Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.

Како жена, а пред сѐ како човек, не можев, а да не почувствувам задоволство и олеснување кога ја прочитав веста за ослободувањето на Пале Илкоска, долгогодишна жртва на семејно насилство, која во борба за својот живот му нанела смртоносна повреда на насилниот партнер. Но, како правен професионалец не можам, а да не почувствувам длабока загриженост. Пале Илкоска, чии што детали на случајот уште од самиот почеток јасно и кристално укажуваа на тоа дека дејствието го извршила во самоодбрана, доживеа да биде непотребно виктимизирана низ лавиринтите на системот – притворена, обвинета и изнесена пред суд за кривично дело „убиство на миг“. При вакви околности, не можам, а да не се запрашам која би била правната разврска со истата Пале Илкоска, доколку дејствието на одбрана го презела само неколку секунди или минути подоцна. Или која би била правната разврска со истата Пале Илкоска, доколку дејствието го презела по соочување со сериозна и реална закана по нејзиниот живот. Дали во тој случај историјата на семејно насилство би била земена предвид како релевантна околност?

При налет на овие прашања, не можам, а да не помислам, со доза на иронија се разбира, дека Пале Илкоска имала „среќа“. „Среќа“, што фактите на нејзиниот случај совршено се вклопија во правниот институт „нужна одбрана“ (самоодбрана), дефиниран како „одбивање од себе или од друг истовремен, противправен напад“. Со други зборови, Пале делувала онака како што законодавецот очекува да реагира просечно разумен човек. Но, истражувањата покажуваат дека жртвите на семејно насилство не реагираат секогаш со внимание на класичниот просечен разумен човек, кој btw е скроен според потребите и искуствата на мажите. Мажите и жените имаат различни искуства и потреби, и следствено на тоа различен начин на реагирање на надворешните настани. Мажите, генерално се повеќе склони да реагираат веднаш, во афект и пропорционално. Но жените, особено жените – жртви на семејно насилство, во принцип не се склони да реагираат на овој начин. Истражувањата покажуваат дека жените – жртви на семејно насилство ги вршат убиствата на насилните партнери како би избегнале да бидат убиени. Ова подразбира дека жените – жртви на семејно насилство, најчесто ги вршат убиствата во оној момент кога се соочуваат со сериозна и реална закана по нивниот живот, а не во моментот на самиот напад врз нив. Притоа, во најголем дел од случаите, жените – жртви на семејно насилство честопати користат и оружје, имајќи ги во предвид биолошките предиспозиции на мажите во однос на жените. За разлика од жените, мажите многу полесно би можеле да ја задават партнерката со голи раце. Ова говори дека жените – жртви на семејно насилство не би можеле секогаш успешно да се одбранат во рамките на постојните концепти на „нужна одбрана“ и „афект“ или „провокација со жешка крв“.

Благодарение на притисокот на невладините организации од Велика Британија за заштита на женските права, кои делуваа во медиумски експонираните случаи на Киранџит Ахлувалија, Сара Тортон и Ема Хемфрис, британскиот правен систем го реформираше класичниот концепт на „провокација со жешка крв“, заменувајќи го со концепт на „провокација со бавно согорување“ (анг. „slow-burn provocation“). Заради компарација со македонскиот случај на Пале Илковска, вреди да се споменат деталите на нивните случаи:

Киранџит Ахлувалија, на возраст од 21 година, го убила насилниот партнер, подметнувајќи смртоносен пожар во спалната соба во која тој спиел. Ова дејствие го презела неколку часа по изложеноста на уште едно во низата насилства извршени од партнерот, кој овојпат со употреба на жешка пегла и нанел изгореници на лицето. Истата првостепено била осудена на казна доживотен затвор за убиство од прв степен, сторено со умисла (на анг. „murder“). По уважување на жалбата и враќање на случајот на повторно судење, истата била осудена на казна затвор од 3 години и 4 месеци за убиство од втор степен (на анг. „manslaughter“), сторено во состојба на „провокација со бавно согорување“.

Сара Тортон, на возраст од 34/35 години, го убила насилниот партнер откако истиот со употреба на нож сериозно се заканил дека ќе посегне по нејзиниот живот и животот на нејзината 10-годишна ќерка. Првостепено била осудена на казна доживотен затвор за убиство од прв степен, со образложение дека временскиот период од 60 секунди помеѓу заканата на насилниот партнер и преземеното дејствие од нејзина страна не го конституирало елементот на „ненадејно и привремено губење на контролата врз себе“. Второстепениот суд ја поништил првостепената одлука и ја огласил за виновна за убиство од втор степен, без да прецизира дали дејствието извршено од нејзина страна е резултат на „провокација со бавно согорување“ или „намалена способност за расудување“.

Ема Хемфрис, на возраст од 16 години, го убила насилниот партнер во очајнички обид да го спречи во намерата повторно да ја силува. Истата ги пресекла своите вени со нож, но испаничена дека нејзиниот партнер ќе го искористи ножот како оружје против неа, му нанела смртоносна повреда. Истата била осудена на неодредено време во малолетнички затвор за кривично дело убиство од прв степен. После 10 години од изречената првостепена осуда, второстепениот суд ја ослободил од натамошно издржување на казната, со образложение дека делото го сторила во состојба на „кумулативна провокација“, како резултат на семејното насилство на кое била изложена во подолг временски рок.

Доколку погоренаведените случаи би се случиле на македонско тло, нашиот правен систем не би ги препознал како полесни кривични дела. Овие жени би се гонеле за кривично дело „убиство со умисла“, со запретена казна затвор од најмалку 5 години. Ова од причина што постојните законски обележја на кривичното дело „убиство на миг“, како полесно кривично дело со запретена казна затвор од 1 до 5 години, предвидуваат истовремена реакција на жртвата на семејно насилство во однос на провоцирачкиот напад. Исто така, нашиот законодавец воопшто не ја препознава „провокацијата со бавно согорување“, која многу често е видлива кај жените – жртви на семејно насилство кои ги убиваат насилните партнери.

Случајот на Пале Илкоска, како пандорина кутија го отвори прашањето, кое активистите за спречување на насилството врз жените и девојчињата оправдано го наметнуваат со години наназад: Дали правниот систем е безбеден за жените – жртви на семејно насилство, односно дали законите и нивната имплементација се (доволно) родово – сензитивни за да одговарат на специфичните искуства и потреби на жените. Како соодветно би се адресирале потребите на жените – жртви на семејно насилство кои во определени случаи ги убиваат насилните партнери, потребна е реформа на казнениот систем на одбрана. Неопходна е модернизација на концептот на делување во „миг“, како и воведување на концептот на „провокација со бавно согорување“. Притоа, вака модернизираниот концепт на одбрана треба да биде доволно широк, како би овозможил негова примена во корист жените – жртви на семејно насилство кои ги убиваат насилните партнери, а истовремено да биде доволно тесен, како би се оневозможила негова примена во корист на мажите – насилници кои ги убиваат нивните партнерки како кулминација на семејното насилство што го вршеле претходно.

 

 

 

Авторка: адвокат Тамара Славеска Апостоловски 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Тамара Славеска Апостоловски
  • March 15, 2022
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram