Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?

Заплетот на (според мислењето на многумина) најдобрата комедија на сите времиња, „Some Like It Hot“ (1959), се одвива во Америка во времето на најголемиот колапс на капитализмот во развиениот дел на светот, во 1929 година, за време на Големата депресија (1928-39). Двајцата главни лика од оваа приказна се музичари кои бараат работа на хаотичен и распаѓачки пазар каде што нема работа. Свртувајќи се и бегајќи од мафијата, тие преку ноќ се претвораат од безнадежни бездомници во привилегирани мажи – преправени во жени, тие се вработени во патничка музичка група составена само од жени. Крос-дресингот им овозможува да се капат со жените, да ги слушаат нивните сексуални тајни, да ги гледаат додека се соблекуваат и се шминкаат, да ги живеат своите најлуди фантазии релативно безбедно, вклучително и оние кои вклучуваат уживање во сопствената сексуална травестија и женскиот идентитет. Целиот филм е пародија од полот и класниот статус, претстава во која родот и класата се одделени од телото и капиталот и се вметнуваат во жешка игра без граници, што нè тера да плачеме од смеа до ден-денес.

Основниот јазик на оваа комедија е инверзијата – се трансформира една универзално прифатливата шема на општеството, бракот и сексуалните односи, утврдени според класата и бинарната полова/родова припадност, во нејзината спротивност, при што се легитимира трансродовоста, а преку фин хумор се изложува на потсмев инаку сосема прифатливата класна структура на сексуални релации.

„Some Like It Hot“ комуницира со сите социјални слоеви, луѓе со различен родов идентитет и родови карактеристики, како и со припадници на различни култури. Сепак, на прашањето за вредноста и значењето на самата репрезентација, т.е. сликата и јазикот со кои се гради дискурсот за инаку тешко прифатлив социјален феномен, ќе се вратиме подоцна.

Едно од најинтересните прашања што вреди да се постави пред тоа е дали е ова случајна филмска врска помеѓу афирмацијата на трансродовоста и кризата на капитализмот, како и дали критиката на класниот поредок е случајна, или има посилна врска помеѓу нив во „реалниот“ живот? Дали трансформацијата на бинарниот пол во општеството е израз на кризата на капитализмот или е негов функционален производ? Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова? Колку промената во статусот на полот во општеството (во однос на традиционалните хетеронормативни општества) е суштинска и постојана? Дали ќе живееме во иднина во општество со плурален родов идентитет, или можеби во општество во кое родовиот идентитет нема да биде толку важен и конститутивен за функционирањето на општеството како што е денес, а родот ќе стане или заштитен личен податок или разреден во многу родови определби? Во процесот на брз развој на технологијата и загадувањето на планетата, дали ќе се развијат технологиите на киборгизација или биолошко подобрување на човекот во рамките на кои полот ќе остане константен, или ќе се „мутира“ во различни насоки преку технологија? Конечно, дали се вештачкото оплодување, различни видови сурогат мајчинство, хируршка промена на полот, можности за клонирање на луѓе, дел од истата социјална трансформација што во суштина води кон родова револуција и секако не се сведуваат само на прашања за дискурзивни заврзлами? Дека оваа историска промена постои е повеќе од очигледно, иако не знаеме каков ќе биде нејзиниот исход, ниту степенот на радикалност, ниту колку постојана ќе биде таа.

Во моментов ќе се задржиме само на првото од поставените прашања, а тоа е колку се рушењето и изместувањето на хетеронормативноста, компатибилни со капиталистичките критики и колку се дел од општата политичка цел на укинувањето на капитализмот и неговиот експлоатативен и класен карактер. Една од најпознатите полемики на оваа тема ја водеа Џудит Батлер (“Merely Cultural”)  и Ненси Фрејзер (“Justice Interruptus”, “Heterosexism, Misrecognition and Capitalism”). Taa полемика овде е искористена само како илустрација на проблемот, затоа што инкорпорирање на критиките на капитализмот во квир студиите денес е генерално многу пошироко поле, од една страна поради оживувањето на марксистичката критика на современиот капитализам, а од друга страна со долготрајно пресипитување на односот на марксизмот и модерниот феминизам.

Феминизмот исклучително многу ѝ должи на марксистичката теорија, како практично првата социјална теорија што ја формулира женската еманципација како конститутивен дел од критиката на капитализмот. Основата на нивното релативно несогласување е акцентот на феминистичките теоретичарки дека родот треба да се гледа и операционализира како релативно независна варијабла во однос на класата, т.е. дека политичките проекти за укинување на класната експлоатација не мора да доведат до ослободување на жените и тие мора да се третираат на посебен начин.

Многу е напишано за среќно/несреќниот „брак“ меѓу марксизмот и феминизмот, но, во приказната за овој брачен однос со појавата на квир студиите влета уште еден субверзивен партнер кој ја интензивира кризата, а чиј легитимен статус во оваа врска не е во целост јасен – нехетеронормативноста – правејќи на овој „брак“ триаголник. Тогаш, колку укинувањето на хетеронормативноста е конститутивно за револуцијата? Може ли критиката на хетеронормативноста да ја замени критиката на женската опресија и дали тие двете нешта се едно исто? Дали угнетувањето на ЛГБТК луѓето во капитализмот треба да се третира на ист начин како и угнетувањето на жените?

Полемиката помеѓу Џудит Батлер и Ненси Фрејзер се однесува токму на овие проблеми. Батлер одговара на потврдно на ова прашање, сметајќи дека хетеронормативното регулирање на друштвеноста, идентитетот и сексуалноста е основа на политичката економија, односно дека постои суштинска врска помеѓу укинувањето на капитализмот и укинувањето на хетеронормативноста. Покрај тоа, овој пристап подразбира дека не може да се зборува за постигнување еднаквост на жените без критика на хетеронормативноста. Осврнувајќи се на толкувањето на Маркс и Енгелс за семејството (Германска идеологија, Потеклото на семејството, Приватната сопственост и државата), Батлер тврди дека марксизмот всушност имплицитно воспоставува критика кон хетеронормативноста како критика на експлоатацијата и класното општество.

Од друга страна, Ненси Фрејзер смета дека видот на дискриминација што ја трпи ЛГБТК популацијата не е иста со дискриминацијата што ја трпат биолошките жени и дека двата облици на дискриминација се несводливи едни на други, така што методите на политичка борба и здружување мора да се разликуваат. Дискриминацијата врз ЛГБТК лицата се нарекува „неправда на не-препознавање“(“injustice of recognition”), а дискриминацијата врз биолошките жени е „неправда на распределбата (“injustice of distribution”).

Таа основната теоретска основа за разликување на овие две угнетувања ја лоцира во веберовата разликата меѓу статусот и класата. Хомофобијата, според Фрејзер, не се заснова врз политичката економија и поделбата на трудот, туку врз културните модели и норми кои имаат материјални последици, бидејќи дејството на интерсекционалните фактори ја комплицира социјалната позиција и ја депривира ЛГБТК популацијата. Освен тоа, посочува Фрејзер, современиот капитализам не е монолитен, како во визурата на Џудит Батлер, и во еден дел е компатибилен со нарушувањето на хетеронормативноста, што му користи како алатка за сопствено зајакнување. Така, критиката на хетеронормативноста не е нужно поврзана со критиката на капитализмот и не овозможува исти политички решенија за различни родови групи.

Иако и двете страни остануваат недоволно одредени и јасни во однос на клучните аргументи што ги користат, имено: како укинувањето на хетеронормативноста доведува до укинување на капитализмот (Батлер) и, од друга страна, дали присуството на ЛГБТК популацијата во сите социјални слоеви е навистина индикација за „отсуство на дискриминација по пат на дистрибуција“ (Фрејзер), и двете во рамки на своето политичко делување се залагаат за левичарските движења во своите агенди да го вклучат прашањето за социјалниот статус и дискриминацијата врз ЛГБТК популацијата и дискриминацијата на ЛГБТК лицата да не биде ограничена само на прашања од „идентитетот“ или „идентитетските политики“, како сфери на дискурсот и културата, наводно, одделени од материјалните услови за живот.

Секако, спротивното прашање (кое не го поставува ниту една од авторките во оваа полемика) е дали ЛГБТК движењето треба да вклучи критика на капитализмот во својата политичка агенда како конститутивно прашање и какво место и значење во таа агенда би требало да има политичкото делување насочено кон општата еманципација на жените.

Ова прашање не се поставува затоа што критиката на хетеронормативноста е во суштина насочена кон (не само дискурзивно) распаѓање на самиот концепт и режим на бинарниот род, чијшто еден пол е токму „жената“. Во оваа смисла, останува отворено и неодговорено прашањето дали разградувањето на самиот концепт и режимот на „жените“ – во време кога тие за прв пат се препознаени како рамноправни политички субјекти и легитимни групи на интерес – навистина води кон укинување на формите на експлоатација кои се поврзани со таквата бинарност. Дали бинарноста создава експлоатација, или експлоатацијата создава бинарност, но може да се одржи и мутира дури и кога бинарноста е укината?

Без да навлегуваме понатаму во сложеноста на проблемот и фокусираjќи се на конкретни политички практики и механизми за зајакнување на еднаквоста, тешко е да не се согласиме со заклучокот дека она што ги издвојува биолошките жени од ЛГБТК популацијата (особено од транс-жените кои сакаат да бидат изедначени со нив, во однос на правата, статусот, утврдени низ различни структури на опресија, кои само делумно се преклопуваат) и дека ниту еден монолитен принцип на објаснување не може да ги претстави овие разлики.

Биолошките жени немаат проблем да добијат лична карта во која стои дека се жени. Никој не прави дискриминација врз биолошките жени затоа што тие сакаат да имаат деца, но – заради социјалното присвојување на женската репродукција – кога тоа го одбиваат. Прашањето за двојниот товар на жените е круцијално прашање кога станува збор за механизми за постигнување еднаквост на жените, но не и на трансродовите луѓе. Прашањето на синдикална организација на текстилни работнички е par excellence женско работничко прашање, но многу малку задира во работничките права на трансродовите лица. Прашањето за подобрување на здравствената заштита на транс луѓето и биолошките жени не се преклопува: едно води кон зајакнување на механизмите и буџетот за репродуктивно здравје, бесплатна контрацепција, право на бесплатен абортус, а друго кон здравствено покривање на хормоналната терапија, корекција на постојните медицински норми, класификации и др.

Без оглед на тоа што родноста е во структурата и на двете опресии (и на биолошките и на транс жените) и може да почива на истиот теоретски корпус на преиспитување на родноста, што е рамката од која Батлер пристапува кон овој проблем, оваа структура не е историски, економски и социјална иста и бара различни социолошки анализи и различни материјални ресурси и политички решенија, а со тоа и различни политички здружувања, кои се можни, но не и неопходни кога станува збор за специфични политички практики на различни групи. Во системот на капиталистичка репродукција, попрофитабилно е, на пример, да се поддржи сурогатството, отколку, да речеме, различни фоrми на помош (пр. дула) за време на породувањето. Ова, сепак, не значи дека системот на капиталистичка репродукција го поддржува родителството на ЛГБТК луѓето, а не и родителството на „обичните“ жени и парови, затоа што во тој систем на репродукција она што е предмет на интерес се профитот и моќта, како предуслов за спроведување на развојни политики и програми, а не конкретните луѓе. Ако претпоставиме и дека пониските слоеви, кои немаат капитал, како ЛГБТК популацијата така и „обичното“ хетерономно население, се подеднакво експлоатирани во тој систем, тоа сепак не значи дека ќе има заеднички интерес за вакви прашања.

Реално, можни се многу различни политички сојузништва. Лесно е да се замисли некое идно или сегашно дистописко општество или делумни модификации на сегашното општество, во кои родот, полот и класата заземаат најразлични позиции во дистрибуцијата на моќта, како и во дистрибуцијата на социјалните улоги и ресурси. Можни се комбинации од најпатријархални и најреволуционерни промени. Неофеудализми се можни, општества како Гилеад од „Приказната на слугинката“ се можни, и реално, многу од елементите на ваквите замислени потенцијални општества се веќе содржани во нашата реалност. Со други зборови, есхатолошката слика за праведна реалност не е никаква нужност на историскиот развој, особено не во свет кој е веќе еколошки и милитаристички уништен, туку опција во која политичките средства ја објаснуваат вредноста на целите, а не обратно. Во таа смисла, разликите на патот на доукинување на хетеронормативноста и доукинување на класата не ја намалуваат важноста на политичките сојузништва (за кои се залагаат и Батлер и Фрејзер), туку бараат јасно и хумано поставени заеднички политички цели.

Практично, неспорно е дека постои дискриминација против ЛГБТК, а особено транс луѓето, бидејќи тие се најекспонирани и во најлиминална позиција во спектарот на овие родови определби. Изместениот родов идентитет ги лишува од основните граѓански права, засновани врз бинарни (право на сопствен родов идентитет, што во повеќето општества се смета за припишан, а не стекнат; право на соодветни документи, право на брак, деца, сопствена лиминалност, контрола на својата телесност, степен на телесни модификации итн.) ги прави изложени на насилство и ги става во подвластена позиција на пазарот на трудот, во системот на социјална и здравствена заштита и во сферата на јавниот живот. За амбивалентната позиција на транс луѓето во општество кое знае само бинарна родност, честопати нема соодветни механизми и решенија засновани врз претходните модели, па само нивното видливо постоење во постојниот социјален и културен систем е еднакво на револуцијата во однос на хетеронормативноста.

Она што е далеку попроблематично се изразува преку посуптилни прашања што бараат, пред сè, прифаќање на лиминалното родово постоење на некои луѓе, за да можат воопшто да се решат на недискриминаторски начин. Освен сега малку застареното прашање за тоа дали треба да има право на промена на половата/родовата припадност (ова право е веќе утврдено во српското законодавство), едно од поконтроверзните прашања е дали треба да почива на начелото на потполно слободен избор или мора да биде поврзано со стекнување на соодветни физичка својства? Дали сите жени, за да бидат социјално препознаени како жени, треба да имаат вагина и дали сите мажи треба да имаат пенис за да имаат право да се регистрираат како машки пол?

Поврзано со ова е прашањето за правото на слободно одлучување за степенот на оперативна трансформација на родот (на пр. pромени во машкиот пол со задржување на пенисот или, во спротивен случај, задржување на матката и можност за репродукција, што е многу ограничено во медицинските процедури во Србија – на пр. жените при промена на полот во машки мора да се согласnи на целосна хистеректомија, што медицински се оправдува како здравствена, а не социо-нормативна последица, но на начин што не дозволува никаков избор на засегнатите лица).

Доколку се дозволи такво право, и доколку би имало мажи без пенис, жени со пенис и родово неопределени или родово степенувани лица (ако полот се сфаќа како континуум, а не како категорична бинарна вредност), како тоа би се одразило на социјалниот статус на биолошки жени, на кои им се гарантирани посебни женски права? Ако претставниците на биолошките жени во парламентот беа транс жени, дали со тоа нивните права би биле загрозени? Ова е едно од многу сериозните прашања кое задира во некои од клучните недостатоци на современите изборни системи – дали изборното тело се заснова на програми или поединци? Дали со општата доминација на политичката демагогија, вклучувањето на транс-лицата во политичката трка ги загрозува остварените права на жените и доведува до нивно депривирање? Дали со гласање за транс луѓе како жени, гласаме за „жена“ или за програма? Доколку квотите предвидуваат дека жените имаат 30% од местата, каде да се сместат транс жените?

Иако реално не постојат индиции дека присуството на транс жени во женските квоти би било погубно, особено не повеќе погубно за правата на жените од присуството на десничарски жени, чиј легитимитет никој не го доведува во прашање, без оглед на разорните последици од нивните политички припадности (залагање за забрана на абортусот, поддршка на девастирачки популациони политики, замолчување на разните форми на дискриминација врз жените и др.), нивната родова лиминалност станува дел од огромната јавна грижа и паника. Случајот на Бангладеш од почетокот на 2019 година може да се земе како пример. Парламентот во Бангладеш има 350 места. 50 места се резервирани за жени од 2010 година, но од минатата година посебна категорија на транс жени – хијри – кои традиционално постојат во општеството во Бангладеш, е дозволено да учествува на избори преку удел во квотите за жени. Присуството на осум транс жени на изборите предизвика огромна полемика, затоа што, доколку сите беа избрани, тие би го „одзеле“ местото на жените и несразмерно нивниот генерален удел во населението, би сочинувале 2,3% од вкупниот парламент, или 16% од местата планирани за жени. Во јавната грижа за пропорционалното „презастапеност“ на хијри и „подзастапеност“ на „реалните“ жени (иако квотите во ниту еден од овие случаи не се навистина утврдени по принципот на пропорционалност во однос на основното население) целосно се игнорира дека проблемот не е во хијрите, туку во ниските женски квоти и недостаток на политички услови под кои некој би можел да се вклучи во женските квоти дизајнирани за зајакнување на еднаквоста на жените (што е генерален проблем кога станува збор за квоти, а не само проблем во Бангладеш).

Вклучувањето во женските квоти на социјална група која може да има разновидни политички побарувања во однос на барањата на биолошките жени е бесмислено сè додека тие барања се и онака диверзификувани. Да се има „природна“ вагина не гарантира дека некој ќе се бори за правата на жените во парламентот, иако задолжителното присуство на таквите луѓе во парламентот е резултат на долгата историска борба за правата на жените. Не се транс-жените оние кои ја креираат оваа ситуација, туку карактерот на самиот политички систем, кој, се разбира, би бил далеку полош доколку не би постоеле такви квоти. Во полемиката за хијрите во Бангладеш, беше пропуштена можноста да се бара зголемување на квотите на жените преку заедничко барање на транс жените и биолошките жени.

 

 

 

 

Извор: Novi Plamen 

Авторка: NADA M. SEKULIĆ, професорка по социјална антропологија при Филозофскиот Факултет во Белград

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • July 30, 2020
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Пелин Балабан
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Нина Раповска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram