Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.

Ана Карина, иконата на францускиот нов бран и една од најпроминентните актерки на 20-от век, почина на 79 годишна возраст. Карина ја симболизира ерата на раѓањето на француската контракултура, создавајќи простор за комплетна промена на идните филмски остваруварања. Неконвенционалните улоги на Карина создадени за време на нејзината долгогодишна соработка со режисерот Жан Лук Годар имаа директно учество во понатамошниот развој на современиот филмски наратив.

Карина, или Хан Карин Бејкер, е родена во Солбјерг, Данска. На 17 годишна возраст без да знае ниеден збор на француски решава да замине во Париз, кадешто одреден период работи како фото-модел. Според една приказна, модната дизајнерка и икона Коко Шанел всушност и предложила на Карина да си го промени името. Го запознава Годар во своите тинејџерски години, откако тој ја забележува во реклама за „Палмолив“ и и предлага да игра во неговиот филм „Breathless“, но таа одбива поради тоа што е предвидено да се појави гола во неколку сцени. По некое време од нивната прва средба, во 1961-ва тие почнуваат да работат заедно на Une femme est une femme/Жената си е жена. Нивната соработка е инстантен хит, па така, Хан Карин Бејкер станува Ана Карина, ѕвездата во филмовите на Годар, кој исто така е и нејзин сопруг во периодот од 1961-ва до 1965-та година. Заедно глумат во краткиот филм на Ањес Варда, Les Fiancés du pont Mac Donald (1961). Дури и по нивната разделба, тие останаа запамтени по нивните заеднички филмски остварувања кои го променија начинот на кој европската кинематографија се развиваше во последната декада од 20-от век.

 

Le petit soldat / Малиот војник (Годар, 1963)

 

Карина играше во седум филмови на Годар во периодот од 1960 до 1966 година, меѓу кои “A Woman Is a Woman,” “Pierrot Le Fou,” “Alphaville,” “Vivre Sa Vie,” “Band of Outsiders,” “Le Petit Soldat“ и „Made in U.S.A.” Покрај нејзината соработка со Годар, играше и во филмовите на Жак Ривет, Ањес Варда, Кристијан де Шалонг, Лучино Висконти, Андре Делво, Франко Брусати и други. Таа го оствари своето режисерско деби во 1972-ра година, со филмот „Vivre ensemble“. Во 1967, Серж Геинзбург го создаде телевизискиот мјузикл „Anna” инспириран од нејзиниот талент и појава. Една од песните во филмот, „Sous le soleil exactement“ стана огромен хит во Франција, и до денешен ден е асоциран со улогата на Карина.

Ерата на новиот бран игра фундаментална улога во развојот на филмот, до одреден степен успевајќи да прескокне некои од поставените кинематографски граници. Сепак, новиот бран не успеа комплетно да ги отфрли застарените патријархални нормативи кои претходеа на овој период, земајќи го предвид експлицитно мизогиниот холивудски наратив од 40-те и 50-те години на изминатиот век. Еднодимензионалниот начин на прикажување и генералната поделба, односно класификација на улогите предводена од страна на веќе поставениот родов перформативитет неумешно беше често занемарена. Таа продолжи да се проткајува и во понатамошните филмски остварувања, дури и на најиновативните филмаџии. Дури и во најхрабрите потези на култните режисери на новиот бран (меѓу кои само една жена, режисерката Ањес Варда), повторно наѕира нееднаквиот пристап во пишувањето и режирањето, директно поттикнат од секојдневните општествени односи во кои постои експлицитниот елемент на традиционалното. Сепак, новиот бран успева да создаде нова слика за сексуалните релации помеѓу мажите и жените – тие веќе не се конзервативни и еднодимензионални, стануваат полиберални и за првпат го отвораат женското прашање, зборуваат за задоволството (неретко и незадоволството) на жената и нејзиното слободно сексуално изразување.

 

Alphaville (Годар, 1965)

 

И покрај тоа што процесот на комплетно отстранување на родовата нееднаквост во филмскиот (и театарскиот) свет се’ уште трае, во периодот на творење на Карина, филмската култура почнува да се менува, филмаџиите почнуваат да прикажуваат поинакво творештво, фокусирајќи се на индивидуалноста на нивната хероина (се разбира, онолку индивидуална колку што тие ќе решат).

Филмските остварувања на Годар во кои Карина секогаш ја играше главната улога имаат тенденција да ги прикажат најниските и најжестоките вистини за животот во одредени општествени структури. Улогите на Карина се секогаш повеќеслојни – умешно испреплетени приказни кои со себе понекогаш носат болка, а понекогаш среќа, но неизбежно ги следи одредена тежина.

Умешно избегнувајќи ги поставените стеги создадени од страна на веќе прокламираниот филмски наратив, детерминирачкиот став на Годар за создавање на хероина во центарот на своите филмски дела остави повеќе простор за истражување на женскиот субјективитет, земајќи ја предвид неговата повеќеслојност и комплексност. Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • December 16, 2019
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Ода за надежта
Кон перформансот на Кочо Андоновски, изведен за време на ПичПрич Срамота! при затворањето на Скопје Прајд Викенд 2023
  • Од Румена Бужаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што си ти? Девојка или жена?
Барајќи си го идентитетот во македонскиот дигитален речник.
  • Од Филипа Попова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фетишизирањето на „тате проблемите“ преку песните на Лана дел Реј
Како етикетирањето на девојките и жените со тате проблеми ги обесправува и го оправдува насилството.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • ФЕМ 101
Време е да се збогуваме со стигмата на разводот
Практикување феминистичката слобода во ригидни средини.
  • Од Ивана Настева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Самовили: танц низ опресијата и слободата
За еманципаторниот потенцијал на самовилите.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram