Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.

Рошика Део ја посети Македонија за да одржи предавање на тема Жените во политиката во ранливи средини, како дел од Чевенинг програмата. Среде набиениот распоред од „работа и работа“ решив дека е важно повторно длабоко да почувствувам зошто правам одредени работи…
Нејзината искреност, ентузијазам и храброст беа токму она што беше потребно во собата, полна млади девојки кои учеа како да го создадат своето место во општеството.
Рошика ја сподели нејзината приказна за тоа како е да се биде една од првите независни политичарки (жени) во Фиџи. Нејзиното движење Биди промената(#BeTheChange), ја оспорува социјалната структура на нејзината земја, како и позицијата на жените во политиката. Нејзината немирна потреба за подобрување и донесе диплома за високото образование на Suva Grammar School и има диплома по право на Универзитетот на Јужниот Пацифик. Беше номинирана за наградата Борка за човековите права на Амнести интернешенел во 2013 година. Ја доби и меѓународната награда за Храбра жена на Стејт департментот која во 2014-та година и ја додели Мишел Обама.
Освен што работи како независна кандидатка, активна е и во областа на феминизмот, ЛГБТИ+, правата на луѓето со пречки во развојот, човековите права и екологијата.
Беше доволно љубезна да да не’ советува како никогаш не треба да се предаваме и кои се алатките што можеме да ги користиме за подобро општество. Разговорот го водеше Сара Миленковска.

 

Тајмингот е сè, во моментов во Македонија владее вообичаеното чувство на апатија, а многу луѓе кои беа гласни почнаа да се откажуват. Зошто тоа се случува е сосема различна тема, но од твоето предавање ја чувствувам страста која ја пренесуваш. Како?

 

Целосно сочувствувам со тоа чувство. Некои денови се многу тешки, но сестринството и солидарноста ни даваа поттик да продолжиме. Драго ми е што не се откажувате, бидејќи ни требаат што повеќе луѓе како нас за да продолжиме да правиме разлика.

 

Кога станува збор за родовите улоги и идентитет, револуционерната изјава на Симон Де Бовоар: “не сме родени, туку стануваме, жени” сè уште е актуелна во секое општество.
Можеш ли да конректизираш на кој начин институциите и културата во Фиџи систематски придонесуваат за утврдување на родовите улоги?

 

Да го искористам наједноставниот пример, во болниците кога се раѓаат бебињата, се’ уште постои кодиран систем со розова и сина боја, соодветно за девојчиња и момчиња. Не постои препознавање на интерсексуалните бебиња. Ваквото кодирање е многу строго. Зборови како убава/згоден се користат во зависност од бојата која ја добива бебето. Станувањето жена или маж започнува кога се раѓаме. Религиозните институции на Фиџи – црква, џамија или храм – различни практики и педагогии поттикнуваат родова нееднаквост. Учењата се фокусираат на репродукција и улогата на жените како мајки кои се грижат и жртвуваат.
Тие, исто така, функционираат и како морална полиција во однос на жените. Се уште има сегрегирано седење во некои храмови преку кој машките лидери и свештеници ја зајакнуваат идејата за машката супериорност и доминација. Училиштата, владата, полицијата, спортските организации, домовите, невладините организации продолжуваат да придонесуваат кон родова нееднаквост и понекогаш иронијата е во тоа што во име на родовата еднаквост ги зајакнуваат штетните стереотипи за жените и мажите. Тука битно е да се спомене и интерсекционалниот пристап кога станува збор за родова еднаквост и женски права. Ова не е добро спроведено на Фиџи и голема мера ги игнорира жените од помалите етнички заедници.

 

Кога го слушам ова, се чини дека е неизбежно да не се следи традицијата за некого?

 

За жал, притисокот да се следи традицијата на патријархатот е многу силен, бидејќи повеќето системи го зајакнуваат и не обезбедуваат други опции. Дури и кога жените и мажите се обидуваат да отстапат од оваа традиција, се соочуваат со одмазда, додека жените се соочуваат со поагресивни насилнички закани и најчесто поврзани со сексуалното насилство. Постои и социјален прогон и срам. Потребни ни се повеќе луѓе кои отстапуваат од патријархалната традиција и обезбедуваат солидарност и поддршка на другите.

 

Што значи да се биде жена во политиката?

 

Ако сте жена од привилегирана позадина (класа, етничка припадност, возраст и слично), системот се чини малку поотворен и искусувате помалку насилна мизогинија. Сепак, генерално да се биде жена во политиката значи да се предизвикува статус кво-то и да се деконструира патријархатот. Жената во политиката е исправена пред поголема одговорност од мажот, бидејќи ќе и биде судено според построги критериуми.

 

Заканите за животот кон тебе и други луѓе од твојата организација станаа вообичаена работа. Институциите не ви одговараат или не ве заштитуваат соодветно. Како успевате да се справите со ова и да останете мотивирани да продолжите?

 

Политиката понекогаш може да стане изолирачки простор – дури и жените кои претходно биле сојузнички се чувствуваат загрозени или почнуваат да дејствуваат непријателски. И тука би сакала да потенцирам дека често не е елитата или привилегираните жени кои помагаат – тоа се обично жените од заедницата, жените со далеку помала социјална и економска заштита кои обезбедуваат солидарност и поддршка. Всушност, феминистките од елитата беа меѓу оние кои ме одвраќаа од тоа да се вклучам во политиката и дополнително ми отежнуваа. Значи, кога зборувам за женска солидарност, истата доаѓа од млади жени, жени од маргинализирани групи и жени од заедницата.
Во смисла на справување, понекогаш немате друг избор освен да продолжите напред. Во мојот случај, јас не ја преземав одговорноста смислено, меѓутоа околностите ме натераа да преземам одговорност, ја прифатив и сфатив дека треба да го завршам ова патување до крај – во некои случаи силата, поддршката и надежта на други жени и мажи ме мотивираа да продолжам. Исто така, внимавам да поминам време со семејството и пријателите во релаксирачки работи како гледање филмови или заеднички ручеци. Мојата мала група пријатели ми дава простор да се опуштам и да бидам јас. Исто така тренирам бокс како начин на опуштање и уживам во спортот. Со прифаќањето дека ќе биде потребна жртва – станува полесно да се справите со различни ситуации.
Кога ми е неопходно, одам на советување и психолошка поддршка.

 

Во текот на кампањата, се соочи со родово базирано вознемирување, вклучувајќи и закани и графички манипулирани фотографии. Да се молчи кога има неправда е соучешништво.
Што е со третманот што го добиваш од твоите колеги политичари? Дали го осудуваат или го одобруваат ваквото однесување? Кои се начините на кои го презедовте наративот?

 

Академици од висок профил кои припаѓаа на политичките партии, ја искористија својата моќ и привилегија за пристап. Од друга страна, од главната владејачка партија (покојниот. Д-р Лувени) и од позициската партија (Ро Тему Кепа) женски кандидатки / пратенички ме поддржаа во текот на интензивна мизогинија на социјалните мрежи – тоа беше пријатно изненадување и нешто за кое сум благодарна до денес. Многу машки политичари беа зли, но главно бев напаѓана од нивните поддржувачи.
Начинот на промена на наративот е да го прифатите како таков, но да се задржите до вашите принципи. Јас секогаш велам дека сум подготвена на компромис за стратегијата и пристапот, но не и за моите принципи и вредности. Да се остане наметлив е најдобриот начин да се остане во игра, особено за жената, бидејќи тоа е точно она кое не го очекуваат од нас – сето ова е со цел да се повлечеме и подлегнеме.

 

Овде во Македонија, вообичаена практика е жените да бидат нападнати на социјалните мрежи или конзервативните медиуми кога ќе се исправат пред сериозно прашање. Најчесто одбираме стратегија на давање одговор од „повисока перспектива“ или игнорирање на навредите. Лично, уморна сум од тоа секогаш да имам одговор на секоја критика, бидејќи најчесто трошиме време за дебата, наместо да зборуваме за решение. Како кога луѓето почнуваат да се борат за дефиницијата на феминизмот, но притоа не ја споменуваат родовата нееднаквост.
Како ја поттикнувате женската солидарност во политиката? Дали мислите дека гледањето повеќе жени во Парламентот, помага да се создаде нов имиџ на местото на жената во општеството?

 

Солидарноста се поттикнува кај жените на ниво на заедницата. Тука започнува. Секогаш постои фарса на солидарност кај елитните феминистички движења, но тоа обично се открива во догледно време. Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност тука и ова беше една од моите заложби од 2013/2014 година. Секогаш сум велела дека кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави. Но, важно е да се осигураме дека жените се видливи и ангажирани на сите нивоа – многупати машките политичари го земаат водството и се надредуваат во однос на жените.

 

За време на твоето предавање споменавте формални и неформални состаноци како безбеден простор за дискутирање за социјални и родови прашања. Кои други начини би ги препорачале?

 

Употреба на артивизам – користење на различни форми на уметност како форма на изразување – за нас монологот беше важен дел од создавањето безбедни простори за девојки и жени од сите различни групи. Друг начин да се создадат безбедни простори беше користењето на различни групи на социјалните медуми.

 

По изборите, почна да работиш на формирањето на партијата “Биди промената” за да ја зацврстиш посветеноста на човековите права, женските права и правата на ЛГБТИ+ во платформа за политички активизам за и младите луѓе во Фиџи да добијат глас. Кој е најдобриот начин за учење за тоа како да се стане дел од општеството, зборуваме за тоа „да се биде промена“, но притоа се соочуваме со луѓе посветени на конзервативните норми … Дали образованието е единствен начин?

 

Образованието е дел. Промена на нашите ставови и однесување игра поголема улога. Важно да се создадат услови за да се оспори статус кво-то и патријархатот.

 

Дали девојките во Фиџи ги имаат сите потребни алатки за образование? Како се третираат откако ќе завршат училиште или откако ќе се посветат на на високото образование?

 

Со текот на годините го затворивме родовиот јаз во образованието, па девојчиња и момчиња имаат ист пристап кон основно и средно образование. Во високо образование, гледаме тренд на исто ниво или мал пораст на бројот на девојчиња кои дипломираат на универзитетите, но сé уште има далеку помалку жени што се запишуваат на наука, технологија, инженерство и математика и многу стереотипи и институционални бариери ги спречуваат да го прават тоа.
Сексуалното вознемирување на студентките од страна на други студенти и универзитетски кадар се уште ни создава голема загриженост и тука не се направени суштински напори за решавање.
Откако девојките ќе дипломираат, следната дискусија кој се отвора е таа за нивниот брак и многу од нив се под притисок да се омажат пред да му донесат срам од семејството (да забременат) итн. Во многу домородни домови, девојчињата сè уште се сметаат за товар, иако денес тоа не формулира екплицитно така, сепак активностите и ставовите што ги имаат родителите и семејствата околу едно девојче и/или млада жена укажува на тоа. Исто така постои и постојан страв од сексуално насилство што е во суштината на многу одлуки кои девојчињата и жените, па и нивните семејства и родители. Високите стапки на насилство врз девојчињата и жените влијаат врз одлуките.

 

Од сегашната состојба се чини дека насилството е институционализирано во традицијата на Фиџи. Која е улогата на мажите во родовата еднаквост?

 

Кога еден пол има поголема моќ и привилегија со што се создава широка родова нееднаквост, станува и нивна одговорност да работат на распределување на моќта и трансформација на општествените норми. Мажите, исто така, треба да ги признаат и да работат со жени лидерки. Еден од проблемите со кои се соочуваат мажите кои работат на трансформирање на машкоста е нивното искуство со мажите од елитата кои одбиваат да ги признаат или да учат од искуствата жените, и кога нивната позиција се доведува под прашање или се проблематизира, се одмаздуваат.

 

Жените прават жртви во процесот на себетрансформација. Дали како жена во фрагилно општество го чувствуваш притисокот од постојаното поставување на совршен пример? Која е твојата порака?

 

Секако дека го чувствувам притисокот. На пример, во 2015/16 излегов од врската што стана насилна, но јас (како и многу други жени) бев засрамена што се најдов себеси заглавена во таква врска и што не можев да ја напуштам. Но, без оглед на тоа би ве советувала:
Бидете автентични. Продолжете да го предизвикувате статус кво-то. Вклучете се во лидерска улога. ПРЕСТАНЕТЕ да се потценувате себеси – вие сте неверојатни и светот чека да направите неверојатни нешта.

 

 

 

 

 

Разговорот го водеше Сара Миленковска, на англиски јазик. 

Преведено на македонски од Лени Фрчкоска. 

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Миленковска
  • January 29, 2019
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога личното станува теоретско: кон романот ,,Аргонаутите” на Маги Нелсон
Аргонаутите (The Argonauts, 2015) е последниот роман на американската писателка и професорка Маги Нелсон, позната по нејзините жанровски експерименти.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram