Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.

Разочарувачки е што овие недели воопшто треба да се дебатира дали смее или не смее една жена да се слика гола и што многу луѓе попрво би ги обвиниле жените што имаат испратено експлицитни фотографии наместо да го научат концептот на согласност. Достоинството на жените чии слики завршиле во „Јавна Соба“ се загрозува, нивниот статус на жртви на родово базирано насилство е наводно поларизирачка тема и слични прашања се дебатираат во медиумите и на социјалните мрежи, додека насилниците формираат нови групи, шират уште слики, а жртвите остануваат без никаква заштита. Затоа, меѓудругото, на 8ми март ќе излеземе на протест.

Во описот од настанот стои една важна реченица: „Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува.“ На протестот пред неколку недели, стотици од нас ја изговараа оваа фраза и крајно време е надлежните инстутуции сериозно да го сфатат значењето на овие зборови. Со оваа фраза феминистките посочуваат кон соучеството на државните органи во родовото базираното и сексуалното насилство против жените. Кога полицијата, Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) и Министерството за Внатрешни Работи (МВР) не преземаат ништо во врска со насилството кое им се случува на девојките и жените, овие институции испраќаат порака кон насилниците дека тоа што тие го прават или не е баш вистинско насилство или едноставно дека болката на жртвите не е доволно важна.

Се разбира „Јавна Соба“ не е единствениот случај на неразрешено родово базирано или сексуално насилство. За жал, бројот на жени жртви на овие видови насилство е огромен иако многу малку од нас ги пријавуваат своите искуства. Јас само еднаш во животот имам пријавено сексуално насилство/вознемирување и тоа беше во основно училиште. Повеќе момчиња од нашето одделение почнаа сексуално да ги вознемируваат голем дел од девојчињата, вклучително и мене. Момчињата нè допираа за градите или за задникот без наша дозвола. Не би можела да најбројам колку пати јас бев сексуално вознемирувана во тој период, бидејќи беше навистина често. Не се сеќавам кога точно ѝ кажав на мојата класна наставничка за тоа што се случуваше или кој инцидент ја прели чашата, но се сеќавам како класната колективно им се дереше на момчињата пред целото одделение во училницата по македонски јазик.

„Како не ви е срам така да се однесувате!“ викаше нашата класна. Се сеќавам дека беше вистински лута, но освен нејзиното дерење и јавно срамење, овие момчиња не искусија никакви други последици. Наставничката не започна било каква процедура со која тие би добиле дисциплиски мерки. Во конкретниот случај, имаше барем 5-6 жртви ако не и повеќе, но на администрацијата на нашето училиште очигледно тоа не ѝ беше важно. Во најмала рака требаше момчињата да ги пратат кај психологот или педагогот (и двете беа жени во моето училиште ама изгледа ни тоа не помогна), иако според мене и построги дисциплински мерки би биле соодветни во волку сериозна ситуација. Мислам дека тогаш научив дека нема поента да се пријавува сексуално насилство или вознемирување, бидејќи дури и кога ми веруваа надлежните (односно мојата класна), сепак ништо не се превзема. Секако, сексуалното вознемирување продолжи.

Училиште што не постапува е училиште што силува. Исто и со полицијата, ОЈО и МВР.

Ужасно е и кога институциите не постапуваат по индивидуални случаи на родово базирано и сексуално насилство, но апсолутно е апсурдно и скандалозно што државата практично нема постапено по случајот „Јавна Соба“. Приведувањето на само четири лица во врска со случај од вакви размери ќе беше смешно да не беше тотално понижувачко и обесхрабрувачко за жртвите. Голем број жени и девојки се жртви на насилниците од „Јавна Соба“ додека институциите спијат или пак креираат ситуации на двојна виктимизација.

Ако на државата не ѝ е гајле за толку голем број на жртви, тогаш како ние би можеле да очекуваме институциите да ни помогнат во индивидуални случаии на родово базирано насилство? Како што пишува Калиа Димитрова, дури при пријавување и барање заштита, полицајци може ви даваат совети за тоа како треба да се облекувате за да не ве силуваат, може едноставно да одбијат да се мешаат во „љубовни кавги“ или пак полицајците што треба да ви помогнат да решат комплетно да се мешаат во вашата „љубовна кавга“ па да пробаат да ве смират со вашиот насилен партнер.

Решавањето на „Јавна Соба“ нема да го реши системското игнорирање, непостапување и двојна виктимизација од страна на полициските органи и другите инстутиции во Македонија, но би бил добродојден (и многу задоцнет) почеток. Но, доколку овој скандалозен случај не се реши наскоро, тогаш државата праќа една страшна порака кон жените: вие сте граѓанки од втор ред и не очекувајте тоа да се промени во скоро време.

Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • March 7, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Ода за надежта
Кон перформансот на Кочо Андоновски, изведен за време на ПичПрич Срамота! при затворањето на Скопје Прајд Викенд 2023
  • Од Румена Бужаровска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram