Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
Марко

 

Како квир трансродов маж и активист, досега сум учествувал на панели и живи библиотеки каде што претежно споделувам позитивни искуства за тоа како е да се биде трансродова личност во нашата земја. Никогаш не сум бил мета на трансфобични насилни напади и ја користев (и сѐ уште ја користам) мојата привилегија да помогнам на оние што не се толку привилегирани како мене.
Но, една вечер се почувствував како потполно да ја изгубив таа привилегија.

Беше сабота во мојот град и се разбира бев излезен со моето блиско друштво, со кои се забавуваме и уживавме во ноќта. После полноќ тргнавме кон еден од најпознатите кафичи во центарот на градот: влеговме, си земавме пијалоци и застанавме некаде во средина. Местото беше преполно со луѓе, па како што се забавувавме малку се разделивме. Јас стоев на страна кога ми пријде еден непознат млад дечко и почна да ме навредува мене и моето друштво.  Повеќепати му кажав да ме остави на мира, но откако видев дека не ја сфаќа пораката, малку го повишив тонот. Тој толку збесна што замавна бокс кон мене и ме турна на земја. Во процесот ми ги скрши очилата, продолжи да ме шутира по земја како небаре да сум фудбалска топка. За сето тоа време бев во фетусна позиција и со рацете си ја штитев главата. Напаѓачот веднаш го снема. Во целата таа гужва моите пријатели не знаеја дека јас сум претепаниот сé додека не ме видоа како станав.

Досега во мојот живот не сум бил жртва на вакво физичко насилство и сфатив колку е потребно и важно да се има солидни и стриктни законски мерки кои ќе ги заштитат ЛГБ и трансродовите луѓе (особено трансродовите жени и сексуалните работници/чки) од вербално, физичко и ментално насилство, од говори на омраза, од губење на работни места и здравствени привилегии. Сеопфатното сексуално образование мора да биде задолжително во училиштата и да биде ЛГБТ-инклузивно доколку сакаме иднина во која ќе се стави крај на нашите страдања.

Не губевме време, излеговме надвор и го најдовме првиот полицаец во близина. Ни рече да одиме до болница и да извадиме лекарски документ од преглед и да пријавиме во полиција. Тоа го средивме и на крај земавме такси до мојот дом. Бев преплашен за мојот живот, под огромен стрес и параноја и штом бев дома пишав на било кој од моите пријатели на Фејсбук. Елена беше една од нив.

Елена

 

Првата порака што ја отворив неделата наутро беше од Марко. Во малку подолга порака ми кажа дека бил нападнат пред помалку од 12 часа додека бил со излезен во кафич со своето друштво. Марко ми имаше и испратено и слика на којашто не му се гледаа модрици, бидејќи можел да си го заштити лицето, но изгледаше психички изнемоштен. Не знаев како да реагирам освен да му покажам дека сум шокирана.

– Добар си? – го прашав, сакајќи да се осигурам дека ситуацијта не е толку страшна.
– Физички сум океј, ама ментално сѐ уште се опоравувам. – ми пиша Марко.

Барем нема големи физички последици, пробав да се утешам. Но, секако инцидентот бил трауматичен за него. Почнав да го споредувам нападот на Марко со мои искуства на сексуално вознемирување од страна на непознати мажи во јавни простори, но не можев вистински да ги споредам тие искуства или да му кажам дека знам како тој се чувствува.

Нападот врз Марко беше насилство поттикнато од хомофобија и трансфобија. Мислам дека е важно да ги разгледаме хомофобијата и трансфобијата како опресии кои потекнуваат од мизогинијата и сексизмот, односно квир и транс луѓето се омразени, дискриминирани и во некои случаи и нападнати, бидејќи не ги исполнуваат очекуваните родови улоги и очекуваната хетеросексуалност на „точен“ начин. Насилството кое Марко го искуси е само еден резултат на опресијата воспоставена од хетеросексуалиот патријархат, во кој нема место за луѓе кои не ги исполнуваат родовите и сексуалните норми.
Му предложив на Марко да напишеме нешто за Медуза, сакајќи било како да помогнам, а тој се согласи. Прво рече дека можам јас нешто да напишам, но сметав дека не е до мене да ја раскажам неговата приказна. Сепак, тој не сакаше сам да го напише написот па решивме заедно да составиме нешто во овој формат: прво опис на настанот со негови зборови, па мојата реакција на неговиот напад како негова другарка.

Мислам дека е од исклучителна важност да се документираат вакви напади. Важно е да не постојат само како статистика, туку и како наративи. Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување. Мислам дека тоа е мојата улога по вакви хомофобични и трансфобични напади. Мојата улога е бидам солидарна. На крајот од денот, ова е една борба која за цел ја има не само безбедноста на жените и сексуалните малцинства, туку и вистинското ослободување на сите луѓе од канџите на рестриктивниот патријархален систем. Мојата безбедност и ослободување се поврзани со безбедноста и ослободувањето на Марко и на сите квир и транс луѓе.

Законот против дискриминација кој конечно ги вклучи категориите сексуална ориентација и родов идентитет, после долги години активизам од страна на македонската ЛГБТИ заедница конечно беше донесен од страна на Собранието само два дена после нападот на Марко. Нека биде овој закон еден од многу чекори во Македонија кои ќе придонесат до вистинското поместување и ослободување од хетеронормативниот патријархат.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Марко и Елена
  • March 14, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Лила Милиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram