Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.

Да се пишува и зборува за Атиџе не е нешто ново. Тоа се прави речиси цела година наназад, а веројатно, како што тргнале работите, ќе продолжи и понатаму (две номинации за Оскар!). Обично избегнувам да пишувам и зборувам за нешто кое веќе има доволно публицитет (не знам, можеби мислам дека сум прекул :)). Хероината на „Медена земја“ ми е исклучокот.

Атиџе е жолта боја. Таа е автентична и секогаш расположена, топла и распеана, таа е медената еко – свест која нè размрда, жената во која се заљубив уште од првиот момент кога ја видов. И како човек да не биде целосно обземен од нејзината појава?

Крајот на летото е период обележан од Македокс, a oваа година, Македокс беше обележан од „Медена земја“. Македонската премиера на филмот за чиј успех со месеци наназад се слушаше. По природен тек на нештата, редот беше да се појде на премиера, во Куршумли Ан, со цела фамилија, дотерани, насмеани, возбудени… Во дворот на Куршумли беа, фала богу, сите луѓе кои ги познавам. Сите знаат што се случува, дека конечно филмот пристигнува дома заедно со големите умови зад камерата, но пред сè, со ѕвездата, the myth, the legend – Атиџе. Владее општ хаос и исчекување. Се сместивме позади, бидејќи, што е за право, доста доцна дојдовме, така што беше успех што воопшто фативме место (фала им на преслатките волонтери). За некои десетина минути по нашето сместување, магијата започна. Текстов не е рецензија за филмот, но буката која тој ја предизвикува е гласна со причина. Тамара Котевска, Љубомир Стефанов и целиот тим создадоа ремек – дело, кое за среќа го добива вниманието кое го заслужува, а заслужува и повеќе. Меѓутоа, во центарот на вниманието е жената која нè натера да си кажеме: „еј, како е можно да постои ваков човек?!“, и токму таа сега се појавува пред сите нас, префраерка, во жолти шалвари. Следува дискусијата со тимот кој работел на документарецот, а неколку прашања се упатени и кон Атиџе. Одговорите не ги памтам, но памтам како јас и цела публика заеднички се топевме на секој нејзин збор. На оваа жена пред нас како буквално да ѝ течеше мед од уста (pun intended)!

 

Фотографија: Македокс 2019

 

Сите остануваме во Куршумли на концертче на Фолтин, кои патем се композитори на музиката во филмот. Фолтин ми се омилен бенд и нивните песни се првите кои ги памтам од најраното детство, така што, прв ред си имав загарантирано на самата себеси. Баш кога ќе си рече човек дека работите не можат да станат подобри, се појавува Атиџе до мене во прв ред. Ало! Почнува да игра и се гледа дека апсолутно ужива во моментот. Сите ние околу нејзе видно полудуваме, а глумиме кул и продолжуваме да играме, секако, вклучувајќи ја и нејзе во тој круг кој случајно се формира. По отприлика две песни, Фолтин ја качуваат на сцена. Таа продолжува со нејзините генијални движења и одеднаш почнува да пее. Во публика – хистерија, сите сфаќаат дека во тој момент се дел од некоја магија. И тоа е тоа. Друго и не може да се каже. Дојдов дома и заклучив дека некои луѓе се нешто друго. Нешто за кое зборовите не кажуваат ништо.

Еве ме, повеќе од четири месеци по среќавањето со Атиџе, сè уште сум обземена од нејзината појава. И не само јас, и не само оние кои го гледале филмот, и не само Сара Џесика Паркер, туку целиот свет. Затоа што станува збор за жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, посветеноста кон сето она кое го прави, не се заборава вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд. Атиџе е икона на дваесет и првиот век затоа што е борец за баланс, како во еко – системот, така и во секојдневниот живот. А мене, сè што ми останува да кажам е дека еднаш имам играно на Фолтин со Атиџе!

НАПИШАНО ОД:
  • Калина Качоровска
  • Калина Качoровска
  • January 14, 2020
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram