Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
Завршни зборови на судењето на Ала Гутникова, 23-годишна уредничка на московското студентско списание “Doxa”  (грчки: мислење, mнение). Гутникова во април минатата година беше осудена на домашен притвор и ѝ беше забрането да користи интернет, поради триминутно видео во кое таа и нејзините соуредници велат дека е нелегално студенти да се избркаат од факултет поради учество на протести.
Оттогаш поранешните уредници на Doxа се во домашен притвор (дозволено им е да да излегуваат само помеѓу 8 и 10 часот наутро). Бројни јавни личности, невладини организации, здруженија и независни медиуми изразија поддршка за поранешните уредници на Doxa. На 8 април 2022 година, судењето заврши со пресуда – двегодишна затворска казна со присилна работа (не е јасно каде и како ќе се изврши оваа казна) и тригодишна забрана за администрирање на веб-страници.

 

Нејзиниот говор беше објавен на 2 април 2022 година.
https://doxajournal.rui и на англиски тука

 

 

Завршни зборови во судот

 

 

Нема да зборувам за случајот, претресите, испрашувањата, белешките, судењата. Бесмислено е и здодевно. Во последно време посетувам часови по гнев и замор. Но, дури и пред моето апсење, успеав да се запишам на училиште за способност да зборувам за навистина важни работи.

Би сакала да зборувам за филозофијата и литературата. За Бенјамин, Дерида, Кафка, Арент, Зонтаг, Барт, Фуко, Агамбен, Одри Лорд и Бел Кукс. За Тимофеевa, Тлостанова и Рахмањинова.

Би сакалa да зборувам за поезијата. Како да се чита модерна поезија. За Гронас, Дашевски и Бородин.

Но, сега не е ниту време ниту место за тоа. Своите мали, нежни зборови ќе ги сокријам на врвот на јазикот, на дното на гркланот, меѓу стомакот и срцето. И ќе кажам сосема малку.

Често се чувствувам како риба, птица, ученичка, бебе. Но, неодамна се изненадив кога дознав дека и на Бродски му било судено на 23 години. А бидејќи и јас сум дел од човечкиот род, ќе го кажам ова:

Во кабалата постои концептот tikkun olam – поправање на светот. Гледам дека светот не е совршен. Верувам дека, како што напишал Јехуда Амичаи, светот е создаден убав, создаден за добро и за мир, како клупа во градина (во градина, не во судница!).

Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост.

Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство. И не сакам насилство. Во ниедна форма. Ниту во форма на учителски раце во шорцевите на ученичките, ниту тупаницата на пијаниот татко на телата на жените и децата. Ако го набројувам целото насилство што ме опкружува, ден, недела или година не би ми биле доволни. За да го видите насилството околу вас, само треба да ги отворите очите. Моите очите се отворени. Гледам насилство и не го сакам. Колку е повеќе, толку повеќе го мразам. И најмногу од сè не го сакам најголемото и најстрашното насилство.

Многу сакам да учам, па ќе продолжам да зборувам со гласовите на другите.

Во училиште по историја ги учев изразите како „Слободата ја распнуваш, но човечката душа не познава окови“ и „За твојата и нашата слобода“.

Во средно ги читав „Реквием“ од Ана Андреевна Ахматова, „Стрмна патека“ од Евгенија Соломоновна Гинзбург, „Укинат театар“ од Булат Шалвович Окуџава, „Децата на Арбат“ од Анатолиј Наумович Рибаков. Ова беше мојата омилена песна на Окуџава:

Совест, благородништво и достоинство

Еве ја, нашата света војска.

Подади им рака.

Не плаши се за нив, ниту во огнот.

Образот им е импозантен и зачудувачки.

Посвети им ги своите кротки години:

Можеби нема да станеш победник,

Но, ќе умреш како човек!

Студирав француски на МГИМО и го научив стихот од Едит Пјаф: „Ça ne pouvait pas durer toujours (Не може да трае засекогаш)“ И  Марк Робин: „ Ça ne peut pas durer comme ça (Не може да продолжи вака)“.

На деветнаесет години отпатував во Мајданек и Треблинка и научив да кажувам „никогаш повеќе“ на седум јазици: никогаш повеќе, jamais plus, nie wieder, לא עוד, nigdy więcej, קיינמאל מער.

Ги проучував еврејските мудреци и најмногу ги засакав овие две мудрости. Рабинот Хилел рекол: „Ако не сум за себе, тогаш кој е за мене. Ако сум само за себе, тогаш зошто сум јас? Ако не сега, тогаш кога?“ А рабинот Нахман рекол: „Целиот свет е тесен мост и најважно е воопшто да не се плашиш“.

Потоа се запишав на културолошки студии и научив уште неколку важни лекции. Прво, зборовите се важни. Второ, работите треба да се нарекуваат со нивното вистинско име. И конечно: sapere aude, односно имај храброст да го користиш својот сопствен ум.

Смешно и апсурдно е што мојот процес е поврзан со учениците. Ги учев децата хуманистичките науки на англиски јазик, работев како дадилка, сонував две години да одам во мал град како дел од програмата „Учител за Русија“ и да го сеам разумното, љубезното, вечното. Но, Русија – преку устата на државниот обвинител, обвинителот Трјакин – смета дека сум ги инволвирала малолетниците во активности опасни по животот. Ако некогаш имам свои деца (а ќе ги имам затоа што ја помнам главната заповед), на ѕидот ќе им закачам портрет на еврејскиот прокуратор Понтиј Пилат за да пораснат во чесни луѓе. Прокураторот Понтиј Пилат стои и си ги мие рацете – тоа ќе биде портретот. Да, сега да се размислува да не се биде рамнодушен е опасно по животот, не знам ни што да кажам за суштината на обвинението против мене. Ги мијам рацете.

И сега е моментот на вистината.

Час по толкување на книгите.

Ниту јас, ниту моите пријатели, од сиот тој ужас и болка, не можеме да најдеме место за себеси. Но кога ќе се спуштам во метрото, не гледам лица извалкани со солзи. Не гледам расплакани лица.

Ниту една од моите омилени книги – ниту за деца, ниту за возрасни – не подучуваше на рамнодушност и кукавичлук. Никаде не ме научија на овие фрази:

ние сме мали луѓе

Јас сум едноставна личност

Не е сè толку едноставно

Никому не треба да му се верува

Некако не ме интересира сето тоа

Далеку сум од политика

Тоа не е моја работа

Ништо не зависи од мене

Властите ќе разберат

Што можев да направам јас

Напротив, знам и сакам сосема различни зборови.

Џон Дон преку Хемингвеј вели:

„Ниту еден човек не е остров, сосема сам за себе; секој човек е дел од континентот, дел од земјата; ако морето одземе грутка земја – Европа е помала, како да однело некој ‘рт, посед на твојот пријател, или твој, смртта на секој човек ме смалува и мене затоа што сум опфатен во човештвото. И затоа никогаш не прашувај за кого бијат камнбаните. За тебе бијат“.

Махмуд Дарвиш вели:

Кога подготвуваш појадок, помисли на другите

(не заборавај да ги нахраниш гулабите).

Кога војуваш, мисли на другите

(не ги заборавај оние кои бараат мир).

Кога ја плаќаш сметка за вода, мисли на другите

(оние кои ги хранат облаците).

Кога ќе се вратиш дома, во својот дом, помисли на другите

(не заборавај на луѓето во камповите).

Кога спиеш и броиш ѕвезди, помисли на другите

(на оние кои немаат каде да спијат).

Кога ги изразуваш своите мисли во метафори, помисли на другите

(оние кои го изгубиле правото на глас).

Кога мислиш на оние кои се далеку, помисли на себе

(кажи си: Ах, да сум барем свеќа во темнината)

Генадиј Головатиj пишува:

Слепите не можат гневно да гледаат,
немиот не може бесно да вика.
Безракиот не може да држи оружје,
безножните не можат да маршираат.

Но – немиот може гневно да гледа,
Но – слепиот може бесно да вика.
Но – безножниот може да држи оружје.
Но – безракиот може да маршира.

Знам дека некои луѓе се плашат. Тие избираат тишина.

Но, Одри Лорд вели: Вашата тишина нема да ве заштити.

Во московското метрo: На патниците им е забрането да се во воз кој оди во ќорсокак.

Аквариумот во Санкт Петербург додава: Овој воз е во пламен.

Лао Це преку Тарковски вели: Најважно е да веруваат во себе и да останат беспомошни како деца. Затоа што слабоста е моќ, а силата е безначајна. Кога се раѓа човекот, тој е нежен и мек, а кога умира е тврд и бесчувствителен. Кога расте дрвото, тоа е нежно и флексибилно, а кога е суво и тврдо, умира. Нечувствителноста и ригидноста се придружници на смртта. Слабоста и флексибилноста ја изразуваат свежината на битието. Затоа, она што стврднало нема да победи.

Запомнете, стравот ја јаде душата. Сетете се на ликот на Кафка, кој кога гледал како се поставува бесилка во дворот на затворот, погрешно помислил дека е наменета за него, ноќта избегал од ќелијата и се обесил. Бидете како деца.

Не плашете се да се прашате (себеси и другите) што е добро, а што лошо. Не плашете се да кажете дека кралот е гол. Не плашете се да врескате, да вреснете во плач. Повторете (во себе и на другите): 2 + 2 = 4. Црното е црно. Белото е бело. Јас сум човек, јас сум силен и храбар. Јас сум силна и храбра. Ние сме силни и храбри.

Слободата е процес низ кој ја развивате навиката да бидете недостапни за ропство.

Aла Гутникова
превод: Лени Фрчкоска

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • April 18, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram