Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.

Првите неколку месеци од пандемијата времето го поминувавме како изолираните хероини од сказните – Пепелашки и Снежани оптеретени од социјални и економски прашања предат, месат леб, чистат или се чешлаат пред огледало затворени во своите куќички – сосема исклучени од животот што сме го познавале, додека надвор грижата за заедницата и товарот од здравствената криза паѓаше на медицинските лица, касиер(к)ите и комуналните хигиеничари/ки.

По едно долго колективно учење како се меси леб, обидувајќи се продуктивно да го искористиме времето надвор од рамките на социумот, сите се препуштивме на едно лагодно меѓучовечко решение: ништо не мора да се прави затоа што надвор секако беснее една невидлива ирационална сила.

Не требаше долго пред секоја можна институција да нè изневери или да придонесе за општата анксиозност. Социјалната, класната и родовата неправда уште толку испарија на површина, како и ароганцијата и небрежноста на луѓето на позиција на моќ во време на општа криза, а црквата уште во првиот месец го достигна врвот на својата хипокризија. Луѓето кои патеа по старото нормално, по некое време сфатија дека „нормалното“ е зло кое чекало токму ваква шанса, како пандемијата, да си ги покаже забите и дека сите треба да се чуваме од нормалната црква и од нормалната просечна институција. Пред вакцинацијата, кога видовме дека нормалното е акт и лицемерие, се прашувавме – кој ќе го спаси светот?

Во акционите филмови најчесто сме навикнати да гледаме како ликови на изнасилени алфа-мажи го спасуваат светот од потенцијална катастрофа (предизвикана од друг, машки антагонист), со помош на екстремна физичка сила, високотехнолошки играчки и скапи мисии придружувани од згодни женски како sidekicks, помошнички и негувателки или понекогаш, пак, само како убави придружнички. Но, кога се работи за филмови со постапокалиптична содржина, се чини дека главни ликови најчесто се жените. Женските ликови од поп-културата, во новите блокбастери, како на пример Сандра Булок во „Bird Box“ (2018) или Емили Блант во „A Quiet Place“ (2018), како и хероината од адаптацијата на книгата од Маргарет Атвуд – серијалот „The Handmaid’s Tale“, се борат со она што не смее да се види и она што не смее да се слушне.

Ако ликовите на хероите се борат со некоја конкретна материјална закана, хероините се борат со невидливото, односно гледаме ликови на жени како опстојуваат во време на безмилосни и тешко сфатливи сценарија, без разлика дали се работи за измислени чудовишта кои не смеат да се видат/слушнат или за дистописки режим. Во филмовите со постапокалиптични содржини жените не го спасуваат светот (светот веќе е уништен), туку се борат да преживеат во него со издржливост, интуиција, борба и носење правилни одлуки. Се чини дека претчувството и силното чувство за неправда е нивното најсилно оружје. Д-р Клариса Пинкола во „Жените кои трчаат со волците“ („Woman Who Run With the Wolves,“ Ballantine Books, New York) вели дека жените кои стануваат социјално, политички или културолошки свесни честопати откриваат дека треба да се справат со колективниот бес, бес што се провлекува низ нив одново и одново, и дека сосема е здраво овој гнев да се канализира во изнаоѓање начини како да се предизвика корисна промена, наместо да се неутрализира гневот за да не се чувствува ништо.

Ако ги земеме предвид сите овие културни референци и силното чувство за неправда, жените како да се тренирани за ова несигурно време, кога пандемијата за нас претставува само уште една нова непредвидлива сила.
Хероините во овие филмови не го спасуваат светот;, нивната задача е да ги зачуваат најблиските, семејството, децата, заедницата. Тие се претставени како чуварки на домот. Шарлиз Терон, зборувајќи за својот лик Фуриоза во „Mad Max: Fury Road“ (2015), вели дека во постапокалиптичен свет, жените би преживеале. Фуриоза се разликува од останатите ликови на заробени жени во филмот, што значи дека единствен начин да не биде потчинета оваа жена е да биде вооружена? Но, и на Фуриоза главна движечка сила во филмот ѝ е домот, или меморијата за домот, како оаза во апокалиптичниот пустош. Главната мисија се води околу враќањето назад, во родното место.

Домот игра важна улога во филмовите со постапокалиптични теми. Домот игра важна улога и во време на пандемијата, кога од нас се бара да се жртвуваме и да останеме во него, со цел да го заштитиме колективот. Ако ја продолжиме паралелата со хероините од сказните, ќе заклучиме дека и Пепелашка се жртвува за на крај да доживее трансформација. Патријахалната идеја дека саможртвувањето, домашната работа и одговорноста се услов за добра девојка која треба да стане жена е вкодирана уште во сказната. Наспроти Снежана, Пепелашка и Рапанзел кои мора да се жртвуваат за мажачка како социјализирачко средство, нашето саможртвување е за здравјето на општеството и домот. Ова време на изолација многумина од нас го сфативме како потенцијал за лична иницијација или можност од сето ова да излеземе подобри за нас и за заедницата. Во овие времиња важно е да се зачува менталното и физичко здравје, грижата за локалното, малите гестови на љубезност и добрососедство… како што нè учат и хероините од постапокалитичните филмови. Ова саможртвување треба да го сфатиме како шанса за колективно растење, но и простор да се испита што значи „нормалното“ и колку всушност сме биле оштетени од него.

По една година пандемија останува „сето ова народот да го позлати,“ како и во секое сценарио каде се очекува институциите да ја вршат својата работа. Грижата, сепак, останува на оние кои се грижат. Во постапокалиптичните филмови визијата за глобалното пропаѓа, херојот не може повеќе да го спасува светот затоа што е дисконектиран од него. Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината, како и на милиони жени низ светот со најесенцијалните професии во време на пандемијата. Губењето верба во институцијата носи ново време, нова ера на реобмислување на општественото уредување и навраќање околу домашното „огниште“. Мора да следи ревизирање на цел систем навики, конфронтација на идеи и рефлектирање на траумата што заеднички ја минуваме. И затоа што не сме сигурни дека ова можеме да го очекуваме од институциите, инсистирањето за промена треба да го бараме во нас.

Помина една година борба со непознатото, дојде и втората пролет во пандемија. Оваа пролет можеби нема да нè спаси, но се надевам дека на сите ќе ни ја даде потребната сила, нега и љубезност за да бидеме тука за себе, како и еден за друг.

НАПИШАНО ОД:
  • Кристина Атанасова
  • May 11, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram