Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Жените знаат многу нешта: Извадок од есеј на Меридел ле Сиер
Извадок од есејот „Минеаполис“ на Меридел ле Сиер во превод од англиски на Дамјана Видическа
Минеаполис

 

            Жените знаат многу нешта за кои не дознале читајќи весници. Некогаш е дури смешно како тоа жените знаат толку работи. Познавам една Полјачка што работи во складилиште овде, и тоа со години. Пристигнала од Полска во Америка кога била дете, би можело да се каже – заслепена, и сепак знае повеќе од кој било друг, затоа што знае што е страдање и знае дека секој е како неа, низ целиот свет. Така, таа може да разбере сè што се случува, движејќи се меѓу бараката кадешто живее на карпите во Мисисипи и одделот за конзервирање на Армурс, таа го чувствува гладот и страдањето на Кинезите и се чувствува како да е во Флинт[1] со Женската бригада[2].

Пиевме кафе дента кога Женската бригада ги скрши прозорците на фабриката за да може да влезе воздух и да стигне до штрајкувачите кои беа нападнати со гас, а таа раскажуваше како сите ја пееле песната што сега добро ни е позната:

“We shall not be moved

Just like a tree standing by the river

We shall not be moved.”

(„Нема да нѐ поместат

Исто како дрво што стои покрај река

Нема да бидеме поместени.“)

Раскажуваше како сите се потпирале на прозорците пеејќи ја оваа песна, веројатно имало стотици луѓе, додека на зградите спроти нив биле поставени митралези. Стана и шеташе околу шпоретот што ѝ ја грееше бараката. Не ја држеше место.

„Замисли си“, рече. „Дали можеш да поверуваш, сите тие ја пеат песната, со оружјето насочено директно во нив, а жените брзо влегуваат внатре и кршат прозорци. Ох бре, колку сакам да сум таму“. Таа како воопшто да не беше во бараката, границите на бараката за неа немаа значење.

 

            Така е со жените. Тие не читаат вести. Но, многу често успеваат. Го разбираат нештото во самата суштина, во човечкото тело, во создавањето на телото, и неговото хранење и негување од ден на ден. Тие знаат колку тежи едно тело и знаат колку крв и труд се вложени во создавањето на едно сирото тело. Дали некогаш сте отишле во јавна клиника да го измерите вашето дете? И чувствувате анксиозност за него додека го облекувате наутро. Го кревате за да му ги измерите коските и ситното месо, чекате медицинските сестри да го стават на вагата, гледате наоколу, го гледате нејзиното лице како авијатичар што го гледа небото, што го гледа инструментот кој регистрира броеви, кои значат живот или смрт.

Во тоа тело, секојдневно во твоите раце живее економијата на светот; ти зборува за немилосрдната експлоатација, за лудата, злобна класа која сега не се грижи за ништо на светот освен да го одржува својот глупав живот со насилство и уништување; ти ја кажува цената на портокалите и маслото од црн дроб на треска, на пролетното јагнешко месо, на путерот, јајцата и млекото. Знаеш за сè што се случува на берзата. Знаеш што се случи со минатогодишната пченица во сушата, знаеш за ужасната злоупотреба и уништувањето на земјиштето и посевите, и за изораниот човечки живот. Не мора да ги читаш извештаите за акции во весникот на г-дин Херст[3]. Веста ја добиваш од нејзиниот ужасен извор.

Или каква е таа вест кога ќе го видиш долгото, испиено лице на твојот сопруг, кој се враќа дома од белт-лајн[4] и брзината[5], и чувствуваш дека неговите ребра сè повеќе излегуваат на површина од ден на ден како потонат брод после плима?

Или, каква ли тоа цена примамливо насликаа слободата и американскиот начин на билбордите кога одите по темни, тајни, и валкани скали до лекарската ординација за евтин абортус зашто не можете да си дозволите уште едно бебе и ја чекате треската што го зеде животот на толку многу Американки и му благодарите на небото ако останете живи, едвај ползејќи наоколу со месеци?

 

            Жената знае кога треба да оди на работа и да се натпреварува со други мажи, и да ја намали цената на целиот труд, и кога нејзините деца одат на работа, мали, во огромните полиња со зелена салата и цвекло во Царска Долина[6] и Тексас. Таа знае кога треба да биде и татко и мајка; нејзиниот сопруг како фино неодржана машина, истрошен во неговиот цут, или изеден од киселините во текстилот, или претворен во камен од силикозата.

Во длабочините на нашата земја, длабокиот југ, жените од Арканзас и Тенеси и Алабама почнуваат правилно да ги читаат вестите. Во центарот на земјата Кина, жените кои со векови биле робови ги креваат лицата од земјата и читаат знак на небото.

Во Јужна Америка, во најдлабоките и најнепристапните планини, жена која оди зад магаре или работи на плантажи за шеќер се подготвува да го изгласа, кога би била прашана, начинот на нејзините меѓународни сестри. Таму е исто како тука, се прашува дали има доволно оброк во вреќата, дали е полеван тенко, за оброк. Вознемирено гледајќи во телото на мрзливиот сопруг; темните, брзи, гладни очи на децата, мерејќи ги со орелско око нивните апетити, таа знае точно до зрно колку храна им е потребна на децата за да не ја напуштат трпезата со залутан поглед.

Гладот, немаштијата и теророт се Брајова азбука којашто рацете ја користеле за труд, ја користеле за алатка; и блиски до изворот, можат да ја прочитаат на кој било јазик. Меѓународниот ден на жената е признание за тоа меѓусебно знаење кое води кон борбата на жените ширум светот.

Кога ќе ги погледнеме Германија и Италија, знаеме дека доаѓањето на фашизмот подеднакво ги експлоатира мажите и жените, и ги одзема болните граѓански и политички придобивки на жената, што таа ги купила со вековна борба.

Меридел Ле Сиер (во средина) со Одри Лорд (лево) и Едриен Рич (десно) на работилница за пишување во Остин, Тексас, 80-ти.

 

            Оваа година ветува дека ќе биде клучна за жените, година што ќе ги обедини во уште поблиски врски во меѓународната борба против војната и фашизмот – тие монструозни близнаци кои ја загрозуваат нашата изнемоштена безбедност. Каузата на жените ќе биде кауза на целото измачено човештво.

Ова почнуваат да го препознаваат и мажите и жените. Добриот маж што е дел од Сојузот повеќе не ја чува жена си дома за да се грижи за децата. Флинтовата женска бригада беше значајно оружје за време на штрајкот. Жените помошнички[7] излегоа од кујната и се бореа рамо до рамо со мажите. Ова е само почетокот.

Рака во рака со борбата во Америка е и Женската повелба. Овој документ ќе подготви Законски план, со што ќе ги сплоти ги сите жени против реакцијата која удира врз демократските права и работничкото движење, враќајќи ги жените назад во мрачната доба. Основните принципи на оваа Повелба се: жените треба да имаат целосни политички и граѓански права; целосна можност за вработување според нивните индивидуални способности и без дискриминација поради пол; и безбедност и егзистенција, вклучително и заштита на мајчинството.

Нареднава година ќе ја доживее плимата на војната и фашизмот кои се издигаат високо, но ќе се соочи и со цврстиот и непобедлив ѕид на работници и работнички, сплотени во силна формација, во партија на фармери и работници насекаде, во Трудова партија на фармерите; во која меѓународните работници, во Шпанија, Русија, Кина, заедно викаат ФАШИЗМОТ НЕМА ДА ПОМИНЕ.

Марија Симаро, една од најмладите жени во Младинската делегација на Шпанија – сега на турнеја низ Америка, ми кажа дека кога им дозволиле на жените во Шпанија да гласаат, сите биле вознемирени. Тука беа илјадници неписмени селанки, заробени во средновековно незнаење и мрак долги години, потчинети на Црквата, на бескрајна мака и раѓање деца. За што би гласале тие? Како би можеле тие да ги сфатат интернационални проблеми, одличната програма на Обединетиот народен фронт на Шпанија и светот? Тоа беше проблем што секого го загрижуваше. Гласањето беше во нивните раце. Либералната шпанска влада беше уплашена. Овие новоослободени жени можат да ја сменат насоката во која оди гласасњето. Немаше потреба од загриженост.

Таканаречените неуки селанки на Шпанија не беа баш неуки. Тие гласаа со своите раце, своите нозе, со знаењето кое го одгледуваа и жнееја за време на работата на сонце, со знаењето во секоја коска и мускул, во тагата во ноќта и ужасот на работата позади плугот, гласаа со потта која паѓаше на браздите, раѓајќи деца на слама само со благослов на свештеникот за да им ја ублажи болката.

Тие гласаа од ова знаење, цврсто, во еден глас, со едно тело, за Народниот фронт на Шпанија, гласаа за демократија која подоцна беа подготвени да ја заштитат од Црквата и Сопствениците.

Ова е типот на знаење којшто жените во 1937 треба да го поседуваат. Тие не се повеќе негативни тажачки, жени кои силно плачат, обвиткани во тага и пораз. Една стара англиска народна песна вели, „Мажите мора да работат, а жените мора силно да плачат…“ Не повеќе. Интернационалниот ден на жената од 1937 ќе ја заштити демократијата на нивните животи, барајќи храна, што сега може толку изобилно да се обезбеди од богатата земја, барајќи безбедност за најблиските – милитантно стоејќи во полињата со пченица, на капијата на фабриката и на клупата, зголемувајќи го нејзиниот плач за – Земјата… Лебот… и Слободата.

 

Меридел ле Сиер (1900 – 1996) била најпознатата жена меѓу „пролетерските“ писатели за време на Големата депресија во САД. Доживотна активистка, поетеса, писателка на фикција и мемоари и новинарка, Меридел се нашла на црната листа за време на ерата на Мекарти и нејзините дела паднале во заборав. Нејзиното творештво е одново откриено од вториот бран феминистки во 70-тите, а Меридел, тогаш веќе во своите 80-ти години, уживала и била благодарна за новото внимание од страна на помладите писателки кои ги препознале нејзините визионерски дела. Карл Сандбург има кажано дека делата на Ле Сиер се проткаени со „редок квалитет на почит кон човештвото и со интимност и гордост кон жените и мајчинството“. Есејот е објавен во збирката „Зреење“ (Ripening), напишан во Минеаполис за време на 30-тите, годините во кои Ле Сиер макотрпно работела за самостојно да ги израсне своите деца.

 

Превод: Дамјана Видическа

Од: „Жените за војната: Интернационална антологија со дела на жени од антиката до денес“ – Даниела Џозефи (Women on War: An International Anthology of Women’s Writings from Antiquity to the Present – Daniela Gioseffi), стр. 301 – 304.

 

Фусноти:

[1] Флинт – град во Мичиген кадешто бил одржан Флинтовиот седечки штрајк (Flint sit-down strike) помеѓу 1936-37 год..

[2] Женската бригада ,или Флинтова женска бригада за итни случаи, е милитантен израз формиран на 20-ти јануари 1937, од страна на Жените помошнички на Обединетите автомобилски работници (U.A.W. (United Auto Workers) Women’s Auxiliary).

[3] Вилијам Херст (William Randolph Hearst Sr.: 1863 – 1951) – американски бизнисмен, издавач на весници и политичар познат по развојот на најголемиот синџир на весници и медиумска компанија во земјата – Херст комуникации.

[4] Белт-лајн (Belt line) – поранешна железничка линија околу јадрото на Атланта, Џорџија.

[5] Се мисли на брзиот развој, брзината на возовите, и воглавно новиот, брз живот.

[6] Царската долина (Imperial Valley) се наоѓа во калифорниските окрузи Империјал и Риверсајд во југоисточна Јужна Калифорнија со урбана област со центар на градот Ел Центро.

[7] Види фуснота 2.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • July 13, 2022
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram