Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
Без правила, без насоки, без уредување – разгледуваме зборови, теми и концепти за ментална гимнастика. Оваа недела, размислувавме на што нè асоцира зборот промена, а нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.

 

 

 

Анастасија Марковска

 

 

„…Дај ми спокој да ги прифатам нештата кои не можам да ги сменам…“ Сè уште траат масовните протести низ иранските градови како одговор на убиството на Жина (Махса) Амини. Интернетот ја рашири веста, никнаа безброј инфографици за што се случува во Иран, безбројните инфографици беа споделени од безброј корисници на социјалните мрежи, а безбројните споделување добија безброј срциња во знак на поддршка. Па што друго ние, оддалечени три илјади и нешто километри од местото на злосторот, можеме да направиме? Сè уште немам споделено инфографик – мислам дека веста е доволно покриена. Ми преостанува уште да не се оптеретувам дека нема како да им помогнам на угнетените жени во Курдистан и Иран (невозможно е секој од нас да е добриот месија) и да се надевам дека тамошните толпи ќе ги сменат нештата кои јас не можам да ги сменам.

„…храброст да ги сменам нештата кои можам…“ Од дневникот на храбрички нешта направени во последните неколку недели би ги издвоила одбивањето да му го кажам името на напорниот таксист (иако не е тешко да ми ја запомни адресата на живеење); укажувањето дека седмата „жената ќе ги измие садовите“ шега кажана во претежно машко друштво е исто толку несмешна колку и првата (иако е можно да не ме поканат на следната скара); и опоменувањето на средовечниот ЈСП контролор дека не е пријатно да дели комплименти на патничка во автобусот (иако веднаш ми кажа дека ми е криво затоа што е поубава од мене). Не знам колку тежи храброста на овие постапки, но верувам дека со нив е постигната барем мала промена – дури и таа промена да е премин на изразот на лицето на мажето од ултрасамоуверено во запрепастено.

„… и мудрост за да ја увидам разликата.“ Кој би рекол дека американски теолог, Alcoholics Anonymous и Курт Вонегат сложно би покажувале кон правилната насока?

 

 

 

Елена Петрова

 

 

Целата куќа смрдеше на јагнешко кога станав наредното утро. Беше околу десет кога конечно се упатив кон долниот спрат и ми беше сомнително тоа што мачките сè уште се немаа појавено барајќи за јадење. Досадни и напорни се кога се гладни: мјаучат на висока фрекфенција, скокаат, се плеткаат низ нозе и потсопнуваат во од. Ама за тоа единствено се жалам во присуство на мачкомразачи – да не се случајно им падне незгодно од едноминутната џева.

Како се наближував до кујната, така миризбата заоструваше. Одеднаш, станав свесна зa покриените огледала наоколу кои што наликуваа на украсни шампи. Беа насекаде, запоседнувајќи го местото каде што беше телевизорот, комодата со огледало и стаклениот креденец. Замислив како на напупчените набори на најмалата шампа наросувам чоколаден прав и внимателно ги вгнездувам карамелизираните цреши на врвот. На поголемата би посеала розови мрвици, а на најголемата би ставила само една јагода на врвот.

Мислата ми ја прекина шушкањето на алуминиумска фолија кое што доаѓаше од кујната. На масата, помеѓу тањирите со остатоците од вчерашната храна, мачките спокојно си го докусуруваа јагнешкото. Се приближив до металниот плех и видов дека скоро и да нема ништо од месото, само тука-таму по некоја коска. Набрзина ги фрлив остатоците надвор за мајка ми да не го затекне ваквото нецеремонијално сквернавење на гробната храна од страна на „трите напасти“, а мачките ме следеа.

Надвор ме сечеше свеж и студен ветрец додека стоев на тремот загледана во изглоданите коски на земјата. Сончево беше и ладно, си реков таман за 21 март.

 

 

 

Благица Димитрова

 

 

Секогаш кога мислам на промена, размислувам дали промената е избор или нужност. Инсистирајќи на применлива дефиниција за љубов во Сѐ за љубовта, bell hooks, цитирајќи го Скот Пек, ја дефинира љубовта како чин на волја – намера и дејство. Волјата подразбира избор. Не е нужно да сакаме, туку избираме да сакаме. Би го применила ова и во контекст на промените или сакањето промени. Подобар свет е и можен и нужен, ама избираме да е таков.

Секогаш кога мислам на промена, размислувам дали е фер да очекувам таква волја и стремеж кон промена од оние од коишто очекувам – пријатели, партнери, сострадалници, сонародници, со-работници, немоќници.

Секогаш кога мислам на промена, размислувам дали сме агенси или пасивни приматели на промените. Работите се менуваат дури и кога не (се чувствуваме како да) учествуваме. Дали тогаш пасивноста нѐ прави активен чинител или катализатор или дури и самата причина за некоја промена?

Секогаш кога мислам на промена, размислувам дали треба да се почне од себе и од мали акти или треба да поттикнуваме голема колективна промена. Размислувам дали воопшто треба да размислувам на индивидуална промена или таа следува по колективната. И како функционира едното без другото?

Секогаш кога мислам на промена, размислувам како премногу размислувам, а премалку дејствувам.

Секогаш кога мислам на стагнација, ги гледам сите промени.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 26, 2022
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фестивал на менструација
Надминувањето на менструалната сиромаштија значи да се препознае нееднаквоста и за тоа да се зборува јавно.
  • Од Ангела Бошкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сите за МКЦ: Движење кое почна со дружба
Ваквите пријателства и познанства создаваат чувство на заедништво, а некогаш овие врски може да се претворат во политички движења.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Важноста на родителската поддршка за квир лицата
За важноста, контроверзноста и субверзивноста на родителската поддршка за квир лицата.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram