Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.

Пролетва од моите транс пријатели добив информација дека во Македонија повеќе нема да се увезува тестостерон депо, поради тоа што на фармацевтската компанија Галеника им истекла лицената за увоз на овој лек. Како транс маж (личност на која ѝ бил доделен различен пол при раѓање од родот со кој што се идентификува), кој го користи овој лек, разбирливо бев во шок, но не бев изненаден и набрзо морав да се соочам со фактот дека овој проблем нема никако да се адресира, ниту пак да биде тема на дискусија во државните институции. Секако, соочени сме со пандемијата и вакво нешто немаше да биде приоритет – но во кој било случај, транс заедницата во Македонија ретко е приоритет, и секогаш има некаков изговор за тоа.

Важно е да се разбере зошто ова е сериозен проблем. За мене и за многумина транс луѓе, хормоните се еден вид мост којшто ни дозволува целосно да бидеме дел од општеството, не само за себе-реализација и негување на нашата дисфорија. Дисфорија е состојба кадешто една личност чувствува дека нивниот биолошки пол и родовиот идентитет не се поклопуваат. Доколку истата не се открие на време и не се негува, може да доведе до депресија, анксиозност и неспособност трансродовата личност да живее нормален живот. Со користење хормони (тестостерон за транс мажи, а естроген за транс жени), транс луѓето се здобиваат со физичките промени кои хормоните ги предизвикуваат, како на пример промена на гласот или растење на телесни влакна и брада (кај транс мажите).

Самиот процес за започнување на хормонската терапија кај нас воопшто не е адекватен. Првиот чекор е да се најде психолог којшто ја дава дијагнозата F64.0 (транссексуализам), нешто што претставува доста макотрпна процедура поради тоа што не се сите психолози добро запознаени со оваа тема. Во Мај 2019 год., СЗО (Светската Здравствена Организација) го усвои МКБ-11 (Меѓународна Класификација на Болести), каде што трансродовите идентитети беа формално депсихопатологизирани, односно повеќе не се класифицираат како психолошки нарушувања и сега се водат според дијагнозата Z-77 (родова неусогласеност). Но, кај нас, оваа вест сѐ уште нема никаков плод, и нема промена во прирачниците на психијатрите и психолозите, така што мора во најбрз можен рок да се применат промените според МКБ-11 за трансродовите луѓе да имаат достојни здравствени услуги кога станува збор за нивниот родов идентитет, како и други потреби.

Вториот чекор е наоѓање соодветен ендокринолог, нешто што исто така претставува предизвик поради нивната (честа) необученост и недостиг на формален тренинг за потребите на транс заедницата. Секако, овој резултат е предизвикан од фактот што здравствените институции речиси воопшто не обрнуваат внимание на транс заедницата. На пример, пред неколку години бев во државната болница во Скопје за да започнам со хормонска терапија и пред тоа морав да испитам неколку клучни хормони. Ендокринологот што беше задолжен за ова не знаеше кои хормони требаа да бидат испитани. Поради тоа, морав јас лично и детално да ѝ објаснам кои се истите, за што тие служат и која е потребата од нивното испитување. Истиот ендокринолог ми се потсмеваше и потфрлаше несоодветни коментари од типот на: “Дали твоите пријатели те имаат убедено дека ваква процедура е нешто интересно?” и “Менување пол е сериозна работа, баш жално, пошо си преубаво девојче”. Доколку транс особата најде ендокринолог кој што може правилно да им ја следи транзицијата, последниот чекор е само набавување на нивните соодветни хормони. Како што се спомнав претходно, и ова станува доста невозможно поради недостигот на самата терапија во Македонија што не е покриена од фондот за здравство и доколку е достапна (типично земена од друга држава со извештај од Македонија) е доста скапа.

Поразително е што гледаме дека во здравствените институции има отсуство на волја кога станува збор за овие прашања. Сепак постојат одредени организации од граѓанскиот сектор кои се залагаат за промена. Добар пример за ова е младинскиот центар Сакам Да Знам, кој работи под организацијата ХЕРА, каде транс лицата можат да добијат голем број медицински услуги. Овој центар е многу значаен за транс заедницата, бидејќи нивните услуги (психолошката поддршка, гинеколошките услуги итн.) се бесплатни и дискретни, и секако, бидејќи медицинскиот персонал е обучен за транс темите. Но тоа што само граѓанскиот сектор се залага за нудење на овие услуги не е во ред, поради тоа што ова треба примарно да биде одговорност на државните здравствени институции.

Причината зошто дискретните услуги се значајни, е поради системската и социјалната дискриминација со којашто транс луѓето секојдневно се соочуваат во здравствените институции. Транс луѓето не само што системски немаат пристап до важни услуги, туку тие се често се прашувани несоодветни прашања, дирекно омаловажувани и дискриминирани од страна на медицинскиот персонал. На пример, постои можноста докторот да се обрати со неточното име и презиме на транс личноста (кое е најчесто непроменето во личната идентификација) кога се повикани од чекалната, или пак медицинскиот персонал им се обраќа со родови термини како „госпоѓо“/„господине“ кои не се соодветни за нивниот род. Доколку во истата локација има трансфобична личност, транс особата може да биде дискриминирана, ставена во опасна ситуација и загрозена. Иако процедурата за промена на име е доста лесна и достапна, не постои конкретен закон за матична евиденција (промена на маркерот за пол и матичниот број, во овој случај бројките 455 и 450 коишто означуваат пол). Ова води до вториот фактор, а тоа е достапноста на бесплатните услуги.

Поради непостоењето на конкретен закон за матична евиденција, транс луѓето немаат можност да ги променат нивните документи и тоа доведува до дополнителни предизвици, како вработувањето. На пример: доколку една транс личност ја има “завршено” својата медицинска транзиција и нивниот изглед се совпаѓа со нивниот идентитет, но не и со информацијата во личните документи, постои можноста да бидат дискриминирани во работното место од страна на нивните колеги и работодавци кои имаат пристап кон истите. При дознавање за нечиј трансродов идентитет, не може да се предвиди како одредени работодавци би реагирале, што значи дека немањето на соодветни документи може да ги доведе транс луѓето до економски неповолна позиција, и ефективно да се отсечени од пазарот на трудот.

Земајќи го ова предвид, и фактот што медицинските услуги за транс луѓето не се покриени од фондот, медицинската транзиција е речиси невозможна под нашите „нормални“ услови. Транс луѓе речиси и да не постојат во системот, и тоа ги става во животозагрозувачка позиција. Дури и најосновна работа како наоѓање матичен лекар, нешто за кое што повеќето луѓе немаат потреба ни да размислат, е предизвик за транс луѓето, кои не можат да бидат сигурни дали матичниот лекар ќе го прифати нивниот родов идентитет и ќе биде способен да им понуди помош. Покрај потребата за правното признавање на родот (односно усвојување на законот за промена на матична евиденција) и зголемување на видливоста на транс заедницата како дел од нашето општество, мора да се зголеми сензибилизацијата кај медицинските институции на ова прашање.

Во овој век не треба да има простор за која било заедница на луѓе да страда толку многу на дневна база и да биде турната на страна, особено од институциите што треба да го заштитат животот и здравјето на своите граѓани. Транс луѓето не бараат таканаречени „посебни права”, туку основни човекови права кои ги немаат или пак не можат целосно да ги уживаат: правото на брак, на создавање семејство, на изразување, еднаквост, заштита од дискриминација и лош третман и безбедност на работното место. Постојат многу дебати околу овие теми кога станува збор за заедницата, но здравјето на една личност, која и да е, не треба да биде тема на дебата. Воведување на подобри постапки и третман кон трансродовата заедница од страна на здравствените институции е важен чекор кон исполнување на крајната цел на истата – можноста да се живее нормален живот.

 

 

 

 

 

Анонимно писмо од трансродов маж

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 10, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Збор, два за црквата
На 29 јуни МПЦ организира „сенароден“ протест против родовата еднаквост и правното признавање на родот. Еве дел од причините зошто ова е погрешно и страшно.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Ивана Смилевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram