Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.

Најлошиот можен исход полека станува реалност: според протечената нацрт-одлука од Политико, мнозинството во Американскиот врховен суд гласало за укинување на преседанот „Ро против Вејд“ од 1973, заедно со сестринската одлука „Планирано родителство против Кејси“ од 1992. Ако се усвои оваа значајна пресуда во јуни, абортусот автоматски би станал нелегален во околу 26 држави.

Нацрт-одлуката, напишана од Самуел Алито, најжестоко омразениот член на конзервативното крило на судот, ќе го поништи 50-годишниот преседан и значајната пресуда што длабоко ги обликуваше правната доктрина и популарните сфаќања за законот. Со тоа, жените ќе станат заробенички на сопствените тела и на идеите на мажите за улогата на тие тела. Ќе ја направи нашата земја послаба, посурова, поглупава и помалку енергична.

Пред судот да ги сослуша усните аргументи во случајот Добс против Џексон, случај што бараше да се оспори законот на Мисисипи кој забранува абортус по 15-та гестациска недела, некои судски набљудувачи – главно мажи – предвидуваа дека овој исход (укинувањето на „Ро против Вејд“) е малку веројатен. Чешајќи се за брадата, тие велеа дека номинираните судии како Ејми Кони Берет или Нејл Горсух се умерени во ставовите (и двајцата се имаат потпишано на нацрт-одлуката) и дека инкременталните импулси на главниот судија Џон Робертс ќе ги ублажат страстите на неговите колеги од кои повеќето се мизогинисти.

Во меѓувреме, феминистките беа попроникливи во своите предвидувања за посветеноста на десницата кон сексизмот и разбирањето на импликациите врз другите области на законот во свет без „Ро“.

Но по усните расправии на 1 декември, дури и оние експерти кои беа најпосветени на својата изведба на софистицирана смиреност беа принудени да признаат дека не постои сомнеж околу исходот. Сослушувањето, чие аудио беше пренесувано во живо, се претвори во карневал на заблуди и хипотези и безпредметно инсистирање на тривијалноста на преседанот.

Ејми Кони Берет дури отиде до таму да праша зошто на жените им е потребен абортусот сега кога законите за „безбедно засолниште“ им дозволуваат на новите мајки да ги предадат новороденчињата без да бидат уапсени. Сослушувањето се претвори во шега, фестивал на мизогинија, несериозна правна формалност за легитимирање на однапред одлучен исход. „Ро“ ќе биде укинат.

На некој начин, протечената одлука не ни кажа ништо ново: ова се последните денови на репродуктивната слобода во Америка, а повеќето држави наскоро целосно ќе го забранат абортусот или толку ќе го ограничат што тоа ќе го направи речиси недостапен. Но, нацрт-одлуката на Алито сепак го претставува најомразениот максималистички пристап за кој судот е способен.

Одлуката не само што ги укинува Ро и Кејси, туку изразува целосен презир кон идејата дека уставот ја штити телесната автономија на жените. Таа артикулира ригидна и непроменлива визија за индивидуалните права, визија во која судот ќе ги признае само оние слободи со силен историски преседан, кои се експлицитно набројани во текстот на уставот.

Доколку ова толкување се истера до крај, би искоренило многу други права на Американците меѓу кои и правото на контрацепција, правото на геј бракови и декриминализација на геј сексот. Реакционерите на судот нема да застанат со ставање крај на легалниот абортус. Нивната цел е да ги повредат, казнат и стеснат животите на Американците на многу посурови и инвентивни начини.

Можната ненадејна забрана на абортусот во најголемиот број држави во јуни понатаму ќе создаде нови легални нагазни мини кои брзо ќе ги нагризат останатите индивидуални права. Кога жените ќе почнат да ги минуваат границите за да ја извршат процедурата, црвено-обоените држави ќе се обидат да го ограничат меѓудржавното патување. Кога активистите ќе почнат да испраќаат апчиња за абортус преку пошта, агресивните претреси и запленувања на пакети и лични работи ќе зачестат.

Кога жените ќе почнат да наоѓаат начини како да ја прекинат својата бременост, многу од нив ќе заработат кривични пријави, а некои од нив ќе бидат и осудени. Кога лекарите ќе се соочуваат со пациентки со компликации во бременоста кои се опасни по живот, многумина од нив нема да знаат што им е законски дозволено и од страв ќе ги остават своите пациенти да умрат. Некои од оние кои ќе го направат другиот избор и ќе им помогнат на своите пациентки да живеат, ќе бидат уапсени.

Сето ова ќе создаде правни преседани кои ја нагризуваат американската слобода, правејќи го животот помачен, побрутален и помалку безбеден.

Постојат начини како да се бориме. Се разбира, настрана правните пресуди, Американките не го уживаат своето морално право да ги контролираат своите тела од Американскиот врховен суд; го уживаат од своето човечко достоинство. Многу од нив ќе бараат начин и ќе извршат абортус, му годело тоа на Судот или не, во согласност со овој повисок, поблагороден закон. Други ќе донираат во фондовите за абортус на кои ќе им биде очајно потребна поддршка бидејќи трошоците и побарувачката ќе растат. Трети, пак, ќе го шират зборот за организации како што е „Aid Access“, која испраќа апчиња за абортус до жените во САД од странство.

Некои ќе ги повикаат своите сенатори и ќе побараат од Американскиот сенат да го искористи овој момент на народен бес за да ја укине опструкцијата и да го донесе Законот за заштита на здравјето на жените пред да згасне моментот и да биде предоцна. А некои ќе ги повикаат своите државни претставници и ќе побараат да ги донесат најагресивните можни закони за право на избор, во пресрет на она што допрва доаѓа.

Но, ништо од ова не го менува фактот дека укинувањето на Ро ќе има неподнослива човечка цена. За абортусот толку често се зборува како за политичко прашање со „висок влог“ или „жешко копче“, па лесно е да се изгуби од вид основното достоинство што ова право им го дава на жените и на останатите. Државата да присили некоја личност да биде бремена не е исто со тоа да ја принуди да плаќа данок. Настанот не се одвива во судница или на лист хартија; се одвива внатре во нејзиното тело.

Се појавува прашањето дали половина од земјата ќе има контрола врз сопствената внатрешност или владата ќе биде толку злобна што ќе ја истера својата визија за родов конформитет дури и во органите на своите граѓани. Се појавува прашањето дали Американците ќе можат достоинствено и слободно да го изберат своето семејство, да го одржуваат сопственото здравје и да го обликуваат текот на сопствениот живот – или таа слобода ќе биде задржана врз основа на нивниот пол.

Некои покренаа сомневања за тоа дали Америка може да се нарече демократија, сега кога моќта на креирање политики во голема мера во рацете на неизбраните судови – чии одлуки, како оваа, се толку радикално неусогласени со и рамнодушни кон јавното мислење. Но, исто така вреди да се запрашаме дали некоја земја може да се нарече демократија ако не го штити правото на абортус.

Со тоа што го прави абортусот незаконски, судот наметнува правен статус кој е толку суров, толку личен и кој толку го менува животот на половина од своето население, што оние кои се предмет на ова наметнување не можат да се наречат слободни. Дали постои посуштински услов на демократското граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело? Можеме ли да се нарекуваме слободна земја без тоа?

Извор: Мојра Донеган за The Guardian

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • May 5, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram