Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.

Кога зборуваме за зајакнување на телотo, најчесто мислиме на обликување или разубавување, а многу ретко за колку телото може да биде силно или моќно. За жал, во неколку наврати сум се почувстувала немоќно да се заштитам и само сум се надевала дека можеби еден ден ќе вложам доволно во себе и ќе бидам толку силна што ќе го надминам константниот страв кој го чувствувам на улица, во неконтролирани средини или при нечие агресивно однесување. Не сум единствена чија сопатничка е несигурноста. Кампањите #СегаКажувам и #СегаКажувамКадеНеОдам покажаа само еден мал процент од она што се случува во однос на вознемирувањето и стравот од истото. Ја имам среќата да имам супер пријатели кои ми предложија да почнам да одам на часови за самоодбрана, ама од друга страна го имам и вечното одоговлекување како пријател, па ми требаше време да се одлучам да направам таков чекор. Затоа и клубот во кој сакав да се приклучам ми стоеше во Saved на Instagram една година. Кога собрав храброст, а и одлучив системски да се посветам на своето тело, нешто што порано го сметав за непотребно, (бидејќи зошто да вложувам кога и онака ми оди тешко да го засакам), почнав да одам на часови по самоодбрана. Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.

 

Како изгледа еден час по самоодбрана

 

 

Преку спој на различни техники во кои преволадува Brazilian Jiu jitsu, се запознав со нов вид на посветеност од страна на една група на девојки, добар ментор и можноста да ѝ веруваш на сопствената сила. Часовите за самоодбрана ми помогнаа да научам како е да бидеш спремна да се зашитиш во секој момент и не само што имаа ефект врз моето тело, туку и врз моето ментално здравје. Часовите создаваат дополнителна сигурност и одредена контрола над потенцијално опасната ситуацијата. Зајакнувањето на телото и учењето на нови вештини креираат сила која те уверува дека можеш да се потпреш сама на себе и ја имаш способноста да се заштитиш. Една од клучните работи кои треба да се напомне е дека часовите по самоодбрана не се наменети да го победиш противникот, не станува збор за борба, ниту треба да биде, туку начин да го амортизираш нападот, се одбраниш од понатамошно насилство и можеш да создадеш просор да ја избегнеш потенцијално опасната ситуација.

Во час и половина се предаваат различни техники во кои превладува BJJ, после кратко загревање на телото. Преку рекреирање на различни опасни ситуации и дефинирање на потенцијалнито опкружување, преку насоки на менторот се тренираат соодветни начини на реагирање. Под потенцијално опкружување се мисли на одредена опасна ситуација, враќање навечер кон дома, лифт, темна улица, или едноставно многу од местата кои ги сретнавме и под хаштагот #СегаКажувам. Учејки за физичко поставување на телото, до зборови кои се значајни да се употребат во дадената ситуација, часовите по самоодбрана формираат физичка меморија и ментална спремност која станува и останува дел од тебе. Запознавањето со своето тело и својата способност да се заштитш придонесуваат многу кон самодовербата.

Часовите по самоодбрана најчесто подразбираат комбинации на различни дисциплини. Неколку од нив се Џиу џицуто и аикидо, но сметам дека можам само да споделам за она со која јас сум имала искуство.

Бразилскиот Jiu jitsu или БЈ е воена вештина со јапонско потекло во која во суштина се користат различни техники со цел да го однесат противникот на земја и да се доминира над него. Буквално, на јапонски значи „нежност“, а јутсу значи „уметност“, „техника“.

Конкретно потекло, како и со скоро сите антички воени вештини, не може точно да се прецизира. Слични борбени стилови се потврдени кај многу народи, од Индија до Кина, во 3 и 8 век. Она што е познато е дека неговото опкружување на развој и рафинирање биле училиштата на самураите, воената каста на феудалната Јапонија.

 

 

Историјата на женското движење за самоодбрана

 

Со оглед на тоа што постоеле различни техники низ минатото, не може со целосна сигурност да се утврди кога точно започнуваат формалните часови по самоодбрана. Како што се развивала политичката и социјалната борба за правото на глас и политичко учество на жените, паралелно се движи и она што се смета за документиран развој на концептот на самоодбрана за жени. Низ политичките и општествените борби за еманципација, жените не биле поштедени од физички напади. Кога насилните напади не биле оркестирани од државниот апарат и полицијата како нејзин извршител, тогаш биле од граѓани кои не ја поддржувале нивната борба.

Авторката Wendy L. Rouse во книгата The Origins of the Women’s Self-Defense Movement, анализира еден значаен момент од развојот на часовите по самоодбрана за време на минатиот век. Таа пренесува како американската национална опсесија со атлетиката се одвивала во почетокот на дваесеттиот век, кога „машката уметност“ боксот се сметала за еден начин на развој на карактерот и физичката сила кај мажите. Напоредно, боксот станува популарен и кај новата генерација на политички моќни и социјално активни жени и девојчиња како средство за вежбање и самоодбрана. Некои луѓе се спротивставиле на овој тренд со образложение дека боксот може да ги измени телата на жените, односно маскулинизира.

Жените кои храбро излегле надвор од нормите, следејќи ги понапредните обуки за самоодбрана, со отфрлање на идејата дека жените се инхерентно ранливи и бараат машка заштита, биле маргинализирани од мејнстрим општеството како неконформирани физички фрикови, маскулинизирана девијација или измамени од т.н. нереални феминистички идеи. Но, денеска токму на тие жени им ја должиме слободата на можноста за скршнување од западниот идеал за женствена убавина, бидејќи тие прешле преку границите на традиционалните родови норми. Нивното дејствување, без разлика дали свесно или не, го отворил патот за идните генерации на спортистки.

Дополнително, авторката преку своите истражувања ги доловува и класните поделби кои влијаат кон достапноста на часови за самоодбрана. Жените кои тренирале бокс и џиу-џицу, биле претежно средна или висока-средна класа и бели. Работничката класа, имигрантите и жените кои не биле бели, исто така, учеле самоодбрана, меѓутоа во неформално опкружување. Преку оваа анализа, авторката ја претставува и релацијата, односно формата на солидарност која се создава помеѓу жените од различни економски класи, без да ги исклучи проблематичните фактори.

 

Белите жени од висока-средната и средната класа, исто така, во обуките за самоодбрана препознале средство за заштита и потенцијално спречување на моралниот пад на жените од работничката класа. Загриженоста за доминацијата на сексуалните предатори на улица и на работното место ги натера реформаторите да размислат како можат да помогнат во заштитата на сексуалната чистота на работничките. Применувајќи ја доктрината за самоодбрана во нивната работа за социјална заштита, овие жени ја преземаа улогата на заштитнички на жените од работничката класа. Тоа било иронично, затоа што во исто време тие ја отфрлаа сопствената затвореност во улогата на заштитени. Во овој процес, тие пронајдоа начин за извршување на политичка моќ без да ги вознемируваат нивните претходно дефинирани родови улоги.

Интересно за оваа книга, во која е вложено повеќе од 10 години труд, е интерсекцискиот пристап на прикажување на самоодбраната како значаен концепт за женските права. Wendy L. Rouse, има критички осврт на империјалистичкиот наратив кој се користи при претставување на џиу-џицу, во споредба со боксот кој се доживува како американски прозивод. Напредокот на жената, гледана низ едно поле, се поврзува и со политичките и економските случувања во моментот на развојот на самоодбраната. Авторката ги анализира и негативните наративи низ кои во одреден период се развива популарност на часовите за самоодбрана, нагласувајќи го и расистичкиот елемент. Јавното одобрување на можноста жените да посетуваат часови по самоодбрана, во одреден момент, не само што се поврзува со т.н. зајакнување на женските тела за да им помогне да бидат подобри мајки, туку и да можат самите да се заштитат доколку нивниот сопруг не е тука да ги заштити од  другиот.

Видливоста на жените во претходно машко-доминираните јавни простори, како што се салите за бокс и спортски сали, се совпаднала со движењето на изборната кампања во јавниот простор. Суфражетките зазеле храбар став на улиците, говорејќи за значењето на поддршката во борбата за права на жените. Жените кои практикувале самоодбрана го искористиле јавниот простор за да ја потврдат својата независност и политичка моќ.

Иако не сите жени кои практикувале бокс или џиу-џитцу во тој период ги препознале револуционерните импликации на своите постапки, повеќето жени го забележале чувството на лична моќ како неизбежен резултат од нивната физичка активност. Физичката сила се противи на родови стереотипи, кои претходно ги ограничувале нивните активности и движења. Неминовно, овој напредок (закана) ја претставува самоодбраната како видлив и физички знак за новото политичко зајакнување.

Дискусијата околу женската самоодбрана разоткрива моќни митови за изворот на насилство врз жените и креира простор за помалку видливото насилство со кое се соочуваат многу жени во нивните домови. Преку обука за самоодбрана, жените ги демистифицираат патријархалните митови за својствената женска слабост, создавајќи нова слика за жените како моќни и самоуверени. Без оглед дали жените свесно посетувале часови по самоодбрана од овие причини, нивнита пракса во ова поле ја отелотворувала феминистичката политика. Она што авторката го пренесува како заклучок е дека иако нивната индивидуалната мотивација може да се разликува, нивното колективно дејство резултирало со импакт во дваесеттиот век, барајќи ослободување од стегите што ги спречувале жените да ги остварат своите права како граѓанки и човечки суштества.

 

 

Ефектот на часовите/Истражувања

 

Низ историјата на самоодбраната се создава длабоко влијание врз себеперцепцијата на жените и зајакнувањето. Постојат различни истражувања кои потврдуваат дека самиот стас на жените се менува по посетувањето на тренинзите и влијае врз надворешната, сега веќе, подоминантна перцепција. Дополнително, досегашните истражувања за обука за самоодбрана на жени, покажуваат позитивни ефекти, вклучително и подобрувања во самодовербата, самоефикасноста, довербата и борбените вештини, како и намалено чувство на страв. (Brecklin, 2008; Brecklin & Ullman, 2005; Hollander, 2004; McCaughey, 1997; McDaniel, 1993; Orchowski, Gidycz, & Raffle, 2008; Ozer & Bandura, 1990; Weitlauf, Smith, & Cervone, 2000).

Интересно е што, оваа зголемена самодоверба се протега подалеку од ситуации кога може да се користи физичка самоодбрана. Како што откриле другите студии¹ , студентките кои посетувале самоодбрана изјавиле дека се чувствуваат посигурни во повеќе ситуации, учестуваат во повеќе часови, се чувстуваат посигурно во нивните семејства, кажуваат не за потенцијалните љубовни состаноци кои не ги сакаат, полесно изразуваат лутина или непријатност и едноставно повеќе им веруваат на сопствените чувства и инстикти.

Истражувањето на Jocelyn A. Hollander, Does Self-Defense Training Prevent Sexual Violence Against Women? укажува дека по посетување на часовите за самоодбрана, жените имаат зголемена можност да ги забележат првите предупредувачки знаци на некој напад. Способноста за појаснување на сопствените желби во интеракцијата и подготвеноста да се зборува и дејствува во свое име, се елементи кои влијаат врз намалување на шансите за обид за или сексуален напад.

Скоро сите истражувања се фокусираат на ефектите кои ги имаат часовите врз жените, бидејќи целта не е товарот за одговорноста на спречување одреден насилен чин да се стави врз жртвата. Иако, не може да тврдиме дека часовите по самоодбрана го намалуваат насилството врз жени, постојат податоци кои ја покажуваат ефективноста на самоодбраната како алатка за заштита.

Родовобазираното насилство има различни форми и се случува насекаде. Не постои соодветен систем кој би те заштитил, бидејќи истиот најчесто потфрла со соодветна реакција или заштита. Сè повидливо станува она насилство кое се затскривало, но тоа не останува само во домот или на улиците. Актуелизирањето на системското насилство треба да ни укаже на потребата од сериозни и радикални промени. Не смееме да имаме систем кој учествува или е извршител на насилство, ниту пак нормализиран јавен дискурс кој го охрабрува истото. Токму затоа потребно е да ги направиме сите чекори за да се заштитиме себеси и воедно солидаризираме.

Никој не може да гарантира дека постои начин на кој можеш целосно да се заштитиш, а секако не треба да живееме во свет каде насилството е нормализирано и неказнувано. Но, во еден таков свет, часовите по самоодбрана придонесуваат кон твојата сигурност во себе.

Без конкретен заклучок од моја страна, ќе го споделам зборовите на Анџела Дејвис:

„Од една страна потребно е да се создадат законски рамки за да се заштитат жените кои преживеале насилство. Но, од друга страна, кога истите тие начини на заштита се потпираат на казнување во институции кои дополнително промовираат насилство – и кон жени и кон мажи – прашање е како да се справиме со оваа противречност? Како да ги надминеме претпоставките дека претходните „приватни“ видови на насилство можат да станат јавни само во контекст на државниот апарат на насилство?“

 

 

 

 

 

 

 

 

¹McCaughey, M. (1997). Real knockouts: The physical feminism of women’s self-defense. New York: New York University Press

 

 

 

Извори:

Истражување на опсегот на родово-базираното насилство врз жените и девојките на јавните места во Скопје. – Скопје : Реактор – Истражување во акција, 2012.е.

Figure 1.2: “New York Women Pay $25 Apiece for Boxing Lessons,” Tacoma Times, March 8, 1915, 2.
Wendy L. Rouse Her Own Hero (The Origins of the Women’s Self-Defense Movement)

Kelly, L. and Sharp-Jeffs, N., 2016. Knowledge and Know-how: the Role of Self-defence in the Prevention of Violence against Women.

Does Self-Defense Training Prevent Sexual Violence Against Women? Jocelyn A. Hollander 2014

McCaughey, M. (1997). Real knockouts: The physical feminism of women’s self-defense. New York: New York University Press

“I Can Take Care of Myself” The Impact of Self-Defense Training on Women’s Lives OCELYN A. HOLLANDER

The Color of Violence Against Women 2000 Angela Davis

https://www.opendemocracy.net/en/5050/victim-vs-survivor-feminism-and-language/

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Миленковска
  • June 30, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безусловни почетници
Оваа книга не е совршена, но е совршен обид во борбата за еден можен феминистички свет.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кејт Винслет во „Мер од Исттаун“: средовечноста е далеку од свиснат стомак
Кејт Винслет отсекогаш била смела. Но да има стомак, и тоа таков што се тресе и мрда на начин на кој прилично невпечатливо се мрдаат стомаците на повеќето 45-годишни жени е сè уште доста шокантно и тема на ударни вести.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram