Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.

Забраните за абортус не се особено ефективни. Кога владите го ограничуваат пристапот до абортус, истите всушност продолжуваат да се одвиваат со идентична стапка, според Светската здравствена организација. Но, тие стануваат помалку безбедни. Кога услугите за абортус се одбиени или ограничени, закачалките за палто, токсичните билни лекови и неквалификуваните лекари стануваат соодветна замена, додека професионалци кои се бават со медицина и обезбедуваат соодветна грижа се криминализирани.

Целосните забрани или рестриктивните закони за абортус во земји како Ел Салвадор, Полска и неодамна неколку американски држави (вклучувајќи ги Луизијана, Охајо, Кентаки, Мисисипи, Џорџија, Алабама и Мисури) се создадени да ги контролираат и ограничат жените и девојчињата во стереотипни родови улоги. Тие се навреда на нивните човекови права и достоинство и претставуваат родова дискриминација. За трансродовите и квир луѓето кои имаат потреба од абортуси ваквите рестриктивни закони се најнови во долгата низа напади врз нивните права и слободи.

Организациите кои ги бранат човековите права ги документираа агонијата и очајот што произлегуваат од рестриктивните закони за абортус низ целиот свет. Една од најстрашните приказни е онаа на „Ms Y“, жена која доби азил во Ирска откако беше претепана и силувана од паравоенa единица во нејзината земја. Ms Y се обиде да се самоубие неколку пати кога ѝ беше кажано дека не може да стави крај на бременоста, што беше резултат на силување.

На крајот, таа беше принудена да се породи со царски рез. За време на целата процедура, загриженоста на ирските власти за заштитата на фетусот беше поважна од менталното и физичкото здравје на Ms Y.

Минатата година Ирска се приклучи на списокот од 50-тина земји што го проширија пристапот до легален абортус во последните неколку децении. Тоа беше историски потег што задоцни за Ms Y, но ќе може да ги заштити другите од страдање од истата траума.

Неодамна, го воочивме ужасното влијание на кривичните закони за абортус за казнување на лица кои поминале низ компликации поврзани со бременоста. Во Ел Салвадор, жените кои доживуваат спонтани абортуси или пораѓање на мртвородено дете, често се „осомничени за абортуси“ и обвинети за убиство.

Во април 2016-та година, Евелин Хернандез, 21-годишна жена Ел Салвадор доживеа акушерска вонредна состојба дома, што резултираше во загуба на бременоста. Таа беше уапсена, помина низ судска постапка и беше осудена на казна затвор во траење од 30 години за убиство. Во февруари годинава, повисокиот суд ја поништи оваа пресуда и нареди да се одржи ново судско рочиште – на кое Евелин беше прогласена за невина. Сепак, на 6-ти септември, јавното обвинителство во Салвадор објави дека ќе ја обжали пресудата – покажувајќи ја опсесијата на властите да ја обвинат според драконските закони на земјата.

Мораме да продолжиме да се спротивставуваме на напорите на владите да ги контролираат телата на жените и девојчињата. Според најновиот извештај за репродуктивно здравје на Гатмачер Институтот со седиште во САД, заклучно со 2017-та година, 42% од жените на репродуктивна возраст живеат во 125 земји каде абортусот е многу ограничен (целосно забранет, или е дозволен само за да се спаси животот на жената или да го заштити нејзиното здравје). Правните надлежности ширум светот одат во крајност за да го ограничат пристапот до абортус – притоа одземајќи им ги човековите права и телесната автономија на оние кои можат да забременат.

Секое лице кое нема контрола врз тоа што се случува со нивното тело не може да биде слободно. Дебатата околу абортусот треба да го надмине прашањето дали животот на една личност е загрозен од бременоста. Во суштината на ова прашање е правото на една личност да донесува одлуки за тоа што се случува со нејзиното тело. Ова право е клучно за да им се овозможи на сите луѓе кои можат да забременат целосно да ги остварат своите човекови права и да ги живеат своите животи достоинствено. Владите не само што мора да го декриминализираат абортусот и да обезбедат пристап до безбеден абортус во пракса, туку и да создадат социјални услови во кои луѓето можат да донесат одлуки поврзани со бременоста без угнетување, дискриминација, стигма, принуда, насилство, недостаток на можности или казни.
Сè повеќе земји се разбудија поради овој факт, дури и покрај алармантното враќање на репродуктивните права во некои земји, како САД или Полска, предводени од групи против избори и поддржани од популистички политичари. Во текот на последните 25 години, околу 50 земји ги сменија своите закони за да овозможат поголем пристап до абортус. Иако националните контексти се разликуваат, една работа ги обедини сите успешни кампањи за реформа на законите за абортус: жени кои зборуваат јавно. Од Ирска до Јужна Кореја, активистите помогнаа во уништување на стигмата и тајноста околу абортусот преку споделување на нивните приказни. Во Аргентина и Полска, над милион жени маршираа со едно барање – да се слушнат нивните гласови.

Луѓето кои треба да имаат или веќе имале абортус ја заслужуваат нашата поддршка и солидарност. Без разлика дали со одвојување на време и ресурси на домашните мрежи за абортус, излегување на улиците во знак на протест или едукација на луѓето во нашите животи за потребата од безбеден абортус, сите ние треба да играме улога во враќањето на нашите права.

Во исто време, владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право. Може да спречи безброј смртни случаи, трауми кои траат цел живот и сериозни повреди.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Time

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Гала Насева
  • September 30, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram