Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.

Кон крајот на август во медиумите се појави оваа слика, на која три жени седат на тркалезна маса.

 

 

На прв поглед слика од некаков сосема обичен состанок, без многу информации на неа, па можеби не гледаме ништо посебно. На втор поглед се забележува дистанцата меѓу соговорничките и маската, а веројатно и забележуваме дека луѓето на сликата ни се познати – две активистки за животната средина – Грета Тунберг и Луиса Нојбауер, кои разговараат со канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Се работи за состанок одржан на 20 август на кој четири активистки за животната средина побараа од Меркел поизразено лидерство во борбата против климатските промени. Меѓу другото, тие зборуваа за фосилните горива и големите инвестиции и субвенции наменети за таа индустрија. Нивната главна порака е дека сериозноста со која што лидерите низ светот се справуваат со Ковид кризата е доказ дека климатските промени никогаш не биле сфатени, ниту третирани како вистинска криза од страна на политичарите. Суштината на овој состанок е еколошка. Но, доколку уште повеќе се задлобочиме во фотографијата, заблежуваме дека отскокнува од останатите слични службени фотографии по тоа што се работи за состанок од висок политички карактер на кој присуствуваат исклучиво жени.

Доколку ова не ви звучи како голема работа, доволно е да погледнеме само неколку слики од вообичаените средби на Ангела Меркел. Во друштво на Макрон, Трамп, Путин, високи претставници на НАТО, ЕУ и така натаму, Меркел е скоро секогаш опкружена со мажи. Можеби сте налетале и на низа слики од политички средби фотошопирани на начин да од нив се избришат мажите и останат само жените кои пристуствувале на тие средби. На голем број од нив останува само Меркел. Политиката е сѐ уште поле во коешто жените се малку застапени, особено кога станува збор за високи функции. Па затоа оваа слика од Меркел, Тунберг и Нојбауер ја симболизира во исто време еколошката свест, но и поголемата застапеност, активност и најважно, растечкото влијание на жените во општеството.

 

 

 

Го потенцирам влијанието како најважно затоа што жените отсекогаш наоѓале начини да бидат активни во политиката. Но, тоа не значи дека нивната активност е секогаш видлива или влијателна. Учеството на жените во политиката не е новитет, но нивното влијание во општеството е сѐ уште недоволно, иако расте напоредно со еманципацијата на жените, распространетоста на феминизмот и борбата за женските права.

Особено во доменот на активизмот жените отсекогаш играле голема улога, дали во движењата за унапредување на човековите права, општествен прогрес, во еколошките протести или во борбата за сопствените права. Всушност, движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени. Постојат примери кои датираат уште од 1730-тите, кога Амрита Деви, жителка на едно Индиско село предводела протест против сечењето на дрвја од кои зависеле жителите на селото. Во овој протест биле убиени 363 луѓе кои ги „гушкале“ дрвјата како начин да ги заштитат. Всушност, токму од овој историски настан, потекнува и идејата дека екологистите гушкаат дрвја, нешто што понатаму во историјата се користи и како стереотип со цел да се потценат еколошките движења како нешто што отстапува од нормите на општеството.

Особено важен пример од историјата на овие движења е делото на Рејчел Карсон – „Тивка пролет“, американска научничка која ги истражувала и разоткрила штетните последици од користењето на ДДТ, хемиска компонента која се користела како пестицид во тоа време. Овој нејзин труд донел до освестување на јавноста за негативните ефекти од употребата на овој пестицид, креирање на нова владина институција за заштита на животната средина и конечно до целосна забрана на користењето на ДДТ во САД.

Постојат бројни други примери на еколошки активистки и движења предводени од жени, како Вангари Маатаи, првата африканка добитинчка на Нобелова награда која го започнала движењето „Зелен појас“ во Кенија или Александра Королева која создала едно од првите движења за заштита на животната средина во Русија – „Екозаштита!“. Приказни за женскиот активизам за животната средина постојат и во нашиот регион. Жителите на местото Крушчица во Босна две години протестираа против градењето на мини-хидроцентрала на една од последните диви реки во Европа која тече низ селото. На чело на овој отпор беа жителките на местото и градоначалничката Тахира Тиболд, кои во медиумите се здобија со името „Храбрите жени на Крушчица“ организирајќи акции со цел да го блокираат пристапот до градилиштето на мини-хидроцентралата.

Една од причините зошто жените се активни овие движења потекнува и од фактот што еколошките проблеми диспропорционално влијаат на животот на жените. Во земјите во развој и во руралните средини, жените се задолжени за прехранување на семејството и со тоа нивните активности се поврзани со наоѓање питка вода, собирање храна или правење на генерациски пренесуваните традиционални лекови кои се базираат на познавање на билките и природата. Со ова секоја постепена или нагла деградација на животната средина има директен ефект врз животот на жените, нивните секојдневни обврски и нивната можност да го издржуваат своето семејство. Ова можеби звучи претрадиционално во контекстот на нашето општество, но е сѐ уште реалност во голем дел од светот. Дополнително, постојат студии кои укажуваат на тоа дека последиците од природни катастрофи како што се земјотреси, пожари, поплави имаат поголемо негативно влијание врз жените. Во време на природна катастрофа, жените имаат поголема стапка на смртност, особено на места на кои родовата нееднаквост е поизразена.

Покрај специфичните начини на кои климатските промени влијаат на животот на жените, реалноста е дека жените се присутни во секакви општествени движења, па така и во оние за заштита на животната средина. Поентата не е да се гледа на еколошкото движење како „женско движење“, туку да се потенцира улогата и важноста на женското учество во развојот на свеста која ја имаме денес околу климатските промени. Генерално, истражувањата укажуваат на тоа дека општествените движења кои имаат големо женско учество се поуспешни во своите цели. Некои од причините за ова се дека женското учество ја намалува можноста движењето да стане насилно, што е важен фактор во успехот на општествените движења. Исто така, движењата во кои се застапени жените привлекуваат повеќе поддршка од пошироката јавност затоа што повеќе граѓани се чувствуваат застапени и засегнати од проблемот против кој се бори движењето.

Ако се навратиме на првата фотографија, на која се состануваат Меркел, Тунберг и Нојбауер, се надевам дека станува очигледна моќта на оваа слика, на која се преплетува влијанието на жените и во политиката и во екологијата.
Истовремено, фотографијата е впечатлива поради својата реткост. Без разлика што жените отсекогаш биле активни чинителки во општествениот развој, вклучително и еколошките движења, нивниот удел се’ уште не се вреднува и цени доволно.

Важно е и да се напомене дека на оваа слика гледаме три жени од високо развиени европски држави, земји кои поседуваат технологија и моќ да се справат со климатските промени до одреден степен. Што станува со перспективата на жените од помалку развиените држави? Овие жени се особено засегнати од последиците поврзани со животната средина поради позицијата што ја имаат во своите општества, која директно произлегува од нивниот род, но и поради (не)способноста на нивните земји да ги ублажат последиците од климатските промени. И покрај ова, нивниот глас е уште поретко застапен, особено на повисоки политички нивоа. Со ова, сликата од Меркел, Тунберг и Нојбауер можеме да ја гледаме не само како симбол на важноста на жените во еколошките движења, туку и како симбол на комплексноста на овој проблем во кој не сите гледишта се еднакво застапени.

НАПИШАНО ОД:
  • Ангелина Цветковска
  • September 25, 2020
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Јасна Жмак: Од театарот треба да очекуваме повеќе
Авторскиот перформанс на пистелката и драматург Јасна Жмак “this is my truth tell me yours” ќе игра на Академска сцена на ФДУ, на 26 септември од 20:00ч. како дел од фестивалот Прво па женско. Запознај ја Јасна со разговорот во прилог.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пркосот на лезбејската утопија
Кон култниот лезбејски филм “Go Fish” (1994)
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Маша Сеничиќ: Просторот е своевиден модел за нашите сеќавања
Поезијата не мора да се менува, но би било пожелно да преплави некои неочекувани предели. Движењето, во секој случај, останува во нејзината срж.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Малата сирена како квир алегоријa
Фрустрацијата и афектот во коренот на бајката на Ханс Кристијан Андерсен.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram