Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.

Венди Јо Гертјејансен е американска историчарка од Минесота која во 2004-та година докторирала на тема Жртви, херои/хероини, преживеани: Сексуално насилство на источниот фронт за време на Втората светска војна (Victims, Heroes, Survivors: Sexual Violence on the Eastern Front During World War II).

Во текот на истражувањето, работела со материјал од архивите во САД, Германија, Латвија и Естонија. Покрај тоа, за потребите на дисертацијата, разговарала со повеќе од 30 жени од територијата на Украина чии животни искуства биле важен извор за поцелосно разбирање на проблемите со сексуалните злосторства за време Истокот на европскиот континент во 1940-тите. Иако, по завршувањето на текстот од скоро 400 страници се откажала од историографијата, поради траумата која ја преживеала навлегувајќи подлабоко во темата на сопствените истражувања, во последните неколку години се врати на академска работа, со фокус на родовата и социјалната историја.

 

Можете ли да ја објасните економската позадина во ширењето на проституцијата во Источна Европа за време на војната? Која е последицата на оваа појава?

 

За време на војната, луѓето страдале од недостаток на храна, лекови и други потреби. Германците ги сметале Словените за Untermenschen, па планирале да ги изгладнат и да ги населат нивните источни региони. Притоа, луѓето гладувале не само поради вообичаените воени услови, туку Германците ја конфискувале храната што ја најоѓале. Со доаѓањето на војниците очајни за секс, а кои притоа имале храна, чоколадо или алкохол, почнала да се шири проституцијата.
Последиците биле различни. Германската армија започнала да ги приведува жените, принудувајќи ги на лекарски прегледи за да се утврди дали се заразени со сексуално преносливи болести. Ваквите болести се рашириле и кај локалното население, и кај германските трупи. Конечно, ова била и причината поради која Химлер инсистирал да се огранизираат бордели, иако жените биле Untermenschen. Ширењето на проституција веројатно на некои им обозможило да ги прехранат своите семејства, а некои случаи се трансформирале и во романтични врски. Од друга страна, многу жени доживеале страшни трауми бидејќи покрај тоа што им пружале сексуални услуги на целосни странци, биле и повредувани од садисти.

 

Наведувате дека Германците развиле „распространет систем на сексуално ропство“ за време на Втората светска војна. Што точно ова значи?

 

Германското раководство ги воочило опасностите од сексуално преносливи болести кои и се заканувале на војската, како и фактот дека мажите, во брак или слободни, влегувале во сексуални релации со локални жени што ќе ги сретнат на улиците, борделите или на друго место. Без антибиотици за сифилис и гонореја, војниците се разболувале и, на крај, заради ризични сексуални практики не можеле да ги извршуваат своите должности. За да го сочуваат здравјето на сопствената армија, тие во концентрационите логори, како и низ окупираните територии формирале бордели. Санитарните службеници таму барале строга хигиенска рутина пред сексуалниот однос; жените морале да бидат чисти, при што лекарите редовно ги проверувале. Проститутките главно биле изгладнети жени со многу малку шанси за преживување. Исто така, Германците ги принудувле девојчињата и жените да работат во бордели каде што имале секс со повеќе од триесет мажи на ден.

 

Значи борделите постоеле дури и во концентрационите логори како Аушвиц, Бухенвалд и Дахау. Какви биле условите таму?

 

Имало два вида бордели. Едниот бил наменет за затворениците, а другиот за војници и офицери. Ако биле вредни и се однесувале примерно, затворениците биле наградувани со посета на бордел. За ова ретко се зборува кога се разговара за Холокаустот. Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон, берлинскиот музеј “Топографија на теророт“ и Меморијалниот центар посветен на убиените Евреи од Европа не спомнуваат дека затворениците ги посетувале борделите каде што работеле жени и девојчиња. Дури и ако некоја затвореничка се согласила да работи таму, покрај ризикот од бременост, повреда или смрт поради силување, таа тоа не го правела затоа што сакала да спие со неколку мажи на ден, туку затоа што претпоставувала дека ќе има каде да преноќи и можеби малку повеќе храна.
Во прашање е ново ниво на виктимизација кога жртвите ги виктимизираат другите во кампот. Додека темата за комплексноста на страдањата во логорите расправа за дистрибуцијата на храна, работа и услуги, музеите и учебниците треба да го земат предвид и фактот дека сексот, проституцијата и силувањето исто така се разменувале како леб или некакви работни задолженија. Понекогаш членовите на СС ги посетувале овие бордели, а имаме и извори кои го потврдуваат постоењето на бордели за СС-трупите и надвор од огорите.

 

Во едно поглавје ги спомнувате различните форми на „камуфлажа“ на женското цивилно население под германска окупација заради избегнување на силување. Можете ли да ни кажете повеќе за тоа?

 

Камуфлажата била честа појава. Повеќе луѓе ми зборуваа за тоа, а може да се прочитаме и во разни мемоари и сведоштва. На пример, на едно место пишува како едно семејство, кога се вратила советската армија во Кримскиот град Федозија во декември 1941 година, се трудело да ја маскира својата ќерка тинејџерка во болна жена. Украинките со кои разговарав ми кажаа дека се обидувале да изгледаат  постари или заразени, па затоа куцале, кашлале или се валкале со размачкување јаглен на лицето.

 

Дали дојдовте и до конкретни информации за сексуални злосторства и проституција во текот на 40-тите години на територија на поранешна Југославија?

 

Да, Санитетскиот правилник во Полска своевремено тврдел дека посетите на борделите не се „социјални односи“, туку „материјално и економско“ при што секс со пољакињи, гркињи и југословенки бил дозволен.
Од ова заклучуваме дека во борделите имало и југословенки. Исто така, историчарот Даниел Јелаш од Државниот архив во Осијек ми најде документ од 1941 година во кој се спомнуваат плановите за отворање на неколку бордели во Осијек, како и одредени санитарни процедури за овие институции. Се сомневам дека имало и други случаи во други градови во поранешна Југославија. Потребни ни се дополнителни истражувања за да го утврдиме нивниот број и форми на сексуално насилство.

 

Во дисертацијата ги анализиравте и злосторствата на Црвената армија. Покрај тоа, истакнувате дека само во Берлин, повеќе од 90.000 жени посетиле лекари поради сексуална злоупотреба извршена од советски војници. Кои биле причините за навистина масовните силувања извршени од трупите на Сталин? Како овој диктатор ги доживувал извештаите за овој вид злосторства?

 

Постојат неколку фактори кои треба да се земат предвид и првиот се однесува на мотивацијата. Советските војници не извршиле масовни силувања за политичкo деградирање на германскиот непријател. Напротив, тие силувале жени од сите националности и култури. Црвената армија се состоела од војници од цела Европа кои ги злоупотребувале Украинките, Полјакините, Естонките, Летонките, Југословенките, Еврејките, Христијанлите итн. Сексуалниот нагон, а не политиката, бил нивниот примарен мотивирачки фактор, при што силувачите ја искористиле својата моќ да го добијат тоа што го сакаат – сексуално задоволство.
Слично на тоа, нагоните ги поттикувале мажите да ги посетуваат германските бордели и да имаат секс со жени кои не биле таму за да уживаат. Покрај тоа, тешко можеме да го сфатиме очајот на луѓето што биле испратени на бојното поле. Замислете ги трауматските сцени на Германците кои ги носат жените и девојчињата во борделите на Вермахт или СС, цели словенски градови претворени во масовни гробови, или спознанието дека дома целото семејство ви умира до глад.
Овие војници живееле во надреален и застрашувачки кошмар исполнет со алкохол. Ги гледале телата на мажи, жени, деца, убиени, силувани, малтретирани и осакатени, трупови на крави, коњи, мачки и други животни, бомбардирани или запалени дрвја, куќи, фарми, згради итн. Очајот не е изговор за нивните постапки, но ги става силувањата во ужасен контекст. Историчарите и медиумите долго време ги запоставуваат сексуалните злосторства на Германците и другите западни сили, истакнувајќи го силувањето на Црвената армија и другите злосторства против човештвото. Словените се опишани како орда на силувачи. Овие масовни силувања се непростливи и грозни, но истото важи и за раширените сексуални злосторства од страна на германските трупи. Германците инвестирале огромни ресурси за воспоставување на широк систем на бордели, кои заробиле илјадници жени.
Слично на тоа, Сталин не се грижел за благосостојбата на жените цивили. Сепак, има различни извештаи за овие прашања, бидејќи Советите се обиделе барем да остават впечаток дека се обидуваат да го спречат однесувањето на своите трупи, бидејќи сознанија за силувањата со текот на времето стигнале до дипломатите. Ваквите напори се видливи и во една од наредбите на маршалот Рокосовски според која војниците силувачи треба да бидат егзекутирани. Сепак, разни дипломати раскажувале за состаноци со Сталин на кои тој ги негирал сексуалните злосторства. Дури и југословенецот Милован Ѓилас напишал дека Сталин целосно го игнорирал проблемот, па дури и се налутил кога Ѓилас го прашал за однесувањето на советските војници кои силувале и Германки и Југословенки. Јас лично сум свесна за ужасите што ги преживеале трупите на Црвената армија, како и нивното херојско потиснување на Германците. Но, за разлика од Сталин, не мислам дека неговите војници имале право „да се забавуваат со жените“.

 

Со какви социјални последици морале да се носат жртвите на сексуална злоупотреба кога завршила војната? Спомнувате дека некои злоупотребени жени по враќањето во родните градови биле нарекувани „германски курви“, а нивните деца родени по силувањето, исто така, честопати биле дискриминирани.

 

Поради патријархатот и културолошките норми, локалното население ги злоставувало жените кои биле силувани или претрпеле проституција. Биле осудувани и срамени поради зближување со непријателот, без оглед на околностите. Но, општеството не ги осудило оние што ја злоупотребиле својата моќ за да дојдат до секс.
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош. Едно украинско семејство со кое разговарав со генерации страдаше затоа што пијан Полјак ја дрогирал и ја силувал неговата мајка. Откако се вратила дома, мештаните ја нарекле „германска курва“ (иако силувачот бил Полјак). Исто така, родила дете кое тогаш било малтретирано и нарекувано „германско куче “. Покрај тоа, многу членови на конзервативните општества размената на секс за храна не ја сметале за силување. Наместо да ги обвинуваат луѓето кои ја злоупотребувале позицијата и привилегијата да имаат храна за замена со секс, мажите и жените ги обвинувале жртвите. Дури и мојот украински преведувач велеше дека споменатата личност не била силувана, бидејќи дрогираната жена спиела.

 

Како, и покрај изобилството на достапен материјал (службени документи, сведоштва, мемоари и сл.) ваквите теми остануваат историографски занемарени? Дали забележавте напредок во врска со ова прашање во последните десет години?

 

Едноставно кажано, заради срамот, тишината и патријархатот. Кога некој е нападнат, луѓето прашуваат што носела жртвата или дали била под дејство на алкохол. Ништо од ова не е важно затоа што вината треба да биде ставена на сторителот. Мажите и жените имаат институционализирани патријархални ставови поради кои жртвите се срамат и не зборуваат.
И женските и машките жртви треба да зборуваат, да се самоанализираат и да ги лекуваат раните за да можат да ги исцелат своите деца и студенти. Историчарите треба да се справат со овие теми за да разберат зошто луѓето силуваат, без разлика дали е во период на мир или војна.
Поради утврдените ставови, професорите може да ги обесхрабрат студентите кои би сакале да се занимаваат со овие теми. Една образована Хрватка ме праша зошто за тема на моето истражување избрав „машка тема“ како оваа. Ваквите архаични погледи го спречуваат напредокот насочен кон подигнување на свеста за сексуалното насилство. Ова е тема за човекови права, коај се однесува на мажи, жени и трансродови луѓе. Кога го презентирав моето истражување во Черкезија, Украина, тоа беше единствен настан, бидејќи претходно јавно никогш не се говорело за траумата. Се чинеше дека моето предавање за сексуално насилство го означи почетокот на дебатата.
Само откако ќе ја прекинеме тишината и ќе го надминеме срамот искрено соочувајќи се со траумата, ќе можеме да ги разбереме подобро искуствата на другите, сложеноста на страдањето, војната и сексуалните и други злосторства. Исклучително е тешко отворено да признаете и зборувате за свое силување или за тоа на ваша сакана личност. И покрај тешкотиите во опоравувањето, жртвите од воени или мирнодопски периоди кои се нафатија да се соочат со својата болка можат да ни помогнат да ги разбереме искуствата на другите.
Лично, можев делумно да ги спроведам истражувањата, затоа што во изминатите дваесет и девет години водев битка со моите сложени трауми на сексуална злоупотреба и семејни проблеми од детството. Пишувањето понекогаш беше крајно предизвикувачко, но се исплатеше. Верувам дека го сменив светот на мал, но значаен начин – со пишување, зборување, одгледување деца за кои е многу малку веројатно да бидат виктимизирани како мене. Исто така, разбирањето на нашето соучешништво во глобалните злосторства или разбирањето на мотивацијата на масовните убијци и силувачи во САД ни помага да ги водиме децата и студентите како да не се свртат кон ваквите форми на насилство.
Слично на тоа, што повеќе Хрвати и Хрватки ја прекинат тишината и срамот и се соочат со личните и социјални трауми, ќе и помогнат на Европа и светот да изгради помирно и поздраво општество. И да, се чини дека многу е напишано за оваа тема, од времето кога јас понав да истражувам. Како и да е, пошироката јавност сè уште не е свесна за ширењето на германската мрежа на бордели, ниту пак знае колку силувале пијаните војници на Силите на оската. Сепак, многумина се запознати со силувањата на „ѕверската“ црвена армија. Ова треба да се промени.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Voxfeminae

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • November 5, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram