Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.

Изложбата Родови перцепции беше претставена во МСУ од јуни до август и на неколку наврати имаше интерактивни работилници како дел од изложбата, а Медуза беше дел од таа програма. Со Кумјана се согласивме дека е потребно да се стимулира „женското“ читање и рефлектирање на една ваква изложба и почнавме да размислуваме во насока на женскиот поглед во визуелната уметност, односно пробавме да дојдеме до одговори на прашањата: Што претставува женскиот поглед во тој контекст, кој се неговите карактеристки, дали се поставува наспроти “машкиот поглед” или пак целосно (треба да) го дереконструира бинарното во читањето на уметноста? Сфатив дека е потребно да ги отвориме овие прашања за дискусија преку една интерактивна работилница, бидејќи за ниедно од понудените прашања не постојат конечни одговори.

Концептот на изложбата, која инаку е регионален проект во соработка со  Brutish Council,  е да постави дела од 14 британски уметници во дијалог со локалните уметнички дела од Западниот балкан, креирајќи флуиден женски уметнички простор на пресекот на различните културни, политички и теоретски стратегии. Па така, за време на работилницата откако креиравме некои линии во однос  на женскиот поглед по кои можевме да се движиме, си дадовме предизвик да влеземе во комуникација со едно од претставените дела кое ни зборува најсилно.

 

Кристина Костова: Geri, Emma, Mel B, Mel C и Vicky со нивниот гласен, жесток и непокорлив став

 

Учеството во работилницата „Женскиот поглед со Медуза“ беше особено инспиративно, затоа што овозможи длабока дискусија поврзана не само со релативно новиот концепт на „женски поглед“ во уметноста, туку и за генералната општествена состојба во поглед на положбата на жената.

Еден од многуте сегменти на оваа работилница беше поврзан со разгледување на изложбата „Родови перцепции“ во Музеј на современа уметност Скопје, каде, впрочем, се одвиваше работилницата.

Изложените дела беа навистина фасцинантни,  особено затоа што провоцираа со тематската секојдневност и вообичаеноста, но и заради мноштвото можности за нивно толкување.

Иако беше тешко да се направи избор од толку разновидна и слоевита збирка, на крајот се одлучив да зборувам за колекцијата од пет фотографии на Клер Стренд соодветно наречена Spice Girls. Велам, колекцијата е соодветно наречена, затоа што на петте фотографии се пет девојчиња на некои 12-13 години, секоја од нив облечена и претставена како една од петте членки на најпопуларната, а можеби и највлијателната женска музичка група во светската историја.

Тој силен впечаток што овие пет фотографии го оставија кај мене веројатно се должи и на субјективниот поглед кој сум го зазела кога и јас самата сум била во пубертет, во периодот кога Spice Girls беа на врвот од својата слава и влијание.

Не можев, а да не препознаам дека нивната тогашна толку едноставна, а толку силна порака за Girl Power! силно одекнала и го моделирала светот на тогашните девојчиња во пубертет.

Не можев, а да не препознаам дека Geri, Emma, Mel B, Mel C и Vicky со нивниот гласен, жесток и непокорлив став им го покажаа патот на многу девојчиња кон растење спротивно на со векови поставените од патријархатот норми за мирни, нежни и тивки девојки кои не го повишуваат гласот.

Не можев, а да не препознаам дека овие пет жени поставија нови стандарди, презентираа нови општествено прифатливи наративи во кои секоја жена може да се пронајде: и нежната, и грациозната, ама и бунтовната, и гласната, и непокорливата. Најважно од сè е што секоја од нив испраќаше недвосмислена порака дека ниту една жена не треба да ги поднесува бесмисленостите на патријархатот, туку целосно да ги отфрли. Тоа беше револуционерно.

Крајно, не можев, а да не се препознаам себеси додека ги гледав тие пет девојчиња. Не можев, а да не се сетам на часовите поминати со преслушување на истата касета, или на часовите со подготвување кореографија за нивните песни, или на тоа чувство на целосна разочараност кога Ginger Spice ја напушти групата.

Се разбира, гледано од денешна перспектива, после падот од врвот, членките на Spice Girls во различни периоди презентираа пред јавноста проблематични однесувања и ставови кои беа во целосна спротивност на пораката којашто ја споделуваа. И за тие ставови и однесувања се во целост подложни на критика.  Но, останува фактот дека нивната доминација во последната деценија од минатиот век за многу млади девојчиња значеше зачекорување на пат кој води кон свесност за потребите од препознавање на штетните патријархални тактики за контрола на жените, отфрлање на овие тактики во корист на вистинска родова рамноправност и активизам за постигнување на истата, а конечно и отфрлање на проблематичните ставови на обичните хероини.

 

Елена Петрова: Тајно здружение кое изникнува по потреба

 

 

Space-Time Authentic, 2002
плотерски принт на платно, 145×226см
Колекција на Музејот на современата уметност – Скопје

 

Сликата на Ирена Паскали -Space-Time Authentic (2002), совршено го доловува сентиментот на уважување на секојдневните моменти и воедно ја слави врската помеѓу жените и девојчињата, но и уметницата и нејзиното наследство. Итро не заведува со навидум познатиот амбиентот на сликата којшто ни сервира едно мало интимно делче од женските врски и не остава да погодуваме. Добро познатата навалена женска фигура во сликарството, тука го отвара дијалогот помеѓу минатото и современото и со тоа налага реапропријација на истата. Одбива да биде сексуално објективизирана, наместо тоа, ја карактеризира со купот на книги до креветот и лаптопот којшто го има ликот на сликарката.

Нејзиниот лик, впрочем, е централната фигура во целата композиција, а доминантноста во однос на екранот сугерира заземање и обележување на интернет простор и важноста на самиот тој акт. Нејзиниот поглед ги повикува набљудувачите да погледнат низ тој познат амбиент; го очудува привидниот спокој; предизвикува неудобност и со тоа не тера на размислување. Сликата изобилува со контрасти од кои спротиставеноста на девојчето и жената ни ја доловуваат моќта на женскиот поглед и како генерациското наследство во голема мера го креира нашиот поглед кон светот, кон другите и кон самите себе си. Ги намамува погледите на набљудувачите и ги тера да ја погодува врската помеѓу девојчето и жената и со тоа ги заробува во сопствените перцепции. Ја уважува женската поврзаност во нејзината најсекојдневна форма и со тоа она што се смета за срамно го издига над туѓата перцепција. Најмногу од се, го слави новостекнатиот ослободен женски простор -просторот којшто веќе не е принудно скриен, туку јавен; просторот што валидира, но и повикува на одговорност; простор којшто не ни бил даден, туку го заземаме.

Зрнестата површина на платното ме натера да помислам на сите тие интимни моменти со мајка ми кога љубопитно ги голтав нејзините приказни за светот околу мене. Тогаш светот се состоеше од училишни насилници и најверни другарки, моментот кога првпат добив и последен пат отидов без градник на училиште. Се чувствував како да сум дел од тајно здружение коешто немаше фискни членови, ниту фиксно збирно место, туку изникнуваше по потреба, обично далеку од длабоките гласови и тенките ѕидови. Сега здружението поретко се состанува, но постулатите се веќе поставени и најчесто избликнуваат низ моите зборови што тежат две-три генерации мудар шепот.

 

Билјана Кочоска Танеска: Фаталната жена и релацијата помеѓу уметникот и неговата порака

 

Дали делото може да се гледа изолирано од неговиот творец? – Ова е отворено прашање во критичките и филозофските кругови скоро еден век. Но мене лично како недоумица повторно ми се јави при мојот обид за читање и интерпретација на уметничкото дело Femme Fatal на Жанета Вангели, кое беше дел од доскорешната изложбата „Перцепции“ и е дел од трајната колеција на Музејот за современа уметност во Скопје.

 

 

 

Прво видување

Доста вивидно се сеќавам кога прв пат се сретнав со ова моќно дело, тогаш поставено на големиот ѕид на кој завршуваше првиот дел од скалите кои водеа до првиот кат на културниот центар Точка. Претпоставувам тоа беше 2006 година. Точка беше простор во кој концентрацијата на културно независно творење беше толку голема, што сегашните културни размрдувања во земјава делуваат како ѕвездена прашина останата при големиот прасок настанат по нејзиното згаснување.

Во тој контекст, се сеќавам на моќта на импактот што ова дело го имаше врз мене. Женската моќ која зрачеше од него со толку многу пораки истовремено „to blow your mind!“ . Голо женско тело од половина надолу, а горниот дел и лицето покриени со бурка. На прв поглед сосем свесно за „машкиот поглед“ и сигурно за неговото сознание дека е разбран и разоткриен.

Дуалноста на машката перцепција на женското тело и жената воопшто. Жената која е мајка и домаќинка и светица, а исто така е и сексуална, сензуална и блудница. Машката необузданост во страста, која не можејќи сам да ја контолира ја проектира во жената која треба да се покрие. Сета историја, сето страдање, сета фаталност на женското тело фатена во еден момент. Посебно ме заведе нејзината бесрамност и дрскост, каде што со својот став и поглед како на послужавник му ја презентира бизарноста на „машкиот поглед“ упатен кон жената и женското тело. Од друга страна пак, насловот: Femme Fatale и текстот „за онтолошката промашеност на фаталното“ даваат уште една димензија на пораката. Поврзувајќи го архетипот за фатална жена со ликот на фотографијата и извлекувајќи ги како подтекст сите особини на тој поим со она што го гледаме пред нас. Заводливата опасност која демне над машкоста и сака да ја проголта за доручек. Монструозната привлечност која кастрира, и потребата тој нагон да се обузда со покривање на ликот, но не и покривања на објектот на копнежот.

Самото присуство на ставот за фатална жена дава оправдание за одбрана со напад, за потреба да се превенира тоа зло да се изманипулира манипулантката. И таа бурка тој покров е машкиот страв од самиот себе и што длабоко во неговата инстиктивна анимална потсвест се раѓа како желба, потреба и неиздржлив нагон, кој лесно може да премине во агресија. Фаталната жена е oнаa која сака да го заведе мажот, но не сака да му раѓа деца. Фаталната жена е заводница која умее да ужива во сексот и во сопствените потреби. Таа е опасна и смртоносна, привлечна и мистериозна. И неминовно значи и негово отстранување од битиствувањето.

Но што поточно авторката сака да каже со онтолошката промашеност?

Можеби тоа што женското тело во суштина претставува извор на постоењето и суштествувањето. Не би можеле да зборуваме за онтолологија без суштествување, а фаталното е токму она спротивното. Така што спојување на тие два поими само по себе креира парадокс.

Но фаталната жена е архетип, кој произлегува од литературата и уметноста, пред сè машката литература и уметност, и постојат безброј начини како може да ја интерпретираме потребата за негово постоење. Ако жената ја носи во себе моќта на стварање живот, таа ја има моќта да го контролира машкото учество во остварување на таа цел. Како што спомнав погоре – фаталната жена е онаа која одбива мајчинство и онаа која го користи сопственото тело за да го заведе и уништи мажот, што би значело дека секој маж кој се почувствувал одбиен од жена во каква и да е форма, може да ја карактеризира неа како фатална, зашто на некој начин во неговите очи го одзема неговото право да учествува во процесот на креирање живот и со тоа тој самиот бива одземен од кругот на постоењето.

Откривајќи ја оваа перспектива, можеме да кажеме дека таа амбивалентност кон женското тело е донекаде засновано врз некаква онтолошка реалност, но промашеноста лежи во тоа што при таквата одлука за карактеризирање и именување целосно се одзема женската перспектива. Самата бурка во делото може укажува токму на таа потреба за контрола од страна на мажот да ја обузда „дивата“ природа на жената – потребата да биде слободна и да има избор. Зашто тој избор за него значи ултимативен губиток на моќта тој да биде оној кој го донесува изборот за стварања, одржување и продолжување на постоењето. Тој да биде креаторот на светот, животот и сè останато.

Сето ова и многу повеќе може да се чита во ова грандиозно дело на Жанета Вангели. Сè додека не почне да се истражува подлабоко за авторката и нејзиниот живот како дело.Тука мене ми се случи конфликтот.

Уметникот и неговото дело

Прашањето околу гледањето на делото со изземање на авторот и неговата личност и сето останато творештво, без разлика дали во уметноста или животот, критичарите ги мачи уште од почетокот на дваесеттиот век. Мене лично ме мачи уште од средно школо, кога излезе филмот „Куршуми над Бродвеј“ на Вуди Ален.

Накратко филмот раскажува за тоа како еден гангстер од 20тите, придружник на насилно вметнатата крајно неталентирана „глумица“ (девојка на босот) во претставата на едне млад режисер во Бродвеј открива дека има бескрајна љубов кон театарот и неизмерен талент. Тој придружувајќи ја „глумицата“ на проби активно се вклучува во подобрување на сценариото и режијата на претставата што всушност станува негово дело. На крај, за да неговото дело биде совршено – ја убива, за на нејзино место да стават друга подобра, а кога босот дознава го бркаат и убиваат токму на премиерата на претставата позади сцената. Куршумите од неговото убиство се точно во таков момент што го комплетираат уметничкото дело и го прават совршено.

Вака филмот звучи супер и пораката за посебниот живот на човекот како уметник и човекот како човек, пренесена на комичен начин и со малку искарикирани ликови, лесно легнува и се голта. Но, кога на ова ќе го додадеме контекстот дека филмот е режиран од Вуди Ален, оној истиот кој имаше врска, а потоа и се омажи со својата посвоена ќерка, работите добиваат друга конотација. Во тоа време, „старата добра“ 1994 година, овој филм беше и номиниран за Оскар.

Но 25 години подоцна кога кариерите ги изгубија извонредни уметници како Луи Си Кеј, Кевин Спејси, а за малку и Кејси Афлек, и кога сите се повеќе се вклучени во попитичкиот живот со активно делување и поддршка, стварно е невозможно да се протне еден такво шизофрен став.

Да, за мене уметноста е повисоко ниво на интерпретација на реалноста која самиот уметник ја восприема, и идеалниот уметник со сето свое битие влегува во испраќање на таа пораката преку своето творештво. Вистинските уметници дури и го жртвуваат својот живот вклучувајќи го во целокупноста на нивното уметничко дело. Сигурно постојат многу реални примери, но јас ќе спомнам два фиктивни токму од филм: едниот е во случајот со несреќниот гангстер во „Куршуми над Бродвеј“, а вториот е пожртвуваната балерина во „Црнот лебед“.

Додека пак во капиталистичкото општество ни доаѓа нормално да го одвојуваме човекот од плодовите на неговиот труд. Голем број визуелни уметници денес работат во служба на корпорациите како дизајнери, арт директори или режисери на рекламни материјали, кои треба да ни продаваат производи и услоги кои не ни требаат. Нивната состојба е јасна – преживување во висококомпетитивна околина и ретко кој би ги осудил за таквото трошење на талентот.

Во секој случај не е лесно да се одлучиме во што ќе сакаме да веруваме. За Шопен, Моцарт или Ботичели, не знаеме дали можеби скришно ги малтретирале жените во нивниот живот, зашто #metoo движење не може да се замисли во ниту еден друг век освен дваесет и првиот, затоа сосем безгрижно можеме да уживаме во нивните уметнички дела. Интересно е да се спомне и дека католиците сосема му ја простиле на Микеланџело неговата страст кон машкото тело, зашто им створил толку многу скапоцени дела во служба на католичката црква.

Но дали истото може да важи и за денешните шопеновци? Кога приватното и јавното толку многу се испреплетени, а уметноста е се повеќе политички и општествено активна? Дали денес воопшто може да се разговара за сепарацијата на уметноста од уметникот?

 

 

Второ видување

 

Големиот број резултати кои обичен Google search ги дава за оваа авторка се политички, но не во правецот кое ова дело би нè натерало да мислиме. Скоро сите видео резултати се од нејзиниот говор на еден од многуте „патриотски“ собири наречени „За заедничка Македонија“ кои се одвиваа пред собранието на републиката и кулминираа во насилен напад врз уставотворниот дом. Таа нејзиниот говор го започнува со зборовите дека тој собир е надпартиски, надетнички, надидеолошки, надрелигиски и надродов. И продолжува како е дел од таа борба да се задржи унитарноста на државата. И покрај изјавата и сличните изјави, многу добро е познато кој стоеше зад тие протести кои беа во корист на една партија, еден етникум, една идеологија, една религија и можеби само еден род.

Понатамошното истражување за неа, ми прикажа една конфузна и контрадикторна слика за нејзиното творештво и нејзиниот политички живот. Понекогаш отворено, но благо изразени националистички ставови, а некогаш суптилно вткаени конзервативни идеологии.  И во сетоа тоа субверзивни дела поврзани со женското прашање. Како најголеми влијанија врз нејзиното творештво се претставени: Фридрих Ниче, Рудолф Штајнер, Јозеф Бојс и Тома Аквински.

Во описот на нејзината ретроспективна изложба наречена „Синхроницитети“ од 2017 година во МСУ се вели:

„Таа на еден акаузален начин во време-простор ги поставува екстремите на постоењето, занимавајќи се со категориите на променливото и непроменливото, видливото и невидливото. Таа ја пренесува дисперзијата на духовната светлина на нејзините предци, врши глобална синтеза на естетската и религиозната, физичката и метафизичката, космолошката и историската сварност. Таа создава комплексен, многуслоен, отворен мозаик од значења, во кој сегментите се комплементарни, интерактивни и, на места, го интерпретираат митот за генезата и крајот.“

Првиот дел од описот како поттекст носи една помирувачка мисла на постоење на спротивностите во исто време и простор. Додека вториот дел се движи повеќе во линија на една конзервативна статична и детерминистичка идеологија. Во други слични описи на нејзиното творештво темите кои провејуваат се поврзани со предците, етникумот и православието гледано од аспект на апофатичката филозофија за дефинирањето на Бог со она што не е.

Кога сите овие додатни информации би ги внела во повторно читање на делото „Фем Фатал“ на жанета Вангели, пробувајќи да се ставам во позиција на некој што се залага за промоција на таквите ставови можам да добијам некои сосема поинакви пораки.

Која би била пораката на уметница која се залага за одбрана на националниот идентитет, и држи говори на отворено конзервативен и анти-албански собир, ги испитува значењата на митот и генезата на крајот, и се интересира за православието? Која е онтолошката промашеност на фаталитетот во нејзиното дело „Фатална жена“? Дали можеби тој опис треба да ни наговести дека доволно е делото да го читаме само како „Жена“? Или можеби како „Муслиманска жена“? Какво навистина би било значењето на ова дело? Дали можеби тој синхроницитет на битиствување на спротивностите дека жената може да е и курва и светица или дека само како таква може да постои во овој свет? Дали е прифаќање на „машкиот поглед“ како единствен релевантен и способен за избор и креација?

Можеби  најголемата порака која треба да ја разбереме од ова уметничко дело е дека делото и уметникот постојат во еден акаузален свет на синхроницитети.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 21, 2019
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Во што веруваме?
Прашањето на спиритуалноста низ генерациите на едно женско стебло.
  • Од Калина Качоровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме.
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Карол Раѓишевски: Квир архивите ги менуваат колективните наративи
Со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“, на полскиот уметник Карол Раѓишевски, вечерва ќе се отвори единаесетото издание на Скопскиот викенд на гордоста – Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За похумана разделба
Секоја загуба немилосрдно нѐ фрла во бездна. Но, секоја загуба создава и замислени заедници.
  • Од Јелена Никодиноска Чаповска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Југофеминизам: Наследство и имагинација
Дали можеме да зборуваме за постјугословенски феминистички врски или да замислиме некаква регионална иднина вкоренета во југословенското минато?
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram