Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.

Без разлика кои се твоите способности, што работиш или тренираш, кога си жена, сепак, прво си жена, и тој факт често се наоѓа во преден план. Освојуваш прво место на некое големо натпреварување, а притоа не си успеала да ја бојадисаш косата, и одеднаш, твојата „лоша“ фризура станува главна вест. Рушиш рекорди, но поважни се гаќичките кои ги носиш. Покрај ранецот за тренинг, носиш ранец полн родови стереотипи, стигми и наметнати норми, а тоа тежи, обременува и го нивелира со неуспех твоето лично искуство.

Спортско натпреварување, токму во овој аспект, може да се доживее на различен начин, зависно од тоа дали сте маж или жена. Кон тоа, во голема мера придонесува и јазикот што се користи за опишување на спортистите и спортистките во медиумите. Често, кога читаме вест за спортистка, ги среќаваме зборовите „нежна“, „убава“, „симпатична“, „постара“, „бремена“, „омажена“, „немажена“ и слично. Спротивно на тоа, придавките како „најбрзи“, „силни“, „големи“, „вистински“ и „одлични“, редовно се користат за да се опишат спортисти.

Родовите норми и стереотипи кои се длабоко вкоренети во колективната свест се овековечуваат и зајакнуваат токму преку ова неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.

Според УНЕСКО, Олимписките игри се ретко време кога женските спортски ѕвезди добиваат свое место на насловните страници. Сепак, надвор од периодот на големите спортски настани, статистиката тврди дека иако 40% од спортските учесници се жени, а спортовите во женска категорија добиваат само околу 4% од целокупното медиумско покривање. Од тие 4% покриеност, известувањето често се однесува на нивниот физички изглед и личниот живот, наместо на спортските способности и успеси.

Во Република Северна Македонија процентуалниот сооднос на известувањето во спорт во женски категории е 20%, за разлика од машките, на кои им се посветени цели 80 %. Ова го покажа анализата на МИА која опфати неколку федерации, телевизии и спортски веб-портали и воочи дека спортистките, ги има на терен, но не и на телевизија, за нив може да се слушне малку, и тоа најчесто само на спортските веб-портали.

Оваа анализа ја поттикна Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да направи анализа „Родот во медиумите 2021: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма на националните терестријални телевизии“, со која за прв пат се дава квантитативен и квалитативен увид во тоа колку и како известуваат националните телевизии за спортистките и спортовите во женска конкуренција, наспроти спортистите и спортовите во машка конкуренција.

Анализата покажува дека на програмата на трите анализирани канали – МРТ 1, МРТ 2 и МРТ 3, доминираат тимските спортови во машка конкуренција. Востановено е доминантното присуство на мажи меѓу новинарите наспроти маргиналното учество на новинарки, како и доминација на мажите спортски работници односно спортски експерти.

Приватните телевизии ТВ Алфа, ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма и ТВ Алсат-М, пак, во редовната спортска информативна програма, сметајќи ги индивидуалните и тимските спортови, имаат доминација на спортовите во машка конкуренција. Спортските експертки се речиси целосно отсутни од редовната програма на приватните телевизии, додека, ставови и анализи за спортските настани редакциите барале доминантно од машки спортски работници.

УНЕСКО, со поддршка од Универзитетот Кембриџ, ја разви првата екстензија за родова еднаквост фокусирана на спортски медиуми на пребарувачот „Chrome“ наречена „Her Headline“. На оваа екстензија, воочливи се сексистички наслови од еминентни светски медиуми како Њујорк Тајмс, Ал Џезира, NBC, Телеграф, ESPN W и други. Еден од најеклатантните примери е USA Today со насловот „Новата мајка Дана Волмер освои бронза во сто метри пеперутка“, каде што успехот на петкратната носителка на златен олимписки медал и поранешна светска рекордерка е ставен во втор план. ESPN W , исто така, преку насловот „Јас го мислам тоа во позитивна насока, таа плива како машко“, споредува биолошки предиспозиции кои се недозволиви. Aljazeera, пак, со насловот „Иранската скијачка се избори за патека до Пјонгчанг“ го изоставува идентитетот на скијачката Самане Бајрами Бахер, која своевремено беше единствената жена членка на националниот тим за крос-кантри скијање.

Горенаведените наслови се пример за тоа што медиумите имаат тенденција да ги претставуваат спортистките првенствено како жени, а потоа како спортисти. Во опфатот на написи за жените во спортот, често доминираат коментари за изгледот, возраста или семејниот живот, додека, мажите се прикажани како моќни, независни, доминантни и почитувани како спортисти.

За тоа придонесува и фактот што во моментов, низок процент од спортските медиумски работници се жени. Бројот на жени кои се занимаваат со спортско новинарство сè уште е релативно низок, а оваа конкретна област на известување останува претежно „машка специјалност“ во земјите ширум светот.

 

 

Сексуализацијата на жените во спортот се проширува дури и на она што го носат

 

 

Во повеќето спортови, спортистките се облекуваат во тесни, оскудни облеки. Во нив, од жените се очекува да исполнат некаква предодредена родова улога. Во кошарката и фудбалот жените не носат тесни шорцеви или слатка облека. Меѓутоа, во тенис и одбојка, на пример, спортистките се чини дека исполнуваат две улоги, едната е облекување за натпревар, а второ, облекување за да се задоволи толпата. Понекогаш оскудните облеки ја нарушуваат вистинската цел на спортот. Единствениот спорт што изгледа навистина еднаков на модниот фронт би бил голфот во кој жените можат да носат панталони, шорцеви или здолништа.

„Униформи кои продаваат секс“ се чест пример во спортските федерации. Таков пример е женската кошаркарска репрезентација на Австралија каде што кошаркарките беа принудени од сопствената федерација да носат униформи во стил на костими за капење. Некои официјални лица признаа дека униформите биле маркетиншки трик за да ги направат спортистките „што е можно посексуализирани, со цел профит“. За жал, ова не е единствената ваква приказна.

Најактуелен пример е Норвешката женска екипа за ракомет на плажа која доби поддршка од целиот свет, откако натпреварувачките од тимот одбија да носат гаќички на Европското првенство во знак на протест против долниот дел од бикини, за кој рекоа дека прави да им е „многу непријатно“. Тимот, потоа, беше парично казнет. Настанот поттикна широка дебата и притисок од јавноста, со што три месеци по одлуката за казната, Норвешката федерација реши дека ракометарките на плажа повеќе нема да мора да се натпреваруваат во бикини.

Сличен пример е и олимписката пара-атлетичарка Оливија Брин, на која официјален претставник на Англиското првенство ѝ кажа дека нејзините шорцеви се премногу „откривачки“ и дека треба да го преиспита нејзиниот избор на облека. На ова, Брин изјави дека е згрозена, изненадена и збунета.

Неодамна, германската гимнастичарка, Сара Вос, пркосејќи ѝ на конвенцијата избра да носи целосно боди на Европското првенство во уметничка гимнастика во 2021 година во Базел, Швајцарија. Вообичаено, на гимнастичарите им се кажува да носат трико за натпревари, кои можат да бидат или со половина или со долги ракави. Со ова, Вос го покажа својот став за објективација на девојките и жените преточена во кодексот на облекување.

Во 2018 година, Серена Вилијамс носеше црн целосен костум на Отвореното првенство на Франција, за да помогне во циркулацијата и да спречи згрутчување на крвта по бременоста. Според Француската тениска федерација, таа, со ова, „отишла предалеку“. Учеството на Вилијамс на Отвореното првенство на Франција требаше да биде симбол на нејзината сила. Откако едвај го преживеа раѓањето на нејзината ќерка, Алексис, помалку од девет месеци потоа, Вилијамс се врати на ВТА турнејата. Сепак, нејзиниот настап брзо се сведе на една работа – нејзината облека.

Тоа што на жените им се суди според наметнати стандарди за женственост, а не според нивните атлетски способности, е симптом на поголем проблем вкоренет во општествени очекувања, од коса и шминка, до тоа колку е тесна или лабава облеката, сè до боите на облеката, за да можат повеќе да се усогласат со поимот за девојка и женственост.

 

Родовите стереотипи најчесто се манифестираат преку ставови поврзани со изгледот

 

 

Даниела Антоновска, магистер по родови студии, со 20 годишно искуство во областа на родовата еднаквост, вели дека родовите стереотипи се широко распространети  и најчесто истите се манифестираат преку сексистички ставови поврзани со изгледот, возраста и семејниот живот на жените спортистки.

„Често пати женските спортски достигнувања се тривијализираат на сметка на доминирање на рефренци за изгледот, возраста, и истото, пред сѐ, се должи на непрепознавање на поимите родова еднаквост и рамноправност, несериозно сфаќање на овие концепти, и немање на спортска култура. Прво се коментираат како жени, а потоа како спортистки. Има тенденција да бидат прикажани премногу стереотипно и сексуализирано“, вели Антоновска.

Таа го нагласува влијанието на медиумите кои имаат моќ да ги обликуваат јавните верувања, перцепции и вредности.

Атлетичарката Милјана Ристиќ за себе вели дека секојдневно е изложена на сексистички коментари. Како пример за едно од многуте непријатни искуства, таа сподели момент од почетокот на нејзината кариера. Станува зор за Скопскиот полумаратон 2018 година на кој таа заврши на петтото место во генералниот пласман и на второто место од категоријата Македонки.

„По успешно завршена трка најголемо внимание беше обрнато на моето тело, физички изглед, атрибути и опрема во која се натпреварував, додека, успехот кој го постигнав на трката беше целосно занемарен. После оваа трка, на ниту еден од медиумите не беше пишувано за моите постигнувања или пак за самата трка генерално. Главната насловна на скоро сите портали беше „Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички”, заедно со моја фотографија од трката, а под тоа имаше коментари од секаков вид. Тогаш за првпат се соочив со вакво искуство и можам да кажам дека освен што воопшто не е пријатно, ова е навистина поразително за еден спортист“, вели Ристиќ.

Таа дополнува дека многу често, после секој постигнат успех, остварен пласман, истрчан личен рекорд, во многу случаи не добива пофалби за нејзиното постигнување, туку за физичкиот изглед и убавина.

„Многу често се соочувам со коментари од типот „Честитки, убавино”, „Браво, добра нога држиш”, „Какво тело имаш” и слично, што секако дека не ми прави да се чувствувам пријатно. Но, од друга страна, има луѓе кои вистински ми честитаат и се радуваат на мојот успех, што е навистина голема вредност, па секогаш се обидувам да го свртам фокусот во таа насока“, вели таа.

Пулексенија Јованоска е најдобрата македонска каратистка, таа годинава учествуваше на Олимписките Игри во Токио. Јованоска вели дека имало случаи кога објавува фотографија од нејзин успех и на која поголем дел од коментарите се упатени кон нејзиниот изглед, не за успехот.

„За жал, сметам дека живееме во ера кога се акцентира убавината пред квалитетот. Не само во спортот, во сите области. Но, ме радува фактот што преку спортот јасно е видлив талентот и успехот на девојките. Сметам дека спортистките докажуваат дека кога има вложен труд и тренинзи, успехот е неизбежен, а естетската привлечност не игра некоја улога“, вели Јованоска.

Дрита Ислами е атлетичарка која постојано руши рекорди и освојува медали. Девет пати е прогласена за атлетичарка на годината со срушени пет македонски рекорди, учество на Олимпијада, Светско првенство и повеќе триумфи. Таа вели дека како атлетичарка не била многу изложена на сексизам, меѓутоа, на почетокот од нејзината кариера „било апсурдно да трча со гол стомак“.

„Атлетиката е спорт кој е малку екстравагантен поради опремата што ја носиме на натпревари. Сега тоа е нормално, но, во почеток на мојата кариера, пред 13 години, беше малку апсурдно да трчаш со гол стомак и кратки шорцеви и нормално дека бевме осудувани за тоа. Но, секогаш сум внимавала да не привлечам внимание. За среќа, сега луѓето не гледаат на таков начин туку гледаат резултати и се радуваат на истите“, вели Ислами.

Во атлетиката, како што вели, зборуваат секундите и нема место за неправда меѓу мажи и жени.

 

 

Известувањето во спортот ги обликува нормите и стереотипите за родот

 

 

Медиумите имаат можност да ги променат традиционалните норми и стереотипи, промовирајќи балансирано известување на спортот во машки и женски категории и правично и професионално прикажување на спортистите – без разлика на родот.

Она што може да помогне, според Антоновска, се алатки за родово чувствителен јазик и комуникација од една страна, а осуда за сите сексистички говори и однесувања од друга страна.

„Потребно е промовирање на позитивни модели на спортистки со цел одвраќање на фокусот од изгледот кон достигнувањата, и ставање на исто рамниште со машките спортски достигнувања. Поттикнување на водечки спортски личности да осудат негативни коментари  со сексуална или каква било друга дискриминаторска конотација, бидејќи спортот може да биде еден од двигателите на родовата еднаквост преку учење на сите на тимска работа, зајакнување на самодовербата, наместо да биде извор на сексизам“, вели таа.

Ристиќ посочува дека поради нивното влијание врз општеството, медиумите и медиумските професионалци имаат одговорност да работат кон отстранување на стереотипите и намалување на родовата дискриминација.

„Во случај на спортот, конкретно, медиумите треба да придонесат за постигнување на родово-недискриминаторски стандарди и модели кои ќе поттикнат зголемување на разновидноста на спортските активности. Докажано е дека медиумите имаат значително влијание, социјална одговорност и улога во борбата против родовите стереотипи, како и во подобрувањето на видливоста на жените. Па така, сметам дека подигнувањето на свеста треба да започне уште од рана возраст. Дополнително, ова може да се постигне и со зголемување на уделот на женскиот спорт во вестите, спортските емисии, претставување на женскиот спорт на ист начин како што е претставен и машкиот, организирање работилници, семинари, јавни говори на претставителни спортски личности и можеби најважно, подигнување на свеста и кај самите жени спортистки“, вели таа.

Јованоска вели дека гледа простор за промени и чувствува подобра клима за женскиот спорт.

„Ќе биде тешко, сè што е табу тешко се менува, но, има напредок и тоа ме радува“, заклучува таа.

Според Ислами, кога почнуваш да тренираш некој спорт, талентот е најважниот фактор. Таа посочува дека не треба да се мисли на лошите страни и да се биде под влијание на коментари и притисоци од надвор, туку, како што вели, „треба да се има самодоверба и да се биде фокусиран на резултат со напорна работа“.

Жените имаат право да се чувствуваат удобно во сопствената кожа на глобалната спортска сцена. Тие треба да ја остварат својата цел демонстрирајќи ги вештините што ги научиле и совладале, наместо да ја нагласуваат фризурата, шминката, и воопшто изгледот. Јавноста во спортот, како, впрочем, и во сè друго, треба да ги разгледува ставовите, постигнувањата и изгледот на мажите и жените подеднакво.

Единствен фокус кога спортистките ќе излезат на терен треба да биде нивниот перформанс на способности, а за сè останато треба да имаат слобода на избор, израз, убедување и верување. Медиумите треба да известуваат подеднакво и еднакво, по исти критериуми, а публиката треба да знае, гледа и поддржува резултати кои не се поврзани со естетика, туку со реализирани постигнувања, засновани на квалитет. И сето ова да придонесе кон правилен развој и реализација на спортистките како личности.

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Ангела Рајчевска
  • April 13, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нашиот пат – 25 женски приказни од историјата
Тииит!Инк. ве поканува на промоцијата на публикацијата „Нашиот пат - 25 женски приказни од истроиајта“,  во петок (01.10), во кафе-книжарницата „Буква“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram