Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина

WAP или “Wet ass pussy” e песната на која најверојатно последно имавте настап по дома или пак го бинџавте спотот во кој Cardi B и Megan Thee Stallion очигледно уживаат рапувајќи го експлицитиот текст, облечени од глава до пети во сите можни варијатни на животински принт. Спотот беше прегледан 26, 6 милиони пати на YouTube, правејќи историја во доменот на женски музички соработки.

Ако не спаѓате во групата на луѓе што паѓаат на ваков тип на песни и треш естетка, тогаш веројатно сте ја слушнале оваа песна на некоја топ-листа на радио. Или можеби не?

Многу радио станици низ светот решаваат да не ја пуштаат „контроверзната“ песна, а нашата земја не заостанува зад тој тренд. Конзервативците како Бен Шапиро ја мразат песнава од дното на своја душа, некои религиозни фанатици советуваат капнување на света вода во уши по преслушување, заштитниците на добриот и високиот вкус велат дека песната е едноставно лоша и кич, а наводно Carolе Baskin од Tiger King го осудува користењето на диви мачки во спотот.

Лично, не сметам дека WAP е врно музичко дело (иако не можам да престанам да се движам кога и да ја слушам), ниту дека е пионир во славењето на женката сексуалност во поп и рап музика (за тоа повеќе би ја прејзнала Миси), но секако им симнувам капа на Карди и Меган за бескомпромисната презентација, преземањето на класични објективизирачки наративи во свои раце, и генерално општо газење во музичката индустрија. Секако, откако ми беше посочен фактот дека песнава на некој начин се цензурира од страна на популарни радио станици, WAP ми стана уште поинтересна и подрага.

WAP е приказна за една жена (секоја жена?) која многу, многу го сака сексот и преку мошне креативни метафори, компарации и хиперболи ја слави своја влажна вагина. Дали текстот е експлицитен? Да. Дали тоа е доста нормална појава во рап и хип-хоп музиката? Дупло да. Хипокритичната осуда која ја добива оваа песна прелесно нè наведува кон заклучокот дека се работи за дупли стандарди, односно дека вистинскиот проблем не е експлицитниот текст, туку експлицитниот текст кој излегува од уста на жена и тоа уста која зборува за ништо друго освен сопственото сексуално задоволство. Раперките успеаваат да ги искористат опресивните коментари кои се користат против нив (You think I’m a whore? Watch this), а потоа ги дисекцираат во кратки секс-позитивни фрази и „реупотребуваат“ во своја полза. (Кога зборот „курва“ веќе не е навреда, тогаш како ќе продолжи контролата и дисциплирањето на женските тела?).

Тоа го прават толку добро, што буквално го бришат подот со сите кои мислат дека има нешто безобразно и забрането во врска со вагиналната лубрикација, која е најприроден одговор на сексуална возбуда. Опасен терен? Реакциите велат да.

Антена 5 Радио е една од радио станиците кои се приклучува на бранот на „отфрлање“ на оваа песна од своите листи под изговорот за етички стандарди и добар вкус; односно бидејќи песната не се вклопува во нивните програмски определби. Fair enough. Но, веќе кога зборуваме за добар вкус и вулгарности , она што е интересно е што овој тип на популарни радио станици (и конкретно оваа радио станица) не наоѓаат ништо проблематично во слични песни од машки изведувачи, како на пример Swalla од Jason Derulo, каде се опејува голтање на сперма при орален секс, или пак, песните Whisle од Flo Rida или Candy Shop од 50 Cent (не мора да навлегувам во нивните стихови кои се еднакво експлицитни колку и WAP). Верувам дека листата на рап песни од машки изведувачи кои имаат сексуални референци и најчесто го објективизираат женското тело и сексуалност, а притоа биле пуштани на радио е ужасно долга, па ова е само еден мал и симпатичен потсетник на некои од нив.

Дуплите стандарди се толку провидни и очигледни, што станува досадно да се пишува за нив. Меѓутоа, овој пример толку гласно зборува за постоечкиот проблем со жени кои на ниеден начин не се вклопуваат во однапред зададените идентитетски кутии, што човек не може да остане без коментар. Може да бидеш позната раперка ако рапуваш за штикли. Ако го користиш и преработиш јазикот кој цел живот се користи против тебе, е, тогаш имаме проблем и не те пуштаме на радио. За наша среќа, Cardi couldn’t care less.

Настрана овој очигледен аргумент, постојат и други перспективи кои треба да нè натераат да ја слушаме WAP на најјако. Колку пати сте биле притиснати кон пенетративен секс пребрзо? Верувам многу пати. Имање “секс на суво“, за жал, е многу честа пракса со оглед на тоа што на многу жени им е потребно повеќе време за достигнување на потребната влажност за пенетрацијата да биде пријатно искуство за сите партнери. Она што го прави оваа песна е практично ставање на влажната вагина на пиедестал. И со право. Сексуалните искуства не треба да биде суви и болни (освен кога болката не е консензуален дел од сексот), туку телата треба да се соодветно подготвени. Кај жените, таа подготвеност подразбира одреден степен на природна лубрикација, или во други случаи користење на лубрикант.

Она што дополнително е проблематично во цензурирањето на WAP е и историската позадина на патријархалните митови поврзани со конкретната тема. Вагиналната влажност, особено за време на секс, долги години била неосновано сметана како знак за претходна сексуална активност, со импликација на промискуитентност.

Ваквите и други псеудо-медицински верувања се одржуваат во живот и ден денеска, па не ни треба да нè чуди што денес повеќе од било кога таканаречените женски хигиенски пракси и продукти кои сувоста на вагината (која се уште се поврзува со девственост), грешно ја поврзуваат со чистота, се попопуларни од било кога.

Баш поради овие причини генекологот Џен Хантер вели дека била пресреќна кога ја слушнала WAP. Таа вели дека еден од митовите со кои се бори секојдневно е идејата дека има нешто проблематично или грешно со женската лубрикација. Стравот од влажната вагина, вели таа, преминува култури, религии, земји и временски доби, а стигмата е толку силна, што бројот на жени кои мислат дека нешто не е во ред со нивната вагина поради „количината„ на лубрикација која ја произведува воопшто не е за потценување.

Од оваа перспектива, за многу луѓе (меѓу кои и докторката Џен), песната WAP е многу повеќе од рандом хит, туку е нова културна референца за еден многу нормален телесен процес (без кој практично сексот за жената е невозможен и/или болен процес), кој сè уште се дожувува како проблематичен, срамен или безобразен. Песната секако нема да ја занемари потребата од сексуално обрзование или ќе ја намали продажбата на продукти кои предизвикуваат вагинална сувост, но ако ништо друго, барем пораката дека вагиналната влажност е супер работа ќе стигне до илјадници и илјадници жени.

Очигледно и за оние на другата страна ова не е само рандом хит, туку е поле за мерење гениталии (пробувам да не бидам вулгарна). Нападите против Карди и Меган иако се класични и очекувани, повторно го потврдуваат општествениот став и страв од жена која својата сексуалност ја држи цврсто во сопствените раце. Тоа во што јас искрeно уживам, е што не постои ниту една сексистичка навреда која овие раперки не можат да ја земат, разобличат и искористат против оние од кои доаѓа, и искрено, едвај чекам да го направат баш тоа во следниот хит.

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • September 22, 2020
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Синдромот на дифолт родител
Или со други зборови “Детето си бара мајка”
  • Од Симона Симјаноска Ивановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram