Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“

Џудит Луис Херман во својата темелна книга „Траума и закрепнување“* детално ги изложува механизмите на настанување и манифестирање на трауматските пореметувања кај жртвите на родово насилство и кај воените ветерани. Херман прави впечатлива аналогија: „хистеријата е воена невроза во војната на половите“. Имено, после 1980-ите, кога конечно бил легитимизиран концептот за пост-трауматските стрес нарушувања (PTSD), станало јасно дека психичкиот синдром препознаен кај жените кои искусиле силување, домашно физичко насилство или инцест, е во суштина ист како и синдромот кај оние што преживеале војна, судејќи по „сличностите (…) помеѓу оние кои ги преживеале големите концентрациони логори создадени од тираните што владеат со нациите и оние што ги преживеале малите, скриени концентрациони логори, создадени од тираните што владеат со своите домови“. (Херман, 13)

„Некои повреди на општествениот договор се премногу страшни за да бидат гласно кажани: токму во тоа е значењето на зборот неискажливо.“ (Херман, 12) Во широките јавни дискусии кои настануваат како реакција на обвинувањата за сексуално насилство, видлива е загрижувачката неподготвеност за емпатија со жртвите. Со страшна жестокост се одрекува постоењето на траумата, а многу постапки што жртвите ги доживуваат како застрашувачко насилство многумина не ги сметаат како такви.

Кога траумата е резултат на некаква природна катастрофа тогаш моралната позиција на набљудувачот е лесна – сведоците сочувствуваат со жртвата оти страшниот настан е „даден од Бога“ и неизбежен. Но, на чија страна да се застане кога трауматскиот настан е предизвикан од човекот? Во случаите на жртви на силување итно почнуваат да се редат слични прашања: „Зошто не кажала порано?“, „Што ако таа лаже и му го уништи животот на човекот?“, „Веројатно сама сакала тоа да се случи“, „Можеби била заљубена во него, а тој ја одбил“ итн.

Херман вели: „Мошне е примамливо за набљудувачот да се приклони кон страната на извршувачот. Сè што бара извршувачот е набљудувачот да не прави ништо. Тој повикува на раширената желба да не се гледа, да не се слуша и да не се зборува ништо. Жртвата, напротив, бара од набљудувачот да ја сподели тежината на болката. Жртвата бара дејствување, вклучување и помнење.“ (Херман, 20)

Барањето на извршувачот се поклопува со копнежот по блажената непроменлива состојба. Дури и кај оние кои посакуваат да ја задржат аурата на наводна објективност во проценката на ситуацијата (тука, на пример, често се вбројуваат луѓето чиј првичен рефлекс е напад спрема жртвата: „а што ако лаже, тоа треба да се докаже!“) во нивните глави итно се пали црвен аларм за стопирање на сите понатамошни чекори бидејќи, ако „редот“ се распаднал дотука, дајте барем да не продолжи да се распаѓа: да биде исто значи да биде добро.

Но, таквиот „ред“ е конструиран да биде овозможувачки за насилството, како што е вознемирувачки илустрирано во сведоштвото на Милена Радуловиќ за злоупотребата од страна на учителот по глума Мика Алексиќ: „Мика внимаваше сексуалната злоупотреба да се случи за време на час, во просторија покрај онаа каде што беа другите студенти (…) Дополнително, секогаш постоеше тоа страшно чувство дека во непосредна близина има група други деца.“

Изјавите од типот „Зошто била таму?“, „Зошто не пријавила?“, „Јас би му се спротиставила!“, „Како порано не сфатила дека е таков?“, подразбираат дека сигурно постоело нешто што жртвата требало да го види и да го направи за да го избегне насилниот чин – кога само би била попаметна, поморална, похрабра итн.
Ваквиот став сугерира потреба за себемамење за постоењето на насилство и зло во светот. Ако прифатиме дека секогаш без исклучок постои начин да се избегне насилството или злото, тоа ни го засилува чувството на сопствената сигурност, ни ја зацврстува вербата во праведноста и уреденоста на светот, допушта да веруваме дека за сите нешта постои решение, а фактот што жртвата тоа решение не го видела е лично нејзина вина – та оттаму и нејзина заслужена казна. Желба за незнаење, желба за статус кво.

Кога бев дете, на околу 11 години, на телевизија чув за случајот на Тина Тарнер, која повеќе од деценија била злоставувана од страна на нејзиниот сопруг – ја тепал, психички ја малтретирал, ја контролирал и принудувал. принудувал. Таа собрала храброст да го напушти дури после тринаесет години злоставување. Се сеќавам дека тогаш со презир размислував: „Колку слаба личност – возрасна, самостојна жена да трпи маж ѝ да ја тепа. Јас веднаш би си заминала.“ Зашто тогаш, очекувано, сум мислела дека нагонот и способноста за зачувување на сопствениот психички и физички интегритет е недвосмислен и гарантиран. Но, тогаш, на 11 години, светот сè уште ми бил совршено безбеден, црно–бел и едноставен, и не сум можела ни оддалеку да насетам колку комплексни и застрашувачки кревки суштества се луѓето. Денес ми е мило што оваа срамна помисла ми е врежана во сеќавањето, бидејќи ми помага во напорите да бидам емпатична и однатре да ги сфатам вредносниот систем и механизмите на многумина (веројатно мнозинството) возрасни луѓе кои длабоко во својот живот останале на своите инфантилни гледишта од позициите на заштитеност, неискуство и неосвестена привилегираност.

Наративот за „подобрите и попаметните девојки“ кои никогаш не би допуштиле да се најдат во ситуација на насилство (како да е тоа прашање на избор) или кои совршено успешно би се избориле со тоа (со некаков магичен зафат), е непријателска реакција и, според мене, е еден од најперфидните тригери за навраќање кон потиштеноста на траумата. Да се зборува за „подобрите и попаметните девојки“ претставува грубо дисквалификување на искуството на жртвата, барање таа да се потчини, да ќути, да се извини, тоа е девалуација на нејзините емоции, и нејзино посредно замолчување бидејќи нејзиното „лошо“ изменаџирано искуство е обезвреднето пред оние поуспешните.

Треба ли да нагласам дека вообичаено споредбата не е со ничие реално искуство туку со некаква идеализирана потенцијална ситуација на некоја идеализирана личност. Уште повеќе, ако се има предвид дека „кај силувањето целта е токму покажувањето презир спрема самостојноста и достоинството на жртвата“ (Херман, 83), ваквите дополнителните притисоци од околината кои може да ги праќаат во суштина истите пораки, придонесуваат кон повторување на траумата. Според Херман: „Најсилната одредница на психичката повреда е карактерот на самиот трауматски настан. Индивидуалните карактерни црти имаат мала важност во однос на неподносливите настани. (…) Никој не е имун на доволно силна трауматска изложеност.“ (Херман,83)

Жртвата е пред тешкиот предизвик да го изгради одново, од пепел, својот наполно срозен идентитет, а за тоа е решавачка помошта од другите. „Острата критика, но и неукото, слепо прифаќање, во голема мера ги засилуваат самообвинувањето и изолацијата на жртвата.“ Жртвата која стигнала до фазата пред најшироката јавност да зборува за своето трауматично искуство, веќе минала низ безброј дисквалификации од секаков тип. Жртвите на насилство ќе се соочат со игнорантски обвинувања дека имале мазохистички склоности, со соговорници кои ќе бидат позаинтересирани за разврзување на психологијата на извршувачот, наместо на жртвата, ќе се соочат со пријатели кои патетично ќе го изразуваат своето длабоко разочарување поради откриената слабост и „нееманципираноста“ на жртвата, со пријатели кои во суштина се желни да помогнат, но немаат идеја како, па во недостиг на волја засекогаш ја блокираат или игнорираат темата на траумата. Незанемарливи се и оние соговорници кои среќно си мислат дека нештото поминало и без грижа на совест може да се заборави.

Но, не поминува, а уште помалку се заборава. Траумата е трајно кршење на илузиите, болно скаменување на еден дел од сепството кој континуирано мора да се држи под строга контрола за да не ја завлече личноста нагло удолу. Во меѓувреме, напорите да се бара правда често подразбираат натамошно трауматизирање на жртвата поради непријателството на кое наидуваат.

На жртвите им е потребно да ја вратат контролата врз сопствената приказна. Тоа што своето искуство го споделуваат не значи дека тоа станува сопственост на слушателот, дека е во негова надлежност да одлучува колку е тоа навремено, правилно, оправдано, храбро или малодушно. Искуството на насилството засекогаш останува суштински непреносливо, никогаш доволно споделено, за жал ретко доволно разбрано. „Кога другите ќе можат да слушаат без да припишуваат вина, преживеаната ќе може (…) да постигне реален суд за своето однесување и праведно да го процени својот влог во одговорноста.“ (Херман, 104) Борбата да го „одврзе“ својот идентитет од траумата е клучната животна борба на преживеаната.

Преживеаната нема обврска да ја објавува, изложува и споделува својата траума пред да биде подготвена за тоа, пред самата да воспостави контрола врз своите емоции, наратив и идентитет. Да се принуди жртвата на тоа е сериозно психолошко насилство – макар тој процес на соочување, осознавање, прифаќање, траел со децении. Макар се одлучила никогаш пред заедницата да не проговори за тоа!

Како што не секој од набљудувачите е подготвен и волен да биде буден за заканите, да разбере, да заштитува и да пружа поддршка, така и секоја жртва нема капацитет да ја преземе на свој грб одговорноста за темелно менување на целото општество!

Бидејќи, најпосле, зарем не е тоа она што грубата и продорна јавност го очекува од жената што јавно истапува? Враќање на честа на претходните жртви и спасување на следните жртви, разоткривање на подземните од памтивек функционални механизми на системот, предизвикување на општоприфатениот систем на морал… Наместо самата јавност да се зафати со таа тешка копачка работа, таа често на актуелната жртва ѝ нуди стигматизација, понижување и исклучување. Меѓу другото, и зашто тоа е полесниот пат.

Споделувањето на трауматското искуство со другите луѓе е „предуслов за повторно воспоставување на чувството за смисла во светот“. (Херман, 107) За да се затвори трауматската реакција процесот на соочување и оплакување мора да биде докрај комплетиран. Херман истакнува дека, иако кај обичното тажење постојат бројни социјални ритуали, не постојат заеднички ритуали кога се работи за справување со трауматски настани. Со други зборови, општеството има проблем таквите настани да ги интегрира, а изолацијата е погубна за жртвите.
Затоа, кога жртва на насилство ќе ја сподели со вас својата траума, сфатете го тоа како привилегија и најмалку и најважно што можете да направите е трпеливо и долго да слушате.

 

 

 

 

Џудит Херман Луис – Траума и закрепнување (Темплум, 2000 г.)

Извор: Окно 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Фросина Крушкаровска
  • January 19, 2021
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram