за вработување и нивно докажување. Нешто што треба да се промени е делот на вработувања на млади кадри од коишто нашата држава и тоа како има потреба, а верувам истите тие ќе можат да допринесат со своите идеи, иновативност, образование, експертиза и поинаков поглед на работите.

 

 

Пред повеќе од два месеца, јавноста беше сведок на дискриминирачкиот и неправедниот третман кон Сирхан Усеин од страна на ЈСП контролори. Но, дискиминаторскиот однос и вербалното насилство им е добро познато и на жените од етничките малцинства, кое неретко е и родово-базирано насилство. Колку се младите Роми и Ромки подготвени да се справат со вакви настани и кои организации/институции стојат позади нив?

 

Случајот со мојот пријател Сирхан, беше само дел од многуте дискриминаторски пракси кои се случуваат често во нашата држава и тој, како и сите ние негови пријатели, поддржувачи и припадници од најразлични невладини организации и институции, одлучивме да покажеме незадоволство со организирање на протест пред ЈСП и барање за соодветно решавање на ситуацијата и преземање мерки.
Сите ние, без разлика од која етничка зааедница доаѓаме, не смееме да замижиме пред дискриминаторски однос и лишување од нашите права, туку напротив, треба да преземеме соодветни мерки и дејствија за нивно решавање и елиминирање. Многу од нашите невладини организации се борат со ваквите појави, меѓутоа треба и институциите истите случаи да ги препознаваат како проблем, навремено да ги детектираат и да изнајдат инстантни мерки, солуции и да ги елиминираат и спречат идни несакани појави.

 

 

Голем број на Ромки борки и активистки се секоја година на Маршот за женски права. Како ти ги гледаш Ромките како дел од тековниот феминистички дискурс и култура? Дали македонскиот феминизам е доволно инклузивен кон нив?

 

РСМ воглавно е патријархална држава во која претежно доминираат мажите, а состојбата на жената и без поделби на етникуми е сè уште на незадоволително ниво. Истата верувам дека наскоро ќе почне да се подобрува со оглед на тоа дека веќе имаме многу организации коишто се борат за правата на женскиот род, меѓу кои сум и јас и се надевам дека ќе се избориме за подобра наша иднина, вработување, економска еднаквост и безбедност.
Друга препрека, којашто ја забележувам е тоа што во однос на феминизмот кај Ромките, од страна на дел од властите и организациите, преголемо значење и се дава на културата и традицијата и со тоа се оправдува понекогаш дискриминацијата. Време е да престане тоа гледање низ призмата на традицијата. Работите и тоа како се менуваат кон подобро, а традицијата не треба да се користи како оружје за омаловажување и злоупотребување на правата на одредена заедница, туку треба да ни е нешто коешто ќе нè потсетува на различностите, меѓутоа и нивно почитување, разбирање и негување.
Можам да заклучам дека има простор и за жената Ромка, според тоа што со самото регистрирање на Здружението на жени Ромки „Лачо Диве“, добив голема медиумска поддршка од неколку портали, интернет медиуми и традиционални медиуми и ми беше дадена можност да се претставам себеси и мојата организација и за тоа сум навистина благодарна. Бев контактирана и од други македонски женски организациии како што е Tiiiit! Inc. чиешто што раководство навистина е прекрасно, отворено за соработка, без никакви стереотипи и предрасуди и жени коишто се борат за подобро утре, не само на припадничките од своите етникуми.
Јас искрено верувам дека има можност за напредок, меѓутоа луѓето треба да се отворени за соработка, да сакаат да научат нешто ново за сите оние коишто навидум ги перцепираат за поразлични од нив, да бидат инклузивни и да се обидат да го исклучат мајндсетот од негативни перцепции и дикриминаторски однос и пристап. Ако сакаме соживот, треба да бидеме подготвени да го прифатиме истиот без предрасуди. Не плашете се да отворате порти на нови луѓе, бидејќи никогаш не можете да знаете кој понатаму во текот на животот ќе ви биде потребен и ќе ви биде пријател!

 

 

Според тебе, кои се најзначајните исчекори на глобално ниво кога станува збор за Ромките и нивните права и што можеме ние да научиме од тие искуства?

 

Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
Јас, како млада активистка за правата на мојата заедница, особено за правата на девојката Ромка, и секако како професионалец од областа на воспитно-образовниот процес, верувам дека со нудење на поголем простор, овозможување на поголеми вработувања и наше консултирање, можеме да ја подобриме состојбата на Ромската заедница и конечно да им помогнеме на оние семејства коишто се заборавени од системот, да им овоможиме соодветни услови за живот.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • April 20, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Партнерското насилство во квир врските  
Кон Куќата од соништата на Кармен Марија Мачадо.
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram