Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?

Прв дел

 

Во аргументите за и против ова право (самоопределување) еден дел од левицата (десницата се подразбира), кој инаку поддржува сузбивање на дискриминација врз ЛГБТК лицата и јакнење на правата на жените, се враќа на биолошките аргументи како неотповиклива вредност, во контекст на aргументите за различните структури на опресијата сметајќи дека стекнувањето право на слободно родово определување, како и сите права што произлегуваат од тоа, би имало многу негативни последици. Според нив, постои полот и тој е неоспорлив и создава нешто што можеме да го наречеме женска природа, што е одредено од женски биолошки својства – структура на хромозоми, хормонална структура која никогаш не може целосно да се промени со лекови и што ја одредува количината на тестостерон во организмот, својствата на репродуктивните органи, кои никогаш не можат да бидат хируршки изменети за целосно да бидат исти како „природните“ машки и женски органи, силата и градбата на телото, итн., и токму овие карактеристики, или природата на биолошката жена не е иста како кај транс женитe, која е, сакале ние да признаеме или не, всушност, маж (без оглед на различните степени или фази на преминување кон другиот пол), кој само го имитирааt изгледот и секундарните карактеристики на жените. Покрај тоа, операциите од овој вид се здравствен ризик, го зголемуваат ризикот од појава на одредени заболувања, го скратуваат животниот век на транс-луѓето и ги прават доживотно зависни од фармакоиндустријата, за што овој пазар е многу профитабилен.

Ако им дозволиме на овие „всушност машки“ пристап до исклучиво женски места (женски затвори, женски безбедни куќи, женски тоалети…) и женски организации и социјални тела наредени според принципот на родови квоти, тоа би можело да има „ефект на кукавички јајцa“, затоа што мажите лесно ја репродуцираат машката доминација над жените во простори кои се исклучиво женски користејќи ги своите транс-женски позиции и идентитети.

Нешто посимплифицирани, некои од овие аргументи може да изгледаат отприлика вака (примерот е земен од конкретна полемика): Транс жените се посилни, поагресивни, а некои транс жени се уште имаат пенис, и во женски затвори би можеле да ги силуваат други жени (што понекогаш се случува), а тие честопати се во затвор токму заради сексуални престапи (затоа што тие честопати се мажи со цела лепеза „ментални нарушувања“, а не мирни и феминизирани мажи незаинтересирани за жени. Исто така, ако безбедните куќи ги сфатиме како места каде жените се засолнуваат од мажите, тогаш е парадоксално тие да ги делат овие простори со мажи, кои (често се инсистира на тоа) „можат да имаат пенис“ и можат да ги силуваат или на друг начин да репродуцираат машко насилство над нив. Ваквата аргументација е многу сомнителна, затоа што жените не се засолнуваат во безбедните куќи од мажите или од пенисот, туку од насилството, а поседување пенис не го квалификува никого како потенцијален насилник. Со други зборови, без експлицирање на мрежа социјални фактори, повикувањето на биолошки карактеристики е предрасуда.

Во принцип, има неколку слабости во овие аргументи за кои може да се дискутира во детали, но за тоа е потребен подолг текст, така што ќе се осврнеме само на неколку работи. Како прво, овој пристап започнува од фактот дека трансродовите луѓе се нешто како натрапници или мимикриски измамници, бидејќи општеството, според „природата на нештата“ и „реалното“, го сочинуваат само мажи и жени. Некои жени се малку повеќе „машкуданки“, некои мажи малку повеќе феминизирани, но на крајот сите сепак знаеме дека сме или мажи или жени, што на крајот може да се потврди со анализирање на хромозомската структура. Да се биде нешто помеѓу од биолошка гледна точка е нарушување, дури и нешто што опфаќа „цел спектар на нарушувања“. Сите недовршени фази на транзицијата помеѓу овие два пола се лиминални состојби од кои лицето мора да излезе за да се добие социјален легитимитет, затоа што тие всушност не одговараат на „природната“ состојба – со оглед на тоа што „природата“ почива на биполарноста.

Од ваквите почетни точки, каде се бараат примери во принципите на зоологија (иако треба да се напомене дека зоологијата всушност знае многу повеќе варијации, сексуални трансформации и оригинални репродуктивни решенија, од кои некои се застрашувачки, па затоа не треба да се зема како модел за социјални решенија), апсурдно е да се бара решение во воведувањето посебна социјална категорија на трансродови граѓани, или „трет пол“, затоа што не е понудено сериозно решение за нивна депатологизација, од која зависи и непосредната егзистенција на лиминално ситуираните личности. Категоријата „ненормално“ на Фуко не се вклопува никаде, но проблемот не е во категоризацијата, туку во самата „ненормалност“. Покрај тоа, напорот на трансродовите луѓе да бидат правно категоризирани како жени или како мажи, а не како нешто помеѓу, е поврзано, барем делумно, токму со оваа стигма на ненормалност на лиминалната состојба. Значи, на прво место, невозможно е да се препознае целосниот граѓански статус на трансродовите луѓе како т.н. нов трет пол ако тргнеме од фактот дека реално и „по природа“ има само мажи и жени. Нивната посебна категоризација во вакви услови би била иста како и нивното обележување Давидова ѕвезда. Тоа е изговор дека некому му се даваат сите права, а всушност ефективно се гетоизира како ексклузивна аномалиска група чие постоење мора да се признае.

Покрај тоа, генерално може да се каже дека упатувањето кон „биологија“ не е добра алатка во социолошкото аргументирање во кое се бараат социјални решенија, затоа што тоа скоро секогаш води до натурализирање и биологизирање на многу сложени социјални проблеми поврзани со дискриминација заснована врз физички карактеристики, правејќи ги „очигледни“ и неспорни. Од социолошка перспектива, во никој случај не треба биологијата да биде предводник на аргументот за остварување на социјалните права, туку специфичноста на општествените позиции. Со други зборови, не постои линија помеѓу биолошките својства и друштвеното право.

Вториот аргумент што ќе се дискутира овде е аргументот „кукавичкото јајце“ низ пример на трансродовите жени во затвор, оставајќи ги другите случаи (безбедни куќи пред сè) кои исто така треба подетално да се анализираат, за друга прилика.

Како прво, хипотезата дека присуството на транс жени во женските затвори го зголемува насилството врз биолошките жени, не е емпириски потврдена. Всушност, сè уште нема доволно емпириско истражување и ваквите истражувања секако треба да бидат поддржани (само во последните години во некои земји животот на транс-луѓето во затворите се следи систематски и се води соодветна статистика). Како и да е, очигледно и без нив е дека сликата на транс жените како „всушност-мажи“ во женските простори, во случајов затвори, е нормативна и крајно симплифицирана и прескокнува еден куп лиминални состојби кои го сочинуваат вистинитото постоење на транс луѓето, туркајќи ги сите во рамки на сликата за нивниот машки сексуален импулс – што е предаторско и воајеристичко сценарио кое би можело да биде хорор верзија на „Some Like It Hot“. Ова целосно ја негира автентичноста на специфичното внатрешно искуство на транс-луѓето кои постојано удираат во бариерите на бинарните родови режими. Проблемот не е во тоа дали тоа што тие „се чувствуваат“ како жени е доволно за да ги класифицираме меѓу жените во постоечкиот родов режим, туку дека, чувствувајќи се како жени, страдаат од дискриминација која е нормализирана социјална состојба и со тоа сериозен социјален проблем.

Се разбира, тоа не значи дека транс-жените не се вклучени во сексуално насилство во затворите. Но, причините не е во тоа што некои од нив имаат пенис. Овој аргумент целосно ја промашува суштината на самото силување. Фактот дека некои транс жени во затворите имаат пенис, има и свои позитивни и лоши страни кога станува збор за сексуалниот живот на биолошките хетеросексуални и бисексуални жени во затвор, бидејќи огромен број затвореници не живеат во целибат додека ги издржуваат своите казни. Како и да е, далеку поважно е дека пенисот (освен во општо патријархалното митологизирање на тој привидно омнипотентен орган) не е епицентарот на силувањето, туку тоа е чин на сексуално насилство како социјален феномен.

Таквиот чин може да се случи со пенис, без пенис, со пенетрација, без пенетрација (ако земеме предвид и употреба на други предмети), и е присутен во затворите меѓу транс жените и жените, меѓу биолошки жени, меѓу биолошки мажи и меѓу транс мажи и мажи. Идејата дека една транс-жена полесно ќе силува биолошка жена од биолошка жена (заради јачина, големина, тестостерон и сл.), иако се чини дека има физичка оправданост (полесно би ја совладала), не соодветствува со социјалната динамика и практиката на силување во затвор. Имено, силувањето е социјален чин, не само физички, а во затвор зависи од постоењето на банди, каде силувањата обично не се случуваат како напад на едно лице врз друго, туку во групи на едно или повеќе лица, во рамките на динамиката на бандите, како и во односите меѓу затворските банди, дури и меѓу чуварите и затворениците и честопати се колективни. Истражувањата покажуваат дека транс-жените потешко се вклопуваат и полесно се исклучени од затворските групи, и затоа (како отфрлени) често се повеќе изложени на насилство. Во исто време, при анализата на овој проблем, сензационалистичките и индивидуалните случаи присутни во медиумите не треба да се користат за да се објасни целокупната социјална динамика и состојбата поврзана со силување во затвор.

Во истражувањето за сексуално насилство поврзано со трансродови лица во затворите во Калифорнија (Transgender Inmates in California’s Prison, Center for Evidence Based Correction Department of Criminology, Law and Society, 2009), откриено е дека транс жените и вон затвор, како и во затвор, се повеќе изложени на сексуално насилство отколку хетеросексуалните и бинарно родни затворенички. 59% од нив претрпеле силување или сексуален напад за време на одлежување во затвор, во споредба со 4,4% од хетеросексуални/ хетеронормативни.

Кога биле примени во затвор, дури 64,7% од транс-жените се определиле за машки затвори, а не за затвори за жени, затоа што тоа им овозможило достапност на посакуваните сексуални партнери (мажи). Ова истражување, исто така, потврдува дека за транс луѓето помалку веројатно е да бидат членови на затворски банди и кланови од хетеросексуални затвореници и се повеќе изложени на стигма. Овие податоци, во најмала рака, укажуваат на потребата да се примени покомплексен пристап и посложена социолошка анализа на транс-луѓето во затворите, додека решенијата треба да сметаат и на намалување на насилството врз самите транс лица и намалување на насилството во затворите воопшто, вклучително и насилство од страна на транс луѓето, како мал дел од многу пошироката структура на затворско насилство.

Враќајќи се на прашањето на презентацијата и создавањето слика за транс и ЛГБТК луѓето воопшто, секогаш може да се најдат примери кои дискредитираат извесна социјалната група и ја претставуваат во многу лошо светло. Така, сите бегалци стануваат силувачи, сите срби четници, сите Хрвати усташи, итн. Но, дали овие изолирани примери – да речеме, транс жена насилничка- се навистина примери кои добро претставуваат комплексен проблем на социјалниот статус на транс луѓето како целина? И дали сензационалистичкото упатување на овие примери на кој било начин се разликува од силно десничарскиот дискурс во рамките на кој Другите секогаш се симбол на она што универзално се перцепира како лошото „Тие“, а „Ние“ (нашиот чопор „здрав“ свет) секогаш сме тука за да се согледаме преку најдобрите примери на групата со која се идентификуваме. Значи, тешко е да се согласиме со таква аргументација. Еден светол пример може да ја промени сликата на целата група, т.е. социјална категорија, исто како што еден мрачен пример може да предизвика омраза кај многумина. Затоа, треба да се внимава. Реално, во секоја социјална група ги има и едните и другите.

 

 

 

 

 

Извор: Novi Plamen 

Авторка: NADA M. SEKULIĆ, професорка по социјална антропологија при Филозофскиот Факултет во Белград

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • August 12, 2020
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram