Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: БОРБА
Калина Малеска, Александра Спасеска, Билјана Кочоска, Калиа Димитрова и Марта Стевковска ги споделуваат своите идеи на темата.
Без правила, без насоки, без уредување – разгледуваме зборови, теми и концепти за ментална гимнастика. Оваа недела, во пресрет на 8 Март, размислувавме на што нè асоцира зборот борба, а Калина Малеска, Александра Спасеска, Билјана Кочоска, Калиа Димитрова и Марта Стевковска ги споделуваат своите идеи на темата.

 

 

Не водев гласна и бурна борба кога бев дете – повеќе беше тивка, скоро незабележлива, најчесто преку пишување го исправав грешното што се случуваше околу мене. А неправда многу ме погодуваше, па така најчесто најмногу пишував токму кога неправдата беше најголема. Зборовите беа начинот на кој се борев, па така продолжив и понатаму.

Со текот на годините сфатив дека борбата е постојана, дека неправдите се постојани, а според мојата перцепција и сведоштва некако жените околу мене беа тие кои водеа повеќе борби на разни фронтови. Се бореа секојдневно, некои тивко, некои бурно, а причините беа различни. Некои се бореа за подобро образование, некои за подобри работни места, некои за подобар однос и почит од околината, некои за подостоинствен живот, некои за живот без насилство, а некои за повеќе работи истовремено… И жените навистина, сè уште се борат секојдневно. Да бидат слушнати, почитувани, безбедни, слободни, образовани, здрави, задоволни, среќни… И тоа не само за себе. Историјата покажува дека жените кои се борат за промена и за родова рамноправност најчесто тоа го прават за поголема општествена правда, правда која ќе биде за сите.

Борбата на двете храбри пријателки Роза Луксембург и Клара Цеткин и денес одекнува силно, а 8 март е потсетник дека борбата жените ја водат секој ден. Во нашата држава жените и девојките постојано мораат да се борат за побезбедно, посигурно, поправедно и подобро утре. Затоа кога некој ќе ме праша (најчесто маж), „а за што се борите денес?“ кратко му одговарам дека најверојатно се бориме и за тој да има подобро утре.

Марта Стевковска

 

 

 

Израснав со револуционерни песни за млади партизанки и андеркавер комитки. Бев опкружена со силни жени кои секојдневно се бореа и работеа во заедница еднакво, ако не и нешто повеќе, од мажите. Во школските клупи никогаш не се делевме, гледавме иднина во која роботите ќе бидат реалност, а ние ќе имаме повеќе слободно време за култура и заедништво. На 8 март можевме да им даваме цвеќе на учителките и мајките и да се потсеќаме дека сме поблиску до економска, политичка и социјална рамноправност на жените. Но тоа беа други времиња, кога тежнеењето кон рамноправноста беше нормално и никој не се надеваше дека иднината ќе биде враќање наназад.

Денес се плашам дека ако мојата ќерка ги искаже својата борбеност за рамноправност, некој на интернет ќе ја нарече „либтард“. Треба постојано да пазам дали мојот син ќе налета на крајно десни пропагандни видеа на тикток што го учат како да ги мрази жените.

Треба да се преиспитувам како се облекувам кога излегувам и што ќе изјавам во јавност , а посебно треба да се пазам како разговарам со припадниците на „посилниот пол“.

Живеам во време кога сите сме поврзани, но сме подалеку едни од други од кога и да било претходно.

Мојата борба е за еднаквост, достоинство и солидарност. Економска, општествена и интерсекционална, каде што сите сме различни, но вредни.

Билјана Кочоска

 

 

 

Еднаш одамна еден дечко ми кажа дека јас, бидејќи сум женствена, ќе успеам многу повеќе да истуркам во поглед на феминистичката борба, отколку да бев „поагресивна“. Човекот мислеше дека ми дава комплимент.

Често имам размислувано за природата на мојот тивок отпор, наспроти хаосот кој се случува внатре и кочниците да се искаже гневот како што е соодветно: гласно и слободно. Тоа е мојата внатрешна борба.

Во меѓувреме, пишувам. Таму си дозволувам да бидам сè она што го инхибирале и стишале сите гласови кои си дозволуваат да кажуваат, не само како да бидеш жена, туку и како да се бориш женски.

За мене, борба е именка во женски род, и секогаш тоа и ќе биде. Зборот во себе ја носи богатата историја на женските (повеќе или помалку организирани) движења, вековната солидарност, емпатија и пренесување на знаење, мудрости и вештини (меѓудругото и за преживување) по женска линија, малите триумфи кои ја овозможиле мојата и твојата слобода денес, но и шестото сетило да се насетат обидите таа слобода да се ограничи и одземе. А во некои сфери и простори слобода воошто не ни постои. Зборот во себе ја носи упорноста на секојдневниот обид. Борбата е далеку од завршена.

Калиа Димитрова

 

 

 

Доаѓањето на секој следен 8 Март, признавам, ми носи измешани чувства. Од една страна знам дека никогаш нема да престанам да давам свој придонес за женската борба и за борбата за еднаквост, од друга страна, битките што се водат на различни фронтови – патријархатот и сите негови слепи поданици, институционални и законски лавиринти, образование и едукација, граѓанска одговорност, емпатија и човечност – понекогаш се чинат како битки со ветерници, а тука е и личната борба на сфаќање и прифаќање на сопствената привилегија кога станува збор за феминизмот и еднаквоста.

Сите ние страдаме од овие угнетувачки системи на неправда на свој начин. Но, бидејќи тие угнетувачки системи се хранат на разликите и ранливостите, не страдаат сите подеднакво. Овие системи виреат во нееднаквоста. И на крајот, сексизмот, расизмот и структурната сиромаштија ја имаат истата основа: организираната нееднаквост. Системите на угнетување се хиерархиски и колку повисоко сте на скалата, толку поголема привилегија уживате. И време е да се соочиме сите со нашата верзија на привилегијата, ако сакаме да си ја зачуваме енергијата за големите битки, наместо да ја трошиме на битки со себе.

Феминистките го мобилизираа моралниот гнев, изградија институции за заштита и негување на жените и побараа ресурси за да ги прозиваат и да побараат подобро работење од институциите, од полицијата, преку социјалните служби, до судскиот систем и граѓанската свест. Сепак, многу жени се отуѓени од дискурсот на виктимизација што не ги одразува ниту нивните искуства, ниту нивните интереси. Штетата станува поголема кога ќе се погледне поширокиот контекст кој вклучува прашања за економските можности, репродуктивните права и политичкиот паритет.

Успешната феминистичка борба бара отворен и искрен дијалог меѓу сите идентитети, разговор што не може да се структурира со непризнаена динамика на моќ меѓу членовите. Со цел ефективно да ја примениме феминистичката солидарност во нашата работа, активизам, секојдневно делување, во нашите зборови и постапки, ќе треба да ја прифатиме реалноста на својата привилегија и да научиме каде таа привилегија не постои во ниту една форма. Тоа ќе овозможи споделена одговорност и постојана посветеност на она што е во интерес на сите жени, но имајќи ја предвид различната реалност на секоја од нас.

Александра Спасеска

 

 

 

Во Универзалната декларација за човековите права, меѓу другото, пишува: „… човекот да не биде принуден излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето…“, што на прв поглед ми беше чудна, па дури и нелогична формулација, затоа што би рекла дека, напротив, секој треба во побуната против тиранијата да бара излез. Арно ама, при препрочитување, повеќе ми падна во очи важноста на контекстот, односно: „да не биде принуден“. И првата асоцијација на ова ми беше точно поимот „борба“. Имено, борба значи и тоа: секој ден да укажуваме, реагираме на, менуваме неправедни ситуации и односи, секогаш кога тоа зависи од нас за никој околу нас да не дојде во таква очајна ситуација каде што ќе бара излез во насилна побуна. За да не дојде во таква ситуација, треба да нема тиранија и угнетување, што е многу тешко, и баш затоа ова бара цело време, секој ден неуморна борба против угнетување, борба што никогаш ќе нема крај, зашто секогаш (ќе) има простор да биде подобро.

Калина Малеска
НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 6, 2023
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС и ПМДР
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За митот „сама си го барала“
Насилството и непостапувањето како механизми за „покажување“ на местото на жената.
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram