Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“

Додека седам на масата со уште десетина жени и еден маж, сите (барем под моја претпоставка) некако засегнати од непостоењето на платено породилно отсуство за земјоделките, пробувам да сфатам каде се разидуваме во размислувањето и ставовите за волку важно прашање, за кое според мене, не треба ни да се дискутира. Речиси сите присутни се претставнички на некоја институција, а јас и две силни жени седнати од двете мои страни, само одвреме навреме прашално се погледнуваме. Со доза лутина, доза скептицизам и огромно разочарување, го напуштивме тоа место и направивме план како ќе се бориме понатаму. Текстов го пишувам во екот на таа борба.

Кога дојдов до сознанието дека жените земјоделки кај нас немаат право на платено породилно отсуство мислев дека се работи за некоја грешка, дека не е возможно да се работи за недостаток од законски основ и дека нема никаква логика овие жени да не можат да користат породилно отсуство кое ќе им биде платено, исто како што ми беше платено мене. Само неколку часа подоцна сфатив дека не само што немаат право на платено породилно, туку немаат право ниту на отсуство од работа поради болест или повреда и овој проблем си постои со години наназад. За да бидам јасна во ова што сакам да го пренесам, важно е да знаеме кои се жените земјоделки, па дури и на ризик малку да го оптеретам овој текст со закони, конвенции и декларации.

Кај нас, жените кои се занимаваат со земјоделство можат да се регистрираат како индивидуален земјоделец согласно Законот за Вршење на земјоделска дејност. Со нивната регистрација тие стекнуваат одредени права, но и обврски. Меѓу обврските е и обврската за плаќање на 20% придонеси, врз основа на која оваа категорија остварува здравствена и социјална заштита. Индивидуалните земјоделци не примаат месечна плата, бидејќи природата на нивната дејност е таква што тие не можат да остваруваат редовни приходи. Најчесто остваруваат годишен приход кој не е секогаш редовен и ист и зависи од многу фактори, меѓу кои и временските услови. Најважно од сè е дека тие се де факто работници. Земјоделките, за разлика од работничките во другите сектори се соочуваат со дополнителни предизвици како што се исклучително ниските приходи од земјоделска дејност, небезбедност при работа, неможноста за користење на платено боледување, породилно отсуство, долги работни часови непристапност до институции и здравствени домови поради лошата рурална инфраструктура, климатски промени, итн…

Истражувањата на терен покажуваат кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат земјоделките, меѓу кои како најголем неможноста да користат платено породилно отсуство и боледување. Поради економските притисоци и недостатокот на сигурност на приходот, повеќето жени ангажирани во земјоделство не се во можност да си дозволат значително да го намалат обемот на работа пред и по породувањето, па како последица на тоа, продолжуваат со работни активности и во доцната бременот или почнуваат со работа прерано по породувањето, со што се изложуваат себеси и своите деца на значителни здравствени ризици, како предвремено породување, несакан абортус и слично. За да ја доловам состојбата на терен, во продолжение споделувам дел од изјави на жени кои се дел од истражувањето за положбата на руралните жени спроведено од ЛАГ Агро Лидер.

„Мајка сум на три деца, регистрирана како индивидуален земјоделец и редовно плаќам осигурување, но за жал немам користено никакви бенефиции од државата што ги користат другите работнички, како занаетчиите.“ – С. П.

„Поради физичка активност се породив во 34-тата недела во бременоста. Бидејќи детето беше предвреме родено потребна му беше дополнителна грижа, со што не бев во можност да ги завршам земјоделските активности и го изгубивме целиот приход од земјоделска дејност и останавме без финансии кои ни беа повеќе од потребни за прегледи за детето, купување на прихрана, лекови…“ – М. М.

„За нас земјоделците – нема одмор, само работа. Нас никој не нѐ штити и не ни помага. Децата наши растат без целосна мајчинска грижа, ние не смееме да се разболиме, и кога нашите деца се болни треба и да работиме и да се грижиме за нив. Сите други работници земаат по некој денар породилно, боледување, ние земјоделците сме оставени без ништо, а што се вели најмногу работиме, и се бориме и со природни непогоди, и со закони и сѐ.“ – Е. Б.

Заштитата на мајките е фундаментално право на жените работнички кое е уредено во меѓународните документи меѓу кои и Универзалната декларација за правата на човекот од 1948 година. Универзалната декларација упатува на тоа дека мајките и децата имаат право на специјална грижа и помош, како и на социјална заштита. Во Меѓународната конвенција за економски, социјални и културни права од 1966 година предвидена е посебна заштита на мајките во текот на одреден период пред и по породувањето, заедно со платено отсуство или отсуство со соодветни социјални придобивки. Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жени повикува на специјални мерки за гарантирање на заштитата на мајчинството, признаено како суштинско и фундаментално право. Заштитата на мајчинството има огромно значење и за Меѓународната организација на трудот (МОТ) по усвојувањето на првата Конвенција за заштита на мајчинството од 1919 година. Заштитата на мајчинството е проследена со правото на паричен надоместок за време на породилно отсуство, што е загарантирано со закодонодавна рамка во многу земји. Во таа насока, Конвенцијата на МОТ за заштита на мајчинството од 2000 година (бр. 183) го поставува водечкиот принцип дека нивото на придобивка треба да обезбеди „жената да може да се одржува себеси и нејзиното дете/деца во соодветни здравствени услови и со соодветен стандард на живеење“.

Откако видовме на што упатуваат меѓународните стандарди и политики, време е да се погледнеме што вели домашната легислатива и да видиме каде ние заостануваме. Кај нас правото на породилно отсуство е предвидено во Законот за работните односи (член 165), каде е предвидено дека вработена жена има право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство во времетраење од 9 месеци непрекинато за едно дете и 15 месеци за две или повеќе деца. Ваквите бенефиции за работничките произлегуваат и се врзани со нивниот статус на осигуренички согласно Законот за здравствено осигурување. Членот 5 од Законот за здравствено осигурување ја предвидува категоријата индивидуален земјоделец како осигуреник и наведува дека оваа категорија на лица задолжително се осигуруваат. Каде е тогаш проблемот?

Иако овој закон ги препознава индивидуалните земјоделки како осигуренички, тие понатаму не се препознаени во членовите кои се однесуваат на право на надоместок за породилно отсутво и боледување и висината на ваквите надоместоци. Ова во превод би значело дека индивидуалните земјоделки имаат право на здравствена заштита, но не и право на надоместоци во случај на привремена спреченост за работа поради болест, повреда, бременост, раѓање или мајчинство. Со вака поставена законска рамка, жените земјоделки се ставени во понеповолна положба во однос на другите работнички, што по дефиниција е дискриминација. Ваквата политика директно придонесува кон нивна дополнителна маргинализација, а ако ги имаме предвид и сериозните последици за животот и здравјето на земјоделките и нивните новороденчиња, би рекла дека ваквата политика е и нехумана. Кога зборуваме за жените земјоделки, зборуваме за група која остварува исклучително ниски приходи од земјоделска дејност и во голема мера често живее на работ на егистенцијата. Кога на сите предизвици со кои земјоделките се соочуваат ќе ја додадеме и неможноста за користење на породилно отсуство и ризиците кои тоа ги носи, само ја продлабочуваме маргинализираноста и ранливоста на оваа група жени.

Истражувањата покажуваат дека соодветното породилно отсуство може да доведе до пониски стапки на смртност на доенчињата, здравствени придобивки за мајката, поголемо учество на женската работна сила и зголемени стапки на доење. Платеното породилно отсуство, меѓудругото, придонесува кон заштита и унапредување на здравјето на мајките и нивните деца, одржување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, еднаков пристап до пазарот на трудот, економска сигурност и стабилност. Дополнително, политиките за платено породилно отсуство имаат суштинско значење за реализација на родовата еднаквост во општествена смисла. Со донесување на потребните законски измени, цела категорија на жени која трпи продолжена повеќегодишна дискриминација ќе стекне право како и сите други работнички да отсуствува од работа поради бременост, раѓање и мајчинство и таквото отсуство да ѝ биде платено како и на сите други работнички. Обезбедувањето сеопфатен систем на платено отсуство за време на бременост, раѓање и мајчинство има витално значење за обезбедување на еднаков пристап на жените до пазарот на трудот и нивен напредок, истовремено поддржувајќи поправедна поделба на неплатената работа за нега. Преку системско решавање на ова прашање, ќе се намалат ризиците и негативните последици за жените земјоделки и нивните деца кои произлегуваат од недостатокот на регулирање на ова право и мајките земјоделки ќе ја добијат поддршката кога им е најмногу потребна.

НАПИШАНО ОД:
  • Јована Јовановска
  • December 26, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Најавените законски измени се позитивни, но задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Важноста на родителската поддршка за квир лицата
За важноста, контроверзноста и субверзивноста на родителската поддршка за квир лицата.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Џоан Дидион: За самопочитта
„Карактерот - подготвеноста да се преземе одговорност за сопствениот живот - е местото од каде што извира самопочитта.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram