Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
Ирена Цветковиќ

 

 

Март е вистинска оддишка, март е вистинско алиби. Можете цела година да заборавите дека жените постојат, имаат глас, имаат идеи, проблеми и прашања, ама околу 8 Март, во две попладниња и три вечерни термини на медиумите ќе дознаете нешто. Ќе дознаете дека има жени кои се успешни, кои заработуваат одлично, жени кои се убави, реализирани приватно и професионално. Челични дами, би рекол премиерот.

Па така, и во оние денови кога можеме да се потсетиме и замислиме за борбата против угнетувањето на жените, ние почнуваме да го славиме капиталистичкиот сон на успешност. Жалам што носам лоши вести, но успешноста на жените во едно општество како нашето, успешноста на оние неколку привилегирани жени не е баш за славење. 8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните. Од здружувањето на суфражетките со црните активисти за правото на глас, преку поддршката на феминистките кон луѓето со ХИВ во текот на епидемијата, па сѐ до силните врски на женските движења со пацифистичките, секогаш женскиот политички глас на отпор бил гласот на неуспешните и обесправените.

Затоа, јавната и медиумска сфера во овие денови нема потреба од истите наративи на богатите претриемачки, високо профилираните политичарки, успешните семејни жени. Тие наративи ги голтаме секој ден. Барем на овој ден, дајте им глас на оние кои таа привилегија никогаш ја немале. Овие жени ќе ви раскажат приказни на кои нема љубезно да се смешкате. Овие жени ќе ви ја манифестираат сета неправда испишана низ нивните животи, во нивните души и низ нивните тела.

8 Март е за сиромашните жени. За оние жени кои ги чуваат децата на успешните, ги средуваат нивните домови, ги пеглаат нивните кошули за состаноци. Оние чиј труд е непрепознаен, оние кои го немаат статусот ниту на работнички, оние без здравствено и социјално, они кои подобро да не ја дочекаат својата пензија. Денес е ден на работничките. Оние кои се вработени и сиромашни. Оние кои шијат облека за извоз во државите на успешните. Оние кои ја одржуваат хигиената и сјајот на објектите на успешните. Оние кои го минуваат животниот век служејќи ги успешните. Не се овие жени од челик, не сме повеќето жени од челик. Се виткаме и кршиме затоа што притисокот е пресилен.

8 Март не е ден на мајките. 8 Март не е ден само на оние жени кои ја испишале својата животна бајка на темелите на среќни семејства. Денес е ден на самохраните мајки, на слободните жени, на оние кои ги нарекувате стари моми, на вдовиците, на лезбејките. Оние жени кои ќе ви го покажат вистинското лице на митот за „жените кои се реализирале успешно и на приватен и на професионален план“. Оние самохрани мајки кои со денови молат низ фејсбук групи за врски за да ги запишат своите деца во градинка како би можеле да почнат да си бараат вработување. Оние кои ги гледате или со сожалување небаре се фалични, или со гадење небаре се чудовишта. Оние кои ги натоваривте со срам и себепрезир. Слушнете ги, барем денес, нив наместо успешните челични дами. Барем денес.

Денот на жените е и денот на жените без образование, без дипломи, без препознаени кариери. Чујте ги нивните приказни наместо оние на експертите. Во нив има доволно мудрост и животна искреност колку и во сите студии, статистики, истражувања.

Конечно, 8 Март е за сите кои ги сметате за „недоволно жени“. 8 Март е за сексуалните работнички, трансродовите жени, зависничките, бездомничките, за сите оние кои преживуваат во овој свет за да можат успешните да ја задоволат својата алчност. Да живеат неуспешните жени!

 

 

 

Извор: Пина 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 8, 2023
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто мајчинството носи неосновано чувство на вина?
Притисокот да се достигнат нереални мајчински идеали води кон себе-обвинување и срам кај мајките
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (прв дел)
Првиот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој нè запознава со некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За похумана разделба
Секоја загуба немилосрдно нѐ фрла во бездна. Но, секоја загуба создава и замислени заедници.
  • Од Јелена Никодиноска Чаповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уништуваме прекрасни машки пријателства: Лукас Донт за „Блиску“
Не сме навикнати да сведочиме на нежни моменти меѓу момчиња а тие да не бидат сексуализирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram