Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
Без правила, без насоки, без уредување – разгледуваме зборови, теми и концепти за ментална гимнастика. Оваа недела, размислувавме на што нè асоцира зборот разговор, а Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.

 

 

 

 

Разговор како танго и средба во Буберовска смисла. Кога сум со другиот/та/те своја и присутна за нив. Кога има препознавање и признавање, кога можам да ја почувствувам возбудата што ја носат различното и сличното во бескрајните варијации. Во убавините, кога се запрашувам и изненадувам, восхитувам и сум предизвикана, кога ми е пријатно и доволно, кога не морам да изустам ни збор, за да осетам прифаќање. Во најлефтерната прозаичност на секојдневието и во најгустите слоеви на преживувањата. А во отсуство на разговор – најтешките мигови на осаменост и туѓост, најголемиот страв и ужас, како војна, одбивност, повлекување и немост.

Ана Блажева

 

 

Моите мислите градат една мала сцена на која сме ти и јас. Рефлекторите се внимателно вперени во тебе, со прецизно избрани филтри, за ниедна сенка да не ми го попречува видикот, да ја видам и најситната гримаса, додека ги консумираш моите одбрани зборови со кои конечно во тебе ја всадувам траумата. Занемен од фактот дека конечно ја разбираш мојата болка, не ни имаш желба да станеш и заминеш. Ме слушаш и ми веруваш.

Победа!

Моите мисли создаваат ситуација, каде јас и ти, драга колешке, заседнати после некоја долга проба, разговараме за тоа како да се спаси светот и театарот и тогаш без трошка заддршка ти велам „Зошто упорно се однесуваш како да ги сакаш и поддржуваш сите, не се ли измори? Те молам, земи си го назад животот и биди тоа што навистина си”. Не почувствував каење, ниту пак потреба дополнително да се објаснувам, а на крај на памет ми беше да додадам „извини ако те навредив, не сакав, но…”.

Храброст!

Моите мисли ја создадоа ноќта кога вие двајца држејки се за раце, втренчено ме гледавте во очи и ми се наситувавте на поразот. Низ тој пламен од гнев, смирено, без солзи, ви реков „Ве мразам, одвратни сте и засекогаш ќе бидеме непријатели” и никогаш повеќе не морав да бидам фина со вас.

Слобода!

Додека го пишував ова си помислив, доколку ја надминам потребата за победа, сигурно ќе се ослободам од стегите и веројатно ќе имам повеќе храброст да разговарам како што замислувам дека треба.

Наталија Теодосиева

 

 

Пракса на средба со другите којашто секогаш вклучува повеќе од двајца, како другите во мене и другите во оние со кои разговарам, како невидливо втиснати траги во значењата, јазикот, дискурсот, хоризонтите на очекување, разговорната динамика, интонацијата и емоционалната изразност, кои ги отелотворувам и користам (или ме користат мене) во прво лице еднина, чиешто време не е мое време, кое ми претходи и ме следи како смрт на мојата интенционална присутност овде и сега, како иднината на значењето. Разговорот е етичка и политичка точка на тензија помеѓу размената, соочувањето, себе-трансформацијата и слушањето со/преку/на Другата како друга, и интерпретирањето, читањето, врамувањето и монолингвистичкото наметнување на/над Другата како истото разбирливо во веќе постојните граници на средбите. Тензијата помеѓу суптилно насилниот императив да се каже сè, да се изговори сопствената вистина и да се говори разбирливо, од една страна, и етичката одговорност да се остави простор за буката на молкот и неспознавањето на другиот, од друга страна. Ако првото е секогаш фантазам на Субјектот, нашата политичка одговорност е да разговараме препуштени на ризикот понекогаш и да не разбереме, или пак да молчиме во присуството на Другата, која секогаш веќе ни бега кон иднината. Како РАЗликата во ГОВОРот.

Славчо Димитров

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • November 28, 2022
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Ангела Рајчевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram