Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.

Во јуни, унгарскиот парламент со големо мнозинство гласаше да се елиминира од државните училишта сета настава поврзана со „хомосексуалноста и промената на полот“, поврзувајќи ги ЛГБТИ+ правата и образованието со педофилија и тоталитарните културни политики. Кон крајот на мај, данските пратеници донесоа резолуција против „прекумерниот активизам“ во академските истражувачки средини, вклучувајќи ги тука родовите студии, теоријата на расата, постколонијални и имиграциски студии. Во декември 2020 година, Врховниот суд во Романија го укина законот со кој би се забранило учењето на „теоријата на родовиот идентитет“, но во тек е жестока дебата.

Во Полска трансфобични луѓе кои сакаат да ја прочистат Полска од корозивни културни влијанија од САД и Обединетото кралство прогласија зони „ослободени од транс-луѓе“. Повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција во март предизвика згрозување во ЕУ, бидејќи еден од нејзините главни забелешки беше вклучувањето на заштитата на жените и децата од насилство, а овој „проблем“ беше поврзан со странскиот збор „род“.

Нападите на таканаречената „родова идеологија“ се зголемија во последните години низ целиот свет, доминирајќи во јавната дебата поттикната од социјалните мрежи и поддржана од широки десничарски католички и евангелистички организации. Иако не секогаш во согласност, овие групи се согласуваат дека традиционалното семејство е нападнато, дека децата во училницата се индоктринирани да станат хомосексуалци и дека „родот“ е опасна, ако не и ѓаволска, идеологија која се заканува да ги уништи семејствата, локалните култури, цивилизацијата, па дури и самиот „човек“.

Не е лесно целосно да се реконструираат аргументите што ги користи анти-родовото идеолошко движење бидејќи тие немаат елементарна конзистентност или кохерентност. Тие собираат и покренуваат вознемирувачки тврдења со цел да го поразат она што го гледаат како „родова идеологија“ или „родови студии“ со секакви реторички средства. На пример, тие се противат на „родот“ затоа што наводно го негира биолошкиот пол или затоа што го поткопува природниот или божествениот карактер на хетеронормативното семејство. Тие се плашат дека мажите ќе ги загубат позициите на доминација или тие значително ќе се намалат. Тие веруваат дека на децата им се кажува да го менуваат полот, дека активно се регрутирани од геј и транс луѓе или се под притисок да се декларираат како геј во образовните средини каде отворениот дискурс за родот е карикиран како форма на индоктринација. И тие се загрижени дека ако нешто што се нарекува „род“ е општествено прифатено, на земјата ќе се истури поплава од сексуални перверзности, вклучително и бестијалност и педофилија.

Иако националистичко, трансфобично, мизогино и хомофобично, основната цел на движењето е да го смени прогресивното законодавство што се усвои во последните децении и под влијание на ЛГБТК и феминистичките движења. Навистина, напаѓајќи го „родот“ тие се противат на репродуктивната слобода на жените и правата на самохраните родители; тие се против заштитата на жените од силување и семејно насилство; и ги негираат правните и социјалните права на транс луѓето, заедно со цела низа правни и институционални заштитни мерки против родова дискриминација, принудна психијатриска интернација, брутално физичко вознемирување и убивање. Целиот овој жар се зголеми за време на пандемија во која се зголеми семејната злоупотреба, а квир и транс децата беа лишени од нивните простори за собирање во заедници кои се често и живото-одржувачки.

Доволно е лесно да се разоткријат, па дури и да се исмеваат многу од тврдењата што се изнесени против родовите студии или родовиот идентитет, бидејќи тие се засноваат на карикатуралност и често се на границата на фантазмагоричното. Ако е важно (и да се надеваме дека е), не постои единствен концепт за родот, а родовите студии се сложено и внатрешно разновидно поле кое вклучува широк опсег на научници. Тоа не го негира родот, но има тенденција да го постави прашањето како се воспоставува сексот, преку кои медицински и правни рамки, како тоа менува со текот на времето и каква разлика има за општествената организација на нашиот свет да го исклучи полот доделен со раѓање од животот што следува, вклучително работата и љубовта.

Генерално мислиме дека полот ни се „паѓа“ еднаш и со раѓање, но што ако тоа е сложен процес отворен за ревидирање, реверзибилен за оние на оние кои им е погрешно доделен? Да се дискутира на овој начин не значи да се заземе позиција против науката, туку само да се отвори прашање како науката и правото влегуваат во општественото регулирање на идентитетот. „Но, има два пола! Генерално, да, но дури и идеалите за диморфизам кои управуваат со нашите секојдневни сфаќања за полот се на многу начини оспорени од науката, како и од интерсексуалното движење.

Да се поставуваат прашања за родот, односно како општеството е организирано според родот, и какви последици има тоа во разбирањето на телата, живееното искуство, интимното дружење и задоволството, значи да се вклучиш во форма на отворено истражување, спротивставувајќи се на догматските општествени позиции кои настојуваат да ги запрат и да ги повлечат еманципаторните промени. А сепак, „родовите студии“ се доживуваат како „догма“ од оние што веруваат дека се на страната на „критиката“.

Долго може да се објаснуваат различните методологии и дебати во рамките на родовите студии, сложеноста на науката и препознавањето што го доби како динамично поле на наука низ целиот свет, но тоа ќе бара извесен конкретен степен на образовани од страна на читателот и слушателот. Имајќи предвид дека повеќето од противниците одбиваат да читаат каков било материјал што би можел да им противречи на нивните верувања или тенденција да го избираат само она кое може да го карикираат, како да се продолжи понатаму?

Други, пак, тврдат дека самиот концепт на „род“ е напад на христијанството (или, во некои земји, традиционалниот ислам), и ги обвинуваат поборниците за „родот“ за дискриминација на нивните религиозни убедувања.
А сепак, значајното поле на родот и религијата сугерира дека непријателите не доаѓаат однадвор и дека догмата треба да се најде на страната на цензорите.

За ова реакционерно движење, терминот „род“ привлекува, кондензира и електризира серијан различни социјални и економски анксиозности кои се резултат на зголемување на економската несигурност под неолибералните режими, интензивирање на социјалната нееднаквост и пандемиското заклучување. Поттикнати од стравот од инфраструктурен колапс, гневот против мигрантите и, во Европа, стравот од губење на светоста на хетеронормативното семејство, националниот идентитет и белата надмоќ, многумина инсистираат дека одговорноста за тоа лежи во деструктивните сили на родот, постколонијалните студии и критичката теорија за расите. Кога родот се третира како форма на странска инвазија, овие групи јасно откриваат дека се занимаваат со градење нација. Нацијата за која тие се борат е изградена на белата надмоќ, хетеронормативното семејство и отпорот кон секое критичко преиспитување на нормите кои јасно ги ограничуваат слободите и ги загрозуваат животите на толку многу луѓе.

Исчезнувањето на социјалните услуги под неолиберализмот, како што многу феминистки со право тврдат, изврши притисок врз традиционалното семејство да обезбеди нега. За возврат, зајакнувањето на патријархалните норми во семејството и државата, за некои, стана императив во лицето на десеткуваните социјални услуги, неисплатливите долгови и изгубените приходи. Токму против оваа позадина на вознемиреност и страв „родот“ се прикажува како деструктивна сила, туѓо влијание што се инфилтрира во политичкото тело и го дестабилизира традиционалното семејство.

Родот за нив е поврзан со сите видови замислени „инфилтрации“ на националното тело – мигранти, увоз, нарушување на локалната економија преку ефектите на глобализацијата. Така, „родот“ станува фантом, понекогаш наведен како самиот „ѓавол“, чиста сила на уништување што му се заканува на Божјото создавање (a климатските промени би биле многу поверојатен кандидат). Таков фантазам на деструктивна моќ може да се покори само преку очајнички апели за национализам, антиинтелектуализам, цензура, протерувањето и посилно утврденување на границите. Една од причините поради која родовите студии ни ни требаат повеќе од кога и да било е да го разбереме ова реакционерно движење.

Движењето против родовата идеологија ги преминува границите, поврзувајќи ги организациите во Латинска Америка, Европа, Африка и источна Азија. Спротивставувањето на „родот“ го изразуваат различни влади како француската на Макрон и полската на Дуда, циркулирајќи во десничарските партии во Италија, појавувајќи се на главните изборни платформи во Костарика и Колумбија, бурно прогласени од Болсонаро во Бразил и одговорни за затворање на родовите студии на неколку локации, најнеславно на Европскиот универзитет во Будимпешта во 2017 година пред да се преселат во Виена.

Во Германија и низ цела источна Европа „џендеризмот“ се споредува со „комунизам“ или со „тоталитаризам“. Во Полска, повеќе од сто региони се прогласија за „анти-ЛГБТ зони“, криминализирајќи ја отворената хомосексуалност во јавност за секој што смета дека припаѓа на тие категории, принудувајќи ги младите да ја напуштат земјата или да одат во илегала. Овие реакционерни пламени беа разгорени од Ватикан, кој ја прогласи „родовата идеологија“ за „ѓаволска“, нарекувајќи ја форма на „колонизирачки империјализам“ кој потекнува од северот и предизвикува страв од „всадувањето“ на „родовата идеологија“ во училиштата.

Според Агњешка Граф, коавторка (заедно со Елизабета Королчук) на анти-родовата политика во моментот на популизмот, мрежите што го засилуваат и циркулираат антиродовото гледиште ја вклучуваат и Меѓународната организација за семејството, која може да се пофали со илјадници учесници на нејзините конференции и онлајн Платформа CitizenGo, основана во Шпанија, која ги мобилизира луѓето против предавања, изложби и политички кандидати кои ги бранат правата на ЛГБТКИ. Тие тврдат дека имаат повеќе од 9 милиони следбеници, подготвени да се мобилизираат во миг (тие се мобилизираа против мене во Бразил во 2018 година кога бесна толпа го запали кукла со мојот лик пред местото каде што требаше да зборувам). Третата е Агенда Европа, која се состои од повеќе од 100 организации, која ги смета геј браковите, транс правата, репродуктивната слобода и ЛГБТКИ антидискриминациските напори за напади врз христијанството.

Антиродовите движења не се само реакционерни, туку фашистички трендови, такви какви што поддржуваат сè поавторитарните влади. Неконзистентноста на нивните аргументи и нивниот пристап на еднакви можности кон реторичките стратегии на левицата и десницата, произведуваат збунувачки дискурс за некои, привлечен за други. Но, тоа е типично за фашистички движења кои ја извртуваат рационалноста за да одговара на хипернационалистичките цели.

Тие инсистираат на тоа дека „родот“ е империјалистичка конструкција, дека е „идеологија“ што сега се наметнува на локалните култури на глобалниот југ, лажно потпирајќи се на јазикот на ослободителната теологија и деколонијалната реторика. Или, како што тврди десничарската италијанска група „Про Вита“, „родот“ ги интензивира социјалните ефекти на капитализмот, додека традиционалното хетеронормативно семејство е последниот бедем против социјалната дезинтеграција и аномичниот индивидуализам. Сето ова се чини дека произлегува од самото постоење на ЛГБТКИ луѓето, нивните семејства, бракови, интимни здруженија и начини на живеење надвор од традиционалното семејство и нивните права на сопственото јавно постоење. Тоа произлегува и од феминистичките правни тврдења за репродуктивна слобода, феминистичките барања да се стави крај на сексуалното насилство, како и од економската и социјалната дискриминација врз жените.

Во исто време, противниците на „родот“ прибегнуваат кон Библијата за да ги одбранат своите ставови за природната хиерархија меѓу мажите и жените и за различните вредности на машкото и женското (иако прогресивните теолози истакнуваат тие се засноваат на дискутабилни читања на библиски текстови). Асимилирајќи ја Библијата со доктрината за природно право, тие тврдат дека доделениот пол е божествено одреден, што сугерира дека современите биолози и лекари се во служба на теологијата од 13 век.

Не е важно што хромозомските и ендокринолошките разлики го комплицираат бинаризмот и дека доделеноста на полот може да се ревидира. Анти-родовите застапници тврдат дека „родовите идеолози“ ги негираат материјалните разлики меѓу мажите и жените, но нивниот материјализам брзо се претвора во тврдењето дека двата пола се безвременски „факти“. Антиродовото движење не е конзервативна позиција со јасен сет на принципи. Не. Таа не се стреми кон доследност, бидејќи нејзината некохерентност е дел од нејзината моќ.

Во неговата добро позната листа на елементи на фашизмот, Умберто Еко пишува, „фашистичката игра може да се игра во многу облици“, бидејќи фашизмот е „колаж…пчеларник на противречности“. Навистина, ова совршено ја опишува анти-родовата идеологија денес. Тоа е реакционерно поттикнување, запалив сноп од контрадикторни и некохерентни тврдења и обвинувања, а нивниот дискурс само создава поголем хаос. Преку низа неконзистентни и хиперболични тврдења, тие измислуваат свет на повеќекратни непосредни закани за кои како решение нудат авторитарно владеење и цензура.

Овој облик на фашизам манифестира нестабилност дури и кога се обидува да ја спречи „дестабилизацијата“ на општественото уредување предизвикано од прогресивната политика. Опозицијата на „родот“ често се спојува со бесот и стравот против мигрантите, поради што често, во христијански контекст, се спојува со исламофобијата. Мигрантите, исто така, се сметаат за „инфилтрирани“, вклучени во „криминални“ дејствија дури и кога ги користат своите права на премин според меѓународното право. Во имагинарното на застапниците на анти-родовата идеологија, „родот“ е како несакан мигрант, дамка што доаѓа, но истовремено и колонизатор или тоталитарец кој мора да биде отфрлен. По желба ги мешаат десните и левите дискурси.

Како фашистички тренд, анти-родовото движење поддржува постојано зајакнување на формите на авторитаризам. Неговите тактики ги охрабруваат државите да интервенираат во програмите на универзитетите, да ги цензурираат уметничките и телевизиските програми, да им ги забрануваат на транс луѓето нивните законски права, да ги забранат јавните простори за ЛГБТК луѓето, да ја поткопаат репродуктивната слобода и борбата против насилството насочено кон жените, децата и ЛГБТКИ луѓе. Се закануваат со насилство врз оние, вклучително и мигрантите, кои ги отфрлаат како демонски сили и чие сузбивање или протерување ветува враќање на редот.
Затоа нема смисла феминистките „критични кон родот“ да се здружуваат со реакционерните сили во таргетирање на транс, небинарни и родови квир луѓе. Ајде сега сите да бидеме навистина критични, бидејќи не е време ниту една од целите на ова движење да се сврти една против друга. Сега е време за антифашистичка солидарност.

Џудит Батлер е визитинг професор по филозофија на Универзитетот Њу Скул. Последната книга на Батлер е „Силата на ненасилството“ (The Force of Nonviolence (Verso)

 

Извор: The Guardian 

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • November 17, 2021
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram