Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче

Деновиве, на една фина и блага предновогодишна еуфорија[1] ми се надоврза информацијата дека на македонски ќе биде преведена „Фурам феминизам“.[2]

 

За што станува збор?

 

„Фурам феминизам“ всушност е исклучително забавен прирачник – литератизирана форма на блог на 13-годишно девојче од Белград/Сараево (во зависност од тоа каде е објавена и адаптирана) кој ги поставува основите на феминистичките погледи на светот и прашањата на еднаквоста, солидарноста и правичноста.

Делото се јавува како резултат на серија успешни предавањана тема „Феминизам за почетници“ во Босна.

 

Љубопитноста која девојчињата ја покажаа и нивната констатација дека за одговори на прашањата на полот, родот и рамноправноста чукаат на врата со седум катанци и седум клучеви не’ охрабри да им отвориме осма – овој прирачник – пишуваат авторките на текстот Ламија Бегаџиќ, Марина Величковиќ и Ана Пејовиќ.

 

„Пишувањето со жаргонот кој претпоставувме дека го користат нашите читатели/ки и кој природно лесно ќе го усвојат е книжевен трик. Се користевме со книжевно средство за да придобеме и да го задржиме вниманието. Но, не пишувавме книжевно дело. Публиката кон која целиме не се жири комисите за книжевните награди и книжевните критичари, туку девојчињата кои се заинтересирани за оваа тема…“ – пишуваат тие.

Нивната цел е праведно образование во кое не постојат табу теми за се’ она што ги интересира учениците и се надеваат дека книгата, независно од каналите на дистрибуција ќе стигне до сите девојчиња и момчиња и до нивните наставници.[3]

Покрај фикционалниот блог, книгата завршува и со поедноставен појмовник кој објаснува некои од клучните поимови поврзани со полот, родот, феминизамот.

 

Не што е наша, ама е храбра и сигурна во себе. Во кратко, златно девојче – пишуваат авторките за главниот лик на нивниот “прирачник’ (чија книжевна вредност е повисока од некои лектири кои се читаа со генерации).[4]

 

Подолу неколку извадоци од текстот кои покажуваат како низ хумор, едноставен и близок јазик, и некои „секому познати“ епизоди отвора прашања со кои неминовно се соочува секое девојче и момче во образованието. Но тука, наместо да ги впијат конзервираните партијархалните одговори и навики, добиваат далеку пофер одговори, кои меѓу другото и не и им ја навредуваат интелигенцијата:

Furam Feminizam

„Конечно, откако потрошивме сто и една теорија за тоа каде се машките денеска, дојде класната и ни кажа дека има некаква училишна олимпијада и дека од нашето одделение има девет претставници на не-знам-какви спортски натпревари. Гласно реков дека ниту едно девојче не е отсутно, а не е дека не тренираат разни спортови. Наставничката рече дека не знае, можда немало доволно пријавени, затоа што се играат само машки екипни спортови: фудбал ракомет, кошарка. Кога кажа „машки“ gо направи она иритирачко движење со прстите како да прави знак на наводници…“

(…)

„Mалку за мене. Прилично сум слаба и немам баш некои гради. Но почнаа малку да растат и се гледа дека нешто тука се случува. И не е дека ми смета, ама очигледно на сите други им смета….затоа што тоа се некакви сексуални карактеристики, а штом нешто е сексуално треба да се крие, да се покрива, да се смалува? А зошто? Затоа што типовите на тоа реагираат, ги првоцоира, ги деконцентрира, не можат да одолеат да гледаат…и за да бидат мирни ние треба да сокриваме делови од себе за да не ги деконцентрираме и вознемируваме. Она што ми е „најфасцинантно“ во таа приказна е како станува женска обврска да не ги деконцентрира типовите, како да е моја одговорност како некој ќе реагира на мене, ама не е негова одговорнсот како јас ќе реагирам на него. Се претпоставува дека на жените им е сеедно кога ќе видаt машки газ, или нозе или што и да е (ок сега за сега тоа ми е се бљак, освен можеби очи, усни и раце. Ама претпоставувам дека некој ден нема да ми биде бљак туку уаааааау)“

(…)

Сабота, семеен ручек

Не знам дали вие во вашето семејство имате вакви случувања, ама кај нас еднаш месечно се собираме за малку да се видиме, да поразговараме да се искараме и налутени да се разделиме до следниот месец кога сетоа тоа ќе го повториме(…)третата тетка е суперкул има 29 години и најмлада е. Графичка дизајнерка е , што значи прави постери и билборди и така. Омилена пејачка и е Пети Смит и секогаш ни ја пушта кога одиме кај неа. Има партнер едно 100 години ама не сака да се мажи. Сите ја смараат со тоа, ама на неа и на партнерот им е гајле. Оти им е супер и вака (уште инсистираат да ги викаат партнер и партнерка, делумно заради феминизамот. А малку чисто заради тоа што знаат дека на сите им одат на нерви што не се маж и жена)… они двајца секогаш доцнат. Велат дека е случајно, ама мислам дека сакаат да го прескокнат воведот кога сите се жалат на се’.

 

(…)

Братучедите, иако се постари не мораа ништо да прават, па јас морав на сите да им носам се’, да и’ помагам на мама во кујна, да носам подметачи за тенџериња, да ја носам малата братучетка во тоалет, да барам аналгин за тетка ми што ја болеше глава, уште мама инсистираше да облечам една плишана хаљина во кој се сварив. И не затоа што е ручекот кај мене и сум домаѓинка, туку и кога е ручекот кај нана, јас и сестра ми помагаме. Братучедиве не мораат, а нана вика дека ние знаеме подобро. Па како да не знаеме кога само нас не’ тераат. И нив да ги тераа ќе научеа.

 

(…)

Моите се прилично либерални и не не’ смараат со глупости, но кога е фамилијава во прашање мораме да бидеме тотално различни од обично. …што е најглупаво од се’, мама не и’ дава на сестра ми да каже дека нема дечко, туку девојка. Мислам, во суштина, сите знаат (освен нана и дедо) ама се прават дека не знаат, освен кул тетката и нејзиниот партнер кои се дружат со нив. Мама и тато викаат дека фамилијата нема да сфати и без везе ќе ја гњават сестра ми околу тоа. Сестра ми се прави дека и е сеедно, ама мислам дека би и било драго ако мама и татко кажат дека ги боли уво што ќе мисли семејството. Ама тоа не оди така кај нас.

 

(…)

Пред неколку недели две девочиња зезаа трета дека има бебешки гаќи. Што значи тоа?! Бебешки гаќи се пелени, сите други гаќи се гаќи и нема бебешки или бапски (…) ако не ти се вовлекуваат и не ти паѓаат се ок. Ваљда поентата на гаќите е да не предизвикуваат стрес. Овие од моево школо успеаја и од гаќите да направат стрес.

 

(…)

Неправедно е газдата да ти даде отказ бидејќи си бремена.
Неправедно е што морам да плаќам за влошки и тампони, а не бирам дали ќе имам менструација.
И неправедно е што жените секој ден мораат да перат садови, веш, прозори, а на осми март некој маж ќе испере ѓезве од кафе и тоа е, као, голем чекор за феминизмот.

(…)

Тетка ми еднаш ми рече дека прашањето за неплатениот домашен труд е битно прашање на феминизмот. Реално и како не би било.  Да морам да готвам, перам, пеглам, чувам деца додека маж ми е на работа, тогаш не е баш дека не работам и дека не сум куќна помошничка. Да ме нема, некој би морал да плати да се испере, да се нарача храна од ресторан, да се плати градинка. Не мораш баш да бидеш бубалица по математика за да собереш два и два и да разбереш колку чини тоа што жената (као) не работи.

 

(…)

Ме интересира историја, а и англиски. Ми иде на нерви што наместо жени, редовно работиме за некои мажи. За жените учиме дека биле нечии сопруги или љубовници. Или ако двајца мажи се скарале околу некоја жена, или ако се споменети во контекст „жена и деца“. За да не’ потсетат дека и во 12-тиот век жени постоеле.

 

(…)

Сестра ми полуде оти учеше, а јас правев драми. Ми рече да престанам да слушам глупи совети, да се соберам и ако ми се свиѓа да му кажам дека ми се свиѓа и сите колективно можеме да продолжиме со своите животи. Тогаш се искаравме и и реков дека е одвратна и не разбира, ама кога се исплакав и се смирив сконтав дека е во право.(…) и пратив порака
уф
уф
напишав и го фрлив телефонот оти не можев да гледам во него.
Глeдам „seen“

И после оние точки како пишува..и пишува. Не можев да гледам во тоа.

Срцето му лупаше лудачки, ко некоја од оние риби од оние глупи серии или филмови кои мислат само на машки. Никогаш не сум била вака драматична. Мислам, го фрлив телефонт од кревет. Кога ќе помислам на тоа ми иде да треснам глава во ѕид. На сестра ми не смеам да и кажам оти би ме зезала  следните пет години.

Ама ете. Рече дека му се свиѓам и јас и ме вика во кино.
Логично, реков дека е ок,
и му реков дека одам да пишувам нешто оти не можев да го издржам тој стрес и сконтав дека ќе добијам срцев удар ако продолжам.

 

(…)

И денеска беше така, мама гледаше некои ужасни плишани панталони, ние двете отидовме да и најдеме нешто кул за прием на работа, додека тато потона во куп џемпери. На крај мама полуде, му рече да оди да купи подароци и му тутна список во рака. Тоа секогаш ме фасцинираше, како мама секогаш ги прави и го носи тие списоци и смислува што кому ќе купиме за нова година – не само на своите родители, туку и на тато. Ја прашав зошто и рече дека и’ е полесно она да смисли отколку да му каже на тато, он не е навикнат. На тоа сестра ми преврте со очи и рече дека тоа се вика емоционален влог на кој жените се воспитани од мали нози, и после не’ учат дека тоа е всушност природа. Исто како што не се жените природно подобри во перење садови туку уште од мали ги научиле (…) исто како кога тато ја прашува што да прави за да и’ помогне по дома како on да не живее и да не прља, не ја гледа прашината кога ќе се собере или лавабото е полно садови.

(…)

Мајка му и татко му се разведени, он е некако ок по тоа прашање. Кога го прашав дали му е чудно ми рече дека му е природно и дека му е многу подобро вака отколку кога се расправале. Сега сите заедно се дружат во недела за ручек, и дечкото на мајка му и парнерката на татко му. И супер им оди. И тоа ми е генијално. Нормално кога и кажав на мама рече „сирото дете“. А јас мислам дека му е супер. Наместо двајца има четворица кои го сакаат. И сите внимаваат, му даваат совети и се грижат. Така што стварно не гледам што е тука трагично и зошто сите драмат.

 

(…)

Мама меѓу две лажици супа кажа дека Роза Луксембург била мажена. На тоа тета преврти очи и рече дека и она би се омажила за документи  и дека тоа е единствена нормална причина за брак бидејќи тогаш нема некое глупаво патријархално значење. На тоа мама рече дека она е наивна и бракот има некакво значење, кои и да се причините. Бидејќи како институција се врзува за одредени вредности од кои не може да се побегне дури и ако не веруваш во нив. И тогаш – фанфари – сестра ми се сложи со мама.
Значи, сестра ми се сложи со мама околу нешто што има врска со феминизмот, а тетка ми, девојката на сестра ми и јас бленевме со отворени усти.
На тоа сестра ми рече дека бракот е како бременост – не може[ да бидеш малку бремена. Може да се случи поради осигурување, документи, државјанство, деца, кредит…но има правна и друштвена вредност. И тогаш настана хаос, тета и девојката на сестра ми викаа дека е тоа глупост и нема врска што мислат другите туку што тебе ти значи бракот, мама и сеста ми викаа дека не може да се игнорира општественото значење во целост. Тато читаше весници, а јас ќутев и се впивав ко сунѓер.

(…)

Сакаше да се видиме ама му реков дека ќе правам колачи. И тогаш настана драма, бидејќи најдобриот другар дојде да правиме колачи заедно. На крај на памет не ми падна дека тоа може да биде проблем. Мислам, зошто би било проблем? Најдобар другар ми е од градинка. Ми ги знае сите тајни, логично е дека ќе се дружам со него и нема да престанам да се дружам затоа што ми се допаѓа некој. Се’ тоа му го кажав додека украсував колачиња и ми се налути. Не разбирам…ги искучив нотификациите на телефонот и отидов да правам колачи. Мислам може да биде сладок до небо и да има најубави очи, ама ако пробува да ми наредува, тогаш ништо. Нека и’ црта на некоја друга…

(…)

За малку ќе заборавев, куп нешта се случија. Сестра ми се сели. И остана уште да ја напише магистерската и почна да работи за некоја невладина организација. И со девојка и’ сконтаа дека можат да си дозволат мал стан. Мислам, мене ми кажа пред десет деца, на мама и тато им даваше мали хинтови, ама денеска на ручек собра храброст и соопшти. Супер поднесоа. Тато рече дека мораат да најдат стан каде што има централно греење, а мама дека нема да престанеме да имаме неделни дружења и сите превртивме со очи.

…

Ова погоре се само неколку извадоци од прирачникот кој има стотина страници, кој е исклучително забавен, и е неопходен дел од образованието кое вредностите како слобода, еднаквост, солидарност, грижа, емпатија, одговорност, отвореност кон различности и пријателство ги пренесува на малите и (не толку малите) ученици.

Се’ подоцна се сведува на поправање на впиената штета.

Еве мала можност да не дојде до тоа.

 

 

 

 

 

 

 

[1] а воочи неизбежната постпразнична меланхолија

[2] БРО направи промени на листата на лектири, стави некои одлични наслови (во име на вистината други одлични елегантно прескокна), ја прошири листата на изборни на сметка на обврзните наслови и до тука, тоа е за поздрав.Во меѓувреме, во светот а и во регионот објавени се неколкум исклучителни наслови за деца и за тинејџери за кои овде, како што тоа редовно бива, ретко кој знае. Ништо ново.

[3] До сега била дел од неколку предавање на учлишта во Босна и Србија

[4] Објавувањето на прирачникот би било корисна реакција на извесни проблеми кои Комитетот за Елиминација на сите форми на дискриминација кон жените (CEDAW) ги истакна во рамки на шестиот извештај за Република Македонија.

Комитетот укажа на загриженост поради постојаните дискриминаторски родови стереотипи за улогите и одговорностите на жените и мажите во семејството, образовниот систем и во општеството; и б) Дискриминаторски ставови на интернет, вклучувајќи го и говорот на омраза на социјалните медиуми против жените и девојките
Како реакција на тоа препорача отстранување на дискриминаторските родови стереотипи и штетните практики кон жените, вклучувајќи го и зајакнувањето на процесот на проверка на учебниците и наставните програми кои обезбедуваат редовно присуство и пристап до образование на девојчиња во најзагрозените области. Препораката продолжува во потенцирање на тоа дека образованието има улога во трансформирање на концептите за родовата улога во општеството, промовирање на ненасилна машкост и взаемен ангажман со организациите на граѓанското општество, вклучувајќи ги и родителите, младинските организации во урбаните и руралните средини, приватните здруженија и бизнис-секторот.
„Фурам феминизам“ е токму тоа, реакција контра „дискриминаторките родови стереотипи“ но, за промена,  во форма која не делува како „уште здодевни совети“ кои треба да се набубаат.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • December 12, 2018
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram