Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.

Одговор на интервјуто на проф. д-р Светлана Трбојевиќ со наслов „ Сè помалку брачни партнери се подготвени да поднесат „жртва“ за да го зачуваат семејството“ објавено во ЕХО на 11.12.2021

 

 

Овој текст го пишувам не само како жена која работи повеќе од 10 години во областа на родовата еднаквост, правата на жените и против родово заснованото насилство, не само како жена која има магистратура и докторат од областа на родови студии, туку и како жена која е разведена и мајка која има семејство и без да живее со маж. Интервјуто на раководителката на Институтот за социјална работа и социјална политика на УКИМ ме поттикна да напишам текст, од една страна, како одговор на тезите поставите од професорката, но од друга страна, и да понудам едни поинакви (научни, општествени, политички) позиции во разгледувањето на концептите на брак, развод, семејство, партнери, деца. Конечно, имајќи предвид дека студентите на овој институт се идните стручни работници во системот на социјална заштита, односно тие се идните професионалци кои се вклучени во разводите и доделувањата на деца, во случаите на семејно насилство и слично, сметам дека поинакви ставови засновани на наука и докази се неопходни.

 

Проблематична теза 1: На развод се решаваат себични родители

 

 

Во интервјуто професорката вели: „Постмодерното општество наметна светоглед во кој мнозина кон животот пристапуваат рационално, пресметливо и егоистично: „имам еден живот, ќе го живеам според сопствените замисли и потреби“. Се помалку брачни партнери се подготвени да поднесат „жртва“ за да го зачуваат брачното гнездо и семејството. Одлуките кои ги донесуваат, се поврзани со нивната среќа, а не со среќата и потребите на децата. Преовладуваат ставовите „подобро е децата да бидат со среќни, но разведени родители, наместо да живеат во несреќни семејства“. Тука акцентот е ставен на индивидуалната среќа, а не на колективната, семејната хармонија.“

Современата литература од областа е разновидна, но постои еден речиси универзален заклучок од мноштвото истражувања поврзани со разводите, а тоа е дека „во брак полн со конфликти помеѓу сопружниците, останувањето заедно заради децата може да донесе повеќе штета отколку добробит“. Среќата на родителите и среќата на децата се заемно поврзани работи. Прашајте разведена жена или маж и ќе видите дека одлуката за разделба најчесто е затоа што не сакаме повеќе децата да ја трпат, чувствуваат и гледаат лошата комуникација меѓу родителите и непријателската атмосфера во домот. Иако тезата на професорката сосема очекувано почива на идејата за „семејна хармонија“ сепак важно е да се напомене дека токму семејната хармонија изостанува во семејства каде што партнерите не можат повеќе да живеат заедно, односно имаат потреба од разделување. Во мојот случај семејната хармонија се воспостави во првата година од разделувањето и денес функционираме како семејство во кое поранешните сопружници се пријатели и родители, а не интимни партнери. Таа семејна хармонија трае и денеска благодарение на неоптовареноста од митот дека само мајка, татко и деца во една куќна заедница е слика на семејство. Нашето семејство е големо, тука сме двата родитела (на различни адреси, но секогаш заедно на прослави, празници, родендени), нашите пријатели кои ги сакаме како браќа и сестри, бабите, дедовците, вујковците, чичковците, тетките…

 

Проблематична теза 2: Институциите треба по секоја цена да го штитат бракот

 

Во второто прашање од интервјуто, професорката вели: „Институциите, во обид слепо да ги следат западните трендови се почесто промовираат трансформација на традиционалниот концепт на семејство, без притоа да ги имаат во вид долгорочните ефекти врз општествената одржливост која примарно зависи од стапката на наталитет.“

Оваа теза на професорката почива на мешање на два концепта: наталитет и развод, кои иако се поврзани, сепак не се директно меѓузависни. Разводот нужно не влијае врз стапката на наталитет затоа што често разводот се случува во семејства кои веќе имаат деца, а неретко после разводот поранешните брачни другари создаваат семејства со нови партнери. Сепак, тезата дека системот има корист од семејствата со деца е точна, но овој факт заслужува критичко преиспитување во насока на откривање на можните бенефити или недостатоци.

Формулацијата „долгорочните ефекти врз општествената одржливост која примарно зависи од стапката на наталитет“ е точна, таа се заснова на капиталистичката логика дека системите имаат потреба единствено од бројно работоспособно население кое придонесува и троши. Сепак, не верувам дека е правилно кој било да носи одлука да создава деца само за да го оддржува капиталистичкиот систем. Одлуката да се има или нема деца е лична и зависи од многу фактори кои професорката во последниото прашање одлично ги опишува: пристап до пазар на труд, квалитет на живот, социјална правда и почитување на достоинство на работниците. Оттука, речиси е лудо да се очекува да се раѓаат деца за да храни системот кој не‘ угнетува. Напротив, одлуката да се има деца треба да биде добро обмислена, треба да биде помеѓу две зрели личности кои се свесни за придобивките, но и предизвиците од имањето деца, зошто раѓањето е само еден настан на кој понатаму му следи процес на воспитување и градење на комплетна личност во која еден ден ќе израсне детето или децата. Со други зборови, демографските политики на една земја се легитимни и тие треба да се насочени кои овозможување на услови за брачните парови и децата да функционираат нормално, заштитено и стабилно, а не кон повторување на слогани кои не значат ништо, како „време е за бебе“.

 

Проблематична теза 3: Младите се хедонисти кои го отфрлаат бракот

 

Во следното прашање поврзано со намалување на стапката на склучени бракови професорката вели: „Современиот млад човек денес живее промискуитетно, брачната заедница не е неопходна за задоволување на сексуалните потреби. Брачната заедница и семејството подразбираат одговорност, откажување од комодитетот, што во основа значи ограничување на „личната слобода“. Накратко, брачната заедница и семејството не се повеќе атрактивни за динамичниот млад човек, кој трага по успех, богатство и брзи краткорочни задоволства, без одговорност. Она што за повозрасните генерации е најголемо богатство, за новите генерации е непотребна одговорност и дополнителен стрес.“

За почеток многу е важно да знаеме дека влегувањето во сексуални односи заради задоволство, а не само заради репродукција и бидувањето сексуално активен пред брак не смеат да се дефинираат како промискуитетност. Напротив, младите луѓе денес не влегуваат „на слепо“ во брачен живот, односно оставаат простор да се запознаат себеси, да научат што сакаат од партнерот/ите, да сфатат што можат да дадат и конечно да влезат спремни во заедница во која ќе живеат сами или со своите деца. Тезите дека брачната заедница значи откажување од комодитет или ограничување на личната слобода се точни само во насилни партнерски и брачни релации. Никако не смееме да ги учиме младите дека во бракот треба да се откажат од себеси и своите идеи за среќа, задоволство или комодитет. Бракот меѓу две возрасни, зрели и свесни личности треба да биде форма на заедничко живеење кое ќе носи лична слобода за сите во семејството, треба да нуди комодитет и да дава заштита, поддршка и поттик за индивидуален развој на секој член во тоа семејство. Доколку не се успее во тоа или доколку првичната благосостоја исчезнува, разводот е решение кое може да нè донесе до овие посакувани квалитети на семејството.

Читајќи го интервјуто решив да поразговарам и со мојата ќерка за овие тези. Таа е прекрасно, паметно и искрено девојче кое на овие тези само ми рече: подобро е овие луѓе да им помогнат на разведените родители да ја спуштат топката и продолжат да бидат подобри родители, наместо да се мразат меѓу себе. И навистина има смисла. Идните професионалци кои ќе произлезат од овој институт имаат многу што да работат и можат многу да помогнат во враќање на довербата меѓу разведените родители, а во интерес на сите од семејството. За тоа да се случи ќе мора да се тргнеме од научно незаснованите позиции според кои бракот е безусловно добар, а разводот безусловно лош исход на една врска, дека одлуката да се нема деца е априори лоша, а одлуката да се има деца е априори добра одлука на партнерите. Јас предлагам позиција која во центарот на интерес ги сместува луѓето (родители, партнери, деца), а не големите концепти или идеи (брак, семејство, деца), затоа што овие големи концепти се ништо без луѓето кои ги сочинуваат. Што ќе ви е брак кога партнерите не можат веќе да се поднесат, а камоли да живеат заедно? Што ќе ви се деца ако не се гледате во улога на мајка или татко? Што ќе сте им на децата дома намрштени, раздразливи и раскарани? Конечно, да се послужам со тезата на професорката која неправедно е обоена негативно: да, за децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно. Прашајте нè нас разведените, ова го знаеме најдобро, затоа што истото сме го искусиле лично.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Ирена Цветковиќ
  • December 21, 2021
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Герасимовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram